Американското Министерство за сообраќај денеска предупреди дека воздушниот сообраќај во САД може да се сведе „на нула“ поради тековната буџетска криза и недостигот од контролори на летање, поради што властите го намалуваат бројот на летови. Федералната управа за авијација (FAA) од петок бара од авиокомпаниите да ги разредат своите распореди на летови, што доведе до откажување на повеќе од 1.000 летови дневно, односно околу четири проценти од ...

Влијателниот зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, пристигна во Израел на разговори со премиерот Бенјамин Нетанјаху за имплементација на американскиот план за ставање крај на војната во Газа, велат извори запознаени со ситуацијата. Кушнер се очекува утре да се сретне со Нетанјаху, рекол изворот, кој зборувал под услов на анонимност бидејќи состанокот не е формално најавен. Белата куќа и Кабинетот на Нетанјаху засега не ги ...

Дерби дуелот од 11.коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11.та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз. Во првиот дел двете екипи се менуваа во водството и на полувреме беше 17:17. Резултатот последен пат беше нерешен 21:21 во 36.та минута. Вардар направи серија од 10-4 и во 52.та ...

Одењето не само што „согорува“ маснотии од вашиот стомак, туку и промовира општо намалување на телесните маснотии, така што со текот на времето, подлабоките, висцерални маснотии кои се најризични исто така исчезнуваат. Клучот е едноставен: конзистентни чекори, разумен оброк и малку сила за зачувување на мускулите. Ова создава план за фитнес кој е изводлив и одржлив. За ефект, изберете брзо темпо кое ве остава малку без здив, но сепак ви ...

Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка на вестите, Дебора Тернес, поднесоа оставки по критиките дека документарецот на Би-Би-Си „Панорама“ ги довел во заблуда гледачите со монтажа на говор на американскиот претседател Доналд Трамп. Во својата оставка, Тим Дејви наведе: „Сакав да ве известам дека одлучив да го напуштам Би-Би-Си по 20 години. Ова е целосно моја одлука и останувам многу благодарен на претседателот и ...

Над четири ипол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција. Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две ипол илјади работници. – Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, ...

Данило Божовиќ од карате клубот Макпетрол, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1.390 пријавени спортисти. Во финалната борба до 84 килограми за натпреварувачи на возраст У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2. До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги ...

Ана и Игор Дурловски на 17 декември во Националната опера и балет ќе одбележат 25 години оперска кариера со новогодишен концерт, на кој ќе настапи симфонискиот оркестар „Ајга” под диригентсво на Ана Спасовска. Познатата оперска двојка на македонската сцена ќе изведат избор љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани кои за оваа пригода ги направи композиторот Сони Петровски. -Нивната навидум едноставна лирика, полна со ...

Метео предупредување на Славчо Попоски: Целата територија на нашата Република Македонија на ден понеделник (10 Ноември) ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог за 24 часа (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму поради ова можни се и ...

Најмалку едно лице загина кога брод со околу 90 мигранти потона во близина на морската граница меѓу Малезија и Тајланд, соопшти денес малезиската полиција и наведе во соопштение дека трага по уште два исчезнати брода. Бродот се превртел пред три дена, изјави за локалните медиуми началникот на полицијата на северната држава Кедах, Адзил Абу Сах, додавајќи дека двата исчезнати брода превезувале „сличен број патници“. Досега се спасени десет лица, ...

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од падот на Берлинскиот ѕид со комеморација на улицата Бернауер штрасе, која била пресечена на две кога ѕидот бил изграден во 1961 година. – Храбрите граѓани, со својата желба за слобода и единство, го урнаа Берлинскиот ѕид, изјави градоначалникот на Берлин Кај Вегнер, кој присуствуваше на одбележувањето на падот на ѕидот на 9 ноември 1989 година. ...

Русија и Соединетите Американски Држави го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со брзо темпо, како што би се сакало , изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во руско-американските односи има многу иритантни работи кои ги наследивме од претходната американска администрација. Ќе биде потребно многу време тој неред да се реши. Со доаѓањето на новата администрација, почувствувавме подготвеност за продолжување на ...

СДСМ има можност да донесе нови гласови и да го победи ВМРО-ДПМНЕ, но за тоа треба јасна социјална политика и програма за сите категории граѓани, вели во објава на Фејсбук универзитетскиот професор Тито Беличанец. „За СДСМ се отвара простор за капитализирање на минатиот труд, односно на оствареното. Но да не очекува, како што премногу се надеваше на претходните избори дека со државотворните одлуки ќе победува на избори. Останува енигмата како ...

