
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. “Во врска со телефонската покана од Кабинетот на Премиерот Христијан Мицковски за остварување средба со нас, ...
Стотина нуркачи од земјава и од регионот ќе учествуваат на годинашната еколошка акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Акцијата што по четврти пат се одржува во организација на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, предвидува чистење на езерското дно од депониран отпад. Нуркачите поделени во групи денеска ќе собираат отпад кај Градското пристаниште во Охрид, кај селото Љубаништа, Заливот на коските, ...
„Викендот за чистење” не е само симболична акција таа претставува одраз на европските вредности во пракса. Граѓанска одговорност, заедничка ангажираност и посветеност за почиста животна средина и подобра иднина. Во оваа корисна иницијатива учествуваа и високи државни функционери, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, како и други претставници на ВЛЕН, велат оттаму во утринското соопштение. „Но оваа акција не е крајот таа е ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашниот подкаст „Политиканти“ изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но дека не ја добил поради тоа што има недвижнини или што инвестирал во Дубаи. Тој рече дека визата ја добил откако бил во напреднати преговори за работа со болница во арапската земја, кои сега биле ставени во мирување поради неговиот избор за пратеник и потоа за претседател на СДСМ. „Златната виза“ во ОАЕ ...
Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд во Македонија наврна во Охрид, и тоа 14 литри на метар квадратен. Инаку, во текот на изминатата ноќ над територијата на нашата Македонија од Медитеранот помина влажен воздушен бран, па така врнежи од дожд имаше на повеќе места кај нас. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури на воздухот ова утро, и тоа до 8 часот, како и количеството на врнежи во изминатите 24 часа кај ...
Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје информира дека утре (недела) во раните утрински часови ќе се изврши Авионска дезинсекција против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин, велат надлежните. Се известуваат ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член 365 ...
Во саботата на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринските температури се движат меѓу 5 и 13, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 13 до 26 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо ...
Со брза, прецизна и професионална интервенција, специјалните сили на ЕБР, заедно со интервентната и сообраќајната полиција, го уапсија осомничениот убиец и четворица негови помагачи, кои се обидоа да избегаат по синоќешното убиство во центарот на Штип истите вечерва ее извадени пред Судот во Штип. Напаѓачот, државјанин на Турција, кој со огнено оружје го застрела 25-годишниот сонародник, се обиде веднаш да ја напушти локацијата со возило „БМВ“, ...
Петмина осомничени за синоќешното убиство во кафе-бар во Штип се спроведени во Основниот суд, откако 25-годишен државјанин на Турција им подлегна на повредите во болница. Според информациите, убиството го извршил 21-годишен државјанин на Турција, кој по нападот веднаш избегал од местото на настанот со возило „БМВ“, заедно со уште четири лица. Полицијата организирала координирана акција за нивно запирање, при што поставила неколку блокади на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера остварил „многу добар и продуктивен“ разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска Белата куќа и додаде дека Трамп се надева дека Украина и Русија ќе постигнат договор следната недела за предложеното 30-дневно примирје. Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, која денеска се обрати пред новинарите на брифинг во Белата куќа, повтори дека средба меѓу Трамп и рускиот ...
Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на ден 11.05.2025 година (Недела) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист ...
Поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славевски се најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка, објави Сител. Мандатот на Анита Бежоска-Ангеловска истекува на 22 мај, а дотогаш претседателката Гордана Силјановска-Давкова до Собранието треба да достави предлог кој ќе раководи со монетарната политика. Инаку, владејачката ВМРО-ДПМНЕ веќе направила интерна анкета, според која прв на листата бил Ставрески, а веднаш ...
Соопштение на СДСМ: Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место. Во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека ...
Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов обвинет за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова, рече дека родителите на загинатата, во судница читале говори, кои „некој им ги подготвува“. Потоа, рече дека судот треба да го цени тоа што Јованов, признал вина и изразил каење, при одмерување на санкцијата. Се надевам дека конечно видовте, дека сето она што беше орктетирано објавувано, дека Васил е убиец, наркоман, дека избегал, сето ...
