Најмногу дожд – 74 литри на квадратен метар во изминатите 12 часа наврна во скопско Црешево, по што следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) 74 Скопје-Црешево, 44 Скопје-Гази Баба, 29 Крива Паланка, 22 Берово, 18 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 15 Попова Шапка, 13 Скопје-Карпош 12 Претор, 11 Скопје-Ѓорче ...

По обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Куманово, екипите на јавните претпријатија и ангажираните фирми се на терен и работат на отстранување на последиците од невремето, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски. Според информациите од Општината, веднаш штом се намалил интензитетот на врнежите започнало расчистување на наносите од чакал и песок од улиците, како и чистење на шахтите и каналетите. По завршувањето на овие ...

Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во осминафиналето откако попладнево ја совлада селекцијата на ДР Конго со 2:1, со двата гола на капитенот Хари Кејн. Репрезентацијата на ДР Конго беше на чекор од изненадување, но африканската селекција не успеа да го зачува водството. ДР Конго поведе во 7 минута преку Брајан Цинпенга, а во 42.минута Јоан Виса ја погоди стативата и резултатот остана 1:0. Првиот гол Англија го постигна Кејн во 75 ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) започна пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на шумски пожари во неколку критични локации низ државата. Камерите ќе бидат под постојан 24-часовен надзор од Оперативниот центар на ЦУК, со цел навремено откривање на пожари и побрза реакција на надлежните служби. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, истакна дека воспоставувањето систем за рано откривање на шумските пожари било една од ...

Тригодишно момче е извлечено живо од урнатините шест дена по катастрофалните земјотреси во Венецуела. Јорданската цивилна одбрана соопшти дека му е укажана прва помош, однесен е во болница и неговите витални знаци се добри. Спасувањето следи по истекот на почетниот тридневен период по земјотресот, во кој, според експертите, луѓето заробени под урнатините имаат најголеми шанси да се пронајдат живи. Бројот на загинати во земјотресите со ...

Усвојувањето на измените на Законот за трансплантација на органи отвора ново поглавје. Со новото законско решение, одлуката за донирање органи по смртта повеќе нема да ја носат членовите на семејството, туку секој поединец сам ќе ја донесе за време на животот преку својот матичен лекар. Одлука која, според министерот, ќе може да се промени во секое време. „При посетата кај матичниот лекар, секој полнолетен граѓанин ќе може јасно да се изјасни ...

Вака успеаја да се спасат овие двајца млади, откако нивниот автомобил заглави кај мостот во скопски Бутел. Подвозникот беше поплавен по краткотрајниот, но интензивен дожд што го зафати градот во средата попладне. Овие неколкуминутни врнежи беа доволни Скопје да западне во целосен сообраќаен хаос. Возила останаа заглавени и кај кружниот тек во близина на „Ист Гејт“. Вака изгледаше улицата „Џон Кенеди“ во Чаир. Според објавите на граѓаните на ...

И по денешната средба на координаторите на пратеничките групи во Собранието – нема договор за измените на Изборниот законик. Спорно остана електронското гласање на дијаспората, кое беше „црвената линија“ на ВМРО-ДПМНЕ за постигнување договор, но воедно и целосно неприфатливо за СДСМ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, очекува Изборниот законик да остане блокиран и следните парламентарни избори да се одржат ...

Организацискиот секретар на ДУИ, Неби Реџепи ја обвини актуелната Влада дека две години ги блокира и саботира најстратешките инфраструктурни проекти во земјата – Коридорот 8 и автопатот Скопје–Блаце. Според него, овие проекти биле обезбедени, финансирани и започнати во периодот кога ДУИ беше дел од власта. За автопатот Скопје–Блаце рече дека Владата изгубила две години обидувајќи се да го запре, но на крајот била принудена да го продолжи, ...

Министерството за здравство и Министерството за социјална политика повеќе нема да бидат предводени од кадри на ВЛЕН. Со реконструкцијата на Владата, министерот за здравство Азир Алиу повеќе нема да ја извршува оваа функција. Сепак, како што изјави, тоа не го обесхрабрува да продолжи да придонесува за општеството. Рече дека ќе продолжи таму каде што ќе има потреба. На местото на Алиу, на чело на Министерството за здравство доаѓа Сашо ...

За 2.045-те грантови доделени за самовработување, интересот на граѓаните останува исклучително висок. Само во текот на минатата недела, во Агенцијата за вработување аплицирале над 2.800 лица, а околу 500 од нив само во Тетово. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој одблиску ја следеше состојбата, изјави дека се следат долгите редици на граѓани кои чекаат да аплицираат. Тој увери дека доколку интересот продолжи со истото темпо, ...