Некои деца сакаат да бидат во центарот на вниманието уште од мали нозе, додека други тешко прифаќаат кога работите не одат по нивно. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци имаат природна тенденција да бараат посебен третман и тешко прифаќаат граници. Оваа особина не значи дека се лоши деца, туку дека имаат силен карактер и високи очекувања од нивната околина. Нивниот шарм често ги омекнува родителите, па затоа им се дава повеќе од ...

Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот. Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета. И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Трут соушл. Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА. Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ...

Резервоарите за вода што го снабдуваат со питка вода вториот по големина град во Иран, Машхад, се речиси целосно пресушени и имаат помалку од три проценти од резервите, пренесоа денеска локалните медиуми. Иран годинава се соочува со најтешката суша во последните неколку децении, а во Техеран количеството врнежи, како што изјави еден локален функционер во октомври, е „практично без преседан во последните сто години“. Од 31 иранска провинција, во ...

Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста дека е реализирана втората распределба на средства од заедничката сметка за донации, која беше формирана по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во согласност со принципите на целосна транспарентност, отчетност и правна усогласеност, сите пристигнати средства од оваа фаза се распределени исклучиво на лица кои беа директно погодени од трагедијата. Податоци за распределбата ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави на неговиот фејсбук-профил, дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“. Скопје чисто, како што му доликува! Акцијата ,,72 часа” се одвива одлично! Вклучени се повеќе од 2500 луѓе кои го чистат градот, над 100 возила оперираат низ Скопје. Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. ...

По освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино. Причина е повреда. На местото на Ѓоковиќ во една од групите ќе биде токму неговиот ривал од вчерашното финале во Атина, Италијанецот Лоренцо Мусети. Турнирот во Торино почнува денеска. – Се радував на настапот во Торино, но по финалето во Атина мора да истакнам дека поради повреда нема да можам да играм на завршниот ...

На 08.11.2025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице- сопатник во патничко возило „бмв” го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

За овој мармалад најдобро е да користите кисели јаболка, поради слаткиот и благ вкус на тиквата. Состојки: Подготовка: Изрендајте ги исчистените јаболка и тиква и префрлете ги во тенџерето во кое ќе се готват, потоа додадете го исцедениот лимон, сокот од јаболка, ванилата, циметот и шеќерот. Добро измешајте сè и покријте, и оставете да отстои најмалку 2 часа. Потоа ставете ги на силен оган да се варат и кога ќе зоврие, намалете ја топлината. ...

Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети. Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила. Во соседната Воронежка област, ...

Јапонската метеоролошка агенција го укина предупредувањето за цунами откако мал бран го погоди северниот брег на земјата. Предупредувањето беше издадено откако земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди брегот на префектурата Ивате. Агенцијата првично го процени земјотресот на 6,7, но подоцна го ревидираше на 6,9 степени. Американскиот геолошки завод го процени земјотресот на 6,8 степени според Рихтеровата скала. Јапонските сеизмолози ...

Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА. Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе. Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината ...

Велика Британија ќе испрати експерти и опрема во Белгија за да ѝ помогне да ги спречи инцидентите со непознати беспилотни летала, поради кои привремено беа затворани аеродроми, соопшти денеска британската војска. Минатата недела дронови биле забележани над белгиски аеродроми и воени бази, а во изминатите месеци се појавувале и во други делови на Европа. Ричард Најтон, шеф на британските вооружени сили, изјави за BBC дека белгискиот колега ...

Екипата на Вардар се врати на првото место на табелата по денешниот триумф во 13. коло против Тиквеш со 3:1. „Црвено-црните“ поведоа со голот првенец за Ворен Чимбембе во 19. минута, а во финишот на првиот дел (45. минута) гостите од Кавадарци изедначија од пенал стрелец беше Иван Ивановски. Победникот беше решен во завршницата на натпреварот. По неколку нереализирани шанси Едиз Спахиу ја затресе мрежата на гостите во 81. минута, а конечните ...

Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната година. Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, останува 10-те откупувачи кои треба да преземат околу 22.000 тони тутун да ги верификуваат мострите, да ги истакнат на 17 ноември, и од 18 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови во земјава. – Од понеделник почнуваат да се ...

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска со објава на Фејсбук информира дека во Аланија, Турција ја примил Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство. Наградата на Гаши му била врачена од Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи. Гаши посочува дека наградата е признание за посветеноста на Собранието за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
85%
1029
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
68%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.18
90%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.2
98%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
1.79
83%
1025
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
86%
1027
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
5.14
93%
1026
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
1025
Currency

61.545

Currency

52.3988

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65978

Currency

0.3366

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Иридиум

145787.60

Бакар

10.77

Паладиум

4758.31

Калај

42.10

Сребро

1991.80

Цинк

3.24

Кобалт

58.42

Родиум

256402.20

Злато

138244.13

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Никел

463613.77