Братот на папата Лав XIV, Џон Превост по изборот на неговиот помлад брат за 267-ми поглавар на Католичката црква во четвртокот вечерта изјави дека тоа е вистински шок за него. „Беше шокантен момент. Разговарав по телефон со внука ми и не можевме да веруваме. Потоа мобилниот телефон, iPad-от и домашниот телефон полудеа“, го опиша Превост за медиумите за прв пат моментот кога неговиот 69-годишен брат Роберт беше избран за папа. Лав XIV, тој е ...
Жителите на Галичник бараат да се интервенира на патот кој пред извесно време беше оштетен од свлекување на земјиште и срушување на потпорен ѕид. Освен што е оневозможено движењето по локалниот пат, состојбата е потенцијален ризик за движењето. – Движењето низ Галичник за возила е во прекин од 27 април кога се сруши потпорен ѕид на единствената пат-улица во Галичник со што целосно е прекинато движењето низ селото, се наведува во соопштението од ...
Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец. „Ние ...
Во неочекуван пресврт на настаните за време на конклавата, Американецот Роберт Превост е избран за нов папа, земајќи го папското име Лав XIV, и станува првиот папа од Северна Америка во историјата на Римокатоличката црква. Според наводите на италијанскиот весник Corriere della Sera, кој се повикува на извор од внатрешноста на конклавата, Превост го обезбедил потребното двотретинско мнозинство на четвртото гласање во четвртокот попладне, со што ...
Во текот на оваа недела во скопски Карпош продолжи акцијата за подигање на стари отпадни (хаварисани) возила согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој општината има склучено договор за соработка. – Подигaњето се изврши на територија на УЗ Тафталиџе 1 и УЗ КЈП на возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за дислокација на истото е изминат, ...
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните апарати во овластен сервисен центар. „Адресните податоци внесени во фискалниот систем треба да бидат ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола ...
Наместо да преземе одговорност за затекнатите лоши состојби во РЕК Битола и да се огради од нивните кадри кои во моментов се или во притвор или во бегство, СДСМ се дрзнува да критикува за состојби директно создадени од нив. Предизвиците во производството на електрична енергија, особено во РЕК „Битола“, се токму благодарение на погрешните и нечесни политики што ги водеше СДСМ во ЕСМ и во најголемиот рударско-енергетски комбинат, реагира ЕСМ на ...
Граѓаните преку референдум ќе можат да покренат прашање за доверба на градоначалникот, еднаш во мандатот на градоначалникот, но не во првата година и во последната година од мандатот – ова е една од суштинските измени на Законот за локална самоуправа, кои од денеска влегоа во собраниска процедура, Од Министерството за локална самоуправа соопштија дека е подготвено законско решение со европски практики, за понапредна локална самоуправа и ...
Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop” систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави. „На мое огромно задоволство го потпишавме ...
Сакаме да ве информираме дека движењето низ Галичник се уште е во прекин од 27.04 кога се сруши потпорен зид на единствената пат-улица во Галичник со што целосно е прекинато движењето во Галичник, велат од Месната заедница. „Укажуваме дека немаат пристап до домовите жители кои се со трајно живеалиште во Галичник како и Хотел „Неда” кој е оперативен економски субјект во Галичник. Месната заедница Галичник во рамките на своите капацитети оддржа ...
Минатиот месец беше вториот најтопол април досега, при што глобалните температури останаа над клучниот праг од 1,5 степени Целзиусови за глобално затоплување, соопштија научниците. Според податоците од Програмата за климатски промени Copernicus (C3S) на Европската унија, температурата во април 2025 година била за 0,6 степени Целзиусови над просекот за тој месец од периодот 1991-2020 година и 1,51 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. ...
Соопштение на Левица: На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот – пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва. Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем ...