Сите летови на аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон моментално се одложени поради закана со бомба на еден лет, објавува Daily Mail. Состојба на безбедносна вонредна состојба е прогласена во 11:30 часот по источновоамериканско време, а погоден е летот што слетал од Хјустон, кој веднаш бил опколен со возила на итни служби. Патниците кои останале на пистата рекле дека заканата со бомба се однесувала на лет на компанијата United од Хјустон, а ...

Работите на проектот „Влора Марина“ влегоа во важна фаза, означувајќи конкретни чекори кон реализација на едно од најзначајните вложувања на албанското крајбрежје. Инженерката на проектот „Влора Марина“, Клаудија Јатагани, изјави дека во некои од првите сегменти напредокот на работите достигнува 25% и дека со сегашното темпо до крајот на 2027 година ќе бидат целосно завршени првите единици на овој крајбрежен проект на југот на Албанија. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. ...

Уставниот суд на БиХ денес ја отфрли жалбата на демократски избраниот претседател Милорад Додик против кривичната пресуда на Судот на БиХ и ја потврди одлуката на Централната изборна комисија на БиХ со која му беше одземен претседателскиот мандат. Адвокатскиот тим на Додик не беше оптимист во врска со одлуката на скратениот Уставен суд на БиХ и поднесе жалба бидејќи тоа е чекор кон жалба до Европскиот суд во Стразбур. Судот на БиХ го осуди ...

Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. „Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста ...

Семејна трагедија го потресе Добој, каде што, според неофицијални информации, син го усмртил својот татко. Припадниците на Полициската управа Добој денеска уапсиле маж со иницијали Д.Ч. од подрачјето на градот поради сомнение дека извршил кривично дело убиство, објави Klix.ba. Според соопштението на ПС Добој, постојат основи на сомнение дека осомничениот синоќа, во вечерните часови, во семејната куќа му нанел тешки телесни повреди на Б.Ч., кој ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во видео обраќање во Брисел објави дека Германија ѝ префрлила на Украина два противвоздушни системи „Патриот“. Тој го објави ова во видео обраќање до учесниците на Европскиот самит за проширување, кој се одржува во Брисел, објави „Укринформ“. Според него, единственото нешто што го сака рускиот претседател Владимир Путин е хаос, така што луѓето ќе останат без електрична енергија во текот на зимата, ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Брисел учествуваше на Самитот за проширување на ЕУ, од каде испрати порака дека Македонија и по две децении, и натаму е на истата стартна линија, и покрај бројните отстапки како промените на Уставот, името, знамето… „На Самитот за проширување на ЕУ во Брисел, организиран од Еуроњуз, говорев за почетоците на европскиот пат на Македонија, пат што трае повеќе од 25 години. Потсетив дека и по две децении се ...

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски го почна новиот мандат од четири години во Општината со средба со противкандидатите за градоначалници, Билјана Ивановска и Марија Среброва. Кандидатот кој влезе во вториот круг Мирослав Лабудовиќ моралч да откаже поради работни обврски. „Конструктивен и искрен разговор со моите противкандидатки од локалните избори, Билјана Ивановска и Марија Среброва. За жал, на мојата покана не се одзва Мирослав ...

Демократската унија за интеграција треба да го одржи партискиот конгрес до 20 декември, каде што се најавуваат реформи и повлекување на старите лица од раководството. Извори од партијата информираат дека се очекува преструктурирање во ограноците и вклучување на нови имиња на политичката сцена. Сигнал за тоа, според сите изгледи, се и новите имиња избрани вчера во организациониот совет на конгресот. Извори на ТВ21 во ДУИ велат дека на последниот ...

Дејвид Бекам доби посебна почест од кралот Чарлс на церемонија во замокот Виндзор. Тој е прогласен за витез и сега ќе ја користи титулата „Сер“ пред своето име. Поранешниот капитен на Англија е прогласен за витез за неговите заслуги во спортот и добротворните организации, а за Скај њуз призна дека плачел кога дознал. По церемонијата, Сер Дејвид рече дека тоа е „голем момент“ за него и неговото семејство. „Плачев кога првпат дознав, а можеби и ...

Нема конкретни чекори од Македонија во обврските потребни за продолжување на европскиот пат со вметнување на Бугарите во Уставот, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава. Во него децидно се истакнува дека не е ништо направено за да се донесат уставните измени, што е обврска од Договорот за добрососедство, а во него се наведува и исполнувањето на Договорот со Грција, но како што се прецизира треба да има добра ...

Иако поминаа два месеци од појавата на случајот со сомнителните кардиохируршки операции, сè уште нема конкретен исход. Министерот за здравство, Азир Алиу, вели дека останале уште 7–8 претставки што се разгледуваат, а по официјалното завршувањето на изборниот процес во земјава, ќе пристигнат и тројца странски експерти за надзор на случајот. „Оваа динамика на работа не зависи само од нас како Министерство, туку и од целиот тим експерти, кои не се ...

Државната изборна комисија ги потврди новите пратеници – Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Тие ќе ги заменат Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои беа избрани за градоначалници на последните локални избори. ДИК ќе им ги издаде соодветните уверенија, а Собранието потоа ќе ги верификува нивните мандати. Најавено е и можно преструктурирање на Владата. На местото на Изет Меџити, за прв ...

