Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава. Од 05:45 часот тешките товарни возила поради врнежи од снег превентивно ќе се пренасочуваат од автопат А1 кај клучка Демир Капија до Смоквица по регионалниот патен правец (стариот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија. „Покрај првите заробени севернокорејски војници, сигурно ќе има уште. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат други“, напиша Зеленски на Икс. Зеленски претходно изјави дека Украина заробила двајца ...

Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац. Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите. Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа. Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа ...

Најпогодена држава од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа следи Србија, објави „Еуроњуз“ повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Соседните држави Албанија и Бугарија, како и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загаден воздух. Според извештаите на Европската агенција за животна средина, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало ...

До крајот на денот нè очекува облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Поради ниските температуре и северниот ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што информираат од УХМР, највисока снежна покривка измерена е во Попова Шапка со 64 сантиметри снег, Маврови Анови 50 сантиметри, Штип 30 сантиметри, Тетово 26 сантиметри, додека во Крушево 24 сантиметри. ...

Од 15:50 часот патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица е во целосен прекин и сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информира АМСМ. Активни забрани за тешки товарни возила има на: – Гостивар – Маврово-Дебар – Гостивар – Стража-Кичево – Пресека – Плетвар – Ѓавато – Струга – г.п. Ќафасан – М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос – Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба ...

Отежнати се условите за возење на Плетвар. Видеата кои ни ги испрати репортерот на „Макфакс“ од терен покажуваат дека механизацијата активно го чисти патот, а снегот не престанува да паѓа. Според последните информации од АМСМ, активни забрани за тешки товарни возила има на: – Гостивар – Маврово-Дебар – Гостивар – Стража-Кичево – Пресека – Плетвар – Ѓавато – Струга – г.п. Ќафасан – М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос – Тетово – ...

ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт. „По интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Исто така во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се ...

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општинските служби во текот на целата ноќ ги расчистуваа улиците од снегот. Во 03 по полноќ, тој на својот фејсбук профил сподели фотографии од акцијата. Механизацијата во огромен број е распоредена на сите улици на територијата на општината, а се интервенира и во делот на паднатите гранки и дрвја како последица на снежното невреме. Како што информираат од општината, активно се работи веќе ...

СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат во филмот – не сме од тука кога станувало збор за нивниот коалициски партнер ДУИ, поточно кога станувало збор за Артан Груби, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Mногу е јасно дека во СДС биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека шест лица се заглавени кај село Рајчани поради обилниот снег. „Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, велат од ЦУК. Оттаму додаваат дека е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од ...

Министерството за транспорт информира дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен. „Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови. Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани ...

Од АМСМ известуваат за активни забрани за тешки товарни возила: • Крива Паланка граничен премин Деве Баир • Гостивар-Маврово-Дебар • Гостивар-Стража-Кичево • Пресека • Плетвар • ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона • Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема) • Од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се ...

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ. „Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите. Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен. Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари ...

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на ФБ објави дека повеќе од 7 часа активно се чистат улиците во општината. Тој посочи дека поради интензитетот на врнежите од снег активностите се уште траат и ќе продолжат и во текот на денот. „Изминатите часови се изврши чистење на улици во Автокоманда, Црешево, Железара, Смилковци, Виниче, Триангла, Трубарево, Булачани, Раштак, Ченто и други населени места. Од рано утрово на терен се ...

Украински дрон погоди голема рафинерија за нафта во Нижнекамск (Татарстан), потврди шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко. Вработените беа евакуирани поради нападот, а на снимката се гледа како чад се издига од местото. A fire at the “Taneco” refinery in Tatarstan — one of Russia’s largest oil refineries, processing around 16.2 million tons of oil annually — after unknown drones visit. By the way, the ...

Општина Центар подготвено ги дочека денешните снежни врнежи, објави на ФБ, градоначалникот Горан Герасимовски. „Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и ...

Активни забрани за тешки товарни возила: – КриваПаланка граничен премин Деве Баир – Гостивар-Маврово-Дебар – Гостивар-Стража-Кичево – Пресека – Плетвар Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Голема промена на времето во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои почнувајќи од север ке преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м²). ...

Авторот и водител на македонско-бугарскиот поткаст „Коридор 8“ Георги Станков со коментар за објавата на бугарскиот политичар Костадин Костадинов на социјалната мрежа Facebook во која тој побара Бугарија да изјави територијални претензии кон Република Северна Македонија и Украина. Во чија корист е оваа изјава на бугарскиот политичар, кој себе си се определува како бугарски националист и патриот? Дали Бугарија има корист од вакви изјави? Според ...

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот, информираат од ЈОРМ. „Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше ...

ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните, кажа денеска на прес конференција Агрон Демири, член на Извршен одбор на СДСМ. „ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи. СДСМ е единствената политичка сила која вистински се залага за соживот и почитување на правата на ...

Разговарајте и комуницирајте со вашите родители за да им ја пренесете на децата нишката што ја поврзуваат личноста со семејството, околината, а со тоа и чувството за татковината. Ова го изјави долгогодишниот бугарски новинар Иван Попјорданов во првата епизода од новиот подкаст на Агенцијата БГНЕС – 1893. Со водителот Димитар Русков, гостинот разговараше за минатото исполнето со многу успеси но и разочарувања, за поврзаноста на неговото семејство ...

Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку му го дал пријател, Груби мириса на криминал и корупција, кажа денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС знаеле што прави Артан Груби, и го дозволиле неговиот криминал. Со години и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите и граѓаните алармираа и предупредуваа дека Груби ја ограбува државата, а СДС и ДУИ ...

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, соопшти вечерва Град Скопје, додавајќи дека Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните. Од Градот велат дека на овие ...

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата. Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите интерпелации, побараа политичка одговорност и оставка од вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит ...

На собраниска седница за интерпелации се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој зеде збор во врска со интерпелацијата за Иван Стоилковиќ и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија не ја поддржува интерпелацијата поднесена од страна на ДУИ. „Дозволете ми да го соопштам ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија која што нема ја да поддржи оваа интерпелација од неколку причини. Најпрвин затоа што се работи за ...

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Ова се случува откако попладнево со 61 глас „за“ беше прифатена интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути oд ДУИ. „Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа пленарна седница на која се ...

Градот Скопје од вечерва организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари. Oд тука појаснуваат дека акцијата е со цел спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината, а Градот за состојбата го обвинува градоначалникот Курто Дудуш. „Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.45
88%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
85%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
69%
1009
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
89%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2104

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62