
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



„Време“ е темата на традиционалната модна ревија која вечерва во 20 часот ќе се одржи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Со свои дела ќе се претстават студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, по повод прославата на 65-годишнината од основањето на ТМФ. – Тие го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече и со себе го носи наследството од минатото низ патеките кон ...
Шест и пол децении Факултетот за електротехника и информациски технологии се етаблираше во водечка образовна и научно-истражувачка институција кај нас и во регионот. Денес не го славиме само 65-годишниот јубилеј, туку и нашето патување исполнето со бројни достигнувања, труд и справувања со предизвици рече проф. д-р Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ на одбележувањето на јубилејот. Од 1959 година до денес, ФЕИТ се разви во стожер на образование, ...
Им оддаваме чест на тројцата брилијантни научници, д-р Хабенер, д-р Мојсов и д-р Холст кои ги поставија темелите на оваа извонредна приказна со клучните револуционерни откритија, велат од Фондацијата Македонката Светлана Мојсов заедно со Џоел Хабенер и Јенс Јуул Холст се добитници на престижната награда Танг за биофармацевтска наука кој во азискиот свет е своевиден пандан на Нобеловата награда. Признанието се доделува на истакнатаи научници за ...
Во книжарницата „Антолог“ во Центар, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на „Ехо на споделеното лудило“ од Благоја Стојков, издание на „Антолог“. Промотор ќе биде Алек Василевски, а модератор е Билјана Велкова. Благоја Стојков (2003, Кочани), живее на релација Зрновци-Скопје. Студент е во Скопје. Автор е на четири книги – „Гонејќи дух“, „Двете ѕвезди“, „Пеколен меден месец“ и „Ехо на споделеното лудило“. Своето слободно време го исполнува ...
Во хотелот „Сириус“ во Струмица денеска почна Втората светска конференција за дијалог и соработка во религијата. До 22 јуни онференцијата ќе ги собере водечките експерти од целиот свет за да дискутираат за важни прашања поврзани со религијата и нејзината улога во меѓународните односи и дипломатијата. Ова е одлична можност за сите заинтересирани да се вклучат и да дознаат повеќе за оваа значајна тема. Годинава активно ќе учествуваат околу 60 ...
Театар Куманово освои награда за колективно уметничко остварување на 34. Фестивал во Враца, Бугарија. На Фестивалот за малите театарски форми во Враца, театарот од Куманово ја освои наградата за колективно уметничко остварување за претставата „Драма изгубена во времето“, според текст на Сашко Насев, а во режија на Владлен Александров. Во претставата играат: Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ и во улога на гостин во краткиот филм актерката ...
Галеријата „Грал“ и Младинскиот културен центар ја организираат изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле“ на реномираниот македонски уметник и академик Глигор Чемерски. Изложбата ќе биде отворена на 24 јуни во 20 часот, во галеријата на МКЦ. – Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски често престојуваше во Париз, каде што беше застапуван од галеријата Галери ди Флев (1983 – 2003). Постојано присутен на тамошната ликовна сцена, ...
Претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе гостува на фестивалот „Скопско лето“, на 24 јуни во 20.30 часот , на малата сцена во Националната опера и балет во Скопје. Претставата е копродукција помеѓу штипскиот театар и „Моушн нетворк“, а е поддржана од Министерството за култура. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов. Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот ...
„Одисеја 2024“ насловот на традиционалниот концерт на отворено кој Македонската филхармонија ќе го изведе вечерва во 21 часот во Градскиот парк во Скопје. Под диригентската палка на маестра Дијана Имери-Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, ...
Ниту Агенцијата за филм ниту Министерството за култура побарале извештај од нас. Во Друштвото поминаа сите можни инспекции од Министерството за култура, финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување корупција. Кај нас е сè чисто, рече Игор Иванов-Изи Друштвото на филмските работници на Македонија е формирано во 1950 година, веднаш по основањето на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото на ликовниоте ...
Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“ распиша повик за мобилност на млади таленти. Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-ина млади од сите шест земји од Западен Балкан. Млади на возраст од 15 до 25 години, граѓани на една од земјите на ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола (УКЛО) е првиот и единствен македонски универзитет рангиран на Тimes Higher Education World University Rankings (THE) на листата University Impact Rankings за 2024 година. THE Rankings се смета за најрелевантно рангирање на универзитети во светот, заедно со „Академското рангирање на светските универзитети“, познато уште како „Шангајска листа за рангирање“ и QS World University Rankings“. – ...
Актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов-Вац и Марина Колоска, филмскиот работник се добитници на почесните награди на 6. издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Наградите ќе им бидат врачени утревечер на свечена церемонија во Младинскиот културен центар, каде од денеска до четврток ќе се одржи „Златна рамка“. Филмските ентузијасти ќе може ...
Продуцентската куќа ,,Контраст филм” го заврши снимањето на краткометражниот игран филм ,,Мизантроп” по сценарио и во режија на Бранко Kостески. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм. Филмот е современа комедија која претставува обид да се портретира мизантропот од денешна перспектива, приказна за осаменоста и отуѓеноста на еден човек кој се противи на лагата и лицемерието во современото општество, но истовремено и на сопствената ...
Идејата беше во весникот да претставиме успешни приказни од училиштето и од нашата средина, вели наставничката по македонски јазик Милева Манчиќ-Пауновска Основците од скопското училиште „Вера Јоциќ“ неодамна го објавија првиот број на списанието „Мозиак“. Тие имаат редакција како вистински медиум. Предводени од својата наставничка по македонски јазик, Милена Манчиќ-Пауновска го „извадија“ првиот број на 36 страници, а покрај електронското ...
На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка вечерва во 20 часот целовечерен концерт ќе одржи Сашко Митев и инструментална чалгиска група. Митев е вокалист и инструменталист, член на амсамблот „Танец“, а ќе настапи во придружба на Костадин Андоновски (виолина), Влатко Терзиски (кларинет), Тимко Чичаковски (канон) и Дамјан Зифовски (тарабука). Настанот е извонредна можност кривопаланчани да се запознаат и потсетат на вистинскиот дух на ...
Поетесата Славица Гаџова-Свидерска доби награда за песната „Картографија на себеси“ на 25. издание на поетскиот фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Мелник, Бугарија. Фестивалот има долга традиција и секоја година ги собира поетите од регионот во живописниот Мелник. На фестивал своевремено биле наградувани и македонските поети Гане Тодоровски, Раде Силјан и Христо Петрески. Ова е втора поетска награда за Гаџова-Свидерска во Бугарија. ...
Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство „Вулгус“ од Скопје вечерва во 20 часот во „Мала станица“ во Скопје ја организира изложбата Aeterna Nova (кованица од латинските термини „вечна“ и „нова“). Станува збор за мултимедијална изложба посветена на облековната култура на сите етнички заедници кои живеат во Македонија. Оваа изложба презентира нов начин на промовирање и претставување на начинот на облекување од ...
Со проекција на филмот „Да живее Запата!“ вечерва во 20 часот во Кинотеката во Скопје ќе почне одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на легендарниот холивудски глумец, Марлон Брандо. Три филма со Брандо ќе бидат прикажани во текот на неделава. Утревечер (18 јуни) ќе има проекција на „Квемада – островот во пламен“, а на 22 јуни ќе биде прикажан „Апалуса – Југозападно од Сонора“. Сите проекции почнуваат од 20 часот, а билет чини 150 ...
Самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски-Бабата со наслов „Нови хоризонти“ ќе биде отворена на 20 јуни во 19.30 часот во Центарот за култура во Крива Паланка. Изложбата е во рамки на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата за 2024 година. Ова е негова 16. самостојна изложба. Арсовски е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година на Националната ликовна академија во Софија, насока ...
