Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, учествуваше на промоцијата на новиот курикулум за истражувачко новинарство во рамки на предметот Граѓанско образование, што се одржа во Собранието на Македонија. Дел од настанот беа и претседателот на Собранието Африм Гаши, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава Кристофер Зомер, како и претставници од Парламентарниот институт, Националниот демократски институт (НДИ), ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги повика своите сонародници да ги залечат „раните“ по крвавите немири во земјата. „Тие беа горчливи рани, но треба да се залечат, а не да се продлабочуваат до степен на инфекција“, рече тој синоќа на церемонијата на доделување награди на годишниот филмски фестивал „Фаџр“. Тој рече дека сега е потребно да се гледа напред, наместо да се продолжува со расправии и да се остава земјата на „странски ...

Европската унија нема да поддржи никакви потенцијални инвестиции во Босна и Херцеговина поврзани со проекти за фосилни горива, вклучително и планираниот Јужен интерконектор. Ова го објави денеска делегацијата на ЕУ во Сараево, пренесе дневниот весник „Независне новине“. Брисел нагласува дека поддршката треба да биде насочена кон проекти базирани на обновливи извори на енергија, додека изградбата на нови гасоводи не спаѓа во оваа категорија. ...

На 12.02.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци, скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди” со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7″ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф 8″ со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при гаснење со повреда се здобил ...

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е ...

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД. „Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи. Според достапните информации, трамвајот излетал од шините ...

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја реализираше втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите. Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на ...

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ дека ќе бараат негова кривична одговорност поради неможноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Тој оцени дека ваквите барања се „националромантичарски теми“, кои, како што рече, им припаѓаат на политичари од минатиот век. – Сметам дека националромантичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. СЈО бил претворен во партиски штаб на СДС. Зоран Заев и СДС во тоа време ветуваа некаква вистина и правда за Македонија, но освен политички прогон, политичко монтирани случаи и изживување врз поранешни политичари, друго граѓаните не добија. Обвинителката ...

Соопштение на ДУИ: Денес ги одбележуваме првите 100 дена од петтиот мандат на 20-годишното владеење на една клика во Чаир. За жал, овие 100 дена не донесоа никаква реална промена за граѓаните. Во овие 100 дена ги видовме истите појави што ја следат општината повеќе од 20 години: бесправни градби кои продолжуваат без никаква контрола, па дури и нови градби врз веќе нелегални градби; тежок корупциски систем; партиско заробување на институциите; ...

Соопштение на СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок. Станува извесно дека блискиот сојузник на ВМРО, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите во Унгарија. Оваа нова реалност ја гледа и самиот Груевски. Наместо да ја отслужува казната во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (12 февруари) присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата во седиштето на НАТО во Брисел, на кој присуствуваа министрите за одбрана на сојузничките земји. Министерот Мисајловски во денешното обраќање се осврна на целите, приоритетите и активностите кои се превземени од страна на Владата, Министерството за одбрана и Армијата во согласност со договореното од ...

На 11.02.2026 околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, автобус „мерцедес”, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 11.02.2026 околу 12:40 часот во СВР ...

Со одлуката на Владата донесена во вторникот се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ – рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Се создаде правна основа за потпишување договор со Град Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и ...

Штрајкот на пилотите и на кабинскиот персонал на „Луфтханза“ денеска доведе до масовни нарушувања во авиосообраќајот, поради што стотици летови на најголемата германска авиокомпанија се откажани низ целата земја. Како што соопшти синдикалната организација „Уфо“ (Ufo), најавениот целодневен штрајк почна во текот на ноќта, што го потврди и „Луфтханза“. Компанијата засега не наведе точен број на откажани летови, но предупреди на значителни ...

Маж на возраст од 38 години почина постоперативно по операција на крајници во Општата болница Чачак, соопшти денеска српското Министерство за здравство. Тоа се случува откако четиригодишно девојче на 4 февруари почина по иста операција во таа болница. Пациентот, како што објави Министерството, самостојно побарал таква хируршка интервенција поради проблеми со дишењето со години, свесен за ризикот од самата интервенција поради други придружни ...

