Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Беспилотни летала нападнаа фабрика за беспилотни летала во градот Дубна, во Московската област, објавија руските канали на Телеграм „Астра“ и „База“, повикувајќи се на локалните жители. Нападот го потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и руското Министерство за одбрана. На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат беспилотни летала над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот. На снимките може да се чуе и дека ...
Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” спрема уште едно лице, кое, исто така, е осомничено како соизвршител во кривичното дело тешки дела против општата сигурност. „Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи трилатерален состанок со шефовите на државите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за да се унапредат мировните преговори за војната во Украина, а воедно го повика Вашингтон да воведе нови санкции кон Москва. „Подготвени сме за форматот Трамп-Путин“, рече украинскиот претседател на прес-конференција во вторник, беше објавено утрово. „Ако на Путин му е непријатно да има билатерален ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес во Берлин ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти германската влада, како дел од дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Мерц ќе го пречека украинскиот претседател со воени почести напладне во среда, се вели во соопштението на владата. „Фокусот на посетата ќе биде поддршката на Германија за Украина, како и напорите за постигнување прекин на огнот“, се ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува, како што велат, длабока загриженост поради најновите вработувања во хидроелектраната Маврово – Врток, каде што се ангажирани 12 нови лица, без вклучување на ниту еден припадник на албанската заедница, иако, како што велат од ДУИ, станува збор за институција лоцирана во регионот на Гостивар, каде што Албанците претставуваат мнозинство. Оваа одлука, според ДУИ, претставува јасен пример на етничка ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Берлин ќе биде примен од канцеларот Фридрих Мерц, кој од почетокот на својот мандат се покажа како голем поддржувач на Киев, соопшти портпаролот на германската влада, пренесува БГНЕС. Посетата ќе биде посветена на „германската поддршка за Украина и напорите за постигнување примирје“ со Русија, истакна Стефан Корнелиус, цитиран од АФП. Попладнето Володимир Зеленски ќе се сретне и со ...
Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по промоцијата на електричните автомобили. Арсовска вели дека проектот за споделување на автомобили е проект започнат во соработка со приватна компанија и претпријатијата на градот Скопје. „’Храбриот’ Меџити никаде го нема ...
Заев се сончаше по плажите додека беснееја пожари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ. „Во време на СДС, Заев се сончаше по плажите и не се врати во државата додека во Македонија беснееја пожари. Седум години државата беше оставена без пилоти и со стари возила и технички средства. 7 години двата авиони за гаснење на пожари беа вон функција ...
Предлог законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство пристигна во Собранието, сѐ ќе биде јавно и транспарентно, објави пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема ...
Откако минатата година изгоре речиси 10% од територијата на државата во шумските пожари, ова лето Владата повторно ќе биде неспремна. Цела година ВМРО-ДПМНЕ не најде време да се подготви, да ги сервисира воздухопловите, па новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, ја информираше јавноста дека ништо не е подготвено за заштита и навремена реакција при пожар, обвинија од СДСМ. „Минатото лето Мицкоски ја обвинуваше СДСМ дека наводно начекале ...
Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа институција во изминатите години, а покрај недостигот на пилоти и нефункционаноста на Ер тракторите, образложи дека се уште нема доволно потпишани договори со тимовите за брз одговор вклучително и со тимовите за гасење на пожар на отворен простор. Постои и недостиг на опрема, обука, физичка ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко општество, Азир Алиу, ќе се снајде и во ресорот Здравство. Меџити синоќа рече дека Алиу е предлогот на „Вреди“ за нов министер за здравство откога тој од Алијансата за Албанците премина во „Вреди“. „Министерот треба да биде добар менаџер, кој го познава системот и кој може да придонесе за подобро управување ...
Жителите и гостите на Атина се поканети на средба со бугарската музика, на 30 мај во Hellenic Conservatory (Odos Pentelis 2, Marousi 15126), објави БТА, пренесува БНР. Организатор на концертот „Средба со бугарската култура во Атина“ е Грчко-бугарската асоцијација за култура – Културен центар „Иван Селимински“. Во програмата се избрани дела на бугарски композитори: Настанот се одржува со поддршка на Министерството за образование и наука во ...
Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен ред, предлогот во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе се најде на првата наредна седница. Вака, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, одговори на прашањето кога ќе се избира новиот министер за здравство. Претходно, првиот вицепремиер, Изет Меџити, соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за оваа ...
Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР, рече Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ. „Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија ...
Европските министри денес го одобрија создавањето на фонд за одбрана во вредност од 150 милијарди евра, поради загриженост за руски напад во иднина и сомнежи за безбедносните обврски на САД кон ЕУ. Одобрувањето од министрите беше последниот правен чекор во воспоставувањето на шемата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување на ЕУ и која ќе доделува кредити на европските земји за заеднички одбранбени ...
