Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека уставни измени мора да има сега веднаш, затоа што државата, односно оваа Влада нема европска перспектива, дека граѓаните живеат лошо, изјави: „Можев да го видам оној настан, што вчера го организираше СДСМ во рамките на македонското Собрание и да ја слушнам таа ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН ВЛЕН ја смета за несериозна и самосаботирачка денешната иницијатива на ДУИ, која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа. ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и Албанците кога Блерим Беџети зборува за европски вредности. Го потсетуваме јавноста дека Блерим Беџети, како долгогодишен функционер на ДУИ, е синоним за политика спротивна на секоја европска вредност. Како ...

Институт за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) денеска информираше дека согласно Одлуката на Владата, за нов директор на нивната институција избран бил Газменд Алиу за период од четири години. „Со голема чест и задоволство го поздравуваме стапувањето на функцијата на новиот директор. Во следното поглавје на Институтот, сите заедно очекуваме добра соработка, континуитет во зајакнувањето на нашата улога во општеството и ...

По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?” (Can Institutional Integration of Western ...

На 29.04.2026 (среда), во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР. На ...

Согласно одлуката на РКЕ од вечерва на полноќ цената на дизел горивото се намалува за два и пол денари, додека бензините поскапуваат за два денари. Со тоа, новите максимални цени ќе изнесуваат: еуросупер БС-95 – 82,50 денари за литар; еуросупер БС-98 – 84,50 денари за литар; еуродизел – 91,50 денари за литар; екстра лесно масло – 96,00 денари за литар; мазут – 46,656 денари за килограм. Од РКЕ додаваат дека како и досега, станува збор за ...

Шокантна сцена ги пречекала семејствата на починатите на градските гробишта во скопската населба Синѓелиќ, каде наместо достоинствени вечни почивалишта на своите најблиски, затекнале забетонирани основи врз ковчезите, поместени гробни места и нови ископани парцели на минимално растојание пишуваше 4news.mk. Револтирани граѓани сведочат дека просторот бил целосно нарушен, а пристапот до гробовите речиси невозможен. „Вчера во 18 часот дојдовме ...

Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација. „Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,” порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со повикот се опфатени студенти и/или ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните работи на Универзална сала, при што истакна дека проектот конечно добива на динамика по долг период на застој и, како што рече, „перипетии од минатото“. Тој нагласи дека реконструкцијата на објектот е дел од пошироките подготовки за проектот „Европска престолнина на културата 2028“, потенцирајќи дека Скопје има обврска навремено да ја заврши клучната инфраструктура. „Очекувам во ...

Ученичка од шесто одделение во осноно училиште во Ѓорче Петров била брутално малтретирана од неколку други девојчиња. Настанот се случил кон крајот на март оваа година во паркот во Ѓорче Петров во старото вовче кое на 50 метри од полициската станица. Според пишувањата на Вечер, групата ја тепала, ја горела со цигари и ја присилувала на деградирачки постапки, а дел од насилството било снимено со мобилен телефон. Снимките потоа биле ...

Јас немам што повеќе да додадам од тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидот на реконструкцијата на Универзална сала „Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата” после сите оние застои во минатото, конечно добива на некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и ...

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата”, истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија. Во обраќањето беше истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се заокружува значаен процес на нејзино ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека „прекумерните барања“ на Соединетите Американски Држави довеле до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад. По слетувањето во Русија, Арагчи им рече на локалните новинари дека ќе разговара за актуелниот конфликт на Блискиот Исток со руските сојузници. Во изјава на персиски јазик, споделена преку неговиот Телеграм канал, тој истакна дека разговорите во Исламабад ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор 27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски. Во Собранието влегоа насилници со јасна намера – да убијат ...

Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – САД, Кина и ...

Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот. Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми. Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски ...

Кина остро го критикуваше планот на Европската Унија насочен кон зајакнување на индустријата во рамките на блокот, предупредувајќи на можна ескалација на трговските тензии. Пекинг денес се закани со контрамерки доколку ЕУ усвои нови правила познати како „Произведено во Европа“, кои се насочени кон стратешките сектори кои се соочуваат со силна кинеска конкуренција. Што предвидува европскиот план? Европската Унија во март ги претстави новите ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пенизја Во демократско општество, здружувањето на граѓаните претставува едно од темелните уставни и законски права. Тоа право подразбира слобода – слобода на избор, слобода на организирање и слобода на дејствување во интерес на членството. Кога станува збор за пензионерските здруженија, ова право добива уште поголема тежина, бидејќи тие треба да ги штитат интересите на една од најбројните и ...

