Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Според специјализираниот портал „Екс ју авијација“, „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на маршрутите од Загреб кон Скопје и Сараево, како дел од пошироките мерки за рационализација на мрежата поради зголемените трошоци во авиоиндустријата. Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе реализира во просек по седум летови неделно на линијата Загреб – Скопје, што претставува намалување во однос на минатогодишните девет летови ...
Во првиот квартал годинава, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4.7 проценти, во приградскиот превоз за 8.8 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9.2 проценти и во меѓународниот превоз за 1.3 ...
Речиси половина од вработените (46,7 отсто) се незадоволни од платата за која 49,7 проценти сметаат дека покрива само основни потреби или дури и помалку, а само 11,4 отсто сметаат дека се добро и фер платени – покажуваат резултатите за Грција од истражувањето спроведено од глобалната платформа „Каде работиме“ (Wherewework) во пет земји – Бугарија, Романија, Унгарија, Молдавија и Грција – во однос на состојбата на вработените и пазарот на ...
Новото задолжување на државата во износ од 260 милиони евра отвори жестока политичка и економска дебата во Собранието, при што дел од пратениците предупредија за значително зголемување на долгорочните трошоци за јавните финансии. Според пратеникот Фатмир Битиќи, товарот од ова задолжување нема да се ограничи само на главницата туку ќе генерира и дополнителни десетици милиони евра само по основ на камати. Тој појасни дека, врз основа на ...
Во пресрет на Курбан бајрам, на сточните пазари во земјата почна продажбата на овци за курбан, но годинава сточарите се соочуваат со сериозни проблеми поради недостигот на институционална контрола. Дел од сточарите и одгледувачите тврдат дека се носат овците на пазар без соодветна ветеринарна документација, бидејќи нема надлежна ветеринарна служба што издава потврди за здравствената состојба на добитокот. Како што изјавуваат од Сојузот на ...
Доналд Трамп, најстариот американски претседател кој некогаш бил инаугуриран, треба да се подложи на рутински физички преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон во вторник, соопшти Белата куќа, што е негов трет таков преглед за 13 месеци. Неговиот последен годишен преглед беше во април 2025 година. Белата куќа претходно овој месец соопшти дека Трамп ќе се подложи на „рутински годишни стоматолошки и ...
Папата Лав Четиринаесетти го крена алармот за употребата на вештачка интелигенција во војната и повика технологијата да се „разоружи“ и да се спречи да „доминира над човештвото“. Во документ познат како енциклика – папско писмо во кое се изложува перспективата на црквата за клучна тема, Лав рече дека вештачката интелигенција никогаш не треба да се користи за донесување смртоносни одлуки и предупреди дека четботовите и другите алатки за ...
Волонтери, ученици од САД и ученици од ООУ „Гоце Делчев“ градат ново детско забавно игралиште во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Тие, преку заедничка работа, дружење и хуманост, испраќаат прекрасна порака за пријателство, солидарност и грижа за децата. Денеска нив ги посети градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Овој проект се реализира со донација од компанијата „LinkAcross“ од Вирџинија, САД, ...
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан бајрам, и годинава постави специјални контејнери во кои граѓаните ќе можат да го фрлат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Контејнерите за фрлање органски отпад се во: Општина Шуто Оризари – автобуската станица на последна „19“, кај маркетот „Харбин“; Општина Бутел – во близина на џамијата „Бедр“ во Бутел 1; Општина Гази ...
Во текот на изминатата недела, тимовите на ЈП „Лајка“ реализирале теренски активности за заловување и третман на бездомни кучиња на повеќе локации во градот, согласно со теренските процени и пријавите од граѓани. Од претпријатието велат дека продолжуваат со засилените активности и оваа недела, при што стратешки ќе постапуваат на територијата на Општина Центар. Притоа, ги повикуваат граѓаните да продолжат активно да пријавуваат нетретирани ...