Во Брисел вечер од 18 часот ќе бидат извлечени групите за Лига на нации сезона 2026/7. Македонската репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можеме да се падне. Потенцијали ривали на „црвено-жолтите“ се: Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Втор шешир: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина. Трет шешир: Словенија, Грузија, ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со делегација на Националниот демократски институт (НДИ), предводена од вишиот резидентен директор Роберт Скот Хајзлет. На средбата присуствуваа и претставници на НДИ, како и универзитетски професор. Во рамки на разговорите, делегацијата беше информирана за тековните проекти и активности на Град Скопје, како и за стратешките приоритети и идните планови насочени кон развој ...

Соопштение на Левица: Пратениците од власта не гласаа за предлог-измените на Левица, со кои се предвидува заштита од отказ на работничките за време на бременост. Со негласањето за предлог-законот на Левица, ќе продолжи неизвесноста на бремените работнички кои се вработени на определено време – во услови кога државата се соочува со драстично намален наталитет. Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, ...

Организаторите на Олимписките игри во 2026 година го дисквалификуваа украинскиот тркач со скелетон Владислав Гераскевич поради носење нелегална кацига со портрети на починати спортисти, пренесува ТАСС. ИОК, исто така, му ја одзеде олимписката акредитација на Гераскевич. „Марка“ објави дека претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, лично ќе пристигне на олимписката патека, Еугенио Монти, за да се сретне со ...

Започнува градбата на нова повеќенаменска спортска училишна сала во рамки на ООУ „Димо Хаџи Димов “ во населбата Влае. Проектот се реализира со финансиски средства обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, а денеска објектот го посетија градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и премиерот Христијан Мицкоски. Овој современ објект ќе овозможи значително подобрување на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на движењата во туризмот, колку допринесува тој за економскиот развој, каква беше 2025 година и очекувањата од 2026 година, изјави: „Туризмот е еден од нашите приоритети. Минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, некаде над 6%. Но, она коешто ...

Соопштение на СДСМ: Лагите коишто очајно ВМРО ги пласира за Правилникот и Законите нема да го тргнат прашањето, како 5 тони дрога поминаа граница? Заклучно со 2017 година ВМРО ДПМНЕ ги донесе сите измени и дополнувања на Законите за опојни дроги и психотропни супстанции. 1. Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.103/08, 2008 година 2. Законот за дополнување на Законот за контрола на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци. Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на Меѓуресорската комисија. – Од денеска почнуваат вонредните контроли, заедно со МВР. Најверојатно додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се ...

Вештите лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, одговараа на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештачењето на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент за Обвинителството го имаат изработено вештакот Маја ...

Шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти – изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава. – Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три-шеесет и четири производи, кои се за нас ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на настанот „Патеки за вештини и инклузија во секторот за цврст отпад”, организиран од канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, кој се одржа во хотел „Холидеј Ин” во Скопје. Во своето обраќање, министерот Хоџа се осврна на системските политики во областа на управувањето со отпадот, нагласувајќи дека Регионалниот систем за ...

Општина Центар и Црвениот крст потпишаа договор за продолжување на соработката за користење на услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за проект кој се покажа како значаен и корисен, и ги повика граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга активно да ја користат. „Со овој проект им го олеснуваме животот на лицата со попреченост. За реализација ...

Очекувањата на судиите се исти како и очекувањата на граѓаните кон Судскиот совет, а тоа е да имаме поефикасно и независно судство. Нашата заедничка цел, на Судскиот совет, заедно со другите колеги, ќе најстојуваме да ги подобриме состојбите во судството и да го подигнеме нивото на доверба на граѓаните кон судството. Тоа е нашата цел, изјави денеска новиот член на Судскиот совет Садула Изари, кој даде свечена изјава пред претседателот на ...

Марко Бислимоски денеска поднел оставка од функцијата претседател на РКЕ, објави Дојче веле. Како што пишува Дојче веле, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднел оставка. Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година. Во оставката не ги навел причините за повлекувањето. Одлуката не сака да ја ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
62%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 5ᴼ
0.51
68%
1014
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
80%
1015
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.32
79%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.2
86%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
1.79
68%
1014
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1011
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
79%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.47
52%
1014
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1014
Currency

61.6238

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Калај

48.18

Цинк

3.27

Бакар

11.40

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Родиум

369733.59

Сребро

2840.84

Иридиум

259874.72

Платина

65169.56

Паладиум

49383.55