Најмалку 15 руски региони вчера воведоа ограничувања за продажба на гориво поради продлабочените недостатоци, влошени од нападите со украински беспилотни летала врз рафинериите за нафта. Минатонеделниот напад врз московската рафинерија, една од најголемите во земјата, ја запре нејзината работа. Таа фабрика снабдува 40 проценти од московскиот пазар и поголемиот дел од регионот, пишува The Kiev Independent. Иако воведоа ограничувања за продажба ...

Под мотото „Каде што живее поeзијата“ од денеска до 29 јуни ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Покровител на Фестивалот е претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а како национална установа е финансирана од Министерството за култура и туризам. Традиционално, манифестацијата ќе започне со садење дрво и поетско читање во чест на добитничката на ...

Владимир Перев 1. Пролог Годините 2007-2008 беа обележени со определено смирување на страстите во политиката. Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски заминаа неповратно од власта, за новата ѕвезда на македонското политичко небо, Никола Груевски полека да ја освојува власта. Локалната власт беше мешана, составена од елементи на претходниот СДСМ-овски режим и на ВМРО-вското владеење на Георгиевски. Албанската ДУИ владееше суверено на своите ...

Генералната директорка на БНТ, Милена Милотинова, доби признание „WEBIT Changemakers“ за придонесот во градењето на глобалниот имиџ на Бугарија и за јакнењето на угледот на јавната телевизија, јавува БНТ. Признанија добија и новинарите Бојко Василев од „Панорама“ и Мариана Векилска од „Бугарија во 60 минути“, кои беа прогласени за „Двигатели на иднината“. „Ова е признание не е само за мене, туку за целиот тим на Бугарската национална ...

На 23 јуни 1913 година Бугарија го губи еден од своите најталентирани и најпосветени воени команданти – генерал Константин Каварналиев. Неговиот подвиг за време на Меѓусојузничката војна останува еден од најсилните примери за храброст и верност кон војничкиот долг. За време на Балканската војна Каварналиев командувал со 5. пешадиски Дунавски полк, а по избувнувањето на Меѓусојузничката војна ја презел командата на 3. бригада од 3. пешадиска ...

Археолози предводени од проф. Људмил Вагалински од НАИМ-БАН открија подeн мозаик во храмот на Херакле во античкиот град Хераклеја Синтика кај Петрич. Наодот е откриен за време на годинашните ископувања во областа на храмот, соопшти проф. Вагалински за БТА. Според него, откритието е едно од најинтересните од почетокот на сезоната, бидејќи значително ги дополнува сознанијата за изгледот и развојот на храмот во различни периоди од неговото ...

Дванаесетгодишниот Даниел Драганов од Бугарија бележи значајни успеси на американските картинг-патеки. Иако е многу млад, тој веќе има шест години натпреварувачко искуство и настапува во едни од најпрестижните четиритактни натпревари во САД, објави eurochicago.com, пренесува БНР. Даниел се натпреварува во класата Junior со четиритактен картинг VLR, а паралелно стекнува искуство и во двотактните категории. Неговата главна цел сезонава е да се ...

Мултимедијален проект посветен на делото на епископ Јосип Штросмајер беше претставен во Народното читалиште „Г. С. Раковски – 1925“ во Софија, јавува БТА. Проектот е заедничка иницијатива на 33. Јазична гимназија „Света Софија“ во Софија и Бугарското неделно училиште „Иван Вазов“ во Загреб. Тој опфаќа книга со наслов „Сè за верата и за Татковината!“, документарен филм и фотоизложба, а е реализиран во рамки на Националната програма ...

Министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов се сретна со амбасадорката на Франција во Бугарија, Мари Де Мулен, со која разговараше за развојот на билатералната соработка во областа на одбраната, модернизацијата на вооружените сили на Бугарија и проширувањето на индустриското партнерство меѓу Софија и Париз. Стојанов ги претстави мерките на бугарската влада за исполнување на обврските кон НАТО и за модернизација на армијата, вклучително ...

Никола Веселинов, ученик во 11. клас во Софиската математичка гимназија, освои историско прво место за Бугарија во категоријата математика на престижниот меѓународен натпревар за наука и инженерство Regeneron ISEF, што годинава се одржа во Финикс, Аризона. Тој ја доби и една од главните награди – „Млад научник“, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа. На натпреварот учествуваа околу 1700 ученици со повеќе од 700 проекти од над 50 држави. ...

Шпанското издание SoyMotor информира дека бугарскиот возач Никола Цолов може сосема наскоро да стане дел од тимот на Рејсинг Булс во Формула 1 во 2027 година, пренесува БГНЕС. Изданието цитира свои извори, кои изјавиле дека Цолов направил доволно за да ги убеди шефовите на Ред Бул да му укажат доверба и тој да добие титуларно место во Формула 1. Кој ќе биде негов тимски колега, сепак, ќе зависи целосно од тоа што ќе одлучи Макс Верстапен. Ако ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му предложил на американскиот претседател Доналд Трамп да организира самит во САД на кој би присуствувал и рускиот претседател Владимир Путин. Според украински извори, Зеленски смета дека на Путин би му било многу потешко да одбие покана од Трамп отколку директна покана од Киев. Наводно, Трамп позитивно ја примил идејата, но американски претставници посочуваат дека таква средба не треба да се очекува ...

