
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Во 1944 година британското и американското разузнавање врз основа на своите луѓе на теренот изготвиле извештаи за Македонија во кои нагласуваат моменти кои делуваат прилично интригантно. Меѓудругото и дека македонското партизанско движење попрво е националистичко, отколку комунистичко, дека македонските партизански лидери размислуваат за Македонија од Места до Охрид и од Солун до Куманово и дека Македонците се сосема различен народ во однос на ...
Силни експлозии се слушнаа низ градот Сринагар во индискиот дел на Кашмир само неколку часа по прогласувањето на прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан. „Што, по ѓаволите, се случи со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Сринагар“, рече Омар Абдула, претседателот на владата на Џаму и Кашмир, во објава на платформата Икс. This is no ceasefire. The air defence units in the middle of Srinagar just opened up. ...
„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ и „Прошка нема, правда мора да има“, се дел од пораките испишани на транспаренти што ги упатија семејствата на починатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ на денешниот, петти протестен „Марш за ангелите“ во Кочани. Учесниците на протестот што почна во 16 часот и 5 минути, симболично укажувајќи на задоцнетата институционална реакција, ја поминаа вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, кон ...
Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune, објави на Фејсбук министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Проектот Strada Brutalissima, под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ, отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано ...
Повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат распоредени во Рим за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти на 18 мај, изјави префектот на Рим Ламберто Џанини, пренесува АНСА. Џанини додаде дека ист број полицајци биле ангажирани и на неодамнешниот погреб на папата Франциск. – За церемонијата на интронизација на понтифот очекуваме голем број верници, па ќе ги повториме безбедносните мерки од погребот на папата Франциск, рече Џанини по првата седница ...
Кремљ ги обвини европските земји за контрадикторни и конфронтациски изјави откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни санкции“ доколку не се придржува кон него. „Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Генерално, тие се поконфронтациски по природа од оние ориентирани кон обид за оживување на нашите односи. Претседателот Владимир Путин постојано ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска ја изложи визијата на своето папство, идентификувајќи ја вештачката интелигенција како едно од најкритичните прашања со кои се соочува човештвото. На својата прва официјална аудиенција, новиот папа јасно стави до знаење дека ќе ги продолжи реформите иницирани од неговиот претходник Франциск за модернизација на папството, со цел Католичката црква да стане инклузивна, грижлива црква која се грижи за ...
Народната банка го објави за првпат Извештајот за спроведувањето на макропрудентната политика, со кој се овозможува транспарентен увид во карактеристиките на преземените макропрудентни мерки, начинот на нивното одредување, како и ефектите од нив. Преземените макропрудентни мерки беа насочени кон исполнувањето на посредните цели на макропрудентната политика за зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем и ограничување на структурните ...
Пратеничката во Европскиот парламент Ана Миранда, преку видео порака искажа поддршка за Васил Стерјовски и упати апел тоа што помасовно да го направат граѓаните на округот Корча, каде што тој е на кандидатската листа за пратеник. -Почитувани граѓани на округот Корча, утре, на 11 мај, вие имате моќ да ја обликувате иднината на вашиот регион и вашата земја. Јас сум Ана Миранда, пратеничка во Европскиот парламент и од срце го поддржувам Васил ...
Пакистанскиот воздушен простор е повторно отворен, соопштија денеска пакистанските воздухопловни власти, откако Исламабад, Њу Делхи и Вашингтон објавија прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан. „Сите аеродроми во земјата сега се отворени за редовни летови“, се вели во соопштението. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на целосен и итен прекин на огнот, што Њу Делхи и Исламабад подоцна ...
Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска денес ја повикаа Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир во Украина. „Заедно со САД, ја повикуваме Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир“, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери. Тие денес се сретнаа ...
Компанијата „Гугл“ постигна договор со Тексас и се согласи да плати 1,375 милијарди долари поради обвинувања за прекршување на законите за заштита на приватноста на корисниците, соопшти државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон. Спогодбата опфаќа две тужби кои се однесуваат на три производи на компанијата и наводното прекршување на законите за заштита на потрошувачите во Тексас. – Во Тексас, големите технолошки компании не се над законот. Гугл ...
Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име. Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години. Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат ...
Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа на 7 и 8 мај 2025 година. Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Дијалог на глобалните лидери”, посветена на темата „Мирни решенија, обновување на мирот”. На оваа сесија се обратија и поранешни претседатели од повеќе држави, како Албанија, Бугарија, Црна Гора, ...
Индија и Пакистан потврдија дека е договорен прекин на огнот. Прекинот на огнот стапува во сила денеска, објавија светските агенции. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот, по разговорите со посредство на САД. „По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот веднаш. Им честитам на ...
