
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Колоната на Зборот на граѓани што тргна од Теразије го премина Бранковиот мост. Колоната со секој чекор се зголемува бидејќи луѓето се приклучуваат, а возачите што се движат по спротивната лента од булеварот Михаило Пупин, кон стариот дел од градот, ги поздравуваат со труби и извици. Бранислава од собранието на граѓани на Борча и Овча вели дека неколкумина од нив се организирале со другите и тргнале од центарот на градот. „Планот е да се ...
Арапските и муслиманските држави, вклучувајќи ги Катар, Саудиска Арабија и Египет, за прв пат упатија заеднички повик до Хамас да се разоружа и да се откаже од власта во Појасот Газа, како дел од напорите за ставање крај на војната на територијата, пренесе Си Ен Ен. Арапската лига, која брои 22 члена, целата Европска унија и уште 17 земји ја поддржаа декларацијата потпишана на конференцијата на Обединетите нации, чии домаќини беа Саудиска ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија синоќа со 2:1 на гостински терен ја победи фаворизината ФСЦБ од Букурешт (некогашна Стеауа) и со тоа го направи најголемото изненадување во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони. Македонскиот првак во следното претпоследно квалификациско коло ќе игра против азербејџански Карабах, а ако успее да го мине и овој противник, тогаш ќе биде на чекор до влез во Лигата на шампионите. Ако пак, загуби од ...
На 10 август во 18 часот во Струмица, здружението Центар за истражување и анализи НОВУС, заедно со Europe House Струмица го организираат фестивалoт насловен како „Youth Festival Strumica 2025“, со бесплатен влез за сите посетители. Овој настан е отворен за сите кои сакаат добра енергија и уште подобра музика. Програмата на фестивалот ветува добра забава со настап во живо на бендовите: Fiction, PrekuRed i Divizija. Во меѓувреме, Здружението за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови економски мерки кон Индија, земја која често ја нарекува пријателска, почнувајќи од 1 август. Трамп на социјалните мрежи објави дека целата индиска стока увезена во САД ќе биде обложена со царина од 25 проценти, и најави дополнителна „казна“, но без да открие детали. За индиските царини рече дека се „меѓу највисоките во светот“ и ја обвини Владата во Њу Делхи за „најодбојни нецарински трговски ...
Од Центарот за управување со кризи информираат за состојбата со пожарите до 18:00 часот На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои: активни се 6, под контрола 2 и изгаснати 16. АКТИВНИ: 6 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки ...
„Сите системи за предупредување беа активирани веднаш, а беше организирана евакуација на луѓето од областите од кои требаше да бидат евакуирани поради цунами“, истакна Песков. „Генерално, зградите се покажаа отпорни на земјотрес. Фала му на Бога, нема жртви, па затоа технолошката подготвеност се докажа и беше на високо ниво“, нагласи тој. Земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен ...
Ова денеска го соопшти министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес. „Го довршуваме медицинското опремување на авионот А-400 кој ќе полета за Аман, од каде ќе ги преземеме болните деца и нивните семејства од Газа. Потоа тие ќе бидат хоспитализирани и лекувани во шпански болници,“ изјави Роблес пред новинарите. Авионот требаше да полета за Аман во текот на денот. Ова не е првпат Шпанија да прими болни палестински деца од Газа. Таа е меѓу ...
Вулканот Клјучевска Сопка на Русија на полуостровот Камчатка започна да еруптира откако силниот земјотрес го погоди Тихиот Океан во средата, објави геолошкиот надзор, пренесува Ројтерс. Во изјавата објавена на Телеграм, геофизичката служба на Руската академија на науките рече: „Течење на црвена, жешка лава е забележано на западниот наклон. Над вулканот има силен сјај, експлозии”. Клјучевска Сопка е еден од највисоките вулкани во светот, а се ...
Автопатот ШТАЈЕРСКА (Марибор – Љубљана) е целосно затворен во правец кон Љубљана, пред одморалиштето Тепање, поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а едно лице е повредено. Сите се странски државјани. Според првичните полициски информации, возачот на комбе удрил во камион што стоел во конвој, јавува 24ur.com . Поради несреќата, сообраќаен метеж е создаден и во правец на Марибор, затворени се и лентите за возење и лентите за ...
