Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Воената парада што секоја година се одржува на Црвениот плоштад во Москва, а со која Русија ја одбележува годишнината од победата над нацистичка Германија, оваа година ќе мине без приказ на руската воена техника, поради оперативната ситуација поврзана со воените активности против Украина. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, во парадата што традиционално се одржува на 9 Мај и ја означува капитулацијата на Германија во Втората ...
Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци. Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување ...
Косово се насочува кон нови предвремени избори, откако Парламентот не успеа во предвидениот рок да избере нов претседател на државата. Синоќа на полноќ истече рокот што Парламентот го имаше за избор на шеф на државата. Мандатот на претседателката Вјоса Османи истече на почетокот на април, а премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди поддршка од опозициските партии за својот кандидат. За изборот да биде валиден, потребно е присуство на две ...
Советот на Народната банка, на редовната седница, ги усвои Годишниот извештај за 2025 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2025 година, при што беше оценето дека централната банка успешно ги остварувала своите цели во текот на годината, придонесувајќи за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Во Годишниот извештај се истакнува дека 2025-тата година беше обележана со сложено и неизвесно надворешно окружување, ...
Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна сеница на Собранието. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците потенцираше дека преодната, односно техничката влада за спроведување на избори на пратеници во Собранието, ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана. Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена. Според обвинението, ...
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите одигран синоќа донесе исклучително квалитетен фудбал и девет голови на дуелот меѓу европскиот првак ПСЖ и Баерн – 5:4 за ПСЖ. Домашниот тим на почетокот на вториот дел имаше и три голови предност (5:2), но гостите од Германија сепак го намалија убедливото водство на противникот. Головите за ПСЖ ги постигнаа: Квича Кварацкелија и Усама Дембеле по два и Жоао Невеш еден, додека за Баерн ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на значително поладен атмосферски фронт кој во денот четврток 30 април 2026 ќе се спушти од север кон Македонија, ќе се формираат влажни воздушни бранови кои насекаде во Македонија ќе ни донесат врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен дожд а локално ќе наврнат и околу 20 литри на метар квадратен дожд. Поради заладувањето, на ...
Пишува: Проф д-р Јове Кекеновски Има пресуди што се носат. Има пресуди што се пишуваат. А има и пресуди што се препишуваат. Но има и такви што, покрај тоа што се препишани и за нив се молчи. Е токму една таква скорешна пресуда на Апелациониот суд е токму тоа: текст што изгледа како одлука, но одбегнува да каже нешто свое. Формално сигурна, суштински празна. Гласна во изреката, тивка во образложението. Ја отвораш пресудата и почнуваш да ја ...
Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од дел од бул.„Партизански Одреди“ (потегот кај пазар „Буњаковец“), дел од „Дебарца“, дел од „Мирослав Крлежа“, дел од „Коле Неделковски“, дел од „Антоние Грубишиќ“, „Отон Жупанчиќ“, „Радњанска“ и ООУ „Коле Неделковски“. Прекинот, како што информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ ќе биде поради уличен дефект ф-80 мм на бул.Партизански Одреди 18б. Водоснабдувањето ќе биде прекинато ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, a во западните делови од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до девет, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален ...
Известувачот за Европски парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, изјави за Канал 5 дека интервјуто од кое неделава беа пренесени негови критички ставови е снимено пред повеќе од седум недели и не ја одразува актуелната состојба. Тој посочи дека интервјуто било дадено за бугарската редакција на Euronews на почетокот на март, а не е јасно зошто било објавено дури сега. „Интервјуто е од пред повеќе од седум недели и ја покажува проценката ...
Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, во емисијата 4TV „Ноќно студио“ упати жестоки критики за состојбата со најголемите инфраструктурни проекти во државата, оценувајќи дека граѓаните плаќаат енормни суми за автопати кои нема да ги користат уште најмалку две до три години. „Граѓаните плаќаат за пат што нема да го возат уште најмалку две до три години. Цените се напумпани до неразумност, а парите наместо во квалитет и кај ...
„Никој не оди на работа за да умре, секој сака да се врати жив кај своето семејство. Но, со ваков пристап, секој нов ден на македонските градилишта е како игра на бинго – дали ќе се вратиш дома жив.“ Со овие силни зборови Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, ја опиша суровата реалност со која секојдневно се соочуваат работниците во вечерашното издание на „Ноќно студио“ на 4TV. Според Пешевски, и покрај измените на ...
Во завршниот дел од своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV, претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, упати досега најжестоки критики кон државата и стратешките партнери, тврдејќи дека зад големите инфраструктурни проекти се кријат сурова експлоатација, небезбедни услови за работа и институционален криминал. Пешевски опиша сцени од камповите на странските изведувачи кои, според него, наликуваат на затворски ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија се закити со златниот медал на Светското училишно првенство во ракомет, чиј домаќин беше Скопје. Во големото финале, избраниците на селекторот Горан Кузманоски покажаа супериорност и ја совладаа селекцијата на Израел со конечни 38:32. Македонските ракометари ја контролираа играта уште од самиот почеток, наметнувајќи темпо кое противникот тешко го следеше. На паузата Македонија замина со убедлива ...
