Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Еден машиновозач загина, а 89 лица се повредени по судирот на два воза од линијата Ист Мидлендс во Бедфорд, Англија. Според властите, 11 лица се здобиле со многу тешки повреди, 22 се сериозно повредени, а уште 56 лица се здобиле со полесни повреди. Несреќата се случила во петокот попладне, додека двата воза патувале кон Лондон. Британската транспортна полиција прогласи сериозен инцидент и започна истрага за утврдување на причините за судирот. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави драстично намалување на цените на горивата од понеделник, кога Регулаторната комисија треба да ги соопшти новите цени. Мицкоски кажа дека очекува по стабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток, цените да паднат за 4 денари за бензините, и за 7 денари за дизелот. „Мерките во принцип завршија, со оние најави на условно кажано постигнатиот договор кој начелно го имаат завојувани страни во заливот, ...
Зголемена фреквенција на возила е забележана утринава на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, каде што возачите чекаат околу 40 минути за излез од државата, информираа од АМСМ. Според информациите, најголем метеж е регистриран на јужната граница кон Грција, а на снимките од камерите во живо на Јавното претпријатие за државни патишта се забележуваат долги колони возила во сообраќајните ленти на двата гранични премини. На останатите ...
Под слоганот „Сите нека знаат“, денеска во главиот град на земјава ќе се одржи веќе традиционалниот Скопје Прајд 2026. Најавувајќи го протестниот марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ заедницата, организаторите велат дека слоганот „Сите нека знаат“ е одговор на тишината и замолчувањето со кое се соочуваат ЛГБТИК+ луѓето, но и порака дека тие се дел од секојдневниот живот, семејствата, пријателствата и работните ...
Личниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за надворешни работи на Иран се упатија кон Швајцарија на разговори, објави „Аксиос“, но израелските напади во Либан во саботата би можеле да го стават на тест новиот прекин на огнот, кој е клучен за завршување на војната со Иран. Преговорите, предводени од Стив Виткоф и Абас Аракчи, претставуваат обид привремениот договор од 14 точки постигнат оваа недела да се претвори ...
Оркестарот на Филхармонија вечерва, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, како завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун. Диригент е маестро Најден Тодоров ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...
Мирослав Лабудовиќ, заменик министерот за енергетика, во емисијата Бизнис21 на ТВ21 вечерва рече дека не очекува да има промена на цената на струјата на крајот на годината. „Се прават анализи, што ќе се случува не можам да дадам коментар да не има некакво влијание врз Регулаторната комисија, затоа што целта е на регулаторот да биде растеретен од било какви влијание и да донесе најдобра цена за граѓаните. Како министерсртвото со различни ...
Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од ...
Европа смета дека до 2040 година, ќе треба повеќе од 26% електрична енергија од сегашната, за да се задоволат потребите на сите граѓани. Дали ќе се успееме со тоа, одговара заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. „Со овие проекти дури сметам дека ќе го надминеме. Гасната централа во Битола, ЕСМ што финансира обновливи избвори. Во планот е предвидена гасна електрана која ќе се гради во Дуброво во ...
Заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ, вечерва во Бизнис21 на ТВ21 зборуваше за проектот Чебрен и Галиште. Тој рече дека ќе биде потребно многу време да се направи, ќе чини над 1 милијарда евра, но ќе биде трајно наследство за државата. „Чебрен и Галиште ќе биде македонски бисер во енергетскиот сектор, и со реализација ќе имаме и сриозен резервоар за вода, затоа што ќе биде битка и за питка вода. Предвидено е да се прави седум ...
Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори трева, екипите се на терен и се очекува набрзо да го изгаснат. „Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата ...
Современите безбедносни предизвици бараат меѓународна соработка, зајакнување на институциите и заеднички пристап кон дигиталните, хибридните и геополитичките закани. Ова беше пораката на еден од панелите на меѓународната безбедносна конференција чиј домаќин беше Скопје. Како дел од програмата беа одржани пет тематски панели на високо ниво. На првиот панел, посветен на мултилатералната безбедност во фрагментиран свет, учесниците разговараа за ...
Со празни кофи и со извици „сакаме вода“, жителите на селото Дебреше протестираа пред Општина Гостивар. „Тешката состојба со снабдувањето со вода ги надмина сите граници на трпение. Недостигот на вода го отежнува секојдневниот живот на секое семејство и го зголеми револтот и загриженоста кај сите жители, а особено сега со доаѓањето на иселениците, оваа состојба уште повеќе ќе се влоши! Ние не бараме ветувања, туку итни решенија!“ „Дебреше е ...
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ лично му ја предеде Национална стратегија за спречување на корупцијата 2026-2030 година, на претседателот на собранието Африм Гаши и побара пратениците побрзо да ја донесат. Фокусот на Антикорупционерите во наредните 5 години ќе биде врз јавните набавки и надзорот над спроведувањето на законите, како и врз секторите Правосудство, Транспорт и инфраструктурни проекти, ...
