Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Оставката на обвинителката Ленче Ристоска е политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јавноста има право да знае, дали оваа оставка е чин на принципиелност или политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва. Вистинската борба за владеење на правото не завршува со избор или неизбор на функција, таа почнува токму тогаш. Наместо декларативни заложби, на институциите им се потребни ...
Со цел да се спречат оние скршеници кои може да се спречат, лекарите утрово од Ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Скопје повикаа граѓаните да си закажат снимање со новиот апарат за остеодензитометрија и да проверат дали имаат остеопороза. Марта Фотева, специјалист ортопед, рече дека нашата земја не е исклучок од светскиот тренд на пораст на заболените од остеопороза па повика на редовни прегледи за да се открие и лекува. „Целта на третманот ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека информацијата дека земјоделците со факултетска диплома ќе имаат приоритет за субвенции е лажна. „Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се појавија невистини и дезинформации за наводна предлог мерка за 2026 година. Во објавата незаконски е искористено името на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...
НАСА ја лансираше мисијата „Артемис II“, првиот лет со човечки екипаж до Месечината по повеќе од половина век, испраќајќи четири астронаути од Флорида на 10-дневно патување околу Месечината. Ракетата „Space Launch System“ (SLS) што ја носеше капсулата „Орион“ полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, носејќи екипаж од тројца американски астронаути и еден Канаѓанец: Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен. Мисијата ќе ...
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина, со цел средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција. Во рамки на посетата, претседателот Костадиновски, е во придружба на претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, ќе остварат средби со претседателите и претставници на Врховниот суд ...
Со покачувањето на платите граѓаните може да купат 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин, велат од СДСМ. Партијата го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека секојдневно ги лажел граѓаните дека владата нешто следи и дека немало потреба да се преземат мерки. „Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција е ...
Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок, извести МВР. „Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема ...
По краток престој во пристаништето Картахена во Кралството Шпанија, бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (ник 421) го продолжи својот пат кон Бугарија. Во Картахена беа дополнети резервите со храна и свежа вода, а од бродот беше истоварена материјална опрема на шпанската антарктичка програма. На военоморската база во градот, на бродот се приклучија кадети од Високото военоморско училиште „Н. Ј. Вапцаров“, како и од ...
Во лицејот „Валентин Мошков“ во градот Чадир-Лунга, во автономното територијално образование Гагаузија, свечено беше отворена нова училница по бугарски јазик, соопшти Главната управа за образование на Гагаузија, Молдавија. Кабинетот е опремен со интерактивна табла, современ мебел и дидактички материјали, со што се создава целосна јазична средина. „Основната цел на кабинетот е поддршка и развој на бугарскиот јазик кај учениците, како и ...
Ученици од неделното училиште „Здравеј“ во Скопје, на 1 април заедно со нивните родители и други гости, изработија велигденска украса и декорации поврзани со претстојниот празник во Бугарскиот културно-информативен центар во главниот град на Северна Македонија, јавува БТА. Пролетно-велигденската работилница е организирана од училиштето „Здравеј“ и Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) во Скопје. Учесниците боеја јајца, дел од кои беа ...
Полицајци од бугарскиот град Јамбол спречиле тежок инцидент, во текот на вчерашниот ден, откако спасиле тригодишно дете кое висело од балкон на осмиот кат во станбена зграда во населбата „Златен рог“, соопштија од Обласната дирекција на МВР. По случајот веќе постапуваат и социјалните служби. Сигналот бил пријавен околу 13:30 часот. Полицијата веднаш реагирала, ја скршила влезната врата на зградата, а потоа и вратата од станот, бидејќи никој ...
Според СДСМ, македонските граѓани, македонските работници имаат најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Владата на Мицкоски, како што додаваат од оваа партија, не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презема мерки за намалување на високите цени но затоа, како што додаваат, ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието е „историско“. „„Историското“ зголемување колку вреди? 4 килограми ...
Нема основа за зголемена загриженост кај бугарските граѓани по повод иранската нота поврзана со американските авиони на аеродромот во Софија, кои учествуваат во вежба на НАТО, изјави заменик-министерот за надворешни работи Марин Рајков, јавува БГНЕС. „Нема основа за раст на загриженоста кај бугарските граѓани. Со Иран одржуваме нормални и непроменети дипломатски односи. Нема намалување на нивото на овие односи. Комуникацијата се одвива на ...
Европската унија (ЕУ) доби 1,4 милијарди евра приходи од камата врз замрзнатите средства на Централната банка на Русија, кои ги чува централниот депозитар за хартии од вредност, кои ќе бидат насочени кон поддршка на Украина, објави Европската комисија (ЕК). Станува збор, како што е наведено во соопштението на Европската комисија, за четвртата транша од средствата што потекнуваат од таканаречената вонредна добивка што произлегува од каматата ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека земјата ја проширува соработката со земјите од Блискиот Исток и Персискиот Залив, особено во областите на воена експертиза и заедничка безбедност, и дека нејзините пресретнувачи веќе даваат конкретни резултати. Зеленски изјави на каналот Телеграм дека ситуацијата во тој регион има глобално значење и влијае на светските пазари, трошоците за живот и технолошките предизвици, ...