Под слоганот „Светот во страници“, на платото пред Народниот театар во Битола свечено беше отворен Саемот на книги, како дел од културната манифестација Битфест 2025. Љубителите на книгата ќе можат да уживаат во богат избор на литературни наслови до 1 август, кога саемот ќе биде отворен за посетители. Со свои штандови се претставуваат седум издавачки куќи и институции: „Бата прес“, „Антолог“, „Прозарт медиа“, „Топер“, „Матица македонска“, „Збор“ ...
Денес, најголемиот дел од земјата ќе биде под влијание на облачно и дождливо време, со локални интензивни врнежи кои повеќе наликуваат на есен отколку на лето. Во текот на следните денови се очекува постепена стабилизација на времето и раст на температурите. Почетокот на август ќе донесе повеќе сонце и пријатна летна атмосфера, без претходните екстреми – дневните температури ќе се движат меѓу 30 и 34°C. Од 4 до 7 август, метеоролозите ...
Маркетингот крие вистинскиот состав „Овие производи изгледаат здраво на прв поглед, но честопати се полни со додаден шеќер, рафинирани масла и празни калории за клучен оброк како појадокот“, предупредуваат нутриционистите за Daily Express. Еден од најчестите примери е – гранола. Иако често се промовира како здрав појадок, многу брендови на гранола содржат големи количини шеќер и маснотии. Само една порција од 85 грама може да има и над 400 ...
Во текот на денот се отвори регистрацијата за 2.000 квалификувани професионалци во области како што се угостителство, кулинарство и инженерство, кои ќе одат во Катар во рамките на новата програма. Кандидатите од 34-те провинции во Авганистан треба да ги достават своите работни искуства и квалификации пред да се процени дали исполнуваат услови. Таквата одлука е донесена по присилното враќање на најмалку милион Авганистанци од соседните земји, ...
Помошта што Европската комисија му ја дава на Киев е условена од спроведувањето на одредени реформи поврзани со почитувањето на владеењето на правото. Меѓу различните пакети помош, планиран е пакет од 4,5 милијарди евра, во замена за спроведување 16 реформи. Сепак, според ЕК, Киев заостанувал во спроведувањето на три реформи, што довело до замрзнување од приближно 1,5 милијарди евра на крајот на јуни. Мерката за замрзнување се уште треба да биде ...
Стармер итно ги повика денеска своите министри на состанок за да разговараат за план за траен мир во Газа, што би можело да доведе до признавање. Стармер разговараше за Газа со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата, а вчера му ги пренесе на американскиот претседател Доналд Трамп на состанок во Шкотска плановите на кои работи со европски претставници за воспоставување траен мир на територијата, ...
Компанијата ТЕПКО изјави дека ќе ѝ бидат потребни 12 до 15 години подготовка за отстранување на растопените остатоци од гориво во Реакторот 3. Овие подготовки вклучуваат намалување на нивото на зрачење и изградба на објекти. По испраќањето роботи за земање нови примероци, експертите ќе го одредат методот за отстранување на растопеното гориво. Најмалку 880 тони растопено нуклеарно гориво се измешани со скршени делови од градбата и опремата во ...
Најмалку 22 лица се убиени, а 85 повредени во масовни руски напади низ Украина изминатата ноќ, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, само неколку часа по коментарот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој најави дека рокот за постигнување прекин на огнот ќе биде „скратен на 10-12 дена“. Нападите ја погодија 73 градови и села низ земјата, вклучувајќи и болница во градот Камијанске, во регионот Днипро, каде што ...
Студентите кои го блокираа Државниот универзитет во Нови Пазар, кратко по 4 часот утрово објавија дека полицијата, придружувана од насилници, упаднала во просториите на институцијата. Како што може да се види на снимката, врз студентите била употребена сила и тие биле исфрлени од факултетот. Студентите напишаа на социјалните мрежи дека во текот на ноќта проректорот Рафет Алиќ упаднал во факултетот со непознати лица и ги избркал надвор. „Рафет ...
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека властите привеле 32 лица осомничени за соработка со Русија со цел саботажа, објави полската новинска агенција ПАП. Групата вклучува Полјаци, Руси, Украинци и Белоруси, објави ПАП, како и 27-годишен Колумбиец кој е обвинет за два палежи во Полска минатата година по наредба на Русија. Едно лице е осудено, додека другите се во притвор и чекаат судење. Полската агенција за внатрешна безбедност денес ...
