Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор во подкаст изјави дека „не се плаши од повраќање“ бидејќи „шмркал кокаин од тоалетните школки“. Американскиот министер за здравство го призна ова за време на подкастот „This past weekend“ на популарниот американски подкастер Тео Вон. Во подкастот, Кенеди и Вон разговараа за нивната историја на злоупотреба на дрога и како заедно присуствувале на состаноци за поддршка пред да бидат ...

Трактори и конвои од цела Грција денес, 13 февруари 2026, се симнуваат во центарот на Атина, со најавен масовен протест пред Хеленскиот парламент. Собирот е планиран на Плоштадот Синтагма: пристигнувањето започнува околу 15:00, главниот митинг е закажан за 16:00, а организаторите најавуваат дека ќе останат во текот на ноќта и ќе се повлечат организирано до пладне во сабота, 14 февруари. Во позадина на демонстрацијата е истата стара сметка ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Вождовац го уапсиле државјанинот на Северна Македонија, С. Г. (46), под сомнение дека запалил угостителски објект каде што работел од одмазда, а потоа ги заплашил своите поранешни работодавци со бизарни видеа, дознава „Telegraf.rs“. Во белградската населба Вождовац, на 10 февруари се случил инцидент кој само со чиста среќа и смиреност на вработените се извлекол без човечки жртви. По брза ...

Соопштение за јавност на Левица: Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, која очигледно и веќе во неколку наврати не ја разбира функцијата која ја обавува и мандатот кој и е доверен од граѓаните. Објавувањето снимка во која се појавуваат малолетните деца на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија претставува особено тежок морален и институционален пад за носител на јавна ...

Пожар во Будакеши рано наутро во петокот одзеде неколку животи, а десетици беа повредени. Покривот на двокатната зграда – хотелот „Спорт“ на улицата „Зичи Петер“ – беше целосно зафатен од пламен, а пламенот веројатно е предизвикан од експлодирана плинска боца. Пожарникарите евакуираа неколку луѓе и пронајдоа две тела во урнатините утрово, додека спасувањето и потрагата по жртвите сè уште се во тек. Градоначалничката, Отилија Ѓери, објави ...

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои ...

Денешниот ден носи потреба од смиреност, внимателни одлуки и повеќе искреност во односите. Кај многумина ќе се отвори можност за решавање на стари недоразбирања, додека на професионален план ќе биде важно трпението и добрата организација. Ѕвездите советуваат да се избегнуваат импулсивни реакции и да се посвети внимание на личната благосостојба. Овен Љубовниот живот добива нова динамика. Можно е да се отвори разговор кој долго време се ...

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше почесен гостин на промоцијата на Стратегијата за работа на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија за периодот 2026–2031 година. На настанот, што се одржа синоќа во Нови Сад, во годината кога се одбележуваат 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, претседателот Иванов имаше пригодно обраќање во кое ја истакна важноста на ...

Услугата за пораки „Ватсап“ (WhatsApp) вчера ги обвини руските власти за обиди за целосно блокирање на апликацијата на територијата на Руската Федерација. „Обидот да се изолираат над 100 милиони луѓе од приватна и безбедна комуникација е чекор назад и може само да доведе до помала безбедност за луѓето во Русија. Продолжуваме да правиме сè што можеме за да ги одржиме корисниците поврзани“, соопшти „Ватсап“, која е во сопственост на „Мета ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област. Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински ...

Заедничката изјава меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија за реципрочна, фер и балансирана трговија претставува значаен исчекор во унапредувањето на билатералните економски односи и продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји, оценува премиерот Христијан Мицкоски. Според него, објавата на Белата куќа е јасен сигнал за зголемена доверба и поддршка од страна на САД, како и основа за идни економски ...

“Кино Балкан” продукција и дистрибуција почна да дистрибуира македонски филмови и филмови од регионот.. Во изминатиов период “Кино Балкан” активно го дистрибуира филмот “Приказна за Силјан” на режисерката Тамара Котевска Филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и руши рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде е прикажан. Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето на ...

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно имало вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пребукирање на тури со водичи, објави „Еуроњуз“ . Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги привела осомничените во вторник откако администрацијата на Лувр пријавила ...

Филозофскиот факултет – Скопје го направи првиот чекор во иднината на високото образование во Македонија! Вчера, 11 февруари 2026 година, официјално се заокружи процесот на креирање на AI инфраструктурата на Филозофскиот факултет – Скопје! Платформата е јавно достапна на: https://aifzf.org/ Со ова, Филозофскиот факултет стана првата високообразовна установа во Македонија што воспостави сопствен AI екосистем со сопствена AI инфраструктура — ...

„Одиме кон креирање на новата партиска програма, во процес на сериозна, многу честа комуникација со членството, којшто процес ќе заврши на почетокот или средината на месец јуни со уште еден програмски конгрес, на којшто ќе ја презентираме новата партиска програма на СДСМ”, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во „Само интервју” на Канал 5 Телевизија. Филипче потенцираше дека СДСМ не е и нема да биде контролирана опозиција и дека ...

Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија постигнаа согласност за рамка на нов Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, со кој се очекува значително продлабочување на економската соработка и подобрување на пристапот на компаниите од двете земји до меѓусебните пазари. Според заедничката изјава, договорот има за цел да ја зајакне билатералната трговска размена, да ги поддржи заедничките стратешки интереси и да ...

