Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Европската комисија предложи отворање преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, РС Македонија и Србија за укинување на роаминг-надоместоците. Како што беше соопштено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата на ЕУ за роаминг, нема да има дополнителни надоместоци за повици, СМС-пораки и користење мобилни податоци при патување во земјите на Европската унија. Тоа ќе значи поврзаност по ...
По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од поголем јавен интерес. Судот не поведе постапка за оценување на одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на исплата на пензиите во земјата. Подносители на иницијативите се Игорчо Точев, Љубомир Сандевски, Темелко Ристески и Кире Батев. ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ја посети Централната лабораторија при Министерството, каде најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Тој нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје. Целта е да се обезбедат стабилни ...
Пристапувањето кон Европската унија е строго дефинирано во важечките договори и тие не предвидуваат можност за членство без право на глас или без право на вето. Ова го изјави амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас. Тој појасни дека секоја промена на овие правила бара едногласност од сите држави членки, што во моментов не постои, јавува БГНЕС. „Процесот на пристапување кон ЕУ е утврден во договорите на Европската унија. Во нив ...
Во Скопје, Битола и Струмица ќе се одржат презентации за можностите за стипендирање во бугарските високообразовни установи за учебната 2026–2027 година, согласно Одлука бр. 103/1993 на бугарската влада, за образовна дејност меѓу Бугарите во странство и Одлука бр. 228/1997 на бугарската влада за прием на државјани на Република Северна Македонија како студенти во државните високообразовни установи на Република Бугарија. Како што информира ...
Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, што избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Професорката и придружна вокалистка, Ана Костадиновска, сведочеше дека пожарот почнал додека ја изведувале песната „Што сака нека биде“, кога на рефренот се вклучиле прскалките. Рече дека тоа не било неочекувано, бидејќи, како што ...
Бугарија е на прагот да заврши клучни етапи од изградбата на Вертикалниот гасен коридор, а до крајот на 2026 година во употреба ќе бидат пуштени два од планираните проекти. Коридорот ја поврзува гасната инфраструктура од југ кон север и овозможува транспорт на течен природен гас, вклучително и од САД, од Грција кон Украина и земјите од Централна и Источна Европа, изјави министерот за енергетика Трајчо Трајков на состанок во Вашингтон, ...
Еден од наjпознатите фолклорни состави во Бугарија – ансамблот „Пирин“ ќе настапи пред публиката во Гоце Делчев со својот спектакл „Сонце да огрее“. Концертот најавува голема кореографија, богати носии и виртуозни изведби на народен хор и оркестар, јавува Пиринско. Програмата е замислена како патување низ ритмите и мелодиите на Пиринскиот крај, комбинирајќи класични изведби од репертоарот на ансамблот со нови постановки. Настанот е дел од ...
Пожар избувна денеска во 12.30 часот во атарот помеѓу селата Вељуса и Ангелци во Струмица, кој поради силниот ветер се ширел брзо. Од Територијалната противпожарна единица Струмица соопштија дека била зафатена поголема површина од сува трева и трски. „ТППЕ Струмица интервенираше со две ПП возила и шест пожарникари-спасители. Пожарот е целосно изгаснат околу 15.00 часот со што е спречено негово ширење и предизвикување поголема материјална ...
Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ), ќе поддржи три нови културни иницијативи во 2026 година насочени кон зачувување на бугарската културна меморија и вклучување на бугарските заедници во странство, јавува БТА. ИАБЧ ќе биде коорганизатор на Собирот на преселниците од Северна Добруџа во селото Дабовик, кој во 2026 година одбележува 15 години. Разгледано е учество на Бугари од странство во Националниот конкурс за млад изведувач ...
Во Собранието се одржа настан на тема „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Зета – организација за попреченост и правда, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, Порака – Неготино и Еко – Живот – Кавадарци. Настанот имаше за цел отворање институционален дијалог за ...
Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по тужбата од поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев поднесена против него и против Жан Митрев. „Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон. Јас стојам ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за, како што велат, судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство, по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје со која е одбиена жалбата на ИРЛ. Во овој момент, велат од таму, според јавно достапните информации, одлуката на жалбата на ИРЛ е објавена, но образложението сè уште не е јавно ...