Државниот архив на Македонија, во рамките на Скопско лето, со гордост ја претставува изложбата: „Ризница на постоењето – од документ до историја“. Официјалното отворање ќе се одржи на 21 јуни (недела) во 20:30 часот во Музејот на македонската борба. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до среда, 24 јуни. По повод 75 години од постоењето на оваа значајна институција, ќе бидат претставени дел од најзначајните документи кои се чуваат во ...
Самитот за инвестиции во транспорт што се одржа во Солун послужи како место на средба за двајцата министри за транспорт, на Македонија Александар Николоски и на Косово Димал Баша, каде во фокусот била изградбата на автопатот Скопје–Блаце на делот во Македонија, како важна артерија за двете држави. – Овој проект претставува најважна патна врска меѓу Македонија и Косово, која ќе придонесе за побрз, побезбеден и поефикасен транспорт, ќе ја ...
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи се ослободени од притвор, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на нивната одбрана, поддржан со позитивно мислење од Јавното обвинителство. Судот донесе одлука со која на Васев му е прифатена гаранција во вредност од речиси 184 илјади евра, а на Нухи гаранција од над 348 илјади евра. И во двата случаи ...
Со овој предлог закон се регулираат игрите на среќа и се воведуваат јасни правила со кои се спречува агресивната реклама, се воведува заштита на граѓаните, особено на младите и зајакнување на контролата и надзорот. Ова во образложението на предлог законот го истакна министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска која рече дека тој не претставува рестрикција без цел туку тој за поголема контрола и заштита на малолетниците. „Се ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со заменик-амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Северна Македонија и Косово, Маркус Делфс. На средбата, министерот Хоџа се заблагодари за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Северна ...
Обвинителството бара притвор за 8 лица и мерки на претпазливост за 4 лица уапсени вчера како дел од истрагата против 18 поединци и 8 компании за присвојување на околу 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија. Сите 12 лица, вклучувајќи го поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски, кои беа уапсени вчера, веќе се изведени пред судијата на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, каде тој треба да одлучи за барањата на ...
Израел и Хезболах се согласија за прекин на огнот што треба да стапи на сила во 16 часот по локално време, изјави американски функционер за Ројтерс. „Хезболах и Израел се согласија на прекин на огнот“, рече официјалното лице, додавајќи дека преговарачите на САД и Катар постигнале договор со помош на Иран. Во израелските напади во текот на ноќта во јужен и источен Либан загинаа 21 лице, а 39 беа ранети, соопшти Бејрут, додека Израел пријави ...
Најавената акција за блокирање на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија нема да се реализира во предвидениот термин, откако организаторите од Фондацијата „Македонија“ соопштија дека протестот се одложува. Одлуката следува по реакциите од бугарските институции, кои оценија дека ваквиот чекор не би придонел за решавање на отворените прашања меѓу двете земји и би можел да предизвика дополнителни тензии. Планираната блокада требаше да ...
Постапувајќи по поднесената пријава во врска со опожарувањето на автомобили пред објектот на бугарската Амбасада во Скопје, за кое беше поведена постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, Основното јавно обвинителство Скопје дојде до сознанија што упатуваат на можни елементи на кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 од Кривичниот законик. Имајќи предвид дека кривичниот прогон за ...
На 18.06.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. На 18.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријави дека во период од околу шест месеци била физички и психички малтретирана од нејзиниот вонбрачен сопруг Е.Х.. На 18.06.2026 во 15:00 часот во ...
Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри е противуставен, дискриминаторски и донесен набрзина во функција на политички популизам, кој наместо да ги заштити младите, ќе го потисне бизнисот на црниот пазар и ќе остави 10.000 луѓе на улица. Ова е заедничкиот заклучок од денешната јавна расправа на која координирано настапија Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Здружението на вработени „Сакам да работам“. Бизнис секторот ...
Разговорите помеѓу коалициските партнери за реконструкција на Владата почнаа. Според информациите, премиерот Мицкоски прво ќе има средба со партнерите од ВЛЕН, во текот на денешниот ден, а утре со претставници на ЗНАМ. За тоа како се одвиваат разговорите, за кои ресори и имиња се разговара, не се соопштуваат детали. Од владата велат дека, со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони остро ги демантираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека таа го „молела“ да се фотографира со неа за време на самитот на Г7 во Франција, оценувајќи ги неговите изјави како „целосно измислени“. Контроверзијата избувна откако Трамп во интервју за италијанската телевизија La7 изјави дека Мелони била „среќна што разговарал со неа“ и дека инсистирала да направат заедничка фотографија. „Не ...
Македонија има потреба од институции кои ќе работат со јасна долгорочна визија и нема да носат одлуки водени само од дневно-политички интереси, порача премиерот Христијан Мицкоски на петтиот состанок посветен на Националната развојна стратегија 2024–2044. Според него, стратегијата претставува еден од најважните стратешки документи за државата, бидејќи е создадена преку процес во кој биле вклучени експерти, институции, локалната самоуправа, ...
По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или ...