
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во овие моменти на голема загуба, мислите и молитвите на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ се со семејствата на загинатите, со нивните најблиски и со сите погодени од оваа катастрофа. Ова е време кога Македонија мора да биде обединета во сочувство, солидарност и ...
Со длабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што во огромен пожар животот го загубија повеќе од 50 лица и десетици други се повредени, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Во моето лично име и во име на Собранието на РСМ, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Ги повикувам надлежните власти да се ангажираат со посветеност за целосно расветлување на случајот, додека ние целосно се ...
Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош. Распределба на хоспитализираните пациенти: Детска ...
Министерот за здравство Арбен Тараври кажа дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството. „Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата – во Кочани, во Штип, во болнците тука. Сега одиме во Клиничка ...
Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо ...
Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани. „Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, роднините и пријателите на ...
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на премиерот Мицкоски му понуди помош. „Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна ...
Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. „Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите ...
Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија. „Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. Од овие причини, информациите коишто ќе бидат објавени ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изрази сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и им посака брзо закрепнување на повредените. „Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас. Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и ...
Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во кочанската дискотека која се запали. Станува збор за фотографии од млади лица, на кои има напишано и телефонски броеви. Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства ...
Според првичните сознанија од истрагата причина за пожарот во дискотеката во Кочани во која загинале најмалку 50 млади лица била несоодветната употреба на пиротехнички средства. Во дискотеката имало околу 1.500 гости, главно млади лица. Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани, потврдија од МВР за МИА. Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Се очекуваат ...
Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ...
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека според проценките на полицијата, на сите локации во Белград има околу 107.000 луѓе, од кои најголем број доаѓаат од внатрешноста. Поголеми инциденти или нарушување на јавниот ред и мир досега немало, соопшти МВР. Во моментов, студентските редари заедно со моторџиите се обидуваат да го расчистат просторот околу Собранието и да ги пренасочат демонстрантите кон Славија за да ја намалат можноста ...
Европа мора да продолжи да ги планира, на колективен и координиран начин, следните чекори за обезбедување праведен и траен мир во Украина. Заедно со нашите европски и трансатлантски партнери, Бугарија е подготвена да учествува во решението за мир и безбедност. Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков за време на видеоконференцијата на шефовите на држави и влади и претседателите на Европската комисија, Европскиот совет и НАТО продолжување ...
Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи. Од ЦУК велат дека двете лица се извлечени и се наоѓаат во возило на Итната медицинска помош. Во акцијата учестуваше и спасувачки хелихоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“, кој пристигна на брегот на езерото, подготвен за итна интервенција. Истовремено, спасувачки тим со чамец се упати кон лицата ...
Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот Центар за услуги наменет за грѓаните на Штип и околината. „Претставува исклучителна важност за нас како Министерство за дигитална трансформација што од одличната соработка со општина Штип, произлезе овој нов проект, нов Центар за услуги кој истоврмено е и меѓу првите во Македонија што го ...
Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција. „Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса, ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. Се ...
Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко Петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино. Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила на ...
Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски го обвинува ,,источниот сосед” ( Бугарија) дека се меша во внатрешните работи на неговата држава. Ветува дека нема да има уставни измени, додека ,,Бугарија не ги почитува правата на малцинствата”. Според него Софија заборава на добрососедските политики. Вели дека слушнал многу изјави, но сакал да види активности. Се колне дека нема да го свитка грбот пред никого. Зошто тогаш водачот на ДПМНЕ го ...
Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води ДПМНЕ и тоа подолг период, години наназад, велат од СДСМ. „Само со три договори склучени со општина Битола, каде градоначалник е Коњановски од ДПМНЕ, речиси 240.000 евра завршиле кај оваа компанија. Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони народни пари преку општините, ...
Студентите во блокада одлучија денешниот протест сепак да се одржи пред Собранието, но бина ќе биде поставена и кај Славија. Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада претходно најавија дека локацијата на протестот се менува и дека ќе се премести од пред зградата на Народното собрание на плоштадот Славија. „Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот ...
СДС и ДУИ додека ја водеа владата, наместо да мислат за граѓаните и нивно подобро утре, а воедно и добро на државата, тие гледале како да крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и ДУИ кои дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген. Со конкретниот тендер за мазут за ТЕЦ Неготино направиле две криминални дела, кражба на народни пари и труење на народот. Притоа, лицата кои се дел од оваа мрежа се избегани, како Васко ...
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол. Ова е победа на правдата, се вели во соопштението од оваа партија. „Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство. Само со исправни одлуки ќе го победиме системот кој мора да го смениме“. Оваа одлука, според ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение, со кое: „Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на ...
Според СДСМ, пратениците на ДПМНЕ не го ни прочитале законот кои денес неделовнички го поминаа. Покачувањето на пензиите, според нив, не е во овој закон. „Покачувањето на пензиите го изгласавме во септември, минатата година. Со денешниот закон ДПМНЕ насилно и со кршење на Деловник и процедури ги поминаа измените со кои на еден дел од пензионерите нама да им биде зголемена пензијата за 2.500 денари, но и ги намалија критериумите за избор на ...
На 11 и 12 март на Камерната сцена на Народниот театар „Иван Вазов“ се одржа премиера на „Музиката на лицето“ – претстава базирана на раните драмски дела, нацрти и доцна ритмичка проза на Иван С. Тургењев, во режија на Стилијан Петров. Сценографијата и костимите се на Никола Тороманов, композитор е Петар Керкелов, а преведувач и драматург на продукцијата е Маја Праматарова. Претставата го открива малку познатото лице на Тургењев – освен што е ...
Веќе осум месеци Министерството за образование и наука не троши пари на лични хирови како што тоа се случувало во минатото, туку фокусот се навистина учениците, наставниците, студентите и професорите и градењето на поквалитетен образовен систем, реагира Министерството за образование и наука, по информацијата од СДСМ дека Министерството за образование и наука склучил на крајот на минатата година договор со Пуцко Петрол, во вредност од 2.500.000 ...
Се’ додека сме дел од владата, законот за бранителите нема да помине без вклучување на поранешните припадници на ОНА, велат од коалицијата „Влен“. Според нив, секој обид за еднострано донесување на овој закон е неприфатлив и е во спротивност со принципите на правда и еднаквост. „Во континуираните напори за извртување на фактите и создавање забуна во јавноста, СДСМ продолжува со неоснованите дезинформации. Нема прекршување на Деловникот на ...