Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва соопшти дека е постигнат договор со Демократската партија на Турците за нејзино приклучување кон владината коалиција и учество во извршната власт. Говорејќи по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски информираше дека Демократската партија на Турците ќе добие едно место во Владата, односно министер без портфолио. „Пред почетокот на состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Новоименуваниот министер за здравство, Сашко Клековски, со емотивна порака ја прифати номинацијата од премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека здравството за него претставува мисија, а не само професионален ангажман. „За секој пациент, секој ден! Со голема чест и длабока одговорност ја прифаќам номинацијата за министер за здравство“, порача Клековски. Тој истакна дека изминатите две години на чело на Фондот за здравствено осигурување ...

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, портпаролката на Владата, Марија Митева, е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на партијата. По изборот, Митева преку објава на социјалните мрежи се заблагодари за укажаната доверба и порача дека ќе биде претседателка која ќе ги слуша членовите, ќе обединува и ќе работи во интерес на организацијата. „Ќе бидам претседателка која ќе слуша, ќе обединува и ќе работи. Водена ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги соопшти новите кадровски решенија во рамки на владината реконструкција, оценувајќи дека по две години работа Владата влегува во нова фаза, која ќе биде насочена кон поголема ефикасност, динамика и побрза реализација на приоритетите. Според новиот владин состав, Министерството за социјална политика и демографија ќе го предводи Ѓоко Велковски, кој досега ја извршуваше функцијата заменик-министер во истиот ...

Претседателот на политичката партија ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека во рамки на владината реконструкција, партијата ќе продолжи да раководи со Министерството за јавна администрација и ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека од септември ќе добие и дополнителна заменик-министерска позиција во едно од највлијателните министерства во Владата. На чело на Министерството за јавна ...

Руската луксузна јахта „Грејсфул“, за која се тврди дека е личен брод на рускиот претседател Владимир Путин, се појави на радарот за прв пат по речиси четири години, објави данскиот јавен радиодифузен сервис ДР. Според Marinetraffic.com, онлајн платформа за следење на бродови во реално време, бродот вчера пловел по северниот брег на Данска. Според DR, јахтата е следена од недела наутро од два руски воени брода, како и наизменично од данската ...

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна ...

Министерството за здравство информира дека во моментов сите хируршки сали во Клиничкиот центар се во целосна функција и дека нема прекин или одложување на оперативната програма. Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ соопштуваат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Од ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „предизвикување општа опасност”. На 30.05.2026 преку социјална мрежа, пријавениот упатувал закани на неговата вонбрачна партнерка, а потоа во дворот од нејзината куќа со запалива течност предизвикал пожар. СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Штип поради постоење основи на ...

Соопштение за јавност на Левица: Откако со месеци ја чуваше во фиока иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76 од Изборниот законик, Уставниот суд конечно најави дека предметот ќе се разгледува на 8 јули. Наместо да биде гарант на уставноста и еднаквоста, сѐ поизвесно е дека Уставниот суд, предводен од Дарко Костадиновски, се подготвува да ја легализира и зацементира институционалната дискриминација и медиумската цензура ...

На 29.06.2026 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Доне Божинов” во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и ...

Лина Ѓорчевска го заврши својот дебитантски настап на главната фаза од турнирот Вимблдон. Во меч од околу еден час, Ѓорческа загуби со 2:0 од фаворизираната американска тенисерка Аманда Анисимова. Првиот сет Анисимова го освои со резултат 6:3 додека во вториот сет, освои пет гемови по ред и победи со 6:2. И покрај тоа што жрепката не беше наклонета, па Лина играше со ланската финалистка уште во првото коло, сепак успехот на Ѓорческа е ...

Стевчо Јакимовски кој на втори јули требаше да се пријави во затворот Скопје побара одложување на издржувањето на затворската казна, поради здравствени причини. Од Кривичниот суд денеска информираа дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја бара медицинската документација на Јакимовски, за да може да пресече. -Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш ...

Брегот на Слоновата Коска и Норвешка ќе се сретнат во 19 часот во Арлингтон, Тексас, во шестнаесетфиналето на Светското првенство. Ова е воедно и прв официјален дуел меѓу двата тима, а победникот ќе игра во осминафиналето против Бразил, кој ја победи дисциплинираната Јапонија со 2:1 во продолжение со голот на Габриел Мартинели. Претстојниот натпревар има историско значење за двата тима. Брегот на Слоновата Коска за прв пат во историјата ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите ние ...

