Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Во првото коло Чешка (не)очекувано загуби од Јужна Кореја во натпреварот од првото коло. Ако сакаат да ја продолжат надежта за пласамн во следната фаза, Чесите денеска ќе треба да ja победат селекцијата на Јужна Африка, која во првото коло беше поразена од Мексико на отворањето на Мундијалот со 2-0. Чешка ќе мора вечерва од 18:00 часот да ја оправда улогата на фаворит, ако сака да остане во игра за следната фаза. Вечерва од 21:00 часот ќе ...
Катерина Зајковска официјално е нова членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, една недела по нејзиниот избор во Собранието. Таа беше избрана на 11 јуни со просто мнозинство, односно со 56 гласа „за“ и еден „против“, а нејзината кандидатура беше рангирана на првото место од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата со 90,67 поени. ...
Недостигот на работна сила и можностите за поголемо вклучување на пензионерите на пазарот на трудот беа во фокусот на тркалезната маса „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“, организирана од Комората на Македонија за приватно обезбедување. На настанот учествуваше и директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, кој оцени дека пензионерите што ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била пронајдена дрога. На 17.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(30), В.С.(26) и Љ.С.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли. На 17.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната ...
Три супертанкери под саудиско знаме, со товар од 6 милиони барели сурова нафта, во четвртокот поминаа низ Ормускиот Теснец, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Иран за прекин на војната која го наруши глобалното снабдување со енергенси. Но во Либан, каде што повеќе од еден милион луѓе се раселени поради борбите, израелските сили во четвртокот наутро извршија нови воздушни напади, што создаде сомнеж ...
Образовниот систем треба да стане клучна алка во навременото препознавање и спречување на насилството врз децата. Со оваа цел, Министерството за образование и наука го промовираше проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Проектот предвидува соработка меѓу повеќе институции, граѓански организации и училишта, со цел да се воспостави долгорочен механизам за ...
Говорот на омраза претставува еден од најсериозните предизвици за современите општества, а неговото спречување бара заеднички напор од институциите, медиумите, граѓанското општество и секој поединец, порачаа од Обединетите нации. Во Стратегијата и Акцискиот план на ОН за борба против говорот на омраза, се нагласува дека справувањето со оваа појава не може да биде задача само на една институција или сектор. Потребен е пристап што го вклучува ...
Москва беше погодена од најголемиот украински напад од почетокот на целосната војна, при што речиси 200 дронови погодиле цели околу рускиот главен град и предизвикале густи столбови чад кои се издигнале високо во небото. Седумнаесет лица биле повредени во Московската област, според гувернерот на регионот Андреј Воробјов. Руското Министерство за одбрана соопштило дека во рок од 24 часа низ целата земја биле пресретнати и уништени речиси 1.000 ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=31°C. P=982hPa. U=30%. V=2m/s. Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, организиран во Владата на Република Северна Македонија. На настанот учествуваа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставници ...
Поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, е уапсен утрово во полициска акција која се спроведува низ неколку локации. Акцијата се спроведува во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал, МВР и Финансиска полиција. Ѓорѓиоски е приведен поради незаконско работење додека беше на чело на федерацијата. Против него има пријава за даночно затајување и фалсификување и уништување деловни книги. Се сомничи дека во 2019 ...
Македонија е влезена во фаза на силен инфраструктурен развој, започнуваме со изградба на брзата пруга на Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција. Ќе понудиме брз карго превоз до 200 километри на час и до 160 километри на час за превоз на патници. Со тоа целосно ќе ја трансформираме економијата, се обрати заменик претседателот на Владата Александар Николоски на Самитот на министри за транспорт од земјите на Западен Балкан што ...
Вишиот суд во Белград донесе нова првостепена пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое на 3 мај 2023 година изврши масовно пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. На повтореното судење, Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор, додека неговата сопруга Миљана Кецмановиќ доби казна од две години и 11 месеци затвор. Владимир Кецмановиќ беше обвинет за тешко дело против општата безбедност, ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните работи на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој, како што изјави, претставува важен проект за високото образование. Меџити рече дека работите се одвиваат според предвидената динамика, додека кампусот секој ден сè повеќе го добива својот конечен изглед. „Кампусот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ е инвестиција во знаење, образование и во иднината на новите ...
Европскиот парламент во вторникот усвои резолуција за Албанија, во која побара од земјата веднаш да воведе мораториум на новите дозволи и градежни активности во заштитените подрачја на земјата. Во меѓувреме, претходен амандман во кој се споменуваше развој на проект поддржан од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, не беше усвоен. Конечната верзија усвоена во вторникот не споменува ниту еден конкретен проект, туку ...
Политичките реакции по одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица продолжија со меѓусебни обвинувања меѓу владејачката партија и опозицискиот СДСМ. Од СДСМ прашаа колку ги чинела граѓаните прославата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека настанот бил организиран со народни средства во време кога граѓаните, како што велат, се соочуваат со раст на цените и економски проблеми. „Колку ги чинеше граѓаните на Македонија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ги опиша кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин како „неутрални“ за време на војната со Иран, велејќи дека тие не ги попречувале неговите напори за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран. „Само сакам да им се заблагодарам бидејќи тие многу ја подобрија ситуацијата“, изјави Трамп по постигнувањето на договорот за прекин на огнот во конфликтот. На ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет, каде главни теми се зацврстувањето на колективната одбрана, зголемувањето на инвестициите во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, како и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара. На состаноците, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги претстави приоритетите на ...
