Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола, Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош. СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола. ...
Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот. Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот. Во врска со ...
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од ...
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената. -Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од ...
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога. Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата. „Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на ...
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница. Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта. „Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во ...
Коридорот 8, кој ги поврзува Бугарија и Албанија преку Република Северна Македонија, е официјално интегриран во стратешките планови на НАТО. Информацијата ја соопшти албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, пренесе БГНЕС. Според Венгу, одлуката ќе ја зајакне улогата на поморската база Порто Романо како клучна точка за операции на Западен Балкан и на источниот фланг на ...
На 20 и 21 февруари Пловдив ќе биде сцена на бугарскиот фолклор, каде 32 млади Бугари од пет европски држави ќе учествуваат на мајсторски клас за изучување на тракискиот танц „Гроздана“ од Фолклорниот ансамбл „Тракија“, јавува БГНЕС. Танцот е создаден од проф. Кирил Џенев и е еден од најпознатите во репертоарот на ансамблот. Учесниците – 16 девојки и 16 момчиња од 20 фолклорни групи во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и ...
Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров. Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во ...
Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, ...
Од февруари до 15 април 2026 година учениците од V одделение до четврта година средно во Бугарија можат да учествуваат на четвртиот национален ученички конкурс за документарен расказ, интервју или есе на тема „Моите родни корени од Македонија и Одринска Тракија“, јавува БГНЕС. Конкурсот го организира Бугарското здружение на родовите од Македонија во партнерство со Историскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и ...
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која учествува на Минхенска безбедносна конференција, изјави дека Софија е сериозно загрижена поради информации дека Северна Македонија бара алтернативно лоби со цел да го заобиколи првиот кластер во пристапниот процес кон Европската Унија – кластерот што се однесува на темелните вредности и човековите права – и да ги почне преговорите по други, поконкретни поглавја. „Бугарија не може да се согласи ...
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“. СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на ...
Градовите Благоевград и Петрич ќе ја одбележат 153-та годишнина од смртта на Апостолот на бугарската слобода Васил Левски со свечени церемонии и комеморативни активности на 17 и 18 февруари 2026 година. Во Благоевград, одбележувањето ќе се одржи на 18 февруари (среда) со почеток во 18:00 часот пред бистата на револуционерот. Предвидена е комеморативна поворка, минута молк и полагање венци и свежо цвеќе во знак на почит кон неговото дело и ...
Градот Банско организираше свечена церемонија на познатата ски-патека Шилигарника во чест на олимпискиот медалист Тервел Замфиров, како и на Малена Замфирова и Александар Кршњак, по нивниот настап на Зимските олимписки игри во Милано–Кортина, јавува Пиринско. Голем број граѓани се собраа за да ги поздрават бугарските спортисти. Тројцата сноубордисти симболично се спуштија по патеката, каде на целта ги пречекаа тимовите на сноуборд и ...
Бугарскиот премиер Росен Желјазков, и шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, се сретнаа со врховниот претставник за Газа, Николај Младенов, во рамки на Минхенската конференција за безбедност, јавува БГНЕС. На состанокот беше разгледана актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток, со посебен осврт на хуманитарните и политичките прилики во Појасот Газа. Соговорниците разменија мислења за потребата од одржлив прекин на огнот, ...
Никола Павловиќ/Радар/БГНЕС Како службите за безбедност на Северна Македонија не го забележале производството на речиси 50 тони марихуана и како српските не го детектирале увозот на пет тони канабис? Остануваат прашањата кој го свртел погледот, кој молчел и, најважно, кој дал конечна согласност. Балканот е отворен, но заедно со него и се отворени и рутите за шверц на дрога. Според неофицијални информации од Северна Македонија, операцијата по ...
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ. „Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции. Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. ...
Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти Министерството за земјоделство. Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади. „Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Министерството продолжува со ...
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека. Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски ...
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје. Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје. На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од ...
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, ...
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна девојка од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по породување во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе. Полицијата во Велес поднесе кривична ...
МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР, ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја составувал техничката спецификација за модуларната болница во Тетово, без да изготви елаборат за електрична енергија, а трагичниот пожар можел да биде спречен. „Кадриу потврдува дека работата е забошотена. Таа била повикана ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против 43-годишниот Л.Џ. од градот, поради постоење сомнежи за „насилство врз дете“. Според податоците од истрагата, инцидентот се случил на 25 декември 2025 година, во двор од основно училиште во гостиварско, по претходно нарушување на јавниот ред и мир помеѓу малолетници, во кое учествувал синот на пријавениот. По настанот, Л.Џ. физички нападнал друг ...
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК. Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина. Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ. Како што е ...
Писателот и доктор по историја Бојко Беленски објави нов историски роман со наслов „Дијамант во кокардата на Дрангов“ посветен на истакнатиот бугарски офицер, командант и воен педагог полковник Борис Дрангов. Делото ја обработува неговата животна и воена биографија, прикажувајќи го како посветен борец за слободата на Македонија, јавува БНР. Беленски е автор на повеќе од 35 книги, меѓу кои 20 романизирани биографии што се фокусираат на ...