Изет Меџити денес и официјално го доби мандатот за градоначалник на општина Чаир, по победата во првиот круг од локалните избори одржани на 19 октомври. Меџити вели дека пред општината стои ново поглавје. Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека се враќа на своето место со благодарност и посветеност, по една неспорна победа од граѓаните. Меџити ветува транспарентно и одговорно владеење, ставајќи го јавниот интерес над сè. Тој ги повика граѓаните ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во четврток, 6 ноември, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов ќе го потпишат Догорворот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. На потпишувањето кое ќе се случи на железничката станица Ѓуешево, предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава. -Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека во ...

Од 15 до 16 ноември 2025 година, Скопје ќе пулсира во ритамот на танцот. Главниот град ќе стане сцена на меѓународниот танцов натпревар под закрила на Светската танцова федерација, кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. Во текот на двата дена, повеќе од 2.500 учесници од над 40 земји од целиот свет ќе ги покажат своите вештини, страст и уметност преку различни танцови дисциплини. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Како што вели, се разговарало за европскиот пат на Македонија. „Денеска во Брисел остварив средба со Антонио Кошта. Разговаравме за европскиот пат на нашата земја, за важноста од зачувување на европските вредности и за поддршката што ја добиваме во процесот на интеграции. Разменивме искуства и идеи за тоа како да го забрзаме напредокот и како ...

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот е одговор на зголемувањето на смртоносното насилство меѓу бандите. Полицијата вели дека криминалните мрежи сè повеќе регрутираат деца за употреба и пренос на оружје, бидејќи оние под 15 години не можат да бидат гонети. Владата ...

Целосна забрана за трајно врзување кучиња ќе стапи на сила во Словенија на 11 ноември. Сопствениците повеќе нема да смеат да ги држат кучињата на ланец, јаже или било каква друга форма на врзување што го ограничува нивното слободно движење. Новата регулатива предвидува и високи казни, при што сопствениците се соочуваат со казна до 1.600 евра за прекршување на забраната. Според новите правила, кучињата мора да имаат затворен простор што им ...

Словенечкиот поранешен фудбалски судија Роберт Крајнц накратко ја изгуби свеста во емисијата „Под пречко“ на словенечкиот Спортклуб. Авторите на емисијата Миха Пенко и Дејан Обрез му помогнаа на Крајнц да се свести, а емисијата беше накратко прекината. За среќа, сè беше во ред со стручниот коментатор. „Добро сум, сè е во ред“, им рече тој на водителите, а емисијата продолжи. Според Спортклуб, тој инсистираше да продолжи со емисијата и да ја ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле ...

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје, истакна дека ...

На 03.11.2025 во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода Б.А.(37) и О.Ј.(26), двајцата од с.Требош, тетовско. При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува Б.А., пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана. Тие се задржани во полициска ...

Невообичаени стаклени сфери расфрлани низ австралиската пустина се доказ за древен удар од метеорит за кој научниците никогаш не знаеле дека постои. Според новата анализа предводена од геонаучникот Ана Мусолино од Универзитетот Екс-Марсеј, ситните стаклени сфери пронајдени во Јужна Австралија имаат уникатен состав, формиран со топење од удар, кој не е пронајден никаде на друго место во светот, објавува Science Alert. Истражувачите велат дека ...

Европските берзански индекси денес (4 ноември) се во пад, како и цените на златото, кои се под 4.000 долари за унца, додека инвеститорите чекаат квартални резултати од компании како што се BP, Philips и Ferrari, објавува CNBC. Тројца претставници на Федералните резерви на САД во понеделник изразија сомнежи за понатамошно олабавување на монетарната политика следниот месец, што исто така влијаеше на движењето на цените на златото. Инвеститорите ...

Директорот на Универзитетската болница во Фоча, Ненад Лаловиќ, ја потврди појавата на тифус во Фоча, но нагласи дека нема причина за загриженост. „Информациите објавени во медиумите, морам да кажам, се премногу бомбастични и немаат никаква медицинска, стручна основа. Кога станува збор за тифусна треска, тоа е болест која се јавува ендемски во Индија и кога влегува во земјите во Европа и светот, не е на списокот на болести кои подлежат на ...

Работник кој беше закопан под урнатините откако дел од кулата Конти се урна во центарот на Рим, почина во болницата Умберто I, соопштија здравствени извори утрово. Мажот бил Октај Стројичи, кој бил закопан околу 11 часот пред пожарникарите да успеат да го извлечат од урнатините, објави Анса. Неговата состојба првично била оценета како критична. Веднаш по пристигнувањето на брзата помош, тој доживеал срцев удар и покрај тоа што бил стабилизиран и ...

Кроасани

14 минути - Курир

Погоди кој

44 минути - МРТ

Рај и земја

44 минути - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
84%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
88%
1019
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
64%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.34
85%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.02
77%
1016
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
96%
1022
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
96%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Бакар

11.02

Родиум

258813.51

Платина

64478.87

Злато

139515.92

Алуминиум

2.95

Калај

43.93

Сребро

2159.30

Кобалт

58.42