Економскиот раст, странските инвестиции и инфраструктурните проекти беа во фокусот на обраќањето на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на партијата во Струмица. Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, Мицкоски порача дека во период од помалку од две години Владата реализирала повеќе проекти и презела активности во економијата, инфраструктурата и социјалните ...
Девојче помладо од две години вчера трагично го загубило животот во Германија, откако мајката го заборавила во автомобил и го оставила со часови на високи температури. Трагедијата се случила во градот Шорндорф, во близина на Штутгарт. Според првичните информации, мајката го оставила девојчето во паркиран автомобил неколку часа. Малото девојче починало само, изложено на неподносливата пладневна жештина. Како што соопшти полицијата во средата ...
САД и Иран во средата потпишаа мировен договор. Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша договорот за време на самитот на Г7, кој се одржуваше три дена во Франција, додека Иран потврди дека документот е потпишан и од страна на неговиот претседател Масуд Пезешкијан. Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, објави на Телеграм дека доколку Израел продолжи со нападите врз Либан, тоа ќе се ...
Утре, 19 јуни во Матица Ексклузив во Скопје со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на втората поетска збирка на Маја ДИ која го носи насловот „Меѓу две неба“. Ова е второ дело на авторката, кое носи искрени и емотивни песни за Македонија, иселеништвото, љубовта, мајчинството и животот помеѓу два света. Маја ДИ живее и создава помеѓу две татковини – Македонија и Канада. Нејзината поезија произлегува од личното искуство на заминување, ...
На плоштадот покрај Македонскиот народен театар деновиве беше поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј изглед внимателно е осмислен за да се вклопи во архитектурата и атмосферата на една од најзначајните културни локации во Скопје. Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна. Во ...
Најмалку 1.500 луѓе беа евакуирани во државата Вашингтон на северозападниот дел од САД во голем пожар кој досега уништи најмалку 15 куќи. Според американската шумска служба, пожарот изгорел површина од околу 90 хектари. Ситуацијата е дополнително влошена од силните ветрови, објавува NBC News, додавајќи дека досега се локализирани 10 проценти од пожарите. Најмалку 1.500 луѓе беа евакуирани во државата Вашингтон на северозападниот дел од САД ...
Овен Љубов: Обрнете внимание на вашите омилени теми и подгответе се да запознаете личност која ве инспирира да имате позитивно расположение. Работа: Критиките што некој ги упатува кон вас имаат спротивен ефект, губите интерес и волја да ја завршите работата што сте ја започнале. Здравје: Одржувајте смиреност и самоконтрола. Бик Љубов: Не ветувајте работи што не можете да ги исполните. Добрите намери не се доволни за да гарантирате дека можете ...
Времето денеска роменливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а максималната ќе се движи во интервал од 23 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура 15 степени, максималната до 31 степен. ...
Популарната пејачка Антониа Гиговска на својот профил на „Инстаграм“ објави жешки фотографии. Таа во зелено-жолти бикини, откри за кого навива на Мундијалот кој е во тек. „Навивам за Бразил, а ти?“, напиша Гиговска на својот „Инстаграм“. View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) Популарната пејачка Антониа Гиговска на својот профил на „Инстаграм“ објави жешки фотографии. Таа во зелено-жолти бикини, ...
„Остин Пауерс 4“ ќе се снима, откри креаторот на франшизата, Мајк Мајерс. Во класикот од 1997 година „Остин Пауерс: Меѓународен човек на мистеријата“ , комичарот играше шпион од 60-тите кој е замрзнат 30 години, само за да пристигне во тогаш модерните 1990-ти за да се бори со својот стар непријател, д-р Ивил (исто така Мајерс). Како пародија на серијата за Бонд и шпионските филмови од 60-тите, филмот беше огромен хит на бокс-офисот и културен ...
Генералниот секретар Марк Руте го пречека премиерот на Летонија, Андрис Кулбергс, во седиштето на НАТО во Брисел. Тие разговараа за претстојниот самит на НАТО во Анкара и за силното одвраќање и одбрана на НАТО. Овој месец, француски авиони распоредени за балтичката воздушна полиција на НАТО пресретнаа и уништија дрон што влезе во воздушниот простор на Латвија. „Ваквите инциденти со беспилотни летала на источното крило на НАТО ги покажуваат ...
Вештачката интелигенција ќе доведе до недостиг на работна сила, а не до замена на луѓето, според Амазон (AMZN.O), отвора нов табпредвиде основачот Џеф Безос во многу оптимистичкото појавување на технолошката конференција VivaTech во Париз во среда. Безос изнесе розова визија за тоа како технологијата ќе му помогне на човештвото, зборувајќи за проекти, вклучувајќи го неговиот вселенски потфат „Блу Ориџин“ и неговиот нов стартап за вештачка ...