Непозната руска хакерска група е одговорна за минатогодишните напади врз мрежите на холандската полиција, НАТО и неколку европски земји, објавија холандските разузнавачки служби. Групата, наречена „ Ландри Бер“ од безбедносните агенции, многу веројатно е поддржана од руската држава, соопштија холандските служби за општа разузнавање и воено разузнавање во заедничко писмо до парламентот. „Сајбер нападите врз холандските институции се дел од ...
Утре во Благоевград ќе се одржи одбележување на 149 години од смртта на познатиот бугарски револуционер Георги Измирлиев. Настанот ќе почн од 11 часот пред биста на револуционерот, која се наоѓа на истоимениот плоштад „Ѓорѓи Измирлиев“ во обласниот центар. Ѓорѓи Измирлиев, познат и како „Македончето“, е роден на 21 април 1851 година во градот Горна Џумаја. Тој учествувал во подготовката на Априлското востание. Во самиот разгар на организацијата ...
Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата Директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Стојанче Ангелов, новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. „Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека се очекува војната во Украина да се одолговлекува поради неподготвеноста на Русија да започне преговори. „Војните обично завршуваат поради економска или воена исцрпеност на едната или на двете страни, а во оваа војна очигледно сме сè уште далеку од тоа“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со финскиот премиер Петери Орп во финскиот град Турку. Тој додаде дека Европа можеби ќе мора да се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да воведе нови санкции врз Русија оваа недела, бидејќи е сè повеќе фрустриран од континуираните напади на Русија врз Украина и бавниот напредок во мировните преговори, изјавија извори блиски до него за „Волстрит џурнал“. Според еден извор, санкциите веројатно нема да вклучуваат нови мерки против банките, но се разгледуваат други опции за да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир ...
Шест нелегални мигранти се повредени во прифатен центар во близина на Сараево за време на конфликтот што избувна во ноќта меѓу понеделник и вторник, потврдија полициски и болнички извори. Според достапните информации, во меѓусебната пресметка меѓу мигрантите било употребено огнено оружје, а полицијата веднаш реагирала и започнала потрага по други учесници во судирот и сведоци. Полициските службеници пронашле шест повредени лица на местото на ...
Министерството за одбрана на Холандија објави дека последните 24 борбени авиони Ф-16 се испорачани во Украина, со што е завршена испораката на овој вид воена помош од страна на Холандија. Последните холандски авиони Ф-16 наменети за Украина ја напуштија воздухопловната база Волкел на југот на Холандија во понеделник и се упатија кон Белгија, каде што ќе бидат технички подготвени за конечна испорака. На испраќањето на авионите присуствуваше и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира нова офанзива. „Нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за дипломатско решение“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Од информациите добиени од разузнавачките служби, можеме да видиме дека Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. Напротив, постојат изобилство докази дека тие подготвуваат нови офанзивни ...
Сакаме да велиме дека Бугарија се простира до таму, каде што има Бугари. За тоа духовно пространство, оние духовни граници на Бугарија, да бидат живи и здрави, треба да има здрава врска со нашите сонародници во странство. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој учествуваше на XX Светска средба на бугарските медиуми, организирана од Бугарската телеграфска агенција (БТА), јавува БНР. Радев изрази благодарност кон бугарските новинари ...
По 27 години бегство, во Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, македонски државјанин осуден за убиство. Според МВР бил уапсен во грчкиот град Катерини. „Денеска (26.05.2025) од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Жеровјане пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите на Општините Брвеница и Боговиње. „Денеска се наоѓаме во рамки на Полициско одделение Жеровјане, во кое отвораме нова канцеларија ја управни служби при Министерството за внатрешни работи. Овие управни служби ќе ги ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по седницата на Националниот совет за евроинтеграции, со кој претседава во Собранието, во одговор на новинарски прашања подетаљно го образложи повикот за лидерска средба, која, како што рече, за жал, премиерот Христијан Мицкоски ја одбил, без да го слушне објаснувањето. „Имено, кога разговараме за некои многу битни точки, како што е националниот консензус, кога сите сме свесни дека треба да го постигнеме, ...
Нема нови случаи на мајмунски сипаници во земјава, а ризикот од ширење е мал, велат од Институтот за јавно здравје. Од таму наведуваат дека епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица, како и со посочените контакти. „Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на ...
Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на лидерот на СДСМ, дека премиерот, Христијан Мицкоски, одбил лидерска средба. Ако Венко сака средби, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев, тоа се исти луѓе со исти вредности. ...