
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Екстремната жештина во Португалија минатата недела уби 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години. Владата на Португалија прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што почнува денеска и се очекува да ја погоди земјата до 7 август. ...
Независните граѓански иницијативи од Скопје формираат партии со цел учество на локалните избори кое им беше оневозможено. „Зелен Хуман Град“ кои настапуваат независно на овие локални избори, но и „Шанса за Центар“ кои формираат партија заедно со „Независни за Карпош“ и „Зелените од Гази Баба“ го почнаа процесот на собирање 1000 потписи за основање на политичка партија. Овие граѓански иницијативи ги повикуваат граѓаните кои сакаат да дадат ...
Градот Скопје од денеска ќе почне со терестричната дезинсекција против комарци, која ќе трае до четврток. Градските власти информираат дека прскањето ќе се реализира од 22 до 3 часот наутро, а доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, активноста ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Градот Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за ...
На граничните премини Табановце и Богородица, утринава се чека околу половина час, информира Авто мото сојузот на Македонија. „На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.“ Густината на сообраќајот на патните правци вон урбаните зони е зголемена. Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои, по суви коловози. АМСМ известува дека од денес до 16 септември 2025 година, на трасата ...
Четири големи пожари, во кои гори шума се активни во моментот, информира Ценарот за управување со кризи. До утрово, од вкупно 23 пожари, 17 биле изгаснати, два се под контрола, а четири се уште се активни. Во Општината Чашка над селото Богомила гори мешана шума, во Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане, нискостеблеста шума, во Студеничани има шумски пожар во планина, а во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница пожар зафатил деградирана ...
Бројот на загинати мигранти од Африка при бродоломот кај брегот на Јемен денеска се искачи на најмалку 68 лица, а 74 се сè уште исчезнати, соопшти Меѓународната организација за миграции (IOM). Шефот на мисијата на IOM во Јемен, Абдусатор Есоев, изјави за агенцијата AP дека на бродот во моментот на несреќата имало 154 мигранти од Етиопија, од кои само 12 преживеале. Бродот се превртел во близина на јеменската провинција Абјан. Телата на 54 ...
Голем пожар избувна во складиште за нафта близу Сочи откако беше нападнато од украински дрон, во близина на Црното Море. Станува збор за еден од нападите кои Украина ги започна викендов, а се насочени кон јужниот дел на Русија кон градовите Рјазан, Пенса и Воронеж. Повеќе од 120 пожарникари се бореа за запирање на новиот пожар во Сочи, додека двете страни негираат дека ги таргетираат цивилите во војната меѓу двете држави. Киев тврди дека ...
На местото каде беше Грета Тунберг беа истакнати транспаренти со пораки: „Стоиме против геноцидот во Газа“, „Солидарност со народот на Палестина“ и „Со жртвите, не со злосторниците“. Грета неодамна беше депортирана од Израел, откако се обиде да достави хуманитарна помош во Газа. Таа тогаш порача дека еколошката борба е нераскинливо поврзана со борбата против неправдата, авторитаризмот и „смртоносниот фашизам“. Посетата на Сараево е дел од ...
Во Манчестер, демонстранти кои се залагаат за поддршка на мигрантите, заедно со групи против расизам, се судрија со учесници на маршот организиран од крајнодесничарската партија „Велика Британија на прво место“ (Britain First). Судирите на почетокот од протестот биле кратки, а полицијата брзо интервенирала и ги раздвојувала групите. Слична ситуација се случила и во Лондон, каде што контрапротести биле организирани околу хотелот Barbican ...
Очевидци велат дека седум лица починале на самото место, додека шестмина подлегнале на повредите подоцна. Меѓу загинатите имало и будистички монах, како и татко и син кои поминувале со мотоцикл. Портпарол на Националноослободителната војска Таанг, која го контролира регионот Могок, го потврди бројот на загинати и додаде дека уште 14 лица се повредени во нападот. Засега нема официјална реакција од страна на воената хунта. Граѓанската војна во ...