Механизмот EastInvest („Инвестиции на Исток“) ќе обезбеди најмалку 28 милијарди евра приватни и јавни инвестиции во региони во Бугарија и уште осум држави од источното крило на ЕУ, кои граничат со Русија, Белорусија и Украина, соопшти портпаролот на Европската комисија Мачеј Берестецки, пренесува БНР. Тој прецизираше дека средствата не се од Комисијата. Иницијативата ќе биде објавена од ЕК утре. Иницијативата се спроведува во соработка со ...
Европската комисија објави 13 нови објекти што го добиваат Знакот за европско наследство за 2025 година како признание за нивната клучна улога во историјата и културата на Европа, јавува БГНЕС. Бугарија е претставена со два објекта — праисторискиот комплекс Провадија и проектот „Места на мирот“ – европска мрежа од објекти во Бугарија (Кајнарџа), Португалија, Шпанија, Франција, Унгарија, Словачка и Хрватска, каде меѓу 13. и 19. век биле ...
Со изложба и концерт бугарската заедница во аргентинскиот град Комодоро Ривадавија на 24 февруари го пречека научноистражувачкиот брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (НИК 421), кој се враќа од бугарската научна база на островот Ливингстон на Антарктик, јавува БНР. Претставници на бугарската заедница, на бугарското друштво „Кирил и Методиј“ во Комодоро Ривадавија и локалните власти свечено го пречекаа екипажот и научниците од НИК 421, кој се ...
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна ...
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година. Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина ...
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед. „Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните ...
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми. Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Извршен е ...
Сгушен во срцето на Рила, туристичкиот комплекс „Маљовица“ одамна е едно од најавтентичните места за зимски одмор во Бугарија, пишува бугарскиот дневен весник 24 часа. Без бучавата на големите ски-центри, но со величествена природа, кристален воздух и вистинско чувство за планина, тој привлекува и страствени скијачи и луѓе кои едноставно сакаат да побегнат од градот. Од 8 март цените во ски-зоната се намалуваат, што ја прави активната почивка ...
Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Денес, како што е соопштено, беше извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на денешниот настан по повод унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост, во организација на интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, што се одржа во Собранието. – Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за социјална политика, демографија и млади врз основа на „Меморандум за соработка“ се вклучени ...
„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на судскиот Совет, со коешто се воспоставуваат реални ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Тошковски потенцираше дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во ...
Во интервју за Јутуб-каналот „Доверливо“ со Насер Селмани, професорот Оливер Андонов оценува дека поради недемократско водење и слаби резултати, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се избира директно од членството. Тој предвидува пад на Владата на Мицкоски поради влошениот стандард на граѓаните и бара референдум за внесување на Бугарите во Уставот, со цел деблокада на евроинтеграциите. Андонов се осврнува и на односите на македонските политичари ...
Евровизија, замислена како забавен спектакл, повторно фрла долги политички сенки, пишува германскиот „Франкфуртер Рундшау“ по повод „бескрајните конкурси на кои златни гласови пеат“ за да бидат избрани за финалето во Виена во мај. Според белградскиот дописник на изданието Томас Розер, тензии предизвикала една од фаворитките пред првото српско полуфинале — пејачката Зејна Муркиќ со песната „Југославија“, јавува БГНЕС. На почетокот на месецот ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека украинските преговарачи утре ќе се сретнат со американската делегација, пренесува Sky News. Според него, тимот предводен од главниот преговарач Рустем Умеров ќе се сретне со специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, неговиот зет Џаред Кушнер и други американски претставници. Темите на дискусија ќе бидат „пакетот за просперитет“ и економската соработка. Зеленски додаде и ...
Лора Врбанова од Бургас и Константин Праматаров од Варна на 2 март заминуваат во Берлин како учесници во Меѓународната парламентарна стипендија (IPS) на Германскиот Бундестаг, јавува БНР. Програмата им овозможува неколкумесечен престој и практична работа во тимовите на германски пратеници, учество во семинари и директно запознавање со законодавниот процес. Во неа учествуваат млади високообразовани лица од повеќе од 40 држави. Константин ...
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе присуствува на 68-та церемонија „Спортист на годината“. Настанот традиционално ги одликува најзаслужните бугарски спортисти, екипи и тренери за нивните постигнувања во изминатата година. Претседателката ќе упати поздравно обраќање до атлетите и ќе ја врачи големата награда „Спортист на годината 2025“. Претседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе присуствува на 68-та церемонија „Спортист на ...