Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Астролошките влијанија денес носат комбинација од зрелост и емотивна поддршка. Секстилот меѓу Месечината во Јарец и Венера во Риби создава стабилна основа за конкретни чекори, но и за меѓусебно разбирање. Ова е ден кога насоката станува појасна, а поддршката доаѓа тивко, но значајно. Овен Фокусот е ставен на вашата професионална или животна насока. Наместо импулсивни потези, денес е поважно да направите проверка – дали чекорите што ги ...
Германскиот авиогигант „Луфтханза“ се соочува со сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај поради најавената 24-часовна стачка на пилотите, закажана за утре, 12 февруари. Од компанијата оценуваат дека станува збор за „целосно непотребна ескалација“, но се очекува протестот да приземји голем број авиони и да предизвика проблеми за десетици илјади патници. Еднодневната стачка ја организира синдикатот на германските пилоти „Кокпит“ ...
Коцките капучино се идеален избор кога сакате домашен десерт без многу комплицирање, а со полн и неодолив вкус. Без егзотични состојки и сложени чекори, оваа торта комбинира мека чоколадна кора, кремаст фил со арома на кафе и чоколадна глазура. Кората се подготвува од јајца, шеќер, масло, млеко, брашно и какао, додека кремот е комбинација од пудинг од ванила збогатен со капучино во прав и путер. На крај, сè се прелева со растопено чоколадо. ...
Чешката полиција разби криминална група која шверцувала кокаин од Берлин во Прага, сокриен во торти. Во акцијата се приведени седум странски и еден чешки државјанин. Според информациите, на овој начин биле пренесени повеќе од 30 килограми кокаин, при што секоја торта содржела по еден килограм дрога. Пратките биле транспортирани со автобус. Полицијата засега не ја соопшти националноста на странските осомничени. Чешката полиција разби ...
Актерот Џејмс Ван Дер Бик почина по борба со рак на дебелото црево во стадиум 3 на 48 години. Неговата сопруга, Кимберли Ван Дер Бик, ја објави тажната вест на Инстаграм. Актерот првпат ја сподели својата дијагноза за рак во ноември 2024 година. „Имам рак на дебелото црево. Се справувам со оваа дијагноза приватно и преземам чекори за да се справам со неа, со поддршка на моето неверојатно семејство.“ – истакнал тој. Актерот беше најпознат по ...
Емоционалната злоупотреба претставува систематска манипулација и психолошки притисок со цел контрола врз друга личност. Иако не остава физички траги, може сериозно да го наруши менталното и физичкото здравје и често тешко се препознава бидејќи се развива постепено. Таа не се јавува само во партнерски односи, туку и меѓу членови на семејство, пријатели или колеги. Вообичаени форми се изолација, омаловажување, закани, срамење, постојана ...
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, јавно го искажа незадоволството од досегашните резултати на партијата во рамки на коалицијата ВЛЕН и во Владата. Во интервју за ТВ21 тој најави дека утре ќе се одржи важна седница на Централното собрание, на која ќе се разгледуваат кадровските решенија и понатамошната стратегија на партијата. Касами отворено призна дека партијата можела да испорача повеќе резултати. „Лично, мислам дека капацитетот на ...
Во голема акција на Европол, откриени и конфискувани се фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра. Операцијата се спроведувала во повеќе земји, вклучувајќи Австрија, Бугарија, Германија, Италија, Холандија, Србија, Велика Британија и САД. Полицијата и царината задржале голем број пратки испратени по пошта, при што 90% од нив потекнувале од Кина. Покрај евра, откриени се и фалсификувани долари, фунти и швајцарски франци. Во текот ...
Новообјавен документ на ФБИ сугерира дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп контактирал полицијата во врска со однесувањето на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Документот, објавен во најновата серија досиеја на Епштајн, е транскрипт од интервју на ФБИ од 2019 година со поранешен полицаец од Палм Бич, Флорида, кој во тоа време рекол дека Трамп му се јавил во врска со истрагата за покојниот финансиер и рекол: „Фала ...
Физичка пресметка меѓу пратениците можеше да се види денес во турскиот парламент при положувањето на заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек. Инцидентот се случи кога пратениците од најголемата опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), која не се согласува со именувањето на Ѓурлек, ја зазедоа парламентарната говорница. Пратениците од владејачката Партија на правдата и ...
Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО од времето на Никола Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на вечерашната регионална средба во Штип. „Знаеме со каква власт имаме работа. Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема да има никаков прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО-ДПМНЕ од времето на Никола Гуревски. Целосна ...
Најголемиот пешадиски полк на британската армија започна интензивни подготовки на полигон во Вилтшир кој симулира услови слични на конфликтот во Украина. Во рамки на обуката, вежбана е урбана борба, со цели да се освојат непријателски позиции во „бомбардиран“ градски комплекс. Командантот капетан Мајк Линдгрен истакна дека урбаните средини се најголемиот предизвик поради сложениот терен и ограничената комуникација. Обуката трае шест месеци и ...
Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска остро реагираше на изјавите и обвинувањата упатени од претседателот на ССМ, Дарко Трендафилов, оценувајќи дека во јавноста се прикажува негово однесување кое, како што вели, „го разоткрива лицемерието на синдикалниот водач“. ,,Целта е да се прикаже на јавноста како овој “волк” изигрува јагне, “бранејќи” ги правата на работниците или во превод: разоткриено е целото лицемерие на “водачот” ...