„Следната недела ќе биде исклучително тешка,“ изјави министерката за внатрешни работи Мариа Лусиа Амарал, додавајќи дека сите надлежни служби се мобилизирани. Веќе неколку дена Португалија и соседна Шпанија се соочуваат со шумски пожари. Според податоци на Агенцијата за цивилна заштита, стотици пожарникари сè уште се борат со активни пожари низ земјата. Состојбата на подготвеност ќе трае од полноќ меѓу недела и понеделник до крајот на четврток, ...
Мрежата за заштита од дискриминација преку јавно соопштение реагира на начинот на кој се води процесот за избор на нов Народен правобранител. „Наместо оваа можност да се искористи за воспоставување доверлив и инклузивен изборен процес, сведочиме на продолжување на затворени и политички мотивирани практики. Дополнително загрижува фактот што кандидатот е предложен од координатор на пратеничка група во која членува и политичката партија со која ...
Словенија и Хрватска попладево беа зафатени од силно невреме со појава на пијавици и крупен град. „Бидете подготвени за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром. Можни се штети на имотот и дрвјата“, предупреди претходно Хидрометеоролошкиот завод. „Сателитските снимки откриваат области со многу грмотевици. Бурите во северниот дел на Јадранското Море се движат кон југ и исток, а од Словенија ќе се движат кон ...
Според извештајот на Кинеското здружение за сајбер безбедност, Владата на САД, преку земји како што се Германија, Јужна Кореја, Сингапур и Холандија, спровела два сајбер напада врз Кина. Исто така е откриено дека тајни заканувачки групи кои делуваат на државно ниво извршиле повеќе од 600 напади во текот на 2024 година врз значајни кинески институции, насочени кон клучната информатичка инфраструктура. Портпаролот на кинеското Министерство за ...
Големи сообраќајни гужви се забележуваат на граничниот премин Блаце, каде што последниве часови за излез од Македонија кон Косово се чека и по неколку часа. Стотици возила се заглавени во колона долга 12 километри. Од македонска страна, сообраќајот кон преминот е нерегулиран – нема присуство на сообраќајна полиција, ниту јасна сигнализација или координација на протокот. Повеќе колони возила се спојуваат во една лента при влез во граничната зона, ...
Поранешниот порно актер и активист за ЛГБТ+ права, Хуан Карлос Флориан, ќе биде новиот министер за еднаквост во Колумбија, потврди владин извор за агенцијата AFP. Флориан, кој во минатото бил сексуален работник и продуцент на хомосексуална еротска содржина, ќе ја предводи институцијата задолжена за обезбедување пристап до социјални програми за ранливите групи во земјата. Веќе има искуство во државната управа, како и соработка со неколку ...
Вулканот Кључевској на рускиот полуостров Камчатка денес исфрли пепел на височина до девет километри, соопшти Камчатскиот огранок на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науки. Претходно беше објавено дека во моментов пет вулкани на Камчатка се активни: Кључевској, Шивелуч, Каримски, Безимени и Камбални, пренесе Интерфакс. Руските власти препорачаа на локалното население и посетителите на регионот да се воздржат од патувања и ...
Германскиот министер за надворешни работи ја нарече состојбата во Појасот Газа „неподнослива“, вети дополнителна хуманитарна помош од пет милиони евра и ја критикуваше израелската политика, предупредувајќи дека таа може да доведе до уште поголема дипломатска изолација на земјата. „Клучно ќе биде колку брзо ќе се подобри состојбата во Газа“, изјави Јохан Вадепфул за германската телевизија ARD. „Состојбата мора суштински да се подобри за луѓето во ...
„Критичарите на Кремљ го исмејуваат како неодговорен, непредвидлив и опасен, иако некои западни дипломати тврдат дека неговите изјави го одразуваат размислувањето на високите лица кои донесуваат одлуки.“ Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека наредил распоредување на две нуклеарни подморници во региони во близина на Русија како одговор на заканите од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. „Наредив две нуклеарни ...
Официјален претставник на ОН во петокот предупреди на зголемениот број на смртни случаи и повредени меѓу цивилите во Појасот Газа кои умираат додека се обидуваат да обезбедат основни резерви на храна. Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), заменик-портпаролот Фархан Хак им рече на новинарите дека голем број луѓе наводно сè уште се убиваат и повредуваат додека бараат храна. „Според нашите колеги за човекови ...
