Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или ...
Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош во Скопје, на предлог на Министерството за здравство. Целта е да се скрати времето на интервенција и да се подобрат капацитетите за спасување животи. Во првата фаза, Итната медицинска помош – Скопје ќе биде издвоена како самостојна институција. Според министерот Азир Алиу, реформата ќе овозможи поефикасно управување со ресурсите и побрзо носење одлуки. Од ...
„Со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Собранието, се отвора ново поглавје во развојот на јавниот универзитет на албански јазик“, соопшти ВЛЕН, додавајќи дека со овие измени УМТ ја унапредува својата академска структура со Правен факултет, Економски факултет и Факултет за хуманистички науки. Од ВЛЕН велат дека истовремено се зајакнува меѓународната димензија на универзитетот преку ...
Италијанскиот фудбал го загуби еден од своите омилени фудбалски херои. Почина Игор Проти (58) , легендарен напаѓач чии голови ја одбележаа ерата на италијанскиот фудбал. За жал, тој ја загуби битката со малигна болест, имаше рак на дебелото црево, а тажната вест ја потврди во текот на ноќта неговото семејство, кое ја сподели со јавноста и последната порака што Проти ја остави пред смртта. „Ова прекрасно патување, како и секој натпревар, дојде ...
Селекцијата на Канада оствари убедлива победа од 6-0 над Катар, и со тоа направи огромен чекор кон 1/16 финалето на Светското првенство. Канаѓаните брзо дојдоа до два гола, а потоа го искористија моментот да играат со играч повеќе, а подоцна и со двајца фудбалери повеќе на теренот. Ларин во 16. минута донесе предност, па следуваа два гола на Дејвид во 29-тата и во третата минута од судиското надополнување во првиот дел. Потоа Салиба во 64. ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во југоисточните делови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=34°C. ...
Економската состојба и развојните политики повторно се тема на политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, откако двете партии излегоа со спротивставени оценки за работата на Владата и состојбата во државата. Од СДСМ ја критикуваат економската политика на власта, оценувајќи дека граѓаните се соочуваат со потешка економска реалност и дека најавите на премиерот Христијан Мицкоски за „маратон“ се порака за долг период на сиромаштија. „Со други ...
Уште едно лице опфатено со обвинението за трагедијата во Кочани почина, дознава ТВ21. Станува збор за Љупчо Грнчиштанов, кој имаше 54 години и беше меѓу обвинетите во предметот поврзан со несреќата. Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување. Во рамки на предметот за трагедијата во ...
Пациентите наскоро би можеле да добијат поголема контрола врз своето лекување преку нов дигитален здравствен систем што го подготвува Министерството за здравство. Новите решенија ќе овозможат следење на Итната медицинска помош, увид во листите за чекање операции и поголема заштита на медицинските податоци. Министерот за здравство Азир Алиу во интервју за „4ТВ“ најави дека институцијата работи на сеопфатна дигитализација на здравствениот ...
Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при ...
По повеќемесечен престој во притвор, обвинетите Н.В. и Н.Н. во предметот поврзан со Клиниката за онкологија ќе се бранат од слобода. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на одбраната и одлучи притворот да биде заменет со гаранција и дополнителни мерки за претпазливост. Одлуката е донесена откако Јавното обвинителство дало позитивно мислење за барањето, а се однесува на предмет во кој меѓу обвинетите е и ...
Онлајн купувањето во земјава бележи континуиран раст, а со тоа се зголемува и потребата од поголема сигурност при електронските плаќања. Токму затоа, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци, преку кој граѓаните можат да проверат дали купуваат од регистрирани и проверени онлајн-продавници. Според податоците на Народната банка, во текот на 2025 година во државата биле ...
Швајцарија соопшти дека разговорите меѓу САД и иранските преговарачи за договор за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток нема да се одржат денеска, додека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се откажа од планираното патување таму, што дополнително ја зголеми неизвесноста околу можноста за постигнување трајно примирје. „Логистиката на овие преговори никогаш не била едноставна ниту предвидлива“, соопшти портпарол на Белата куќа во ...
Заедничкиот антитерористички тим на австралиската држава Викторија (JCTT) обвини и трет маж за подметнување пожар во синагогата „Адас Израел“ во Мелбурн во декември 2024 година. Станува збор за 20-годишник од Аерпорт Вест, кој денеска беше обвинет додека се наоѓа во притвор поради други кривични дела. Тој се товари за кривично дело оштетување имот со пожар, за што е предвидена максимална казна од 15 години затвор, како и за однесување што ...
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е А.Б. од Желино. Тој освои џекпот вреден 7.140.125 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Гаминг Професионал Казино СТАР на 10.06.2026 година во Желино. Среќната игра е 20 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 08.06.2026 до 14.06.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно ...
Овен Љубов: Вашиот партнер очекува иницијатива од ваша страна. Доколку сте слободни, испратете емотивна порака или сигнал до личноста што ви се допаѓа. Работа: Треба да се организирате на различни страни. Прифатете нечии инструкции кои гарантираат бизнис победа. Здравје: Важно е да се балансира разумот и чувствата. Бик Љубов: Не можете да направите пауза, вашиот партнер очекува од вас некакви неоспорни докази или признавање на вистината. ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ...
