Министерот за одбрана на Пакистан изјави дека воен упад од страна на Индија се чини неизбежен, што го натера Исламабад да ја зајакне својата граница и да предупреди дека нуклеарното оружје ќе се користи само ако е загрозено постоењето на Пакистан. Американските и филипинските сили спроведоа интегрирани вежби за воздушна одбрана за време на годишните вежби Баликатан во кои учествуваа 17.000 лица, неколку часа откако Кина објави дека ја презеде ...

Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го задржа водството во анкетите на јавното мислење, додека новата конзервативна влада се подготвува да ја преземе власта во најголемата земја во Европа, покажа денеска најновото истражување на јавното мнение, јави ДПА. Анкетата на Форса, нарачана од радиодифузерот РТЛ/нтв, повторно ја стави оваа екстремна партија на врвот со стабилно водство од 26 отсто во однос на конзервативната унија ЦДУ/ЦСУ ...

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во четврток попладне и во петок ќе има услови за ...

Според информации до кои дојдовме, Министерството за култура дало насоки за изработка на нови решенија за плата, по пресметки што не соодветствуваат со важечките колективни договори. Иако голем дел од националните установи веќе добиле плата врз основа на овие нови решенија, кај локалните установи постапката е заглавена. Причината, како што неофицијално дознаваме, лежи во ставот на Градот Скопје. Оттаму не ги прифаќаат новите решенија, бидејќи, ...

Од космодромот Кејп Канаверал на Флорида, ракетата Atlas V на компанијата United Launch Alliance понесе 27 сателити во орбитата. Планот на Amazon е да распореди околу 3200 сателити во наредните неколку години. Иако основачот на Amazon, Џеф Безос, ја има и својата вселенска компанија Blue Origin, тој склучи договори и со други оператори, па дури и со конкуренцијата – SpaceX, за да ги изврши потребните лансирања. Според лиценцата издадена од ...

На 25 мај, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за ...

И во соседна Португалија, струјата е вратена во најголем дел од домаќинствата. Според јавниот сервис RTP, околу 95% од 6,5 милиони корисници повторно се приклучени на мрежата, повикувајќи се на операторот E-Redes. Причината за прекинот сè уште не е позната Милиони луѓе во Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија во понеделникот. Прекините ги нарушија комуникациските мрежи, семафорите престанаа да функционираат, а многу лифтови ...

Со пораката „битката е добиена, но војната сè уште трае“, студентите кои учествуваа во блокадата се огласија на социјалните мрежи. Пред зградата на РТС во текот на вчерашниот ден можеше да се забележи сосема поинаква слика од претходните денови – сите транспаренти се отстранети. Откако беше објавено дека е распишан нов конкурс за членови на Советот на РЕМ, студентите од балконот извикуваа „победа“ и „конкурсот е распишан, РТС е слободен“. Околу ...

Неговиот адвокат, Александар Шорак, за агенцијата Бета потврди дека Брковиќ во моментов се наоѓа во притвор во Врбас. „Обвинет е за прекршок според член 22 од Законот за јавен ред и мир. Веројатно утре ќе биде изведен пред судија за прекршоци тука во Нови Сад“, изјави Шорак. Според решението за задржување, Брковиќ може да биде задржан најдолго 24 часа. Шорак прецизираше дека полицијата прво го застанала Брковиќ и го повикала да оди на ...

Станува збор за 27-годишен кинески студент, кој првпат бил спасен минатиот вторник, во близина на врвот на планината, откако ги изгубил дерезите (метални шила за безбедно движење по мраз). Студентот бил на околу 3780 метри надморска височина кога бил евакуиран со хеликоптер. Набргу потоа, тој се вратил на планината за да го побара мобилниот телефон кој го заборавил. На височина од околу 3000 метри му се слошило – развил симптоми на висинска ...

На Катаниќ ѝ е укината мерката домашен притвор, а останатите двајца обвинети се пуштени да се бранат од слобода. Потсетуваме, Посебното одделение за борба против корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград на почетокот на март подигна обвинение против Слободанка Катаниќ, Милутин Савиќ и Билјана Крстиќ за повеќе кривични дела со елементи на корупција. Според обвинението, нивните постапки довеле до падот на настрешницата на Железничката ...