Личните примери понекогаш најсилно ја покажуваат важноста на заштитната опрема, која често се доживува како непотребен товар. Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во финалниот дел од гостувањето во емисијата „Ноќно студио“, сподели емотивна приказна која ја потврдува смислата на неговата долгогодишна професионална мисија. Петковски се присети на случај со негова колешка која првично негодувала поради ...
Системот за осигурување на работниците во Македонија е застарен, бирократизиран и неефикасен, а милионски средства наменети за заштита на вработените завршуваат без јасна намена. На ова предупреди Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4тв. Според него, Македонија формално го применува таканаречениот „Бизмарков модел“, според кој 0,5 проценти од бруто-платата на ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија се закити со златниот медал на Светското училишно првенство во ракомет, чиј домаќин беше Скопје. Во големото финале, избраниците на селекторот Горан Кузманоски покажаа супериорност и ја совладаа селекцијата на Израел со конечни 38:32. Македонските ракометари ја контролираа играта уште од самиот почеток, наметнувајќи темпо кое противникот тешко го следеше. На паузата Македонија замина со убедлива ...
Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска на церемонијата на пречекот на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила во Белата куќа изјави дека Американците низ историјата ги имале своите најблиски сојузници токму во Британците, истакнувајќи ги долгогодишните врски меѓу двете земји. Трамп, како што пренесува Би-Би-Си, рече дека тој и неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп, никогаш нема да ја заборават посетата на замокот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во „Тема на денот” на Сител телевизија, говореше за процесот на интеграција во Европската Унија, билатералната поддршка, Планот за раст и Реформската агенда. Говорејќи за спроведувањето на реформите, министерот истакна дека нивната реализација не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати. „Прашањето дали се спроведуваат реформи не е ...
Делови од општина Центар, утре (29 април 2026) ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини. Според информациите, струја нема да има во периодот од 08:30 до 15:30 часот на улицата „Ленинова“, зграда број 29, влезови 1, 2 и 3. Прекин е најавен и за објектот на ресторанот „Sushi Co“ во истиот временски интервал. Од надлежните информираат дека станува збор за редовни активности за одржување на електродистрибутивната мрежа, со цел ...
Работата „на црно“ и ниската казнена политика се две од најголемите слабости кои дополнително ја загрозуваат безбедноста на македонските градилишта. На ова предупреди Борче Стојчевски од здружението „Тутела“, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Според него, сегашниот систем на санкции не делува превентивно, туку во многу случаи ги охрабрува пропустите и неодговорното однесување. Стојчевски откри дека честопати и самите ...
Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба е одговорен за лажна пријава за експлозивна направа поставена во две училишта во Дубровник денеска, соопшти Полициската управа Дубровник-Неретва, објавија локалните медиуми. Тој ја дал лажната пријава по телефон околу 12 часот и против него е во тек полициска акција. „По приемот на пријавата, веднаш беа испратени полициски службеници на терен, кои извршија инспекции на образовните ...
Системските слабости во македонското градежништво се многу подлабоки отколку што изгледа на прв поглед. Во продолжението на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Борче Стојчевски од здружението „Тутела“ откри загрижувачки детали за недостигот на инспекциски надзор, ниските критериуми за координаторите за безбедност и слабата свест кај дел од работниците и работодавачите. Еден од најголемите апсурди, според него, е тоа што ...
Неспремноста да се научат лекциите од минатите несреќи и длабоко вкоренетата култура на импровизација се главните виновници за црната статистика на македонските работни места. Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во гостувањето во „Ноќно студио“, отворено зборуваше за психолошките и менаџерските пропусти кои доведуваат до фатални последици. Импровизацијата како „балканска болест“ Петковски смета дека ...
Штедењето на мерките за безбедност е најчестиот начин на кој дел од градежните компании се обидуваат да понудат најниска цена на пазарот, но цената на човечкиот живот не може да се пресмета. На ова предупреди Борче Стојчевски од здружението „Тутела“, во завршниот дел од гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Стојчевски повлече директна паралела меѓу рекордните цени на недвижностите и минималните вложувања кои се потребни за заштита ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 ...
Градежниот сектор во Македонија е исправен пред сериозен системски проблем, а честите несреќи на работните места се последица на нефункционални закони, бирократија и недоволна контрола. На ова предупреди Борче Стојчевски од Здружението на инженери за заштита „Тутела“, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Стојчевски порача дека доколку се бара итно и радикално решение, тогаш треба да се воведе привремен мораториум на градењето, ...
Коалицијата „Вреди“ се подготвува за крупна внатрешна трансформација, најавувајќи дека од 9 мај официјално ќе дејствува како единствен политички субјект. Новата партиска структура ќе ја предводат Изет Меџити и Билал Касами како копретседатели, додека Беким Сали е предвиден за генерален секретар. Организациската поставеност ќе вклучува пет потсекретаријати, со што ќе се обезбеди еднаква застапеност на сите досегашни конституенти во ...