Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од функциите петтемина челнови на Судскиот совет за кои Собранието изгласа интерпелации. Тој денес при посетата на Општина Ѓорче Петров даде пошироко објаснување на изјавата дека ќе им се случи народ на членовите на Судскиот совет доколку не дадат оставки. „Јас сум постојано со народот и го слушам народот како ...

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека очекува многу добри вести за македонските граѓани, во текот на месец, април и мај. Станува збор рече тој, за еден меѓувладин договор, којшто би ги потпишале со многу моќна европска земја, којшто се мери во милијарди, а ќе биде наменет за проекти, во инфраструктурата и во здравството. „Очекувам, добри вести за македонските граѓани, во текот на месец април и мај. ...

Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН целосно го ставаат под контрола законодавниот дом и вршат атак врз демократијата во Собранието, нагласи пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција во Собранието. Спасовски посочи дека на денешната Комисија за социјална политика, демографија и млади, на пратениците од опозицијата им било оневозможено да предложат измени и ...

„Пред неколку дена објавивме дека е отворен конкурс за вработување на 300 војници во Армијата на Република Северна Македонија. Право на пријавување имаат сите заинтересирани лица на возраст од 18-25 години“, велат од ВЛЕН. „Но, во рамките на оваа објава со гордост ве известуваме дека уште еден критериум и елемент што ќе се земе предвид е правичната и соодветна застапеност. И ова прашање е решено и официјално се појавува во точката седум на ...

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и определен му е куќен притвор. СДСМ возврати на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека институции и општини раководени од владејачката партија имаат склучено над 170 договори за тендери со истата комапнија. „Министерството за образование и ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше обраќање на работилницата насловена „Локалните власти како двигатели на реформите: Имплементација и придобивки од Реформската агенда за општините“, на која што ја истакна значајната улога на локалните власти во спроведувањето на Реформската агенда 2024-2027 и Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. На работилницата присуствуваа претставници на Заедницата на единиците на локалната ...

Лидерот на Алтернативата, Зеќирија Ибрахими, во видео изјава го коментираше повикот за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ. Меѓу другото, Ибрахими истакнува дека е во корист на демократијата што во ДУИ ќе се случи што побрзо реформски процес. Доколку ДУИ сака да опстане, нагласува Ибрахими, Ахмети мора да си замине од ДУИ. „Изјавите на претседателот на ДУИ дека нема да учествува на локалните избори се поврзани единствено со фактот дека ...

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на совет се донела одлука за финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство. Како што истакна, наскоро ќе биде распишан Јавен повик на кој жртвите ќе можат да се пријават, а се гарантира и целосна дискреција на истите. -Општина Кисела Вода, ќе доделува финансиска помош на жртвите на семејно и родово базирано насилство. Борбата за ...

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје ги известува граѓаните дека од 17 март ќе биде отворено новото депо на пајак-службата на претпријатието, на новата локација до улица и мост Беласица под Железничката станица. Новото депо ќе биде посветено на поддршка на процесот на управување со паркирање, одржување и чистење на јавните површини, како и за да обезбеди поголема ефикасност во секојдневното ...

Новото депо на пајак-службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – Скопје ќе започне со работа од 17 март на нова локација до улица и мост Беласица, под Железничката станица. „Со новото депо значително го унапредуваме функционирањето на паркинг услугите и создадовме услови за поголема безбедност и ред во урбаната средина. Ова е уште еден чекор кон подобрување на инфраструктурата и услугите за нашите сограѓани”, изјави градоначалникот Горан ...

Високи дипломати на Европската унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против околу 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени. Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат на сила до 15 септември 2025 година. По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, додека три лица кои неодамна ...

„Портпаролот на СДС и претседателот на ССМ, Трендафилов очајнички продолжува да работи стриктно во интерес на опозицијата, а не на работникот. Благодарeние на СДС тој стана нелегално претседател на ССМ, молчеше додека тие беа на власт и додека граѓаните живееја со 150 денари на ден, а сега како на дугме се појавува во јавноста и ја напаѓа власта неаргументирано. Тој е единствениот синдикалец на кого му штети покачувањето на платите. Само тој и ...

ВМРО- ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието и јавноста. Ова не е само правен проблем – ова е директен судир помеѓу граѓаните кои бараат правда и малата група поранешни функционери кои очајнички се обидуваат да го зачуваат своето влијание“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Недовербата што Собранието ја изгласа мора да се почитува. Судскиот совет не смее ...

