Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил на нуклеарни инспекции „до бесконечност“, и покрај негирањата од Техеран, како и дека одмрзнатите ирански средства ќе бидат искористени за купување хуманитарни залихи од САД. Вашингтон се согласи да ги укине санкциите кон Иран за период од 60 дена, почнувајќи од понеделникот, по првата рунда разговори во рамката за нов мировен договор постигната минатата недела за ставање крај на ...

Владата денеска ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши прилагодување на финансиските проекции на актуелните економски услови и се обезбедуваат дополнителни средства за реализација на капитални проекти и развојни политики. На прес-конференција, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека ребалансот е подготвен во услови на зголемена глобална економска и геополитичка неизвесност, ...

Создавањето професионална, ефикасна и отчетна јавна администрација останува еден од клучните приоритети на Владата, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев на одбележувањето на Денот на јавната администрација. Годинашниот настан се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, а покрај министерот Минчев, свои обраќања имаа и премиерот Христијан Мицкоски и шефот за ...

Нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се отвори откако опозициската партија излезе со обвинувања поврзани со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, а од владејачката партија возвратија со контраобвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Од СДСМ на прес-конференција обвинија дека Јанушев е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија, посочувајќи документи објавени во бугарски медиуми. Според нивните наводи, станува збор ...

Енергетскиот сектор може да напредува само преку силна соработка меѓу институциите, компаниите и граѓаните, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на изложбата по повод 20 години од работењето на ЕВН Македонија. Божиновска истакна дека приоритет на Министерството е создавање стабилен, предвидлив и фер енергетски систем кој ќе ги заштитува интересите на граѓаните, но и ќе создава услови ...

Фудбалските возбудувања на Светското првенство продолжуваат со нова серија натпревари, а денес и во раните утрински часови по полноќ љубителите на фудбалот ќе можат да следат четири интересни пресметки. Во групата К, репрезентацијата на Португалија денеска од 19:00 часот ќе се соочи со Узбекистан. Португалците влегуваат како фаворити во дуелот и ќе бараат нови бодови, додека Узбекистан ќе се обиде да приреди изненадување и да остане во игра ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со своите ставови за односите со Бугарија однапред се откажува од заштитата на македонските национални интереси. Според Петрушевски, додека од Бугарија продолжуваат да пристигнуваат пораки поврзани со прашања за македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче, како што вели, не покажува доволна реакција. „Наместо да застане во ...

Најавената реконструкција на Владата предизвика реакции од опозициските партии, кои ја оценуваат како козметичка промена без суштински реформи. Во соопштение за јавност, тие обвинуваат дека промените претставуваат „нова шминка на истото старо, нефункционално и корумпирано владеење“, посочувајќи низа забелешки за работата на владините институции. Од опозицијата велат дека реконструкцијата не носи промени во клучните области како ...

Министерството за образование и наука годинава повторно обезбедува навремена набавка и испорака на учебници, а според најавите, сите ученици ќе ги имаат потребните наставни помагала пред почетокот на новата учебна година. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека процесот на набавка започнал порано во однос на претходните години и оцени дека системот за обезбедување учебници конечно е стабилизиран. „Трета година по ред ...

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, остави отворена можноста партијата повторно да биде дел од извршната власт, но само доколку биде постигнат нов политички договор. Во гостување во емисијата „Дебата не Шења“, Таравари беше прашан дали постои можност Алијансата за Албанците повторно да се врати во Владата. Тој оцени дека враќање без нови услови би било неприфатливо. „Понижувачки е да се влезе од каде што си заминал“, изјави ...

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува дека на утрешната седница на Собраниска комисија за финансирање и буџет, мнозинството пратеници од најголемите македонски политички партии ќе донесат одлука за стопирање на понатамошната процедура за усвојување на Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Главен мотив е заштита на работните места на десет илјади луѓе, од кои најголемиот дел сме етнички ...

Полицијата во Скопје лиши од слобода две лица откако при контрола на возило биле пронајдени околу 90 пратки со различна стока без соодветна документација. Случајот бил откриен на 22 јуни околу 22:50 часот на улицата „Јадранска магистрала“, каде полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, заедно со полицајци од Полициското одделение Мирковци, извршиле проверка на патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ...

Соединетите Американски Држави одлучија привремено да ги суспендираат дел од санкциите кон Иран во период од 60 дена, по првите разговори одржани во рамки на новиот мировен договор меѓу двете земји. Американскиот претседател, Доналд Трамп, порача дека Вашингтон ќе реагира доколку Техеран не ги исполни обврските преземени со договорот. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека разговорите со иранските претставници во Швајцарија ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека реконструкцијата на Владата и сите останати активности не би биле логични доколку биле предвидени и предвремени избори. Како што рече Алиу, со коалициските партнери треба да се фокусираат во двегодишниот период до редовните избори да ги затворат сите отворени прашања, нагласувајќи дека пред нив стојат големи предизвици кои очекуваат решенија. „Не би било логично да се прават овие промени и да се ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот ќе одржи протестен марш под мотото „Не за нова дозвола по стари правила“, кој ќе започне пред Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Од иницијативата велат дека протестот се организира поради, како што наведуваат, недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата „ТИТАН Усје“. Активистите тврдат ...

Црвено предупредување за екстремна топлина е издадено во Велика Британија за областите што се протегаат од Лондон до Свонси и од Сомерсет до Бирмингем од 09:00 часот во среда до 21:00 часот во четврток, објавија денес англиските медиуми. Метеоролошката служба соопшти дека се очекува овој топлотен бран да донесе сериозни последици, вклучително и широко распространети здравствени ризици за многу граѓани, дури и опасни по живот, објавува ...