По невремето што попладнево ги зафати регионите на Штип и Гевгелија, Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во 18:25 часот е регистрирана силна нестабилност меѓу Неготино и Демир Капија. Според информацијата, нестабилноста е проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Од УХМР посочуваат дека централните и североисточните делови на државата сè уште се зафатени со нестабилно време, а временските прилики и ...

На 17 јуни, Уставниот суд ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово донесена на 24 април 2007 година, соопшти Судот. Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто претходела на донесувањето на оспорената одлука. ...

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата ненадејна смрт ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи. Мицкоски го опиша Илиевски како работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на граѓаните и на општината што ја водел. „Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат“, напиша премиерот. Во ...

Мултимедискиот проект „По трагите на епископ Јосип Јурај Штросмајер и неговите истомисленици“ ќе биде претставен вечерва 23 јуни во Народното читалиште „Г. С. Раковски – 1925“ во Софија, соопштија организаторите од 33. Јазична гимназија „Света Софија“ во главниот град на Бугарија, пренесува БНР. Проектот е дело на Народното читалиште „Г. С. Раковски – 1925“ во Софија и Бугарското неделно училиште „Иван Вазов“ во Загреб. Проектот ја вклучува ...

Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова учествуваше во 13-та пленарна сесија на Парламентарната асамблеја на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, која се одржа во Софија. Настанот се одржа под мотото „Парламентарната асамблеја на ПСЈИЕ: интерпарламентарен дијалог, зајакнување на добрососедството и европската перспектива на регионот“. Форумот се совпадна со одбележувањето на 30-годишнината од создавањето на ПСЈИЕ и го ...

На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, Христијан ...

„Особена чест и задоволство ми претставува денес, по повод Денот на јавната администрација, да се обратам пред луѓето кои се едни од најважните носители на функционирањето на државата, луѓето кои можеби не се секогаш во центарот на вниманието на јавноста, но кои секојдневно, преку својата работа, своето знаење и својата одговорност, обезбедуваат институциите да функционираат, законите да се спроведуваат и услугите да стигнуваат до граѓаните. ...

Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија. Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за ...

Над двесте музичари од Бугарија, Република Северна Македонија и Грција настапија заедно на една сцена во Градскиот парк во Скопје, каде што ја изведоа кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Настанот собра многубројна публика и се претвори во една од највпечатливите музички вечери во главниот град на Република Северна Македонија, јавува Бугарскиот културно-информативниот центар во Скопје. Концертот се одржа под диригентската палка на светски ...

Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на Индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година. Признанието беше доделено на настан организиран од Министерството за јавна администрација, согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите. Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека ова признание претставува чест, но и ...

Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии. Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите, истакна Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за буџети. ...

Трета година по ред, Владата и Министерството за образование и наука обезбедуваат навремена набавка и испорака на учебници за сите ученици. Оваа година процесот е започнат уште порано во споредба со минатите две години, а неспоредлив е со претходните седум на поранешната Влада кога, верувам ќе се сетите дека во одредени години немаше воопшто печатени учебници. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска при денешната ...

Претседателите на парламентите на Бугарија и на Република Северна Македонија, Михаела Доцова и Африм Гаши, на средба во Софија разговараа за можностите за подобрување на соработката и парламентарниот дијалог. Гаши престојува во Бугарија по повод 13. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Доцова изрази загриженост поради зачестените прояви на антибугарско однесување во Северна Македонија и ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Северна Македонија. На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата „EU4Health“, што ќе се одржи утре во Брисел. Пристапувањето кон „EU4Health“ претставува значајна ...

Во рамките на семинарот „Социјално вклучување преку социјално одговорно претприемништво“, организиран од Фондацијата „Бугарска памет“ со учество на младинци од Бугарија и Република Северна Македонија и кофинансиран преку програмата „Еразмус+“, д-р Милен Врабевски одржа инспиративно предавање пред учесниците. Претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ ја претстави дејноста на фондацијата и го сподели своето искуство во поддршката на младите ...

Бугарија последователно ги осудува појавите на омраза, изјави шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова во интервју за бугарската телевизија БТВ, запрашана за односите со Република Северна Македонија. Според неа, особено загрижувачки е тоа што веќе не станува збор за одделни инциденти, туку за повторувачка тенденција. „Особено загрижувачки е тоа што веќе не станува збор за поединечни случаи, туку за тенденција што се повторува“, ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека учебниците за новата учебна година се доставуваат на време. „Ако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала. Јас сум ...

Претседателката на бугарскиот парламент и претседателка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Михаела Доцова, ја отвори 13. пленарна сесија на организацијата во Софија. Форумот, чиј домаќин е Народното собрание на Бугарија, започна во 9 часот локално време. Главна тема на сесијата е „Интерпарламентарен дијалог, зајакнување на добрососедството и европската перспектива на регионот“. Претседателот на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32