Кардиолозите д-р Тара Нарула Канџело и д-р Евелина Грејвер истакнуваат дека редовното вежбање е клучно за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем. Според нив, тоа го намалува крвниот притисок, помага кај дијабетесот, го подобрува менталното здравје и ја јакне мускулната и коскената маса. Грејвер препорачува најмалку 30 минути умерена кардиоваскуларна активност пет дена во неделата, со нагласок на интервален тренинг со висок ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција (13–15 февруари), каде што ќе оствари средби со европски партнери, соопшти Стејт департментот. Посетата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу САД и дел од сојузниците по изјавите на претседателот Доналд Трамп за Гренланд. По Минхен, Рубио ќе ја посети Братислава на разговори за регионалната безбедност, енергетиката и соработката во рамки на ...
Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ најави укинување на 6.000 работни места ширум светот и ревидирање на прогнозата за раст на профитот за годинава. Компанијата, која вработува 85.000 луѓе, предвидува годинава профитот да порасне од 2 до 6%, наместо претходно најавените 4–8%. Причина за тоа е намалената побарувачка на пиво на глобалните пазари. Новата стратегија на „Хајнекен“ до 2030 година се фокусира на поголем раст со помалку ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по влажни коловози. На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради сообраќајна незгода. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека неодамнешниот спор околу Гренланд е сигнал за можно влошување на односите со САД. Тој порача дека Европа не смее да се потпира на привидното затишје, туку мора да ги забрза економските реформи и да ја зајакне својата политичка и финансиска моќ. Макрон ја поддржа идејата за заедничко задолжување на земјите членки на ЕУ за финансирање стратешки инвестиции и намалување на зависноста од ...
Драмата во училиштето „Phatong Prathan Keeriwat“ во близина на Хат Јај заврши откако 18-годишниот напаѓач се предаде по повеќе од два часа полициска опсада. Тој влегол вооружен и отворил оган, при што беа повредени директорот и една ученичка, додека друг ученик се здобил со повреди обидувајќи се да избега. Повредените се хоспитализирани и се во стабилна состојба. За време на инцидентот учениците и наставниците биле задржани во објектот ...
Левица најостро реагира на скандалот со следењето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, што кулминираше со јавно објавување на снимка на која тој е заедно со неговите малолетни деца. Ова е злоупотреба на безбедносни механизми и демонстрација на режимска сила насочена против синдикалното организирање. Откако Христијан Мицкоски наместо достоинствено да одговори на барањата на работниците, јавно најави дека „ќе се виделе снимки” од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните руски напади врз Украина покажуваат дека безбедносните прашања во моментов се клучен приоритет за Киев и дека сите други прашања мора да се разгледуваат заедно со нив. „Додека Русија продолжува да убива луѓе и да ја уништува нашата инфраструктура, нема да има доволно јавна доверба дури ниту во активната дипломатија“, напиша Зеленски на Икс. Украинскиот претседател ...
Уапсен е 32- годишен маж од Крушевац под сомнение за убиство на својата мајка. Трагедијата се случила денес во семеен дом во Крушевац. Се сомнева дека 30-годишниот Ј. Б., по вербален конфликт, смртно ја повредил својата 59-годишна мајка со нож. Несреќната жена починала од повредите на местото на настанот. Полициски патроли и екипи на брза помош излегле на местото на настанот веднаш по пријавата, но лекарите можеле само да ја констатираат ...
Десет лица, меѓу кои и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Тамблер Риџ, на североистокот од канадската покраина Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. Во нападот се повредени уште 25 лица. Според информациите на полицијата, шест жртви биле пронајдени во просториите на средното училиште Тамблер Риџ, едно лице починало за време на транспорт до болница, додека телата на уште две лица биле пронајдени ...
Денеска, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставнички на Women in Tech-Macedonia, организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која поттикнува инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика). Тие ја информираа дека нивните активности се главно насочени кон едукација на невработени ...
Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од околу еден месец биле одземени бакарни кабли со вкупна должина од два километри и проценета вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, го лишиле ...
Возачите од земјите надвор од ЕУ се соочуваат со засилени контроли во Шенген-зоната поради строгата примена на правилото 90/180 за дозволен престој. Неколку македонски возачи веќе се вратени, а последниот случај е регистриран во германското пристаниште Росток. Од „Макамтранс“ информираа дека македонски возач бил затекнат со пречекорување од три дена над дозволените 90 во период од 180 дена и му била изречена казна од 150 евра. Тој ќе ја ...
Сѐ она што го говореше СДСМ во изминатиот период се потврдува. 1.Власта сака да ја укине техничката Влада, единствената можност за чесни и фер избори. Да се влијае на слободната волја на граѓаните а опозицијата да не види што се прават по министерствата. 2.Криминалот и корупцијата цветаат. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за омилената компанија на власта преку општините, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра преку ...
Младата македонска фудбалерка Меланија Грозданова (17) повторно го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност. По четиридневниот собир на А-репрезентацијата на Македонија, таа денес се наоѓа во Белград со својот клуб Љуботен, каде ќе одигра пријателски натпревар против Црвена Звезда. Според информации од фудбалски извори блиски до скаутските кругови, натпреварот ќе го следат и претставници на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, кои ...
Се обновува неврохируршката служба во градската општа болница „8-ми Септември“ по повеќе години пауза. Денеска успешно се оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал . Од ,,8-ми Септември” велат дека интервенциите се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се во стабилна постоперативна состојба. ГОБ „8-ми Септември“ посочува дека обновувањето на службата ...
Започна расчистувањето на просторот во Градскиот парк во Скопје, каде што е планирана изградбата на новиот луна парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи информираше дека се отстрануваат постојните објекти кои, како што наведе, биле бесправно изградени, со цел да се подготви теренот за реализација на проектот. Во објавеното видео се гледа механизација како ги отстранува старите објекти на локацијата, а ...