Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Миле Цеков ја напушта ПГ на ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ од денеска ќе дејствува како независен пратеник “По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта. Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да ...
По повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд од 1 до 3 мај автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во јавниот дискурс сè почесто се споменува „швајцарскиот модел“ како решение за усогласување на пензиите. Се претставува како формула што може лесно да се примени и кај нас — како гаранција за праведност и стабилност. Но тука мора да се постави едно основно прашање: дали нашиот систем воопшто ги исполнува предусловите за таков модел? Одговорот е јасен — не. И тоа не е формален, туку ...
На 30.04.2026 во 00:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.В.(36) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка, дека на 29.04.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неа, како и кон својата сопруга, при што им упатил закани и ги избркал од домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 30.04.2026 во 00:30 часот во ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски се осврна на обвинувањата на опозицијата за евроинтегративниот процес. „Изјавите кои доаѓаат од дел од опозицијата, во случајот СДСМ, без разлика кој ги испраќа од актуелното раководство, се навистина збунувачки. Би рекол чудни изјави кои немаат за цел да ја кажат вистината, туку имаат за цел да направат што поголема сензација со ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека никој во оваа држава нема против користењето на албанскиот јазик, како и тоа дека оваа влада нема да им дозволи на ДУИ да играат на ситен популизам на етнички теми, сите граѓани се ценат подеднакво, а не по етничка линија, ова е нова Македонија на проекти и реформи. „Никој нема против користењето на јазиците во Македонија кои ги употребуваат ...
На 29.04.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје 73-годишен скопјанец пријави дека околу 10:15 часот на Плоштад Македонија во Скопје, бил измамен од две машки лица, при што бил оштетен за сума од 4.000 денари. Според пријавеното, двете лица му пришле, а едниот од нив му рекол да му даде пари затоа што наводно неговата сопруга се лекувала во болница и итно им биле потребни пари, а како залог му оставил предмет за кој му рекол дека е дијамант. Но, ...
На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од с.Големо Коњари, прилепско. По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница- Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт. Увидот го извршила увидната екипа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1 и 2 мај, иако грејната сезона завршува на 30 април. Како што се наведува во соопштението од РКЕ, одлуката следува по добиените пет дневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата ...
На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште. Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва. Лицата агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна ...
Туризмот базиран на можностите за автентично доживување на културното и историското наследство на одредена дестинација, се развива сѐ побрзо во последниве години. Тоа е поттикнато од зголемената побарувачка за вакви патувања, како и од глобалните напори за зачувување на историската оставина, каде што влегуваат не само античките урнатини и спомениците, туку и живите традиции. Глобалниот пазар на културно-историски туризам минатата година се ...
Соопштение за јавност на Левица: Застапувајќи ги интересите на сопствените спонзори, десничарската влада целосно заборави на работникот и третирајќи го како орудје за остварување профит, доведува до социјално-економска криза, структурната експлоатација и континуираното дерогирање на работничките права. Пред само неколку дена сведочевме за тоа како животот на работникот нема никаква вредност за државните институции кога се во прашање ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Додека цената на нафтата повторно расте и граѓаните плаќаат сè поскапи сметки, Мицкоски и неговата влада објавуваат дека „буџетот е во одлична кондиција” и веднаш бараат ново задолжување. Економската политика на криминална група ВМРО е класичен пример на популизам, неодговорно трошење и отсуство на вистински реформи. Наместо фискална консолидација, продолжуваат со огромни буџетски дефицити од над 3,5%, растечки ...
На седницата за пратенички прашања во Собранието, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска упати прашање до министерот за одбрана Владо Мисајловски во однос на нов колективен договор. Петровска рече дека буџетот на одбраната расте само на хартија а минатата година со одлуката за прераспределба на буџетски средства на МО му биле одземени 12 милиони евра од ставката за модернизација. „Објектот на Армијата во Ѓорче Петров, каде се чуваат и ...
На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска на говорница извади фотографии од апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделство. Според фотографиите што Петровска ги прикажа, директорот бил уапсен на подземниот паркинг во Џевахир, каде стан според Петровска имал и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Петровска кажа дека тој податок околу локацијата на апсење никогаш не била објавена и ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ ...