Светската програма за храна при Обединетите нации (WFP) соопшти денеска дека во Појасот Газа влегува само околу 50% од хуманитарната помош што се бара, и покрај најавите за секојдневни хуманитарни паузи во борбите. „Откако во неделата започнаа хуманитарните паузи, во Газа влегува отприлика половина од помошта што ја бараме“, изјави Рос Смит, претставник на WFP. Според проценките на WFP, речиси 470.000 луѓе се наоѓаат во услови слични на глад, ...
Едно дете е меѓу четирите лица кои се удавија кога брод се преврте во бура во делтата на Дунав во Романија, соопштија денес поморските власти. Бродот превезувал 14 лица кога инцидентот се случил во понеделник на огранокот Сулина на Дунав, во округот Тулча, во близина на Црното Море. Романската поморска администрација соопшти дека тоа се случило во неповолни временски услови, со силни ветрови и бранови високи до два метра. Десет преживеани се ...
На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 15 пожари на отворен простор, јавуваат од Центарот за управување со кризи. Активни се 3, под контрола 5, а згаснати 7 пожари. Актицни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација). Општина Прилеп: с. Бешиште, место викано Бешишки Рид – со краци према с. Градешница ...
„Вистината е: Ние сме на пресвртна точка“, рече Гутереш на отворање на конференција организирана од Саудиска Арабија и Франција за мирот на Блискиот Исток. „Решение со две држави е подалеку од кога било досега“, додаде тој, осврнувајќи се на решението кое би овозможило Израел да коегзистира заедно со палестинска држава. Шефот на ОН верува дека конфликтот би бил решлив доколку постои политичка волја и храбро лидерство, што според него не е ...
„Германската економија ќе претрпи значителна штета од овие царини“, изјави Мерц по состанокот на Кабинетот за безбедност во Берлин. Сепак, рече тој, ефектите нема да бидат ограничени само на Германија и Европа. „Ќе ги видиме последиците од оваа трговска политика и во Америка“, додаде тој. Ќе има не само повисока инфлација, туку и целосен прекин на трансатлантската трговија, додаде германскиот канцелар, пренесе ДПА. – Овие царини, според моето ...
„Тажен е денот кога сојуз на слободни народи, здружени за да ги потврдат своите заеднички вредности и да ги бранат своите заеднички интереси, прифаќа потчинување“, напиша Бајру на X. Со договорот се воведуваат царини од 15 проценти на речиси целиот европски извоз во САД, вклучувајќи автомобили, што е приближно трипати повеќе од моменталната царинска стапка од 4,8 отсто, но се избегнува заканата од казнени царини од 30 проценти кои Трамп ...
Во одговорот на Амбасадата за коха.нет се наведува дека „оваа континуирана блокада го забавува напредокот кон идните аспирации на Косово и го загрозува интегритетот на институциите што народот на Косово макотрпно ги создаде“. -Ги повикуваме политичките лидери сериозно да ги сфатат своите одговорности и да соработуваат за да постигнат договор за конституирање на Собранието, што вклучува избор на претседател и потпретседател, се вели во одговорот. ...
Помошта вклучува хеликоптер за гаснење пожари од Чешка и тим од 50 словенечки пожарникари со специјализирана опрема, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Предмалку добивме понуда за помош со еден голем хеликоптер од страна на Република Чешка, истата веднаш ја прифативме. Хеликоптерот утре наутро ќе полета и во текот на утрешниот ден ќе биде на скопскиот аеродром, а веднаш потоа ќе биде упатен онаму каде ...
Демонстрантите извикуваа „Слобода за Палестина“ и имаа плакати со пораки „Стоп за геноцидот“; „Слобода за Газа“ и слики од деца од Газа, изразувајќи го нивното несогласување за политиката на Израел. Според медиумите од островот, во крузерот имало околу 650 туристи од Израел, а со оглед на тоа што протестот беше претходно најавен, зголемени биле безбедносните мерки и присуството на полицијата. Мали тензии имаше кога демонстрантите се обиделе да ...
Оваа изјава Трамп ја даде за време на прес-конференција во Шкотска, каде престојува на четиридневна неформална летна посета. До него седеше британскиот премиер, Сир Киер Стармер, кој се вмеша кога Трамп го осуди Кан, изјавувајќи: „Тој всушност ми е пријател.“ Сепак, Трамп остана на својот став и додаде: „Мислам дека тој направи ужасна работа.“ Канцеларијата на градоначалникот е контактирана за коментар. Изјавите на Трамп предизвикаа бурни ...