
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Ако сте личност која може редовно да појадува, руча или вечера за помалку од 20 до 30 минути – јадете премногу брзо. „Потребни се околу 20 минути за желудникот да испрати серија хормонски сигнали до мозокот дека е полн“, вели Лесли Хајнберг од Центарот за здравје во однесувањето на Клиниката во Кливленд. Луѓето кои брзо јадат веројатно ќе голтаат повеќе воздух, што може да доведе до надуеност. Недоволно џвакањето на храната исто така може да го ...
Двајца од четворицата повредни при пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои минатата недела беа префрлени во болници во Белгија, по успешното лекување и опоравување денеска отпатуваа за Скопје, јави дописникот на МИА од Брисел. Минатата среда четири лица повредени во трагичниот пожар во Кочани, со специјален авион на Вооружените сили на Романија, во координација со ЕУ, беа префрлени на лекување во Белгија и сместени во болници во Брисел, Антверпен ...
Американската компанија за видеоигри, „ЕА спортс“ нуди ново искуство за претстојната Формула 1 сезона за 2025 година. Играта „Ф1 25“ е достапна на англиски и француски јазик. Играта е развиена од „Кодмастерс“ и ќе биде достапна од 30 мај, за „Плејстејшн 5“, „Икс-бокс С“, како и за на компјутер. Возбудата е уште поголема со оглед и на претстојниот филм „Ф1“ со Бред Пит во главната улога, којшто во кината доаѓа во јуни. Додека Формула 1 ја слави ...
Директорката на Клиниката за пластична хирургија Јасмина Ѓорѓиевска Павловска ги предупреди граѓаните, дека мелемите за изгореници што се продаваат на социјалните мрежи може да бидат и опасни. „Вчера некој ми рече дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Ние не знаеме од какво потекло се и дали тие се стерилни или, пак, не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство, се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат ...
Според извештаите, најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени откако потона туристичка подморница со 45 лица во Црвеното Море во Египет. Подморницата тргнала од пристаништето во туристичкото шеталиште во крајбрежниот град Хургада и се упатувала кон подводна обиколка на локалните корални гребени. Во соопштението на гувернерот на Црвеното Море се вели дека екипите за итни случаи успеале да спасат 29 лица. Руската амбасада во Египет на ...
Денес ќе бидат испишани 9 пациенти, кои се во стабилна добра состојба и може да продолжат со домашно лекување. Утре ќе останат 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има за испис. Вчера се вратија 5 пациенти кои се лекуваа надвор од државата, еден од Грција и 4 од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денес е најавено враќање на 8 пациенти, по двајца од Белгија, Австрија, Турција и Хрватска. Имаме најави за повеќе пациенти ...
Во објавата на социјалните мрежи, освен детали, стои и објаснување зошто собирот е закажан токму на таа локација. ,,Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди на одмор”, се вели во објавата. Истовремено се повикуваат граѓаните со себе да донесат столче, бидејќи како што велат организаторите, настанот ќе трае се додека сите заинтересирани ѓраѓани не го ...
Викендов ќе започне летното сметање на времето во Македонија, како и во сите европски земји. Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред, и тоа ќе се случи на 30 март во 02:00 часот. Овој премин од зимско во летно време се спроведува секоја година, а со тоа денот ќе биде подолг, а ноќта пократка. Иако во последните години многу земји се обидуваа да го укинат летното сметање на времето, Европската унија во 2016 година покрена ...
Германските компании планираат отпуштања, а состојбата на пазарот на трудот се уште е тешка. Ова е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за март. Вредноста на индексот, кој ја мери подготвеноста на компаниите за отпуштања и вработувања, благо падна во март од 93 поени во февруари на 92,7 поени. Ситуацијата на пазарот на трудот е сè уште сложена, а невработеноста најверојатно ќе продолжи ...
Шест лица загинале во Египет по потонување на туристичка подморница. Во несреќата се повредени уште девет лица, од кои четворица се во критична состојба. Туристичката подморница “Синбад” во која имало 44 патници потонала е во четвртокот, откако испловила од Хургада. Спасувачите успеале да спасат 29 луѓе од водата, јавуваат египетските медиуми. Управата за безбедност на Црвеното Море примила пријава за потонување на туристичката подморница, кое ...