Општина Гази Баба активно учествува во реализацијата на еден од најзначајните агроинфраструктурни проекти во поновата македонска историја: современ агроцентар што ќе претставува нов двигател на развојот на македонското земјоделство. Овој современ агроцентар, кој наскоро ќе почне да се гради, ќе биде лоциран во економската зона во Гази Баба, покрај скопската обиколница, помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ. Од Општина Гази Баба информираат дека ...
Емотивни сцени го одбележаа годинашниот Ролан Гарос, каде што францускиот тениски ас, Гаел Монфис, го одигра својот последен меч на париска земја. Монфис, кој во септември ќе наполни 40 години и веќе најави крај на богатата кариера по завршувањето на сезоната, беше елиминиран уште во првото коло од сонародникот Уго Гастон, по голема борба во пет сета – 6:2, 6:3, 3:6, 2:6, 6:0. Но, резултатот остана во втор план. Сите погледи беа вперени кон ...
Во Кочани се одржа вистински празник на спортот, исполнет со енергија, насмевки и детска радост. Преку 2.000 дечиња учествуваа на „Денот на спортот“, во рамките на „Плазма –Спортските игри за млади“, кои оваа година првпат се одржуваат во Македонија. Поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството меѓу децата и младите е главната мисија на најголемиот спортско-аматерски настан во Европа, „Плазма – ...
Станислас Вавтинка (41) затвори една голема страница од својата блескава кариера, откако беше елиминиран во првото коло на Ролан Гарос. Во својот 21. и последен настап на париската земјена подлога, швајцарскиот ас загуби од Холанѓанецот Хаспер де Јонг со 3-6, 6-3, 3-6, 4-6. Шампионот од 2015 година не успеа уште еднаш да блесне на омилениот турнир, но доби емотивно збогување од публиката на „Филип Шатрие“. По последниот поен, организаторите ...
Со новиот хит „Лага“ ќе ја освои публиката! Македонската музичка сцена периодов не запира – со нови песни, нови атрактивни лица, нови проекти, нови концерти на популарните пејачи. Летото како да е идеална инспирација за сите на естрадата. Свежи песни и модерни продукции речиси секојдневно го привлекуваат вниманието на публиката. Во таа низа, своето ново музичко остварување го промовира новата музичка надеж, талентираната Драгана Јовановска. ...
Вооружени турски борбени авиони продолжија да го нарушуваат грчкиот национален воздушен простор, а еден инцидент доведе до симулирана воздушна борба помеѓу два грчки Ф-16 и два турски Ф-16 во областа помеѓу островите Лемнос и Лезбос. Грчките власти соопштија дека во текот на вчерашниот ден (понеделник) биле регистрирани вкупно 10 повреди на воздушниот простор. Ова е веќе трет ваков инцидент од почетокот на 2026 година, по претходните случаи ...
Доколку патувате со автомобил во Грција, имајте предвид дека покрај построгиот закон за безбедност во сообраќајот, Грците ги засилија и контролите на одредени патишта пред туристичката сезона, сè за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. За непочитување на еден знак на раскрсница или кружен тек, кој често се игнорира, казните се драконски, но не само во стотици евра, туку се одзема и возачката дозвола – и тоа за еден месец! Грција ...
Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на македонскиот вицешампион е босанскиот ракометар Омер Мехмедовиќ. Станува збор за 26-годишен среден бек, кој потпиша едногодишен договор со битолскиот клуб, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона. Со неговото доаѓање, тимот од Битола добива уште една важна опција во организацијата на играта пред новите предизвици на домашната и ...
Кошаркарите на Њујорк никс приредија вистински спектакл во „Медисон сквер гарден“ и со убедливи 130:93 го совладаа Кливленд со 4-0 во серијата. Со ова, тимот од Њујорк обезбеди место во големото финале на НБА, првпат по 1999 година. Никс до победата стигна со одлична тимска игра, предводен од Карл-Ентони Таунс со 19 поени и 14 скока. По 16 поени постигнаа Џејлен Брансон, Мајкл Бриџис и Ландри Шамет. Сега Никс го чекаат победникот од финалето ...
Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршувал ...
Македонија останува зад поголем дел од регионот, според најновиот Индекс за здравствена заштита на Намбео за 2026 година, кој ги оценува здравствените системи врз основа на јавни анкети за квалитетот на медицинските услуги, персоналот, болничката инфраструктура, времето на чекање и трошоците за лекување. Пред Македонија, на листата се рангирани Србија, Црна Гора, Албанија и Босна, кои имаат повисоки оценки за ефикасноста на здравствениот ...
Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај. Според одлуката, од ноќеска на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде испратен во САД за уништување или уништен на друго место, додека продолжуваат разговорите за рамковен договор за завршување на војната со Иран. Збогатениот ураниум или ќе биде „веднаш“ предаден на САД и уништен таму, или ќе биде уништен на лице место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. ...
Неколку лица загинаа во тешка несреќа во Бугенхаут, Белгија, откако воз и училишен минибус се судрија на железнички премин, објавија локалните медиуми. Според белгиската телевизија VRT, во чилишниот автобус се превезувале седум деца, придружник и возачот. Несреќата се случила на патен премин во градот Бугенхаут. Според федералниот министер за мобилност Жан-Лук Крук, во несреќата загинале четири лица. „Станува збор за две деца, возачот на ...
Цените на нафтата скокнаа на почетокот на азиските берзи во вторникот, откако американската војска започна напади врз цели во јужен Иран, повторно разгорувајќи ги стравувањата од воена акција само еден ден откако цените драматично паднаа поради ветувањата за мировен договор. Утрово фјучерсите за Брент се искачија на 98,39 долари за барел, што е зголемување од 2,34% на сесијата откако паднаа за 7% во понеделник, а исто така се искачија и ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, денеска во Охрид го пречека неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија. Мицкоски изрази задоволство од средбата, и кажа дека таа е потврда на добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска. „Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за ...
Осум лица, меѓу кои и еден малолетник, се приведени по физички напад што се случил во Прилеп, а според пријавата инцидентот започнал на пат кон крушевското село Саждево и продолжил во просториите на Итната медицинска помош. Од СВР Битола информираат дека на 25 мај во 22:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ,У. (31), Џ.У. (52), Е.У. (35), А.У. (58), Е.У. (36) и 17-годишен малолетник, сите од село Пресил, ...
Во стилот на европските музички промоции! Згодната поп-пејачка Марија Спасовска, неодамна, во присуство на медиумите, соработници, колеги, новинари и многу гости го промовираше својот деби албум „Седатив“ на настан што се одржа во стилот на европските музички промоции, а кој предизвика интерес. Пред присутните беа претставени четири песни од албумот, при што носечката нумера „Седатив“ беше воедно промовирана со официјален видеоспот. ...
Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Милан откри дека неколку европски гиганти дале негативен одговор на понудата да потпишат договор до португалскиот интернационалец Рафел Леао. Истиот извор додава дека крилниот напаѓач бил понуден на Манчестер Јунајтед, Барселона и на Арсенал, но сите три клуба испратиле јасна порака дека не се заинтересирани. ИЗДВОЕНИ Пеколен крај на мај во Европа: И Балканот влегува во многу жежок период ...
Денеска беа срушени повеќе од 300 температурни рекорди за мај во Франција, а највисоката температура е забележана во Коп-Осегор, каде што беа измерени 36,9 степени Целзиусови, што е изедначување на рекордот од 1996 година, објави BFM TV. Меѓу најзначајните случаи е Роморантин во департманот Лоара-е-Шер, каде што беа измерени 33,8 степени, што е највисоката мајска температура во последните 105 години мерења. Кап де ла Гот забележа рекорд од ...