„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс”, истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во поткастот „Финсајт” со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк”. Таа нагласи дека монетарната политика и натаму се води претпазливо, при што главните инструменти ќе придонесат за постепено стабилизирање на инфлацијата. „Монетарната ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, Генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати 6 милиони евра штета директна последица на неговите одлуки. Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ од Бања Лука, компанија тесно поврзана со ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најде да говори за слободата на медиумите и извештајот на Репортери без граници. Филипче се најде за кредибилен и легитимен да говори за слободата на медиумите, кога нема медиум, портал и новинар со кого не се скара. Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаеви и безобразен. Филипче ...
Војната во Иран веќе го чинеше Пентагон 25 милијарди долари, изјави во средата висок функционер на Министерството за одбрана, со што се обезбеди првата официјална цена за американската воена кампања со мала јавна поддршка што трае два месеци. Вршителот на должноста контролор на Пентагон, Џулс Херст, ја даде бројката за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, заедно со секретарот за одбрана Пит Хегсет и ...
Иако први мај е на праг, на планините во Србија утрово се забележани врнежи од снег. Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени. Во моментот во Златибор е нула степени . Невообичаено студено време за ова време од годината е забележано во сите делови на Србија, во пресрет на Први мај, па на некои места очигледно ќе биде потребна лопата за снег за да се ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина одлучуваа во име на сите Албанци, додека народот ја плаќаше цената на нивната ароганција, алчност и безобразна потреба за власт Тој модел падна. И не падна случајно. Падна затоа што Албанците повеќе не прифаќаат да бидат заложници на истрошени структури, лажен патриотизам и ...
Соопштение за јавнот на ЛДП: Додека политичката сцена е заглавена во застарени пазарења за технички влади и министерски фотелји, Либерално-демократската партија (ЛДП) останува единствената опозициона партија која нуди решенија кои водат кон иднината, а не кон нов административен хаос. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, упати јасен повик до Собранието: Време е да се стави крај на скапиот „Пржински театар” и фокусот да се префрли на ...
Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека продолжувањето на воените операции против Иран би било „опасно и неприфатливо“, нагласувајќи ги сериозните последици што таков потег би можел да ги има за глобалната безбедност. Според Кремљ, Путин за време на телефонскиот разговор со Трамп нагласил дека обновениот конфликт, особено копнената операција на иранска територија, би претставувал висок ...
Откако ратеникот од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари порача дека УЧК и нејзините борци не се терористи и бара веднаш да се смени таблата пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година, слично барање дојде и од самиот Таравари. „Кога министер на мултиетничка држава, а не приватно лице, положува цвеќе ...
Бугарската полиција открила голема нелегална плантажа со канабис сместена во повеќе од 20 подземни галерии во напуштен рудник за цинк, а тројца лица се обвинети, додека по едно лице сè уште се трага, објавија бугарските медиуми. Според заменик-директорот на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, Емил Борисов, досега се запленети околу 70 килограми дрога, 600.000 евра во готово и 600 парчиња муниција. „Поранешниот ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски повторно живее во својот паралелен свет на бајки и самофалби, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со реалноста што ја создаде неговата влада. За секоја негова изјава имаме јасен и директен одговор: • За задолжувањето: Мицкоски вели дека „сè уште не сме банкротирале”. Точно. Засега. Но, тој секојдневно ги задолжува нашите деца и внуци. Парите од новите долгови не одат за подобар живот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија, што е најнов потег во растечкиот спор со сојузниците од НАТО. Заканата доаѓа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Иран ја „понижил“ Америка во преговорите. Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека неговата администрација „проучува и разгледува евентуално намалување на бројот на војници во Германија“ ...
Во последните 48 часа регистриран е сериозен скок на цените на суровата нафта. Барел нафта БРЕНТ утрово на берзите се продава по цена од 124,84 долари, што е највисоко ниво од 2022 година наваму. ВТИ суровата нафта, утрово е со цена од над 109 долари за барел. Скокот се случи во време кога пазарите го анализираат шокантното повлекување на Обединетите Арапски Емирати од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус), поради знаци ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, денес четврток 30 април 2026 особено во пладневните и во попладневните часови во поголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Поради ...