Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање. „Министерката за финансии нема одговор на овие прашања. Тоа е еднакво неодговорно и ако не знае, и ако ги крие информациите. Тоа не доликува на некој што треба да ја чува државната ...

„24 мај е најубавиот и најсветлиот бугарски празник – зрак од минатото, кој ја осветлува сегашноста и гледа кон иднината“. Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков во својата честитка по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност. Премиерот нагласи дека овој ден е симбол на духовната големина на Бугарија и на постојаниот стремеж кон знаење, просвета и напредок. Во ...

Седмиот „Марш за ангелите“ за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи утре во Кочани. Маршот на кои семејствата повторно ќе побараат неселективна правда ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани. Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски (носител на соработката) ја завршија исклучително успешната и корисна еднонеделна работна посета на Јапонија што ќе ја продлабочи понатамошната соработка меѓу ЦУК и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), соопшти Центарот за упрвување со кризи. „Стекнатите искуства и знаења ќе бидат ...

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”. Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната ...

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците, ништо од ветеното не исполни, изјави на прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ. Од партијата по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители изразија благодарност до просветните работници и до сите оние кои секојдневно вложуваат целосна посветеност во воспитно-образовниот процес и во создавањето на идни професионалци во ...

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Од Обвинителството велат дека преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа ...

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто ексминистерот за здравство и актуелен претседател на опозициската партија, Венко Филипче е изземен од случајот Онкологија. Партијата оценува дека Венко Филипче бил убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија, а неговиот мандат, поврзан со скандали и злоупотреби. „Самиот Филипче е до гуша ...

Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип. „Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче. И во Штип, Филипче повтори дека долгот се префрла врз идните генерации, што значи дека секое дете што ќе се роди следните 25 ...

„ВЛЕН ја изразува целосната поддршка и благодарност за принципиелниот и непоколеблив став на пратеничката Мимоза Муса, која покажа висок политички и институционален интегритет во чувствителен период за албанската политичка сцена во земјата“, велат од ВЛЕН. „Пратеничката Муса, избрана претставничка од редовите на Алијансата за Албанците, остана лојална на волјата на 107 илјади албански граѓани кои му дадоа доверба на овој коалиционен блок со цел ...

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет. Во објава на Фејсбук, тој напиша: „Почит и благодарност за твојот непоколеблив став, драга Мимоза. Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во своите убедувања, лојална на ...

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега се собрани 156.542.967 денари или околу 2,5 милиони евра. Од Црвениот крст велат дека заклучно со денес, во неколку наврати извршиле исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. „Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, најави царини од 50 проценти за Европската унија од 1. јуни. Во пораката, Трамп напиша дека преговорите со ЕУ не водат никаде, а веднаш по објавата, европските берзи паднаа на 2 отсто. „Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нејзините силни трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, ...

Министерството за образование и наука на Бугарија ги објави за јавна дискусија измените во Законот за предучилишното и училишното образование. Една од значајните измени во предлог-законот е поврзана со интензивната јазична подготовка по бугарски јазик за децата кои не го владеат, вклучувајќи ги и оние кои се враќаат од странство. Обучението ќе се реализира во две форми: индивидуално – за децата од 1. до 7. одделение, кои ќе го изучуваат јазикот ...

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и’ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Kaja Калас, во Скопје. „Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше британскиот премиер Кир Стармер и францускиот и канадскиот лидер Емануел Макрон и Марк Карни, велејќи дека тие „виртуелно рекле дека сакаат Хамас да остане на власт“ и застанале на негова страна. Тој, исто така, ги обвини Стармер, Макрон и Карни дека застануваат на страната на „масовни убијци, силувачи, убијци на бебиња и киднапери“, објавува Би-Би-Си. Зборувајќи за нападот врз персоналот на ...

„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар. „ Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето тоа се крие со еден стратешки договор со Велика Британија. Ја слушав министерката за финансии она кажува британски фирми ќе работат па се ...

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во Власта, која со тек на времето сѐ поизразено излегува на површина, велат од ДУИ. Ова, според партијата на Ахмети, не е првпат Мицкоски вака да се однесува кон Албанците. „Тоа не е случајност. Тоа е израз на неговите лични преференции во политиката. Тоа е намерно потценување, овој пат на јавна ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година. ...

Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика. Ова е оценката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за одлуката на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, Славески да го предложи за гувернер. Со ваквиот предлог, според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека при одлучувањето и водењето на државата нема интерес да им служи на граѓаните, туку на ...

„Чиста животна средина и спречување на аерозагадувањето се обврска на секој поединец, но и на секоја институција. Иако Министерството за локална самоуправа нема директни ингеренции во областа на аерозагадувањето, сепак активно се вклучува со конкретни активности таму каде што има можност. Заштитата на животната средина и природата, како и преземањето на мерки за спречувањето на загадувањето на воздухот се утврдени како надлежности на општините ...

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако премиерот Христијан Мицкоски ја повика да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола. „Мицкоски, надлежност за постапување против дивоградби има општинскиот ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Во разговорот претседателот Зеленски ја информирал македонската претседателка за интензивните дипломатски напори насочени кон постигнување на договор за праведен мир во најскоро време. Сиљановска-Давкова изразила поддршка на напорите за крај на војната. Украинскиот претседател се заблагодарил за ...

Во врска со актуелните случувања и статусот со исплатата на плати за вработените во пералната која е дел од Клинички центар „Мајка Тереза“ -Скопје, а пред сѐ имајќи ја предвид сериозноста на овој сегмент, денес е исплатен дел од старите плати на вработените во пералната, соопштија од „СкопСтер“, компанија која управува со пералната од минатата година. Дополнително, велат од таму, интензивно работиме на краткорочни мерки за обезбедување финансии ...

Обвинението за трагедијата во Кочани се очекува да биде готово следниот месец, а досега се испрашани повеќе од 300 сведоци, изјави државниот обвинител, Љупчо Коцевски. Според него, истрагата би требало да заврши за десетина дена. Тој рече дека истрагата е многу сензитивна и засега не може да открие многу. Рече дека се уште се испрашуваат сведоци и осомничени. Обвинителите работат и на собирање докази, и рече дека ако бидат откриени нови моменти, ...

СДСМ повторно го поднесе предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани, и повика на поддршка од сите пратеници. Координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, рече дека законскиот предлог, овојпат, е поднесен по редовна постапка, а целта е да се испрати јасна порака дека ова не е политички закон туку човечки. „Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој ...

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот на Славески да биде назначен за гувернер е исклучиво теснопартиски. „Ние нема да го поддржиме предлогот за гувернер, затоа што изборот е исклучиво теснопартиски. Ова не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата Гувернер на Народна банка што било би рекол традиција во изминатите години. Од ...

Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Националната гимназија за древни јазици и култури „Константин-Кирил Филозоф“, Бугарскиот културен институт во Братислава и Фондацијата „Глаголитика“ ќе бидат примени денес за полноправни членови на асоцијацијата „Европски културен маршрут за Св. Кирил и Методиј“, чија Генерална асамблеја ќе се одржи денес во Скопје, јавува БНР. Во 2021 година, Европскиот културен маршрут за Св. Кирил и Методиј стана ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола. „Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, кусо рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Желино, каде што заврши изградбата на патот Палатица ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
41%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 21ᴼ
0.0
52%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.37
33%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
89%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
5.14
48%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
53%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
39%
1019
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
42%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088