Со загриженост ги следиме јавните повици на дел од активистите државата намерно да го турка случајот „Иловица – Штука“ кон меѓународна арбитража. Таквите повици не се во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните. Напротив, тие се правно ризични и можат Македонија да ја чинат десетици милиони евра особено имајќи предвид дека домашните судови веќе донесоа одлуки со кои укажаа на пропусти. Меѓународната арбитража не е место каде што се водат ...

Професорот Драган Даниловски повика на изработка на долгорочна национална стратегија за здравството, која ја нарече „Здравствен устав“, оценувајќи дека македонскиот здравствен систем со децении се движи во циклус на недовршени реформи и чести кадровски промени. Во објава на социјалните мрежи, Даниловски посочува дека со секоја промена на министерот за здравство се отвораат нови приоритети и нови почетоци, додека клучните проблеми остануваат ...

Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа истражувањето на Здружението за еманцијапција, ...

На 29.06.2026 во 20:00 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(29) од Скопје. Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен ...

Изјава за медиуми на Кристијан Дојчиновски од СДММ Утре во 12:05 часот, овде ќе се одржи настан за кој не се знае кој го организира, не се знае кои се учесниците и не се знае која е вистинската цел. Единствено што се знае е темата: „Политичкиот плурализам и состојбата на опозициското делување”. Во превод, тоа значи создавање на повеќе опозициски блокови по моделот на Вучиќ од Србија – разбивање на гласовите и збунување на граѓаните. Еве ја ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов”, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција се ...

Голем пожар избувна попладнево во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариштето на компанијата Џиди комерц, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пријавата за пожарот била примена преку единствениот број за итни повици 112, по што на местото веднаш биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Според првичните информации, гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи, поради што ...

Професорка на Универзитетот Универзитет Гоце Делчев е лишена од слобода поради сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. Како што информираат од МВР, на 29 јуни 2026 година во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Штип ја уапсиле Т.А. (39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Случајот бил пријавен на 22 јуни од страна на К.Б. (26) од Турција, кој ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било ...

Соопштение за јавност на АСОМ: Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе една од најштетните економски и правни одлуки во државата. И покрај предупредувањата на домашната и меѓународната експертска јавност, економските анализи, аргументите на легалната индустрија и бројните апели за јавна расправа, беше донесен закон кој нема да ги заштити граѓаните, туку ќе создаде услови за уништување на легалниот пазар и ...

Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс. Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен ...

Од 3 до 5 јули 2026 година, Крушево повторно ќе пулсира во ритамот на авантурата. Највисокиот град на Балканот по четврти пат ќе биде домаќин на „When in Krusevo”, фестивал кој успешно ги спојува активниот туризам, природата, спортот, музиката, инклузивноста, културното наследство и локалната гастрономија во едно уникатно тридневно искуство. Во организација на Еколошкото друштво АУТДОР МАНИФЕСТ – Крушево, фестивалот и оваа година носи богата ...

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила ќе донесе значително подобрување на системот за итна медицинска помош и ќе овозможи воведување на современи услуги во реално време. „При крајот сме на проектот наредната недела ке се комплетира за 100 нови амбулантски возила, кои ќе претставуваат дополнителна вредност за здравствената инфраструктура и ќе овозможат нудење на сервиси во реално ...

Претседателот на Парагвај го прогласи вторник за национален празник откако неверојатната победа на земјата над Германија ѝ обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство. Јужноамериканскиот тим го изведе еден од најголемите изненадувања на турнирот, победувајќи го четирикратниот шампион Германија со 4-3 во изведувањето на пенали по продолженијата во понеделник. Драматичниот пресврт се вбројува меѓу најголемите изненадувања во ...

Овен Денот ви носи голема доза енергија и мотивација да ги завршите работите што подолго време ги одложувате. На работното место ќе бидете полни со идеи и подготвени да преземете иницијатива, но внимавајте да не им наметнувате ставови на другите. Во љубовта, партнерот очекува повеќе внимание и искрен разговор. Слободните Овни би можеле да запознаат личност која веднаш ќе им го привлече вниманието. Финансиската состојба е стабилна, но ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.0
91%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
68%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.9
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75