
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Трамп, исто така, изјави дека денес е добар ден за сите. ЕУ купува енергија од САД „Европската Унија ќе се согласи да купи енергија во вредност од 750 милијарди долари од САД“, рече Трамп. „Тие ќе се согласат да инвестираат во САД 600 милијарди долари повеќе отколку што веќе инвестираат“, објави CNN. „Тоа ќе нè зближи… тоа е партнерство во извесна смисла“, додаде тој. Шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, исто така, го поздрави договорот како ...
Во денешното време на модерни технологии, каде што трендовите и работните места се менуваат буквално секој ден, тешко е да се држите до стари совети и да се позиционирате според некое претходно искуство. По повод побарување на работа, експертот на оваа тема Милош Турински од Инфостуд вели: Според истражувањето на LinkedIn, најмногу се споменуваат три збора. Тоа се вештачка интелигенција, одржливост и сајбер безбедност. А многумина не знаат ...
Македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со успешното фестивалско патешествие, со две нови селекции во Италија. Филмот ќе биде прикажан во главната програма на Ariano International Film Festival, каде што ќе има прајм-тајм проекција овој вторник, 29 јули, како и на International Tour Film Festival во Рим, во текот на октомври. Двата фестивала имаат за цел да ја промовираат кинематографската уметност ...
Годинешното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи на 30.07.2025г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан. Диригент: Иван Еминовиќ Програма: А. Вивалди – Четири годишни времиња А. Пјацола – Четири годишни времиња Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е основан ...
Конфликтот ескалира минатата недела со тешко артилериско бомбардирање по должината на 817 километри долгата копнена граница, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно за започнување на борбите. Камбоџа тврди дека Тајланд пукал кон цивилни цели, додека Тајланд ја обвинува Камбоџа за кршење на меѓународното право и неискреност во преговорите. Американскиот претседател Доналд Трамп се вклучи во дипломатската иницијатива, заплашувајќи со прекин ...
Споменикот со лик на Ќосето со кама в рака е поставен спроти кружниот тек кај хотелот „Континентал“, по одлука на Советот на Град Скопје донесена во декември 2023 година. Градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи објави дека враќањето на обележјето е чин на признание за неговата саможртва и борба за слобода. Андон Ќосето е контроверзна историска фигура, познат како ликвидатор на ВМРО, но и учесник во Илинденското востание. Share ...
Оваа недела, во последната епизода од сезоната на РеТрн ДУО, имаме пар што носи енергија како ураган – Donplaya и Prince$$ Donatsu! Музиката ги спои, љубовта ги зацврсти, а денес се и горди родители. Ќе прошетаме низ Скопје, но ќе ја отвориме и вечната дилема: Скопје или Битола – кој е „поубав“ град? Дали ќе се сложат или ќе има мала „битка на аргументи“? Во оваа епизода дознаваме: • Како се запозна ова енергично дуо? • Како почнала нивната ...
„Во Рудинци има изгорени куќи, некои каде што живеат луѓе, некои каде што не живеат. За точна бројка сè уште не можам да кажам“, изјави Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане. Пожарот се ширел со неверојатна брзина, зафаќајќи тешко пристапни терени – долови, ридови, па дури и стигнал до железничката пруга, префрлајќи се и кон кратовското село Димонце. „Гасевме до 3 часот наутро. Со две возила, ...
„Flora Imaginarium“ претставува визуелен омаж на имагинарниот свет на растителни форми и органски структури, инспириран од македонската традиција, симболика и визуелни кодови, а произлезен од долгогодишна соработка со еден познат македонски бренд. Кардула ја работел оваа серија изминативе две години, градејќи уникатен визуелен јазик кој ја поврзува природата со модерната естетика. „Изложбата е резултат на интензивна уметничка и дизајнерска ...
АКТИВНИ ПОЖАРИ: Најсериозни пожари моментално беснеат во следниве општини: ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА: Во 7 региони пожарите се ставени под контрола, вклучително: ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ: Во изминатото деноноќие целосно се изгаснати 36 пожари во повеќе општини, меѓу кои Шуто Оризари, Арачиново, Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Струмица, Свети Николе, Куманово, Гевгелија и други. ЦУК апелира: Висок ризик од пожари – неопходна претпазливост Центарот за ...
Илјадници евакуирани, десетици реки над нивото за поплава Источноазискиот монсун предизвика силни и постојани врнежи од дожд низ цела Кина, што доведе до опасно зголемување на нивото на 17 реки, над прагот за прогласување поплави. Најпогодени региони се: Пекинг, Внатрешна Монголија, Синџијанг, Гансу, Шанси, Фуџиен и Јунан. Најголемиот резервоар во Пекинг, лоциран во округот Мијун, забележа најголем водостој од почетокот на неговото ...
Тајланд и Камбоџа со децении се обвинуваат меѓусебно за демаркацијата на границата, која е дефинирана уште во времето на Француска Индокина. Сегашните судири се најжестоки од 2011 година. Размената на артилериски оган и воздушни напади од четвртокот досега резултираа со најмалку 35 загинати и околу 200.000 раселени лица. Бангкок и Пном Пен се согласија за првпат да се сретнат денеска во близина на Куала Лумпур, под внимателно набљудување на ...
Три периоди на забрзано стареење Човекот, според него, минува низ три клучни периоди на забрзано стареење: Иако првите два не можат многу да се контролираат, периодот по 60-тата година е клучен за превенција и влијание врз биолошката возраст. “Биолошката старост може да се врати наназад дури и за само шест месеци со вистинските навики”, вели д-р Али. Што препорачуваат стручњаците? Исхрана: Движење: Сон: Според д-р Али: „Кога луѓето ќе ја ...