Од УХМР известуваат дека во текот на наредните денови како резултат на циклонска активност земјата ќе биде зафатена од врнежи од дожд, како и снег на планините и дел од повисоките места. Врнежите локално се очекува да бидат пообилни и интензивни и на места да предизвикаат брзи зголемувања на водостоите пред се на помалите реки и суводолиците низ земјава. На високите планини врнежите ќе бидат претежно во вид на снег, а на повисоките места од ...
Во најновото издание на „Доверливо со Насер Селмани“ гостува Андреј Жерновски, секретар за меѓународна политика на СДСМ. Авторот и водител на емисијата Насер Селмани разговара со Жерновски за тоа што им нуди СДСМ на граѓаните, состојбите внатре во партијата, можноста за извинување за грешките на владата на Зоран Заев, ставовите на Христијан Мицкоски за уставните измени, реториката кон Албанците, како и перспективите за ЕУ и руското влијание ...
Методиј Иванов/Фактор Живееме во несигурно, динамично време. На многу места низ светот се водат војни и вооружени конфликти, геополитичките слоеви се пренаредуваат, правилата на меѓународните односи се менуваат. Нормално е во ваква состојба државите да имаат стравови – за својата безбедност, за својата независност, за своите енергетски извори, за демографски и еколошки проблеми и низа други сериозни предизвици. Во светот, меѓутоа, има само ...
Се зголемува бројот на туристите од балканските држави во Пампорово во февруари и март, соопшти Александра Цанкова од „Пампорово“ АД, пренесува БТА. По отворањето на граничниот премин Рудозем – Ксанти, се зголемил интересот од грчки туристи, изјави извршниот директор Стефан Присадов, додавајќи дека во март е регистриран раст од околу 10 проценти во споредба со истиот период лани. Грчките туристи најчесто го посетуваат одморалиштето за ...
Истражувањата за Бугарите водени од Алцек, населени во регионот Молизе во Италија во VII век, добиваат засилен научен интерес. Темата се разви во значајна иницијатива за популаризација на заедничкото културно-историско наследство на Бугарија и Италија на ниво меѓународна академска соработка, благодарение на активностите на историчарката Росица Лазарова и нејзините контакти со италијански научници, јавува Радио Бугарија. Во 2020 година, со ...
Бугарската влада одобри финансирање во висина од 713.412 евра за капитални трошоци на Бугарската источноправославна епархија во Западна и Средна Европа за купување храм и придружен објект за бугарската православна заедница во Лајпциг, Саксонија, Германија, јавува БНР. Проектот има значајно духовно, културно и национално значење и има за цел создавање траен центар за Бугарите во источните покраини на Германија. Обезбедувањето постојан храм ќе ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека денес, 1 април 2026 година, истекува рокот за поднесување иницијативи до единиците на локалната самоуправа за вклучување на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1 MW во општинските енергетски планови. Согласно Законот за енергетика и релевантниот правилник, сите пристигнати иницијативи ќе бидат разгледани од страна на општините, кои имаат ...
ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставовите на Венко Филипче, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз е во политичка изолација, без јасен концепт и во конфузија поради, како што велат, падот на рејтингот. Од партијата тврдат дека изјавите на Филипче се „небулозни“ и дека наместо да делува како сериозна опозиција, настапува со, како што наведуваат, неконзистентни позиции. Во соопштението се посочува дека Филипче е „синоним за криминалното владеење“ на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека обвинителот работи под диктат на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи за партизација на судството. „Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на владата кога се инсталираа и членови од ...
Вчера во полицијата било пријавено дека во село Студеничани се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „ауди“, управувано од Ќ.А.(42) од селото, и патничко возило „тојота“, управувано од 34-годишната Р.И., исто така од Студеничани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „ауди“ и шестгодишен сопатник од „тојота“. Со телесни повреди се здобиле и друг шестгодишен сопатник од истото возило, како и возачката Р.И. ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања дека бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Зоран Заев за да добие повратна услуга, при што, според него, средствата биле искористени за „инженеринг на референдумот за името“. Петрушевски изјави дека Давидовиќ, кого го опиша како „проруски бизнис партнер на Заев“, е лице со контроверзно минато и дека се наоѓа на црна листа на САД ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека се најавени зголемувања на платите во образованието и кога би можело да се очекува тоа, изјави: „Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор којшто го имаме за нови 7,5%. Или што би се рекло, ако почнеме од ноември месец 2024, до сега, еве до денеска, над 20% за година и половина се зголемени платите ...
Синоќа полициски службеници го приведоа М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга. Според пријавата, околу 20:30 часот во нивниот дом, додека била со нејзините родители, тој со остар предмет им упатувал закани, а потоа физички ги нападнал неа и нејзиниот татко. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Синоќа полициски службеници го приведоа М.С.(24), ...
Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на бизнис партнерот на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите потребни законски можности истата фирма да биде исфрлена и да нема можност да гради и инвестира во енергетски објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на прес – конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ. „Благодариме на СДС, кои доста добро знаат кои се ...