Властите во Германија власти денеска соопштија дека ќе испорачаат два системи „Патриот“ на Украина откако постигнаа договор со САД дека Берлин ќе биде првиот што ќе ги добие најновите системи за возврат. -Благодарение на посветеноста на САД, Германија првично може да ја поддржи Украина со лансери, а потоа и со дополнителни компоненти на системот „Патриот“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Германската војска ќе ги испорача ...
Железото е есенцијален минерал кој игра клучна улога во транспортот на кислород низ целото тело. Неговиот недостаток може да доведе до анемија, замор, вртоглавица и лоша концентрација. Затоа е важно редовно да вклучувате храна која е природен извор на железо во вашата исхрана. Еве 9 намирници кои се богати со железо и препораки за тоа како да ги вклучите во вашето дневно мени: Како да се користи: Идеално е да се јаде варен, печен или динстан со ...
Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, две недели откако прогласи двајца израелски министри за персона нон грата, објавија словенечките медиуми повикувајќи се на владино соопштение во Љубљана. Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по состанокот на словенечката влада. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презела таков чекор. Словенија ја призна палестинската држава во јуни минатата година и ...
Летните горештини ќе бидат „на пауза“ во следните неколку дена, со умерени дневни температури и посвежи ноќи, особено на почетокот од август. Првите пет до седум дена од месецот нема да наликуваат на вообичаените високи температури за ова време од годината. Сепак, климатолошкото лето во Македонија сè уште не е готово со топлотните бранови. Според метеоролозите, нови топли периоди со температури кои ќе надминат 40 степени и тропски ноќи се ...
Од соседните држави, Хрватска и Словенија исто така ќе имаат царина од 15%, додека Србија ќе се соочи со повисока царина од 35%, Босна и Херцеговина со 30%, а Црна Гора ќе има најниска стапка од 10%. Првичната најавена царина за македонските производи беше 33%, а новата одлука која стапува на сила од 7 август им дава повеќе време на компаниите да се прилагодат на новите услови. Трамп во април годинава, првично објави царинска стапка за ...
Бројот на жртви е ревидиран откако „спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински во Киев, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете, соопшти Министерството во порака на Телеграм. Ноќта од среда кон четврток, Русија започна масовен комбиниран напад врз украинската престолнина со ракети и дронови. Поради бројот на жртви, во Киев за денеска е прогласен ден на жалост, објавија украинските медиуми. ...
Од присутните 56 советници, 44 гласаа „за“, без ниту еден глас „против“ или воздржан. Советниците од опозицијата ја напуштија салата пред самото гласање. Градоначалникот Миќин истакна дека има морална и човечка обврска да обезбеди трагичниот настан никогаш да не биде заборавен, и дека трајното обележување на местото на несреќата ќе покаже дека жртвите остануваат во колективната меморија на целата заедница. „Овој споменик ќе биде дел од ...
„Незаборавен момент за нашата држава – да ѝ ја доделиме косовската државјанска припадност на една од најголемите културни и уметнички амбасадори на Косово, Дуа Липа“, изјави Османи. „Дуа и Косово секогаш биле неразделни. Таа е силен глас на глобалната сцена и инспирација за милиони луѓе ширум светот.“ Со ова признание, Косово ја наградува нејзината посветеност кон земјата, младите, културата и уметноста. Дуа Липа, која преку фестивалот Sunny ...
„Русија и Украина мора да се согласат на прекин на огнот и траен мир. Време е за договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. САД се подготвени да спроведат дополнителни мерки за да се обезбеди мир“, изјави Џон Кели, висок американски дипломат, пред 15-члениот совет. Во вторникот, Трамп рече дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки против Русија „за 10 дена од денеска“ ако Москва не ...
– Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, рече тој. Одговарајќи на новинарски прашања, тој појасни дека блек – хокот и силите од Словенија ќе останат овде најмалку седум дена. – Доколку состојбата и понатаму се смирува и е мирна, тие ќе се повлечат по седум дена. Доколку дојде до повторно разгорување на некои сериозни пожари, доколку ...