Еден дипломиран хемичар има широк спектар на работни позиции кои му се нудат, без разлика за која од трите насоки ќе се определи, наставна, применета хемија или применета хемија- аналитичка биохемија, вели младата студентка Благица Јанева Хемијата е „виновна“ за речиси секоја промена околу вас. И секојдневното варење на утринско кафе претставува хемиска реакција. Еден дипломиран хемичар има широк спектар на работни позиции кои му се нудат, вели ...
Самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски-Бабата со наслов „Нови хоризонти“ ќе биде отворена на 20 јуни во 19.30 часот во Центарот за култура во Крива Паланка. Изложбата е во рамки на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата за 2024 година. Ова е негова 16. самостојна изложба. Арсовски е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година на Националната ликовна академија во Софија, насока ...
Шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. ...
Продолжена е ретроспективната изложба на дела од Мирослав Масин во Даут-пашиниот амам во Скопје, информира Националната галерија на Македонија. Поради големиот интерес од публиката, поставката „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе трае до 30 јуни. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. – Наметнатите ограничувања и норми, пред сè општествени трансформации и насилни мерки на ...
Владимир Костов, идеен креатор на фестивалот кој годинава се одржа по 10. пат зборува за истрајноста, за љубовта кон виолината што ја негуваат многу млади ученици и талентирани млади луѓе, но и за неговите почетоци во класичната музика Пишува: Љубица Ангелкова „Виолин фест“ е единствен проект во регионот од ваков вид. Со самото постоење досега, можам да кажам дека еден од ретките концерти воопшто што го задржува својот континуитет и раст. ...
Ретка можност да слушнете нешто за Далечниот Исток и јапонската култура од професорот Јамада Јуџи од Јапонија, кој утре и задутре ќе зборува на интересна тема и ќе се обиде да ги разјасни стереотипите за нинџите, онака како што тие се претставени на Запад. Предавањата се закажани за утре и задутре од 10 часот на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Местата за утре се пополненети, а за второто ...
Ние возрасните често пати знаеме од децата да скриеме работи што може да ги натераат повеќе да не почитуваат или да ни веруваат. затоа искористете го секој момент да ја споделите сопствената благодарност – бидете добар пример… Пишува: Гоце Бумбароски, наставник во ООУ „Кочо Рацин“, Прилеп Благодарноста е повеќе од тоа да кажеш „благодарам“ или да кажеш дека се чувствуваш благодарен. Се работи за тоа да потенцираме на кого или за што сме ...
Украсување садови преку отпечаток од прстен во хеленистичкиот период е исклучително редок начин на украсување, кој се јавува само во развиените производни центри Садови со втиснати печати, фрагменти од големи керамички питоси, траги од украсени ѕидови со боен малтер, во вообичаената хроматика од македонските градови на југ пронајдоа кумановските археолози на локалитеттот Градиште во Младо Нагоричане, Кумановско. Ископувањата се одвиваа 4 недели ...
Една огромна работилница од 7 месеци, четири работилници тука, една изложба, 11 претстави во официјална конкуренција, пет во придружна, секојдневно учество на Скомрахите, Театроск, Разговори на тркалезна маса, промоции на книги, презентации, ден на Горан Стефановски, филм, музика и дружења… Вие драга публико, сте мојата лична победа, затоа вам јас ви се поклонувам! – рече Ана Стојаноска На Прилеп му треба театарска зграда! Да не дозволиме ...
Посетата на Билазора кај селото Кнежје, Светиниколско беше уникатна можност за учесниците на 2. Летна школа „Европско и балканско културно наследство“ да истражуваат на терен и да научат повеќе за древната историја и археологија на регионот. Вчера заврши школата што ја организираат Филозофските факултети од Скопје и од Белград. – На учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршен курс, што ја потврдува нивната ангажираност и учество во ...