
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа. – САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио. Тој го повтори ставот на администрацијата на САД дека милитантите од Хамас се виновни за ситуацијата во ...
Изјавата на претседателот на Европскиот совет е прецизна и кога станува збор за тоа како Македонија треба да го продолжи европскиот пат, тој јасно кажа дека тоа што е договорено, ние како држава имаме обврска да го испорачаме, истакна заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија 24 Анализа, на телевизијата 24. Во дебатата Каранфилова Пановска посочи дека денешната посета ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на голем влажен Медитерански воздушен бран, веќе насекаде во Македонија имаме обилни врнежи од дожд, а температурите полека се повеќе опаѓаат. Обилните врнежи ќе продолжат во текот на целиот денешен ден (петок 16 мај) се до ноќните часови кон утрешниот ден сабота (17 мај). На повеќе места ќе наврне значително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд на метар квадратен, локално над 40 литри ...
Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа. Во тие рамки се очекува лидерите да разговараат за ...
Македонија од денеска до 18 мај прв пат ќе биде домаќин на еден од најпрестижните европски иновациски настани – CASSINI Hackathon што ќе се одржи во ИТ хабот Netaville во Скопје, под покровителство на Европската комисија и Агенцијата на ЕУ за вселенска програма (EUSPA). Овој хакатон паралелно се одвива во 10 европски држави, а е посветен на темата „Вселената за здравството“. Учесниците ќе работат на иновативни решенија со користење сателитски ...
Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија и Украина во турскиот мегалополис, изјави синоќа извор од турското Министерство за надворешни работи. „Трилатерални преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, рече изворот. Затоа, се чини дека директни преговори ...
Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 10 до 16 ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши началникот на копнените сили на војската, генерал Олег Саљуков, според декрет објавен од Кремљ. Тоа е најновото разрешување на високопрофилна личност од рускиот воен естаблишмент во услови на офанзива врз Украина. Саљуков, 70, сега ќе работи како заменик на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој беше разрешен од функцијата лани и беше назначен за секретар на Советот за безбедност. ...
Премиерот Христијан Мицкоски на гостување на „Euronews“ говореше за евроинтегративните процеси на државата и предизвиците со кои се соочува, но исто така и за отстапките кои се направени на тој евроинтегративен пат. „Имате претстава дека претходно сте го промениле знамето, сте го користеле она времено име, сте го промениле уставното име, во неколку наврати сте го менувале Уставот и секогаш некој од Брисел на вас ви велел уште само ова и тоа е ...
Управата за хидрометеоролошки работи за утре издаде портокалов и жолт аларм за целата територија за Македонија за обилен дожд Според најавата, времето утре ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и во ...
Маж од Пенсилванија ќе помине децении во затвор затоа што ја избоде до смрт својата баба, а потоа и го запали телото. Џорџ Сиско (29) беше осуден од 30 до 60 години затвор откако се изјасни за виновен за ментално растројство за убиство од трет степен, подметнување пожар и терористички закани во врска со смртта на 67-годишната Марги Финли во април 2024 година. На 26 април 2024 година, противпожарните екипи реагираа на извештајот за пожар во домот ...
Денеска околу 14 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на населбата Пинтија се случи сериозен еколошки инцидент, откако пукнал резервоар во приватна фабрика за стиропор и ќеси. Од резервоарот истекла црна хемиска течност што преку атмосферската канализација завршила на коловозот, предизвикувајќи опасно загадување. На терен веднаш интервенираа полициски екипи и Територијалната противпожарна бригада на Скопје, при што сообраќајот беше ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, 16 мај, ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, информира МНР. Ова е прва посета на министерката Беате Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година. „Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на ...
Крешник Бектеши од вчера е во куќен притвор.. Кочанскиот суд го прифатил предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, па екс министерот е веќе во својот дом.. Информацијата заедно со фотографија е споделена и на фејсбук страницата која го носи негово име, а во објавата пишува дека секој изминат ден докажувал дека обвинувањата против него биле само магла за да погоди чесна јавна личност.. ...
Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес на компанијата. Град Скопје соопшти дека на лице место се екипи на ТППЕ Скопје со цел изолирање на инцидентот како и инспекторите од град Скопје кои составија записник за хаваријата. „За ваков тип на хаварија ...
Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави јавен повик наменет за акредитирани здруженија на наставници кои организираат натпревари за средношколци, со цел покривање на трошоците за котизација и пат, односно за учество на една од 15-те меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad). Како што појаснува МОН, едно акредитирано здружение може да добие финансиски средства за учество само на една олимпијада. ...
Во текот на 19-та недела од 2025 година, од 5 до 11 мај, во Република Македонија се пријавени 50 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 31,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, информираат денеска од Институтот за јавно здравје. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 19-та недела од минатата сезона е за еден повеќе, а во споредба со бројот за 19-та недела од типичната епидемиска ...
Музичарот Горан Тонев, по два месеци од трагедијата во Кочани, се огласи на социјалните мрежи. Тој на „Фејсбук“ објави фотографија од болницата и персоналот, со благодарност затоа што сега живее втор живот. Гитаристот Тонев, заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска, се единствените преживеани членови на групата „ДНК“ од таа кобна вечер. Објавата побуди емоции кај бројни следбеници кои му испратија пораки со поддршка и желби за ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да биде постигнат напредок во мировните преговори за Украина сè додека тој лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин. – Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата посета на Блискиот Исток – јавија британските медиуми. Според изјавата на шефот ...
„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во Собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е првпат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме ...
Соопштение за јавност на Левица: Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на социјалните мрежи потсети дека и покрај дотраените противпожарни возила, а во пресрет на летните периоди и шумските пожари, ниту еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ не набави нови возила и противпожарна опрема: „Во пресрет на летната сезона, кога повторно ќе сведочиме катастрофални сцени со изгорени и уништени шуми, потсетување дека од 500 милиони евра кредит, вмровските ...
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 39.153 и географска должина 33.218. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби на Турција ја следат состојбата. На ...
“Не може секој пат кога ќе се сретнеме да ми пцуе жена и дете поради тоа што му ги објавивме патните трошоци“, изјави за „Фокус“ пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев по инцидентот во Собранието кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката му се заканувал поради тоа што Левица „многу зборувале за патните трошоци“. Апасиев вели дека пратеничката група на Левица неколку месеци наназад трпи притисоци од пратеникот на ...
Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат. Денес, преку предложените измени, сведочиме на уназадување на тој напредок, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска. – Со укинување, на став 2 од ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во рамките на Конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост”, порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани без исклучок. „На попреченоста не треба да се гледа како на пречка туку како на предизвик. Таа треба да биде поттик за библиотеките да се приспособат, да бидат ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во текот на ...
Се огласија и од Основниот суд Битола по повод вчерашниот судски преседан, кога пресуда за сообраќајна несреќа со смртни последици на семејството на прегазената жена им беше објавена во лифтот од зградата, со образложение дека не требале да дојдат и истата била веќе донесена, иако истиот ден имало закажано судско рочиште за читање на истата. Од судот не одговорија дали ваквиот начин на изрекување на пресуда е пракса во нивниот суд, ни потврдија ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на Унгарија, каде оствари средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. На средбата на која се разговараше за партнерството меѓу двете земји, се истакна одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата. Стратешката цел е зачувување на мирот и стабилноста во регионот, истакна вицепремиерот ...
Со огромно жалење морам да констатирам дека оваа Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ граѓаните ги дели на свои и туѓи, рече денеска на прес конференција струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Очигледно, додава тој, душманскиот пристап со Струмица и струмичани расте и се интензивира веројатно од некаква нивна помисла дека на тој начин ќе можат да ќарат некакви политички поени, но реалноста е сосема друга. „Денеска сме пред најавуваниот ...