Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Денеска Советот на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола а беше избран за член на Советот во јуни минатата година. „Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно ...

Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен. „Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот ...

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен следната недела ќе ја посети Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Сеул. Земјата е втурната во политички превирања, а нејзиниот отповикан претседател се спротивставува на апсењето. Јужна Кореја е клучен безбедносен сојузник на Вашингтон, но земјата ја потресе криза предизвикана од неуспешниот декрет за воена состојба на претседателот Јун Сук Јеол пред еден месец. ...

Општина Гостивар има предвидено доделување на 6.000 денари за секое новороденче во Гостивар. Аплицирањето се врши на веб-страницата на Општина Гостивар, каде што се бараат следниве документи: извод од матична книга на родените за бебето, лична карта на таткото и мајката, банкарска трансакција на еден од родителите и контакт број. Оваа мерка е предложена од градоначалникот на Општина Гостивар, а беше изгласана на последната седница на Советот на ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за ...

Русија регрутирала меѓу 140.000 и 180.000 затвореници за да учествуваат во војната против Украина, објави Украинската служба за надворешно разузнавање (СЗР), пренесува УНН. „Во ноември 2024 година, бројот на регрути на Руската Федерација беше меѓу 140.000 и 180.000 луѓе кои издржуваа казни за кривични дела во руските затвори за да учествуваат во руско-украинската војна“, објави СЗР на 2 јануари. „Севкупно, во 2024 година, во колониите и ...

Украинскиот лидер Володимир Зеленски призна дека дезертирањата на армијата се зголемиле во 2024 година поради зголемениот замор од војната и недостатокот на резервни сили. Извештаите за војниците кои ги напуштаат своите позиции без дозвола се почесто се појавуваат во медиумите во последните месеци, бидејќи руските сили ги интензивираа своите напади во Донбас. Во ноември, АП објави дека 100.000 украински војници биле официјално обвинети за ...

Израел и Хамас планираат да испратат преговарачи во Катар и да ги продолжат разговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. Заливската држава, заедно со САД и Египет, посредува во разговорите, бидејќи Израел и палестинската милитантна група Хамас одбиваат директно да разговараат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри испраќањето на преговарачка делегација. Хамас соопшти дека планира да испрати свои преговарачи, а ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека непредвидливоста на Доналд Трамп, кој треба да ја преземе функцијата во Белата куќа на 20 јануари, може да помогне да се стави крај на војната во Украина. „Трамп може да биде одлучувачки во оваа војна. Тој може да ни помогне да го запреме Путин. Тој е многу силен и непредвидлив“, рече Зеленски во телевизиско интервју, оценувајќи дека новоизбраниот американски претседател „навистина сака да ...

Стотици жители на Цетиње запалија свеќи за 12 жртви, меѓу кои и две деца, убиени на први јануари. Палењето свеќи за невините жртви на жителите на Цетиње беше организирано и на централниот плоштад во Подгорица, каде насобраните се запишаа во книгата на жалост. „Подгорица отсекогаш била и ќе биде до Цетиње, подеднакво не болат раните на нашето Цетиње. Нашето заедништво, солзи и молитва нека им даде сила на оние на кои им е најпотребно во овој ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради пoјава на магла има кај Неготино до 30 метри и Демир Капија до 50 метри. Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Најмалку 37 Палестинци загинаа денеска во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија палестински медицински претставници. Официјални лица соопштија дека најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во камп во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис во кои се сместени раселените семејства, објави Гардијан. Во други израелски воздушни напади денеска, најмалку 26 Палестинци беа убиени, вклучувајќи шест во седиштето на Министерството за внатрешни ...

Јавното претпријатие за државни патишта 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе. Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година има 62.662.988 поминати возила со наплатени 99,2 %. „За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот од август до декември 2024 организираше ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина се подготвува да ги обнови дипломатските односи со Сирија. „Се подготвуваме да ги обновиме дипломатските односи со Сирија и соработката во меѓународните организации“, рече Зеленски откако го слушна извештајот на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој во понеделникот ја посети Сирија. Резултатите од преговорите во Дамаск се безбедносни и економски ...

На 2 јануари, се навршуваат 190 години од свеченото отворање на Првото световно училиште во Бугарија, основано во Габрово. Овој значаен настан во историјата на бугарското образование е реализиран благодарение на Васил Априлов. Наследник на неговото дело е Априловската гимназија, јавува БНР. Раководството на училиштето најави дека годишнината ќе биде одбележана со разновидна и богата програма во текот на целата 2025 година. Посебно внимание ќе се ...

Американското Министерство за трговија денеска соопшти дека разгледува нови правила со кои би се ограничила или забранила употребата на кинески беспилотни летала во САД поради, како што наведе, заштитата на националната безбедност. Министерството наведува дека кинеските беспилотни летала можат да и обезбедат на Кина можност за далечински пристап и манипулација со овие уреди, што може да доведе до откривање на чувствителни податоци од САД. ...

Јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол, кој беше сменет од Собранието во декември 2024 година, во порака за поддршка до неговите конзервативни поддржувачи, изјави дека „ќе се бори до крај“ против „антидржавните сили“. Неговиот правен тим предупреди дека обидот за негово апсење може да предизвика реакција кај неговото обезбедување, па дури и кај граѓаните, кои би можеле да се обидат да го заштитат, пренесе АП. Неговата последна порака дојде ...

Стотици Бугари се прошетаа до Солун за да напиjaт по едно „шенгенско“ кафе и да уживаат во деликатесите со морски дарови што ги нуди грчката кујна. Оваа симболична прошетка е прва без редици и чекање на границите, коментираат Бугарите, кои во Солун уживаат во убавото кафе на брегот на Белото море, јавува БНР. Сопственици на таверни известуваат дека за денеска резервирале маси за Бугарите кои пристигнуваат на прошетка. Од друга страна, денеска ...

Комунална хигиена-Скопје и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во градот Скопје, како и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад. Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот Македонија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата Македонија и пешачките мостови во централното ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла има кај Неготино до 30 метри и Демир Капија до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

„Туро“, апликацијата преку која беа изнајмени возилата користени во нападот во Њу Орлеанс и експлозијата пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, соопшти дека соработува со властите. „Не веруваме дека изнајмувачите вклучени во нападите во Лас Вегас и Њу Орлеанс имале криминално потекло што би ги идентификувало како безбедносна закана. Нашите срца се скршени од насилството извршено во Њу Орлеанс и Лас Вегас, а нашите молитви се со жртвите и ...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 степени било во Скопје Петровец, Битола, Струмица и Тетово, -5 во Штип и Велес, -4 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп и Крива Паланка, -3 во Гевгелија, -2 во Маврови Анови и Претор, -1 во Охрид и Виница, 0 во Попова Шапка, 1 во Крушево. Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 47 сантиметри во Маврови Анови, а 44 на Попова Шапка. Времето во текот ...

Претседателката и Врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Сиљановска-Давкова во оваа прилика им ги честита новогодишните празници на ангажираните припадници на Армијата, при што изврши обиколка на тактичко техничкиот збор каде беше изложена опремата и ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во новогодишната порака истакна дека новата година ја почнуваме со надежи, очекувања и верба дека ќе биде година за паметење по добро, исполнета со радост и убави случувања. „Градиме образование на можности, во кое секое дете може да ги реализира своите потенцијали, кое го цени и вреднува придонесот на секој наставник, образование кое сплотува. Во септември почнавме со учебници за сите ученици, ...

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска го посети Гинеколошкото одделение во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар за да изрази честитка за првото бебе кое се роди во 2025 година во Гостивар. Бебето, здраво девојче со тежина од 3,5 килограми, се роди во 12:40 часот и е во добра здравствена состојба. „Денес изразувам честитка за првото бебе родено во Гостивар со еден скромен гест, ваучер во вредност од 30.000 денари. ...

„Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за овој прекрасен објект, оваа ски- стаза. Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу Кавадарци. Тој поминатата новогодишна ноќ ја оцени како мирна и безбедна. „Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до ...

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ги посети мајката и првороденото бебе на ГАК во 2025 година во Скопје. Им однесе подароци и му посака успеси на семејството. „Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша ...

Укинувањето на граничните контроли ќе ја направи Европа уште посилна и попросперитетна. Ова го напиша бугарската еврокомесарка за стартапи, истражување и иновации Екатерина Захариева на својот Фејсбук профил по повод полноправното членство на Бугарија и Романија во Шенген зоната. „Денес е историски момент за Европа: Бугарија и Романија се веќе во Шенген зоната и на копно! Да ги славиме вредностите што не обединуваат!“, напиша Захариева. И таа ја ...

18 пациенти биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје поради акутно труење од алкохол на новогодишната ноќ. Најмладиот има 14 години. Новогодишната ноќ поминала прилично мирно со помал обем на работа, оценуваат надлежните. Според Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев на клиниката биле прегледани вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири биле женски, а 14 машки. Кај женските најмладата ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.67
37%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.16
42%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.45
34%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.19
45%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.86
42%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
42%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
53%
1016
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.7
38%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.5
45%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.58
42%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
31%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.26
39%
1017
Currency

61.525

Currency

54.9881

Currency

73.1796

Currency

35.6426

Currency

39.5037

Currency

65.5444

Currency

7.63169

Currency

0.68868

Currency

0.37382

Currency

0.52117

Currency

1.41766

Currency

0.64544

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69