Општина Кисела Вода информира дека поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на Град Скопје, свикана е итна седница на Кризниот штаб. „Нашите екипи се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти. Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека по силното невреме кое денеска го зафати главниот град, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен. Според Ѓорѓиевски, екипите ќе реагираат веднаш доколку се појават штети, поплави или каква било потреба од итна интервенција, а сите расположливи капацитети се ставени во функција со ...

Плати повисоки за 40 проценти до 2028 година за вработените во јавната администрација, најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев. „Во партнерски дијалог со синдикатите постигнавме историски договор преку колективните договори, со кој се обезбедува континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година.“, порача Горан Минчев. Министерот како значаен чекор го оцени и донесувањето на ...

Никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „За сите што поминуваат низ Коридорите 8 и 10 во Македонија, камерите на системот „Безбеден град“ се во функција и од јануари годинава ги евидентираат ...

Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави Два подвозника со заглавени коли (пред кружниот тек во Бутел, бул.Србија во Кисела Вода).
 Поради невремето и поплавените улици, кружни текови и подвозници отежнато е или воопшто нема движење на возилата. Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На ...

Аеродромот во Скопје пушти во употреба два нови безбедносни скенери со компјутерска томографија, во вредност од околу еден милион евра. Според генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, со оваа инвестиција скопскиот аеродром станува првиот на Балканот што располага со ваква технологија, со што значително се зголемува безбедноста на патниците и се забрзува процесот на контрола на багажот. Тој додаде дека патниците при безбедносната контрола ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кажа дека екипи на јавните претпријатија и кризниот штаб се на терен со цел да се санираат штети од невремето кое попладнево го зафати главниот град. „Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од ...

Додека лидерите на НАТО се подготвуваат за самитот во Турција следната недела, плановите на алијансата за самит во Албанија следната година се доведени во прашање. Радио Слободна Европа потврди од извори дека Тирана не е спомената во нацрт-декларацијата за самитот на НАТО – што ќе се одржи во Анкара следната недела – како локација каде што ќе се одржи следниот самит. Во меѓувреме, Ројтерс, повикувајќи се на извори, соопшти дека одржувањето на ...

Јуни донесе нова серија добивки и дури 25 нови милионери на ВЛТ терминалите од Видеолотарија Касинос Австрија. Благодарение на кампањата „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година, за ВЛТ џекпот добивки беа исплатени вкупно 58.356.737 денари, потврдувајќи дека и овој месец носи нови добитници и нови успешни приказни. Во ...

-Не планирам…што реков, не планирам утре да се пензионирам и да одам на патување во странски земји или паркови, но планирам да придонесам во општеството, рече меѓу другото министерот за здравство во заминување, Азир Алиу. Алиу рече дека по 10 години, време е да се промени политиката во земјата. „Кога влегов во политиката пред 10 години, влегов за да помогнам во политичките процеси. Сега, по 10 години, со големо политичко искуство, сум тука да ...

Во близина на селото Мрежичко вчера се случил несреќен случај. Додека истоварал земја од товарно возило, 56-годишник паднал во провалија и починал на самото место. „На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените ...

На 30.06.2026 во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ. По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со ...

Aвганистанските талибанци соопштија дека започнале воздушни напади на пакистанска територија, додека Исламабад соопшти дека нивните сили пресретнале и собориле четири рудиментарни дронови во јужната покраина Белуџистан, богата со ресурси. Размените на оган во вторникот беа најновите во низата судири меѓу јужноазиските соседи. Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека неговите сили започнале воздушни напади врз, како што наведува, ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека веќе ги добил предлозите од коалицијата ВЛЕН и партијата ЗНАМ за нови министри во рамките на реструктуирањето на владата. Тој рече дека е задоволен од предложените имиња и очекува новиот владин состав да работи уште поуспешно. „Да, имам предлози за нови министри од ВЛЕН и ЗНАМ, но ќе им оставам на нив да ги објават јавно. За мене, овие предлози се сосема во ред и очекувам дека во новиот состав ќе имаме ...

Коалицијата ВЛЕН ги презема министерствата за правда, за кулутира и туризам и за односи меѓу заедниците со најавената реконструкција на Владата. На ВЛЕН и остануваат и секторите животна средина, европски прашања и економија и труд. Беким Сали се очекува да остане прв вицепремиер и министер за европски прашања. Функцијата вицепремиер за добро владеење која ја изврушваше Арбен Фетаи, се укинува. ВЛЕН ќе ги преземе Министерството за правда, ...

Сотир Лукровски се врати на работа после неколкумесечно боледување. Тој од денеска се врати во кабинетот на Општина Карпош. Се заблогодари на сите за поддршката. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека ...

Зборувајќи за барањата на опозицијата за измени во Изборниот законик, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе ги прифатат сите барања, освен укинувањето на електронското гласање на дијаспората. Мицкоски изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. „Гледам дека во јавноста се шпекулира дека мојот предлог за вклучување на дијаспората во електронското гласање, почнувајќи од претседателските избори во ...

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35