Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави: „Ние пред некој ден имавме со новинарите посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево-Охрид да биде завршена некаде, еве најдоцна да ...
Во Бугарски културно-информативен центар во Скопје на 14 мај беше одбележан Денот на бугарската просвета, култура и словенската писменост – 24 Мај, со патувачката изложба „Заедно по патот на Кирил и Методиј“, арт-инсталацијата „За буквите“ и програма подготвена од учениците од неделното училиште „Здравеј“, јавува БТА. Инсталацијата „За буквите“, создадена од „Духовно огледало“, содржи 32 чадори со букви од кирилицата и глаголицата и нивното ...
Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ. ...
Секојдневните сведоштва за булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови се јасен сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не презема соодветни активности. Ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, кој обвини дека во образовниот систем недостасуваат стратегија и ...
На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со ...
Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците во Собранието за да ги дооформат предлозите за измени на Законот за основно образование, со кои се предвидува казна за родителите на децата кои се насилни во училиште, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа потврди дека одлуката е веќе донесена и дека овие измени ќе бидат направени во собраниска процедура. Според најавените измени, останува предлогот казната ...
Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.П. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 ...
Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која годинава се одржа во Кишињев, Република Молдавија. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата. Во услови на значајни геополитички предизвици, засилени притисоци врз мултилатерализмот и ...
Општина Кичево се гради и развива, а дадените ветувања пред кичевчани се исполнуваат, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој изрази уверување дека сите отпочнати проекти од прилично амбициозната агенда ќе бидат завршени. Премиерот упати благодарност до градоначалникот на Кичево за неговата голема и забележлива амбициозност, како и до администрацијата која ги подготвува проектите и советниците во Советот кои ја поддржуваат ...
На 7 јуни Софиската филхармонија за првпат ќе настапи во Големата сала на Моцартеум — една од најпрестижните концертни сцени во Европа. Под диригентство на Најден Тодоров, оркестарот ќе изведе програма со дела од Карл Филип Емануел Бах и Волфганг Амадеус Моцарт, меѓу кои Концерт за флејта, Концерт за виолина бр. 1 и Симфонија бр. 40 во г-мол, јавува БГНЕС. Основана во 1841 година, салата на Моцартеум е позната по својата исклучителна акустика ...
Регионот на Разлог бил вклучен во подготовките за Априлското востание, изјави д-р Георги Тренчев од Македонскиот научен институт на отворањето на Националната научна конференција „Априлското востание и националноослободителните борби на Бугарите во Македонија“, јавува БТА. Тој истакна дека иако главниот акцент при одбележувањето на 150-годишнината е ставен на местата каде се воделе најжестоките борби, подготовките за востанието се одвивале и ...
Бугарско-германските односи во периодот од 2009 до 2026 година прераснаа од класичен политички дијалог во стратешко и индустриско партнерство во рамките на ЕУ и НАТО, пишува во материјал на бугарската информативна агенција БГНЕС. Германија останува најголем трговски партнер и еден од најважните инвеститори во Бугарија, со трговска размена што во последните години надминува 12 милијарди евра годишно. Германските инвестиции во бугарската ...
Додека Мицкоски е премиер, нема да мрднеме од точката на која сме сега и нема да се движиме кон Европската Унија. Тоа е антимакедонска политика, затоа што местото на Македонија е во Европската Унија, во заедницата на цивилизираните современи нации. Може да очекувате неколку последователни формални покани од Мицкоски и нашите министри до Радев и министрите од неговата влада да дојдат во посета на Македонија. Мицкоски ќе манипулира во насока: ...
Бугарската поп ѕвезда DARA се пласираше во големото финале на музичкиот натпревар Евровизија во Виена. Таа настапи на сцената во второто полуфинале под реден број 1, за да ја изведе својата песна „Bangaranga“. Во финалето по втората полуфинална вечер покрај Бугарија, се пласираа: Украина, Албанија, Романија Кипар, Норвешка, Данска, Малта, Чешка, Австралија. Големото финале е на 16 мај (сабота) со почеток од 21 часот и ќе биде емитувано на ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко ...