Саемот на книга 2025, најголемиот книжевен настан во земјата, оваа година се одржува под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува. Од 8 до 14 мај, арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во центар на литературата, каде што посетителите ќе можат да нурнат во светот на книгите и да ја пронајдат вистинската храна што им е потребна на душата. Годинешниот саем ќе понуди богата програма со ...
Во амфитеатарот на Македонската академија на науки и уметности во Скопје денеска ќе бидат прогласени лауреатите на Струшките вечери на поезијата за 2025 година. Како што најавија од фестивалот, по прогласување на добитниците, традиционално ќе следи поетско читање на членови на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите, кои ќе ја споделат својата поезија, во чест на ова културно и поетско значајно случување. Манифестацијата „Струшки ...
На територијата на Хрватска денеска е на сила портокалово метео предупредување поради силниот ветер, а пожарникарите во Загреб имаат полни раце работа. На загрепската Кустошија паднало скела од вториот кат на двете коловозни ленти, а повеќе улици во главниот град се непроодни поради срушените дрвјата кои стојат на коловозот. Трамваите исто така не работат бидејќи едно дрво ја оштетило напонската мрежа. Од неколку згради во центарот на градот ...
„Внимание“ ги праша граѓаните: „По трагедијата во Кочани, се чувствувате ли безбедни во Македонија?“ Сите граѓани едногласно укажаа дека не се чувствуваат безбедни: „Никогаш не сме биле баш безбедни, како што треба“, „Мислам дека ние одамна не се чувствуваме безбедни во државата“, „Мислам дека воопшто никој од нас не се чувствува безбеден“, велат граѓаните. На прашањето, „Што мислите, дали јавните објекти, каде што се собираат младите и ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави денес дека неговата влада привремено ќе го суспендира правото на мигрантите кои пристигнуваат во Полска преку границата со Белорусија да поднесуваат барање за азил. Туск ја објави одлуката за усвојување на контроверзниот закон кој го потпиша претседателот на Полска Анджеј Дуда и кој ќе им овозможи на полските власти да ја суспендираат правото на азил во период до 60 дена, пренесува BBC. Дуда изјави дека ...
Франција ќе додели дополнителни две милијарди евра за воена поддршка на Украина. Ова вечерва го соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, пренесоа светските агенции. Тој рече дека новиот пакет помош за Украина вклучува противтенковски ракети, ракети земја-воздух и беспилотни летала. Макрон имаше средба со својот украински колега Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во Париз за да учествува на утрешниот самит организиран од францускиот ...
Без разлика дали станува збор за скокање со падобран, започнување сопствен бизнис или искрено признавање на своите чувства, овие поединци се познати по тоа што не знаат за страв. Хороскопските знаци во кои се раѓаат најхрабрите луѓе се следните: Овен Овните се вистинските пионери на Зодијакот. Нивната природна енергија, самодоверба и импулсивност ги тераат да дејствуваат веднаш, без да размислуваат премногу за последиците. Стравот едноставно не ...
Знакот „стоп“ е секако еден од најпрепознатливите на патиштата – и со право, бидејќи е сообраќаен знак од исклучителна важност. Октогоналниот знак потекнува од Соединетите Американски Држави, каде што е воведен во 1920-тите, пишува ХАК магазинот. Тогаш се испробуваа разни облици на сообраќајни знаци. За победничко решение беше избран октагонот бидејќи јасно се разликуваше од другите знаци и беше забележлив дури и при слаба видливост. Дури во ...
Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија. Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа пациентот на Скопскиот аеродром, изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат ...
Американската влада се соочува со ризик од неплаќање на некои од плаќањата поврзани со националниот долг на земјата. Доколку американскиот Конгрес не преземе мерки за зголемување на плафонот на долгот, тоа би можело да се случи во август, а многу веројатно да се случи и на крајот на мај. Оваа прогноза на Канцеларијата за буџет на Конгресот беше објавена денеска. Моментално американскиот национален долг изнесува 36,215 трилиони долари, според ...
Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, денеска избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под обвиненија за корупција што тој и неговите поддржувачи ги негираат. Градскиот совет, кој брои 314 членови, го избра Нури Аслан за привремен градоначалник со 177 гласа. Минатонеделното апсење на Имамоглу, ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) упатува апел до ДСД „Томе Стефаноски – Сениќ“, ДСД Скопје, ДСД Пелагонија, како и до сите единици на УКИМ, за да се преземат итни активности со цел да се унапреди безбедноста во студентските домови и универзитетските објекти. Како мерки, од УСС-УКИМ апелираат вонредна проверка и одржување на противпожарните апарати и хидрантските системи. „Редовно ...
Од исхраната зависи нашето здравје, бидејќи конзумирањето на храна богата со калории, натриум и додаден шеќер, со ниски здрави хранливи материи, како што се есенцијалните витамини и минерали е најлошото нешто што можеме сами да си го направите. Затоа нутриционистите препорачуваат од менито и редовната исхрана целосно да се исфрлат следните три намирници: Газирани пијалоци Газираните пијалоци многу лесно се конзумираат во големи количини, што ...
Запознавајќи се со работата на новинарите и уредниците, учениците имаа можност да дознаат како изгледа еден ден во редакцијата, што сè е потребно за да се создаде квалитетна новинарска содржина, но и како медиумите се справуваат со лажните вести. Најголем впечаток им остави фактот дека работниот ден на еден новинар никогаш не завршува – секогаш има уште една приказна што чека да биде раскажана. Посетата беше дел од проектот „Лице в лице дурбин ...
Савче Ѓошева, студентска правобранителка на УКИМ излезе со свој став по трагичниот настан во Кочани и по настаните кои изминативе денови ја брануваа студентската заедница. „Следејќи ги настаните кои ја брануваа студентската заедница предходната недела, не можев а да не се огласам. Предходниот понеделник, на крајно тажен и тензичен собир пред платото на УКИМ кој воопшто не би да се случил доколку системот фукционираше, право на збор си зема ...
Младите демонстранти не бараат ништо повеќе од правда и слобода. Поттикнати од трагедијата во Нови Сад минатиот ноември, кога 16 лица го загубија животот по уривањето на настрешница, тие одлучија да го кренат својот глас против неправдите. Нивната борба е ненасилна, но истрајна. Со мирен отпор, тие покажуваат дека промените се можни, дека заедно можат да изградат подобро утре. Нивниот повик за правда одекна низ целата земја. Професори, ...
„Поради актуелната безбедносна ситуација, вооружените сили мораат да привлечат поголем број на нови војници“, изјави Поулсен. Подолг период на служба од првично планираниот Воведувањето на обврзната воена служба за жени е договорено со мнозинството политички партии во парламентот, а новите правила предвидуваат и подолга служба – наместо досегашните 4 месеци, воената служба ќе трае 11 месеци. „Ова е значаен чекор кон целосна равноправност ...
„Вчера се вратија еден пациент од Србија и еден од Бугарија. Бројката на пациенти кои се лекуваат во странство моментално изнесува 113, а со овие пет што ги очекуваме денеска, ќе падне на 108. Трендот на пациенти кои се подготвуваат за враќање расте“, изјави Таравари. Во домашните болници се лекуваат 23 пациенти, од кои четворица се сместени во Клинички центар, по двајца на Пластична и реконструктивна хирургија и двајца на Токсикологија. Во ...
Памела беше во брак со Дејвид Хаселхоф од 1989 до 2006 година, со кого има две ќерки, Тејлор и Хејли. Нивниот развод беше бурен, а судскиот спор за алиментацијата траеше сè до 2017 година. Филмската кариера ја започна во 1983 година со улога во филмот „Rumble Fish“. Во серијата „Чувари на плажата“, каде што Хаселхоф го толкуваше ликот на Мич Бјукенон, Памела ја играше сопственичката на кафе-барот, Кеј Морган. КАКО ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ Ако ...