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, во интервју за „Ноќно студио“ на 4ТВ, отворено проговори за еден од најобемните и најчувствителни судски предмети во поновата македонска историја – упадот во Собранието на 27 април. Русковска категорично ги отфрли обвинувањата дека станувало збор за монтиран процес, прикривање докази или постапување по политички диктат. Според неа, предметот бил ...

Денеска во Собранието ќе се одржат седници на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, како и на Законодавно-правната комисија. На нивниот дневен ред се предвидени повеќе законски предлози, меѓу кои и измени на законите за пратеници и за минерални суровини. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе спроведе расправа по амандмани на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски и во политиката и во економијата. Додека цела Европа носи антикризни пакети и навремено реагира за заштита на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски не презема ништо. СДСМ веќе два месеци предлага конкретен пакет за заштита на граѓаните и економијата. Владата селективно презеде само мал дел од тие предлози, без суштинска промена ...

Овен Денес ќе почувствувате силен прилив на енергија и мотивација. Ова е одличен ден за започнување нови обврски, решавање стари проблеми и носење важни одлуки. На работното место ќе бидете забележани по вашата иницијатива и храброст, но внимавајте да не влегувате во непотребни расправии со колегите. Во љубовта страстите се засилени – зафатените Овни ќе имаат динамичен однос со партнерот, а слободните може да запознаат личност што веднаш ќе ...

Зголемувањето на цените на млазното гориво поради војната во Иран доведе до значително повисоки цени на авионските билети. Но, патниците не треба да очекуваат цените да паднат дури и ако цените на горивата почнат да паѓаат. Тоа е затоа што силната побарувачка за патувања, заедно со трошоците за гориво, исто така ги зголемува цените. И покрај повисоките цени, многу авиокомпании бележат рекордни резервации, што значи дека повисоките цени ...

Параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи слетал опасно ниско над зоната каде што секојдневно се движат пешаци на шеталиштето во Охрид. Според видеото објавено од локалниот портал Ohrid1 и пренесено од повеќе медиуми, во последен момент бил избегнат судир со мајка и дете, а леталото потоа удрило во столб од улично осветлување. Инцидентот, за среќа, поминал без повредени, но повторно го отвори прашањето за безбедноста на едно од ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека не бил загрижен за време на нападот во саботата навечер на вечерата со дописниците од Белата куќа и процени дека напаѓачот бил болен. Администрацијата на американскиот претседател се обидува да разјасни кога семејството на Кол Ален, осомничениот за нападот за време на вечерата, дознало за неговите документи и кога ја известило полицијата. Во интервју за Си-Би-Ес њуз, ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Санкт Петербург во официјална посета на Руската Федерација. За време на посетата,тој ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и со рускиот претседател Владимир Путин, објави Тасним. Арагчи ќе се сретне со високи руски претставници и ќе разговара за билатералните односи меѓу Иран и Русија, како и за регионалните и меѓународните случувања. „Во ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на значително поладна воздушна маса од север, веќе во четврток 30 април 2026 во Македонија температурите значително ќе опаднат за околу па и за повеќе од 10 степени во споредба на оние температури кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради заладувањето на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. ...

Иран упати нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормутскиот теснец и прекин на војната, додека нуклеарните разговори би биле одложени за подоцнежна фаза, потврдија американски функционер и двајца добро информирани извори. Новиот ирански предлог го заобиколува прашањето за нуклеарната програма со цел да се постигне побрз договор, со оглед на тоа што дипломатските напори се во ќорсокак, а иранското раководство е ...

Напаѓачот кој отвори оган за време на свечената вечера на Здружението на дописници од Белата куќа, на која присуствуваше американскиот претседател Доналд Трамп, бил поддржувач на Камала Харис и донатор на демократската кампања, пишуваат американските медиуми. Станува збор за 31-годишниот Кол Ален од Калифорнија, инструктор за подготовка на студенти и дипломец на Калифорнискиот институт за технологија. Според наводите од истрагата, по апсењето ...

Некои луѓе своите емоции ги носат отворено, речиси како транспарент, додека други сè што чувствуваат го кријат длабоко под површината. Токму меѓу хороскопските знаци има и такви кои, без разлика колку им е тешко, ретко покажуваат слабост. Тие страдаат во тишина, често со насмевка на лицето, оставајќи впечаток дека сè е во ред. А вистината е – далеку од тоа. Рак Ракот можеби е најпознат по својата емотивност, но она што многумина не го гледаат ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.93
66%
1021
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
64%
1021
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.1
75%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
59%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
81%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 15ᴼ
0.88
93%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
59%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
62%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.94
95%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

51.97

Алуминиум

3.48

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Сребро

2072.63

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Платина

53756.05

Паладиум

39545.42

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52