Во Штип беше претставен завршениот проект „Заедно за инклузивна општина“, на здружението „Хендикеп Плус“ и општина Штип, финансиран во рамки на Бугарската помош за развој, јавува БТА. Целта на проектот е обезбедување на социјални промени во општината, иницирани од лица со попреченост за потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво. Специфичните цели се насочени кон поттикнување на исполнувањето на обврските од ...
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова ја поддржа бугарската претставничка на Евровизија DARA со објава на социјалната мрежа Facebook. “Во 22 часот (21 часот, македонско време) огромната наша поддршка и енергија ќе бидат заедно со DARA на сцената на Евровизија! Веруваме во твојот успех, мило девојче! Веќе го заземаш првото место во срцето на цела Бугарија! Ќе ја освоиш и цела Европа. Ја имаш и моќната поддршка од нашите сонародници во ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова денеска одржа средби со амбасадорката на Француската Република во Бугарија, Мари Димулен, и со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Бугарија, Ирене Планк, во зградата на Министерството за надворешни работи. За време на разговорот со француската амбасадорка, двете страни разговараа за претстојното финализирање на новата патна карта на бугарско-француското стратешко ...
Актуелната власт нема кредибилитет и граѓаните се соочуваат со застој и манипулации во однос на европскиот процес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. „Реформите се викаат Уставни измени и почеток на преговори, отворање на поглавјата. Тоа е вистинскиот пат напред. Ниту Христијан, ниту бандата нека не мачкаат очи, нека не лажат. И ако не сакаат, нека си заминат, затоа што ќе одговараат сите“, рече ...
Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот. Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, Сиљановска-Давкова истакна „канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува институциите ...
Бугарската поп ѕвезда DARA вечерва ќе го отвори второто полуфинале на музичкиот натпревар „Евровизија“ во Виена. МРТ 1 ќе емитува во живо, а директниот пренос започнува во 21.00 часот. Петмина од учесниците вечерва ќе отпаднат, со исклучок на Франција и Велика Британија, кои автоматски се пласираат во големото финале како дел од овогодишната „Голема петорка“, заедно со домаќинот Австрија. Големото финале е во сабота, повторно од 21.00 часот. ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио ја издвои Бугарија меѓу земјите од НАТО кои биле корисни за Вашингтон за време на војната со Иран. Во интервју за Fox News, тој упати критики кон Шпанија дека одбила пристап за американски авиони до базите на своја територија и го доведе во прашање значењето на Алијансата доколку сојузниците одбиваат таква поддршка во момент на конфликт, јавува БГНЕС. Рубио изјави дека отсекогаш го поддржувал НАТО, ...
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Министерството за европски прашања (МЕП) во Клубот на пратеници го одржаа третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА). Овој состанок, насловен како „Реформската агенда 2024-2027 на половина пат: преглед на напредокот до денес“, претставува клучна точка за евалуација на досегашните реформски чекори и координација помеѓу државните институции и ...
Предлог-законот за парнична постапка помина на прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија Заменик на министерот за правда, Ален Деребан образложувајќи го законското решение пред пратениците рече станува збор за еден од клучните реформски закони во областа на правосудството, кој има за цел унапредување на ефикасноста на судските постапки, зајакнување на правната сигурност и ...
Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а кој не, телефонски повик меѓу раководители на институции не е криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која побараа оставка од јавниот обвинител и обвинија за телефонски нарачки на премиерто, Христијан Мицкоски. „Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила ...
Заменик – министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес, со цел да изврши увид во спроведувањето на задолженијата поврзани со постапките за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност за старите лица. Во рамки на активностите, центрите за социјална работа имаат обврска итно и координирано да ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во ...
Четири лица се уапсени, а вкупно имало пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти МВР. На 13.05.2026 во 23:15 часот во Штип, полициски службеници од СВр штип го лишиле од слобода Р.С.(39) од Штип,. постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на неговата поранешна 35-годишна сопруга. На 13.05.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода ...
Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на РС Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори. Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на РС Македонија, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ. Тој вели дека од Владата не го откриле хонорарот и колку тоа ќе ги чини граѓаните. Според него, настап на Дејвид Гета ...