Соопштение на СДСМ – реакција на изјавата на Максим Димитриевски Големиот корупциски скандал ја разоткри вистината, Максим Димитриевски ја злоупотреби ЗНАМ за свои бизнис зделки. Истиот човек кој гласно обвинуваше за криминал и ја обележуваше ДУИ како најголем проблем е фатен како соработува токму со нив – во криминал. ЗНАМ никогаш не беше автентична политичка понуда. Таа постои за две цели: да биде продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и да му служи ...
Пред споменикот на херојот Горан Стојменовиќ во населеното место Инџиково денеска се оддржа настан за одбележување на 10 годишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, кои се случија во 2015 година. На настанот, како што информираат од општина Гази Баба, пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и член на семејството на Горан Стојменовиќ. -Никогаш во ...
Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот, по разговорите со посредство на САД, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп. „По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот веднаш. Им честитам на двете земји за користењето на здрав разум и големата интелигенција“, објави Трамп на мрежата Трут Соушл. Пакистанскиот министер за одбрана ...
Веќе неколку години наназад, администрацијата на Општина Карпош е дел од националната еко акција ,,Генералка викенд”, па така традицијата на чист Карпош продолжува и денеска. Оваа година акцијата е во организација на ,,МаМ Хоум” во соработка со ,,Пакомак” , ,,Нулта отпад” и ЈП ,,Комунална хигиена – Скопје”, а се спроведува во 55 општини на ниво на целата држава. Целта беше да се собере што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се однесе до ...
Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија се славеше мирот, единството и културната разноликост на начин прилагоден за најмладите. Програмата вклучи изведба на македонската и европската химна од страна на детскиот хор „Златно славејче“, театарска претстава, танцувачка ...
Браната Три Кланци на реката Јангце во Кина, најголемата хидроелектрана во светот, предизвикала мерливи промени во ротацијата на Земјата, соопшти НАСА. Огромната количина вода во акумулациското езеро со капацитет од 39 кубни километри ја променила распределбата на масата на планетата, успорувајќи го денот за 0,06 микросекунди и предизвикувајќи поместување на Земјината оска за околу 2 сантиметри, пренесе ДПА. Според д-р Бенџамин Фонг Чао од ...
Властите упатија апел до над 160.000 жители на пет општини во каталонскиот регион на Шпанија да не ги напуштаат своите домови поради токсичен облак на хлор, предизвикан од пожар во индустриско складиште. „Доколку се наоѓате во погодената област, не го напуштајте домот или работното место“, се наведува во апелот на Цивилната заштита објавен на социјалните мрежи. Spanish authorities have told more than 160,000 people near Barcelona to stay ...
Истрагата за Кочани се води неселективно, многу прашања остануваат неодговорени, а власта не презеде никаква одговорност за најголемата трагедија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата Политиканти. „Прашањата се многу конкретни, и сè уште никој не дава одговор на нашите прашања во однос на тоа што се случи во Кочани. За трагедијата во Кочани, не се повикани на одговорност припадниците на Министерството за внатрешни работи, ...
Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија. Ова го наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во новото издание на Е-билтен на Македонската банкарска асоцијација. ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола ...
Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на родителите и нивното одбивање за средба со премиерот е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша: „Да не си во наша кожа, па терај ја ...
„Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети на Владата, приоритет на кој што посветено работиме. Пред нас имаме зацртано една цел-а тоа е да сториме се што е можно за да го реализираме сонот за европска Македонија!“, истакна заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков, во своето обраќање на денешната панел дискусија Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година, во организација на Австриската ...
Пакистанската војска соопшти дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека како одговор започна голема воена операција наречена „Бунџанун Марсус“. Пакистанската војска тврди дека Индија истрелала проектили врз клучните воени бази, вклучувајќи ја и базата Нур Кан во близина на Исламабад. Портпаролот на армијата, генерал-полковник Ахмед Шариф Чаудри, во изјави дека повеќето од ракетите ...
Продолжува еко акцијата „Генералка викенд“, која има за цел подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина. Во рамки на тридневната акција, која почна вчера, над 20.000 волонтери ќе чистат на повеќе од 500 локации во сите општини, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, локални и урбани заедници, градинки, училишта, факултети, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во подкастот „Политиканти“ посочи повеќе клучни ставови и прашања во врска со трагедијата во Кочани и општествената и политичка одговорност што произлегува од неа. СДСМ има јасен и аргументиран став зошто смета дека истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно. Прашањата се многу конкретни, и сè уште никој не дава одговор на нашите прашања во однос на тоа што се случи во Кочани. За трагедијата во ...