„Обвинителите и судиите избрани во Мала Речица и Бихаќка го штитат криминалот на функционерите од СДС и ДУИ и мазут мафијата која користела канцероген мазут и го труела народот поради екстра профит. Трансакциони судии и обвинители избрани во Струмица и Зајас ги штитат политичките елити и моќниците од бизнис фелата, кои преку набавка на мазут за електрани и ТЕЦ Неготино сториле криминал тежок 167 милиони. Тендер партнерите на СДС и ДУИ го труеле ...

ЕУ има за цел да започне огромен проект за градење на својата одбранбена индустрија со цел да ја одврати Русија и да ја поддржи Украина додека САД се повлекуваат од континентот, се вели во нацртот на таканаречената Бела книга за одбраната до која дојде Политико. „Обновата на европската одбрана бара огромни инвестиции во долг период“, се наведува во нацртот. Документот, подготвен од комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус Кубилиус и шефот на ...

„Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%. Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата. Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно производство, а тоа го плаќаат граѓаните. Минатата година околу 240 000 мегават часови помалку нашиот домашен систем ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина. Додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Чумакли и разговараа за билатералните односи, соработката во производството на дронови, како и за учеството на ...

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки на општините и институциите под нивна контрола, како и договорите склучени само со едни исти омилени форми, кои најчесто ги добиваат тендерите и се јавуваат како единствени понудувачи е основен сомнеж за корупција. СДСМ објави документи и факти дека една фирма, преку неколку општини и институции во последните 3 ...

Изградбата на нуклеарно оружје може да биде „план Б“ на Јужна Кореја во сè по „непредвидливо“ безбедносно опкружување, изјави во средата јужнокорејскиот министер за надворешни работи. Изјавите на министерот за надворешни работи Чо Тае-Јул укажуваат на тоа дека американскиот сојузник може да се откаже од неодамнешната заложба од времето на Бајден да не развива нуклеарно оружје, пишува USA Today. Иако самиот Чо истакна дека неговата дискусија за ...

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. „Нападот врз Пуцко Петрол, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и семејството. Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ. Никогаш не сме увезуале Мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со ...

Општина Чаир е една од трите општини на државно ниво што го добија максималниот грант од 50.000 долари од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во рамките на проектот „Зајакнување на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, поддржан од Владата на Шведска и Бирото за регионален развој. Иако во овој процес учествуваа повеќе општини, само три успеаја да го осигураат максималното финансирање, велат од Општината. ...

Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет. Во досегашното работење на сите обвинители во ова обвинителство, без исклучок, во ниту еден момент ниту од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, ниту од кој ...

Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, од Јавното комунално претпријатие Гази Баба било пријавено дека од 22.00 часот на 08.03.2025 до 07.00 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба. По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца. Се ...

„Сега сме еднакви во НАТО, но, не смееме да заборавиме дека сме сериозна земја-членка од 2008 година. И тогаш беше нашето место во НАТО. Сега седиме еден до друг, имаме право да си го кажеме нашето мислење, но секој еден од вас е заслужен што Македонија е во НАТО“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски, обраќајќи се до претставниците на Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста и на Дипломатскиот клуб – ...

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија дека во текот на операцијата биле извршени 21 претрес во Брисел, како и во Фландрија и Валонија, објави Ројтерс. Иако имињата и позициите на лицата вклучени во случајот не беа откриени, обвинителите рекоа дека истрагата е фокусирана на корупција, фалсификување документи и употреба на ...

„Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат“, вели премиерот Мицкоски. „Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката Анџела ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените инвестиции во образованието и подобра инфраструктура, изјави: „Апсолутно, образованието е наш главен фокус и наша главна цел, во моментот се градат седум училишта, уште неколку се реконструираат. Продолжуваме да инвестираме во образованието. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе ...

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Судот информира дека Уставот на Република Северна Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт. Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, додаваат во соопштението, не подлежи на начелото на поделба на власта. „Уставотворецот го ...

Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции на младите центарци за полагање на возачки испит Б-категорија. На овој повик може да се пријават сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година. Субвенцијата изнесува 10.000 денари и е наменета исклучиво за покривање на трошоците за возачкиот испит во автошколи ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка на Љупчо Коцевски посочи дека партиски луѓе не треба да има во судството. „Последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите меѓу кои е именуваното лице за коешто вие сега зборувате. Најголемиот дел би рекол 95% од ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
52%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
40%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 23ᴼ
0.0
50%
1019
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
38%
1020
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.69
27%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
74%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
54%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
48%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
42%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
38%
1020
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
2.06
41%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
10.8
47%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052