Денеска (18.06.2026) во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното ...
Селекцијата на Босна и Херцеговина останува на еден освоен бод на Светското првенство, откако загуби од Швајцарија со убедливи 4:1. Неверојатно е тоа што сите голови се случија во последните 15 минути од средбата. Швајцарците поведоа во 74. минута со голот на Манзанби. Потоа дојде и црвениот картон на Мухаремовиќ, што го најави целосниот „распад“ на Босанците. Варгас во 84. минута зголеми на 2-0, а потоа Манзамби и на 3-0. Махмиќ намали на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денес дека не верува оти војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави е целосно завршена и покрај постигнатиот договор. „Секогаш е подобро да се има договор отколку војна, особено кога постои ризик од ескалација. Влегуваме во нова фаза, фаза на соработка и дијалог, што е подобро од војна“, рече Макрон во интервју за телевизијата Франс 2. Францускиот претседател додаде дека одлуката на ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Вашингтон останува посветен на мирот и ги повика сите страни на Блискиот Исток да продолжат да ги поддржуваат преговорите, наведувајќи дека очекува целосен прекин на огнот на сите фронтови, вклучувајќи го Либан, либанското милитантно движење Хезболах и Израел. „Соединетите Американски Држави се посветени на мирот и ги охрабруваме сите во регионот на Блискиот ...
Ко-вокалистот, басист и главен автор на песните на Битлси, Пол Мекартни, денес наполни 84 години. Тој е еден од најпопуларните соло изведувачи според продажбата на неговите изданија и посетеноста на неговите концерти. Роден е на 18 јуни 1942 година во Ливерпул, а израснал во работничко семејство. Кога имал 14 години, неговата мајка починала од рак на дојка, што оставило длабоко влијание врз неговиот живот и подоцна врз неговата музика. ...
Израел објави мапа на која е прикажана проширена зона под воена контрола во јужен Либан и соопшти дека не ја исклучува можноста за изведување напади и надвор од неа, доведувајќи ги во прашање условите од американско-иранскиот договор кој предвидува почитување на суверенитетот на Либан. Висок израелски претставник изјави дека Израел води „упорни преговори“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за задржување на своите ...
„Се обидувам да не слушам, ги затворам ушите, но стравот останува! Понекогаш сакам да бидам сам, не затоа што сакам, туку никој да не знае што имам внатре во себе!“ „Другите деца се смеат и играат, јас мислам дали сè е во ред дома!“ Со овие пораки започна меѓуминистерската конференција за превенција на семејното насилство. Психолозите во 350 основни училишта низ целата држава ќе бидат вклучени со обуки за наставниот кадар за идентификација на ...
Како што изјави за АФП вршителот на должноста раководител на одделот за подготвеност и реагирање во вонредни ситуации во Африканските центри за контрола и превенција на болести, Весам Манкула, 202 лица починале од болеста во ДР Конго, додека уште два смртни случаи се регистрирани во соседна Уганда. Вкупно 894 лабораториски потврдени случаи на инфекција се пријавени во двете земји, од кои 875 се откриени во ДРК. 74 пациенти се оздравени, а ...
Пол Мекартни , ко-главен вокалист, басист и главен текстописец на Битлси, е еден од најпопуларните соло изведувачи во однос на продажбата на неговите снимки и посетеноста на неговите концерти. Роден на 18 јуни 1942 година, во Ливерпул, Англија, Мекартни пораснал во работничко семејство. Кога Мекартни имал 14 години, неговата мајка починала од рак на дојка, што имало длабоко влијание врз неговиот живот, а подоцна и врз неговата музика. ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на прославата на роденденот на партијата во Струмица, испрати порака до сите кои сториле криминал, ќе бидат поразени. Тој кажа дека во последните две години се приведувале различни поранешни и сегашни високи функционери. „Не’ обвинуваат дека сме имале пакт со минатата влада, и затоа не сме ги апселе. Минатите две години се изведоа пред лицето на правдата врховни судии, обвинтели, ...
Од денеска започнува процесот на реконструкцијата на Владата, а според информациите првите состаноци со коалиционите партнери ВЛЕН и ЗНАМ ќе се одржат утре и во сабота. По ова ќе се знае кои министри и директори ќе ги напуштат позициите поради немање резултати во нивното работење. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека до него доаѓаат информации дека дел од министрите не си ја вршат својата работа, туку само ги уживаат привилегиите на власта, ...
Од следната година ЕСМ ќе обезбеди за Универзалниот снабдувач максимум 70 наместо сегашните 100 проценти од потребната електрична енергија за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. Ова е дел од обврските пропишани со Реформската агенда. Останатите 30 проценти ќе треба да се обезбедат на отворениот пазар каде цените варираат. Но, министерката за енергетика Сања Божиновска е оптимист. Вели, со оглед дека цената на струјата на берзите ...
Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција заедно со Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка, а во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Акцијата произлегува ...