Шпанскиот оператор на електроенергетската мрежа, Red Electrica, соопшти дека работи заедно со енергетските компании на обновување на снабдувањето со струја. „Ова е поширок европски проблем,“ соопшти E-Redes, шпанската компанија за надзор на електроенергетската мрежа, додавајќи дека снабдувањето се враќа по фази. Прекинот предизвика сообраќаен хаос во градовите – дел од метрото во Мадрид беше евакуиран, а во центарот на градот дојде до застој на ...

Следниот германски канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека довербата во демократијата во неговата земја е нарушена, нешто што го поврза со зголемената поддршка за крајната десница, објавија светските агенции. -Довербата во нашата демократија е оштетена како никогаш досега во повоената историја на нашата земја, изјави Мерц на партиската конвенција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), забележувајќи за подемот на антиимиграциската партија ...

Папата, кој почина на 21 април на 88-годишна возраст, беше погребан во саботата по церемонијата одржана на плоштадот „Свети Петар“, објави Анса. Гробницата на папата Франциск во базиликата беше отворена вчера за посети од страна на верниците. Според неговата сопствена желба, папата Франциск бил погребан надвор од Ватикан, во базиликата Санта Марија Маџоре, која многу ја сакал. Тој секогаш одел таму да се моли, пред и по секое патување. ...

Кинеските крајбрежни стражари накратко го зазедоа спорниот песочен брег Сенди Кеј во Јужното Кинеско Море, според кинеските државни медиуми, додека Филипините подоцна објавија слики од сопствените сили како креваат знаме на блиските песочни брегови; филипинската влада го осуди присуството на Кина како нелегално. Индија објави дека реагирала на „неиспровоциран“ оган од лесно оружје од Пакистан по должината на границата со Кашмир четврта ноќ по ...

Протестот е организиран од семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“, а ќе започне пред Обвинителството во 12:05 часот, време кое симболизира задоцнетата реакција од институциите. „УСС ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш ‘Марш за ангелите’“’, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како Универзитетското студентско ...

Филмовите на Пејн, меѓу кои се и комедиите „The Holdovers“, „Sideways“ и „The Descendants“, се номинирани за вкупно 24 награди „Оскар“, вклучувајќи четири за најдобар филм и три за најдобар режисер. Тој двапати ја освои наградата за најдобро адаптирано сценарио. „Голема чест и радост е да се биде член на жирито во Венеција. Иако ја делам амбивалентноста на филмските работници кон споредувањето филмови, длабоко ја почитувам речиси вековната ...

На 25 мај, во исто време во седум градови низ државата – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово – ќе се трча обединети со една цел: да покажеме дека солидарноста е силата на нашата заедница. Под мотото „Сите за Кочани – трчаме заедно!“, иницијативата е отворена за сите, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Оваа трка не е борба со километри – туку чекор напред кон поддршка, надеж и единство. Пријавувањето е ...

Од 10 мај, секоја сабота, психолози и психотерапевти ќе водат групни разговори и работилници во Кочани, каде младите ќе имаат можност да се изразат, да најдат поддршка и да научат како да се справат со тешките емоции што ги носи загубата. Работилниците ќе понудат простор за разговор, стабилизација и емоционално процесирање, и се насочени кон оние кои се чувствуваат дека никој не ги разбира. „Не мораш да зборуваш веднаш. Не мораш да објасниш сè. ...

Иван беше редовен автор на порталот Окно, каде беа објавени многу негови фотографии, а во 2019 година беше дел од книгата „12 македонски фотограф(к)и“ на издавачката куќа Темплум. Во таа книга, тој раскажа: „Фотографијата за мене почна како експеримент. Нeкој ми даде стара камера и филм, а после почнав да собирам стари аналогни апарати од роднини и да сликам со нив. Еден магазин кој објавуваше слики од читатели објави моја фотка и некој ми рече ...

Конклава за избор на нов папа ќе започне на 7 ма, а право на учество имаат 135 кардинали помлади од 80 години и тие ќе одлучат кој ќе биде следниот поглавар на Римокатоличката црква, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Датумот беше одреден за време на затворената средба на кардиналите во Ватикан, првата по погребот на папа Фрањо во саботата. По успешното гласање со двотретинско мнозинство, кардиналите го прашуваат новиот папа дали ја ...

Кремљ прогласи еднострани дво-дневен прекин на огнот во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин објави во понеделникот попладне дека Москва ќе го спроведува прекинот на огнот од полноќ на 8 мај до полноќ на 10 мај, датум кога Русија го одбележува Денот на победата, односно крајот на Втората светска војна. Русија ја повика Украина да се придружи на прекинот на огнот, пренесува Reuters. Во случај на прекршување од страна на Украина, Рускиот ...

Во вторнил во 14 часот во Europe House Veles повод Меѓународниот ден на џезот, заедно со Art Generator и учениците од Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ организираат специјална работилница каде најмалите ќе го откријат светот на џезот преку ритам, игра и креативност. ,,Ќе слушаме, ќе создаваме и ќе ѝ дадеме ново лице на музиката низ детски очи!Џезот не е само музика, туку начин на изразување, слобода и радост што ги поврзува ...

ЕФТЕРКЛАНГ е дански бенд составен од три пријатели од детство, Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година го објавија нивниот 7 студиски албум насловен како “Things We Have In Common” со што ја започнаа својата светска турнеја. Документарниот филм, “Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој свое продуцентско учество зазема и јавната културна установа МКЦ, беше премиерно прикажан во рамки ...

Во новата епизода на РеТрн ДУО ни доаѓаат гостите кои сигурно веќе добро ги знаете – актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, познати како незаменливото дуо Тино и Атанас! Едниот има дипломирано на ФДУ а другиот на ЕСРА а нивната хемија на сцената во Театар Комедија е вистинска магија што го полни срцето. Овој пат, им приредивме мал предизвик инспириран од “Матрикс” – Дениз им подава две апчиња: • Кафеаво апче: Ништо не се менува – ...

Претседателот на Србија денес изјави дека секоја блокада е чисто насилство и насилничко однесување и дека граѓаните тоа сè повеќе го осудуваат и се противат на тоа, а дека државата во некој момент ќе избере кога ќе одговори на насилството. Вучиќ, при посетата на работите за изградба на автопатот Е-763 „Милош Велики“, на делницата Прељина-Пожега, изјави дека не може да се брани некој да ја врши својата работа и дека луѓето гледаат дека тоа е ...

Интернет-компанијата Yahoo е заинтересирана да го купи пребарувачот Хром од Гугл, доколку американски сојузен судија одлучи дека Гугл мора да го продаде за да избегне обвиненија за монопол, изјави генералниот директор на Yahoo Search, Брајан Провост, на судско рочиште. Според него, Yahoo проценува дека Хром би се продавал по цена од неколку десетици милијарди долари, пренесува Блумберг. Yahoo беше водечки играч на пазарот на онлајн пребарување ...

Русија, доколку има потреба, ќе ѝ пружи помош на Северна Кореја во согласност со Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите. Според него, искуството од Специјалната воена операција покажало колку е ефикасен договорот меѓу Русија и Северна Кореја. „Имаме активен договор според кој двете страни се обврзаа дека, доколку има потреба, веднаш ќе си пружат помош една на друга. ...

Сикстинската капела во Ватикан денес е затворена, а кардиналите се собраа за да изберат нов папа. Папата Франциско беше погребан во саботата во базиликата Света Марија Велика, а на Плоштадот Свети Петар во Рим тогаш се собраа стотици илјади луѓе, како и значаен број светски лидери. Сикстинската капела моментално се подготвува за конклавата – собрание на кардинали што ќе избере нов папа по завршувањето на деветдневната жалост, која ќе започне ...

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, соопштија денес дека во американски воздушен напад врз притворски центар за мигранти во градот Сада, нивно упориште на северот од земјата, загинале 68 лица, според новиот биланс на жртви. „Цивилната одбрана соопшти дека 68 африкански мигранти се убиени, а 47 повредени во американски напад насочен кон центар во кој беа сместени нелегални мигранти“, јави телевизијата на бунтовниците Ал Масира. ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
33%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
6.69
33%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
43%
1020
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
28%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.72
49%
1014
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
47%
1019
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
2.24
43%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
40%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
41%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.72
32%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
65%
1013
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60