Астрологијата не открива само карактер и љубовни навики – таа може да ја опише и „вибрацијата“ на секој знак. Ако секој хороскопски знак беше пијалок, изборот би бил изненадувачки точен. Еве како изгледа таа вкусна астролошка мапа: Овен – Виски со мраз Силен, директен и без компромиси. Како вискито – интензивен и самоуверен. Бик – Црвено вино Хедонист што ужива во квалитет и длабочина. Сака вкус што трае и атмосфера што опушта. Близнаци – ...

Лекарка од итната медицинска помош се најде под истрага откако во јавноста се појавија фотографии на кои наводно консумира кокаин. Нејзините претпоставени во Заводот за итна медицинска помош на Загрепската жупанија потврдија дека примиле пријава и дека лекарката ќе биде упатена на вонреден лекарски преглед, објави емисијата „Проверено“. Информацијата дека лекарката консумирала кокаин засега не е официјално потврдена. Покрената постапка ...

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран вечерва во 20:59 часот на територијата на Албанија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на географска ширина 39,72 и географска должина 20,29, односно на околу 156 километри од Елбасан, во близина на албанско-грчката граница. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од ...

Редовната физичка активност е клучна за здрав живот, но без правилно закрепнување тешко се постигнуваат резултати. Болките во мускулите и заморот можат да го забават напредокот и да го нарушат ритамот на вежбање. Освен доволен сон и балансирана исхрана, важна улога имаат и одредени витамини кои го поддржуваат процесот на регенерација. Витамин Ц Како силен антиоксиданс, учествува во создавањето колаген – важен за тетивите и сврзното ткиво. ...

14 февруари е вистинска можност да ја изразите љубовта и вниманието кон саканата личност. Иако најважни се искрените чувства, внимателно одбран подарок може дополнително да го направи денот незаборавен. Еве неколку проверени предлози што секогаш оставаат впечаток. Персонализиран подарок со личен печат Гравиран накит, фотографија од заеднички момент во убава рамка или книга со рачно напишана посвета – ваквите подароци имаат посебна вредност. ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по состанокот на министрите за одбрана во Брисел изјави дека Алијансата бележи напредок во зголемувањето на инвестициите во одбраната, оценувајќи дека тоа е клучно за зачувување на безбедноста. Според него, на средбата бил анализиран напредокот во спроведувањето на одлуката од Самитот во Хаг во јуни 2025 година, со која земјите членки се обврзаа постепено да ги зголемат трошоците за одбрана на пет ...

Португалскиот парламент на прво читање го усвои предлог-законот со кој младите од 13 до 16 години ќе можат да отвораат профили на социјалните мрежи само со дозвола од родител или старател. Иницијативата доаѓа од владејачката Социјалдемократска партија, која образложи дека целта е подобра заштита на малолетниците од кибер-насилство, несоодветни содржини и злоупотреби преку интернет. Според предлогот, ќе се воспостави систем преку кој ...

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни Панче Тошковски ќе присуствуваат на 62-та безбедносна конференција во Германија од утре. Во рамки на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации. Во фокусот на разговорите ...

Трендафилов сум го сретнал пред година и пол во Собрание кога беа тие иницијативни и толку. Со човекот немам никаква комуникација ниту пак некаква координација. Единствено нешто што заедничко еве гледам сега последниве денови имаме е тоа што власта тренира злоупотреба на институциите, го сликаат, го пратат итн. Мене ме сликаат на аеродроми. Излегоа пратеникот Бране Петрушевски кажува кога сум ја напуштил земјата. Од каде знаат тие луѓе каде ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Само интервју” на Канал 5 телевизија остро реагираше на, сериозната партизација на судството и обвинителството. „Власта тргна во сериозна партизација на судството, обвинителството и тоа не е нешто што е ново. Тоа е пракса којашто како модел на владеење ја имплементираа во времето на Никола Груевски, од 2006 до 2016 година. Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија се осврна на проектот ,,Безбеден град. „За мене системот Безбеден град не е само систем за детектирање на сообраќајни прекршоци и казнувања, туку за мене овој систем значи пред се, како што видовме спасување на човечки животи“, истакна таа. Пратеничката Бојковска дискутираше за имплементацијата на системот Безбеден град како ...

Светската поп-ѕвезда Рита Ора ќе настапи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Информацијата ја објавија од Pragma Music Entertainment на нивниот официјален Facebook профил. Рита Ора е една од најпрепознатливите музички артисти со милијарди стримови, бројни светски признанија и настапи на најголемите сцени во светот. Светската поп-ѕвезда Рита Ора ќе настапи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју” на Канал 5, нагласи дека власта мора да одговори на клучните прашања поврзани со случајот со запленетата дрога во Србија, а која потекнува од Македонија. Филипче посочи дека институциите не смеат да молчат кога станува збор за сериозен скандал од вакви размери. „Главното прашање е како поминала дрогата преку граница? Како четири или пет ...

Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче. Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1014
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
56%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 1ᴼ
2.57
47%
1014
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.53
80%
1016
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.25
83%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
3.58
65%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1011
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
77%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.92
51%
1013
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1013
Currency

61.6238

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Сребро

2840.84

Платина

65169.56

Калај

48.18

Кобалт

66.14

Злато

166450.52

Цинк

3.27

Иридиум

259874.72

Рутениум

56199.51

Паладиум

49383.55

Бакар

11.40

Родиум

369733.59

Алуминиум

3.42