Многу фактори може да предизвикаат отекување на нозете, а еден од главните е дехидратацијата. Кога сме дехидрирани, телото се обидува да зачува колку што е можно повеќе течност, па водата се акумулира во ткивата. Отекувањето на телото и екстремитетите може да биде предизвикано од долго седење или стоење, особено при високите температури, што може да го зголеми притисокот врз вените на нозете или стапалата. Потоа циркулацијата се намалува и ...

Високите температури значително влијаат на нашето здравје, особено на нашиот мозок. За време на топлите денови, мозокот се соочува со различни предизвици кои можат негативно да влијаат на нашата ментална состојба и когнитивните функции. Зголемувањето на температурата на мозокот може да доведе до нерамнотежа на невротрансмитери, што може да предизвика раздразливост, анксиозност и намалена концентрација. Исто така, екстремните температури може ...

Поради планирани технички зафати во електропреносната мрежа, утре (29 јуни) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Екипите на ЕВН ќе започнат со интервенциите во раните утрински часови, па жителите на населбата Драчево треба да бидат подготвени за прекин на напојувањето уште од 05:00 часот. Според најавата, во периодот од 05:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Герника“ на ...

Втората панел-дискусија од националниот караван на Движење ЗНАМ претставува продолжение на непосредниот дијалог со граѓаните низ државата, со цел заедничко креирање политики за модерна, стабилна и просперитетна Македонија, соопштија од партијата. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Македонија има јасна европска определба, но дека патот кон Европската Унија мора да биде пат на самоуверена, достоинствена и суверена држава. ...

Разликите во цените низ Европа стануваат сè поизразени, а ист производ или услуга може да чини двојно повеќе или помалку во зависност од земјата во која се купува. Најновите податоци на „Евростат“ покажуваат дека јазот меѓу најскапите и најевтините европски пазари останува значителен. Според индексите на ценовните нивоа, кои ги споредуваат трошоците за потрошувачки производи и услуги со просекот на Европската Унија поставен на 100, Македонија ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево активираше жолт и портокалов степен на алармирање за територијата на целата држава поради значителното покачување на температурите што се очекува во следните два дена. Според официјалните метеоролошки карти, топлотниот бран ќе го достигне својот максимум на крајот на јуни, кога во повеќе градови низ земјава се очекуваат исклучително високи температури. „МЕТЕОАЛАРМ: Метеоаларм за високи ...

Ноќеска, околу 00:13 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во Гостивар непознато лице, кое се движело со патничко возило „џип“, испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се упатило кон центарот на градот. Според информациите од полицијата, во инцидентот нема пријавено повредени лица. Неколку часа подоцна, околу 02:10 часот, во Полициската станица Гостивар сам се пријавил А.М. (65) од Гостивар. Од него биле одземени пиштол ...

Коалицијата ВЛЕН по владината реконструкција ќе раководи со шест министерства, соопшти денеска првиот вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на ВЛЕН, Беким Сали. Тој изјави дека кадри на ВЛЕН ќе ги предводат ресорите за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и Министерството за односи меѓу заедниците. „Сè уште нема финално име за Правда и Култура, тоа ќе бидат две нови имиња. Од актуелните министри ...

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека смртта на жената чие тело беше пронајдено во близина на селото Летевци е насилна. Под сомнение за убиството е нејзиниот поранешен сопруг, кој е лишен од слобода, додека во врска со случајот се задржани уште три лица. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска изврши увид на тешко пристапна шумска локација во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот. Претседателот и соговорниците ја информираа ...

Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, ...

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас објави денеска дека Европската Унија подготвила пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела, како и помош во мапирањето на штетите. Калас на мрежата Икс објави дека разговарала со вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делсеа Родригез, и дека ѝ ја пренела „целосната солидарност на ЕУ со народот на Венецуела и нејзиното најдлабоко сочувство до семејствата ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together”, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето, министерот ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете” по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава. Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси. Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот идентитет, јазик и ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија”. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ ...

Вистински сообраќаен пекол и повеќечасовно чекање ги дочека македонските и странските туристи кои денеска се враќаат од Грција. Според информациите од терен од репортерот на 4NEWS.mk и сведоштвата на револтираните возачи, за влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“, односно на грчката страна кај „Евзони“, во моментов се чека најмалку четири часа Колоните од автомобили, автобуси и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот ...

До 18:00 часот денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 8 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активни пожари има во: Општина Ѓорче Петров, кај с. Ново Село, каде гори нива со жито. Општина Сарај, кај с. Копаница, каде гори ниска вегетација. Во текот на денот изгаснати се осум пожари, и тоа во: Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“ (ниска вегетација); Општина Липково, с. Слупчане (ниска вегетација и ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на Регионалната конференција „Младинската дипломатија како инструмент на меѓуалбанската соработка и европската интеграција”, организирана од Албанскиот младински форум, каде што говореше за значењето на зајакнувањето на меѓуалбанската соработка и улогата на младите во процесот на европска интеграција. Во своето обраќање, Меџити истакна дека образованието, културата, економијата и ...

На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат Т.Ф.(65) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција. На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето ...

Денеска (27.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, ...

На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка. Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот ...

На 26.06.2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама”. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра и копија од лична карта. Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупна сума од 1.200 евра, но бидејќи ...

На 26.06.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди” пред крстосница со ул.„Ангел Динев” во Скопје, додека се превезувала во автобус, внатре во автобусот паднала патничката С.З.(52) од Скопје и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 26.06.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ...

Во загрепската населба Гајниче денес, според првичните информации од местото на настанот, товарен воз излетал од шините во близина на стара фабрика за цемент, пренесува Тпортал. Возот удрил во билборд на само 15 метри од подвозник кој бил отворен минатата година. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во моментот на несреќата и можел да заврши во подвозникот што го користат секојдневно пешаците и автомобилите. Со ова, веруваат ...

До 14:00 часот денеска се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а еден е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи Активни пожари има во Општина Гази Баба, кај с. Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума и Општина Липково, кај с. Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснат е пожарот во Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“, каде горела ниска вегетација. За заштита од ...

На 27.06.2026 во 02:45 часот во СВР Скопје 43-годишна жена пријави дека на 26.06.2026 околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот поранешен сопруг И.Н. физички ја нападнал нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.06.2026 во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ц.(56) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Куманово, физички ја нападнал ...

Соопштение за јавност на Левица: Владата сака јавноста да поверува дека со новиот Закон за игрите на среќа конечно ѝ застанала на патот на коцкарската индустрија. Но, ако навистина целта беше да се ограничат казината и обложувалниците, немаше да ги одбијат СИТЕ 13 амандмани на Левица, со кои законот ќе добиеше вистинска тежина и конечно ќе ги погодуваше токму механизмите преку кои коцкарската индустрија креира нови зависници и остварува ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1027
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
69%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25