„Едно е јасно – неутралноста сама по себе нема да нè заштити. Во моментов нема мнозинство ниту во парламентот, ниту меѓу населението за пристапување во Северноатлантската алијанса, но една таква дебата би можела да биде мошне продуктивна“, изјави Рајзингер за германскиот весник Die Welt. Министерката истакна дека Австрија се фокусира на засилување на одбранбените капацитети и градење партнерства во контекст на сè понеизвесната глобална ...
Густ црн чад и јазици високи десетици метри вечерва го преплавија автопатот А1 кај пумпата „Окта“, веднаш по тунелот Катланово во правец кон Скопје. Според видеото кое го објави Канал 5, пламенот веќе зафаќа голема површина од суви нискостеблени појаси долж автопатската лента и брзо се шири поради силниот ветер што дува од југ. На терен се најмалку три цистерни на Противпожарната бригада од Скопје, придружени од екипи на ЈП „Македонија пат“ и ...
Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација), ...
Средбата е закажана да започне во 15 часот по локално време, а тајландскиот преговарачки тим ќе го предводи вршителот на должноста премиер Фумтам Вечајачаи, објави владата во недела. Малезија, која претседава со АСЕАН, регионален форум за соработка, ја информираше тајландската влада дека камбоџанскиот премиер Хун Манет ќе присуствува на разговорите. Тензиите меѓу Тајланд и Камбоџа се зголемија по убиството на камбоџански војник кон крајот на мај ...
Како што информираат од обвинителството таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години. Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со ...
По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и секира, денеска полицијата објави дека е е утврден идентитетот на учесниците и едното лице е приведено, а другото се бара. Во соопштението од СВР Струмица се наведува дека учесници во трепачката се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип. – Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР ...
Ансамблот „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите почетоци беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денес во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. „Консонанс“ е посветен на изведбата на камерна музика истражувајќи ги огромните можности, пред сè, на дрвените дувачки инструменти кои го сочинуваат „Консонас“, а тоа се: флејта, кларинет, англиски рог, ...
„Канцеларот ја изрази својата длабока загриженост поради катастрофалната хуманитарна состојба и го повика премиерот Нетанјаху да постигне итен прекин на огнот“, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус. Берлин соопшти дека чекорите најавени од израелската влада мора итно да бидат следени со конкретни и подлабоки мерки. Во наредните денови, Германија, во координација со Франција, Обединетото Кралство, САД и некои арапски држави, ќе одлучува ...
Најмалку шест лица загинаа денеска во стампедо пред храмот Манса Деви во индискиот град Харидвар, соопштија локалните власти. Несреќата се случила на скалите пред храмот, а според првичните информации, паника настанала поради шпекулација за опасност од струен удар од оголен електричен кабел. Според медиумите, има и повеќе повредени лица. Началникот на сојузната држава Утараканд, Пушкар Синг Дами, најави истрага и финансиска помош за жртвите. ...
Членовите на екипажот, меѓу кои и две пратенички од француската партија „Непокорена Франција“, се приведени од израелските власти. Невладината организација „Адалaх“ соопшти дека испратила адвокати во пристаништето. Пратеничката Ема Фуро на платформата Икс напиша дека израелски војници го презеле бродот на околу 115 километри од брегот на Појасот Газа, во меѓународни води. Израелското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека сите ...
Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното градско претпријатие. -Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно ...
Големи камиони натоварени со бели вреќи како минуваат низ египетската страна на терминалот. Сепак, камионите не влегле директно преку палестинската страна на терминалот, што беше делумно уништен и затворен поради војната. Тие патувале неколку километри до израелскиот граничниот премин Керем Шалом, каде што биле проверени пред да влезат во областа Рафах и да преминат на палестинска територија. Некои од камионите го носеле логото на египетската ...
Бродот „Хандала“, изнајмен од тоа меѓународно движење во поддршка на Палестинците, успеа да се приближи до брегот на Газа од претходниот брод „Мадлијн“, што беше запрен од Израел во јуни, а денеска беше само на 105 наутички милји (194 км) од брегот на палестинската територија, соопштија организаторите. На бродот има 19 активисти од различни националности, вклучувајќи двајца пратеници од француската радикална левичарска партија „Бунтовничка ...
Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА ниту синоќа не предложија членови на изборната комисија за тајно гласање, туку го обвинија претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, за узурпирање на седницата и погазување на Уставот и одлуките на Уставниот суд на Косово. Како и претходно, од 1 мај до синоќа Дехари ги ...
Околу три четвртини од работниците во Германија, доколку би можеле сами да го изберат своето работно време, би работеле максимум осум часа на ден, покажаа резултатите од анкетата. Околу 26 проценти од испитаниците во анкета спроведена од Германската конфедерација на синдикати (DGB) рекле дека би претпочитале да работат помеѓу осум и десет часа на ден, додека 98 проценти се согласиле дека не би сакале да работат повеќе од десет часа. На ...
УХМР прогнозира дека денешниот ден ќе биде сончев и топол со температури, под 38-от степен. Според УХМР попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Во делови од ...
Десетици илјади луѓе денес танцуваа на техно ритми низ Берлин за да го прослават денот на Парадата на гордоста, една од најголемите во Европа. Парадата се одржува како дел од „Денот на улицата Кристофер“ за да се одбележат немирите во Њујорк од 1969 година – првото големо ЛГБТ+ востание против прогонот. Поворката на денешната парада помина покрај познатата Бранденбуршка порта и низ квартот Нолендорфплац, домот на геј културата во Берлин, и ...