Овен Денес ќе бидете полни со енергија и подготвени за нови предизвици. На работното место ќе добиете можност да ги покажете вашите способности. Во љубовта, искрен разговор ќе реши недоразбирање. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Некој близок ќе ви даде корисен совет. Вечерта е идеална за одмор и релаксација. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашето најсилно оружје. Можно е да добиете интересна понуда ...

Под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за ...

Најмалку 15 лица загинаа во голем пожар што избувна во образовен центар во градот Лакнау, во индиската сојузна држава Утар Прадеш. Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила низ објектот, при што десетици луѓе биле заробени внатре. Снимките од местото на настанот покажуваат панични обиди на присутните да се спасат додека пламените јазици го зафаќале објектот. Спасувачките екипи и пожарникарите веднаш интервенирале и ...

И покрај тоа што се споменуваше дека по реконструкцијата на Владата ќе раководи со друг ресор, Азир Алиу во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 навести дека ќе продолжи да биде министер за здравство. Како што рече, „во секој ресор каде што има резултати треба да се продолжи, во интерес на институциите и процесите што се во тек“. Алиу изјави дека веќе започнале разговорите меѓу коалициските партнери за завршените процеси и за перформансите на сите ...

Креаторот на култната франшиза Star Wars, Џорџ Лукас, ќе има гласовна улога во најновиот филм од универзумот на Despicable Me, насловен Minions & Monsters. Во неодамнешно интервју, раководителот на Illumination откри дека Лукас се приклучил на проектот откако признал дека е голем обожавател на филмовите за Минионите. Детали за неговиот лик засега не се објавени, но веста предизвика голем интерес кај љубителите на анимираните филмови и ...

Тринаесет лица загинаа, а десетици се повредени по експлозијата во огромниот комплекс за течен природен гас (LNG) Рас Лафан во Катар, што се случи додека работниците ги рестартираа операциите прекинати по иранскиот напад во март. Властите соопштија дека во гасниот објект Барзан во неделата навечер се случила „техничка несреќа“. Катар, дом на голема американска воена база, беше цел на повеќе ирански напади со ракети и беспилотни летала за ...

Чешката влада објави забрана за употреба на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, приклучувајќи се кон растечкиот број земји кои се обидуваат да го ограничат времето што децата го поминуваат пред екраните. Но, додека Европа сè повеќе се свртува кон построги правила, Хрватска исто така подготвува значајни промени што би можеле да влијаат на секојдневниот живот на учениците и нивните родители. Имено, Министерството за ...

Портпарол на Европска комисија во понеделник изјави дека ЕУ ги „преиспитува“ плановите за одржување самит со Обединето Кралство кон крајот на јули, бидејќи станува сè поверојатно дека наследникот на премиерот Кир Стармер ќе ја преземе функцијата за само три и пол недели. Самитот меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, закажан за 22 јули, сè повеќе е под знак прашање откако Стармер во понеделник го објави временскиот план за своето заминување од ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс. Како што соопшти, во фокусот на разговорот биле владеењето на правото и актуелните случувања поврзани со мирот и глобалната стабилност. Ахмети истакна дека за време на средбата ја изразил благодарноста за континуираната поддршка од Соединетите Американски Држави и уверувањето дека партнерството меѓу двете земји ...

Соединетите Американски Држави во понеделник ја одобрија продажбата на иранска нафта, олеснувајќи ги санкциите што беа во сила со децении, додека се обидуваат да постигнат конечен мировен договор со Иран, во замена за обврски поврзани со нуклеарни инспекции и слобода на пловидба низ Ормускиот Теснец. Општата лиценца, објавена од американското Министерство за финансии, дозволува продажба на сурова нафта, како и на петрохемиски и нафтени ...

ЕМАНУЕЛ Макрон денес му се заблагодари на британскиот премиер Кир Стармер, пофалувајќи ја неговата „посветеност“ на украинското прашање и ревитализацијата на односите меѓу Обединетото Кралство и Европската Унија. „Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Кир Стармер за неговиот придонес во зајакнувањето на француско-британските односи, неговата посветеност во рамките на Коалицијата на волјата за Украина, како и за ревитализацијата на ...

Лионел Меси испиша историја. Тој стана најдобриот стрелец во историјата на Светското првенство. Меси го постигна својот 17-ти гол на Светските првенства за Аргентина во натпреварот против Австрија. Во натпреварот против Алжир, Меси постигна хет-трик и го израмни рекордот на германскиот напаѓач Мирослав Клосе по бројот на постигнати голови. Со голот против Австрија, Меси стигна до бројката од 17 голови на Светските првенства. Меси постигна ...

Две момчиња, на возраст од две и четири години, беа пронајдени мртви во автомобил во југоисточниот француски град Карпентрас денес, среде интензивен топлотен бран што ја зафати земјата, објави телевизијата TF1. Двајцата браќа беа пронајдени околу пладне во возило паркирано во близина на семејната куќа, соопшти обвинителството. Обвинителката од Карпентрас, Хелен Мурж, изјави дека причината за смртта сè уште не е утврдена, но дека екстремната ...

Чешката влада поднесе закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, потврди премиерот Андреј Бабиш, приклучувајќи се кон растечкиот глобален притисок за ограничување на времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на одморите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.63
23%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
30%
1021
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
5.14
25%
1022
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
24%
1020
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.1
27%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
1.79
32%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
9.26
29%
1013
weather icon

Тирана

40ᴼ / 39ᴼ
2.57
21%
1013
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
3.6
22%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 31ᴼ
7.72
39%
1020
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
27%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
6.99
82%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Алуминиум

3.36

Калај

55.56

Паладиум

43596.41

Бакар

13.39

Цинк

0.00

Платина

56263.81

Кобалт

56.29

Родиум

278907.73

Сребро

2099.49

Злато

141562.95

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36