На денешен ден во 1909 година, Османлиската империја ја призна независноста на Бугарија со потпишувањето на посебен протокол. Документот го потпишале бугарскиот министер за трговија Андреј Љапчев и турскиот министер за надворешни работи Рифат паша. Со протоколот се признава прогласувањето на независноста на Бугарија, а истовремено се постигнува согласност по сите прашања и спорни аспекти што произлегуваат од овој чин. Како резултат на тоа, ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги посетија хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде изминатиот период се комплетно реконструирани шест операциони сали од кои две на Клиниката ТОАРИЛУЦ (оддел трауматологија), две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија. -Извршена е комплетна реконструкција и реновирање, комплетна замена на ...

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при контрола на автобус кој е стопиран во ...

Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција, на која се разгледуваа предлог-активностите за Програмата за работа за периодот 2026-2027 година. Главниот фокус на средбата беше ставен врз безбедноста на граѓаните и продлабочување на меѓуинституционалната соработка. На состанокот присуствуваа претставници од МВР, СВР Скопје, командирите на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево. Свој придонес дадоа и претставници од ...

Дали за промената на ДУП-от во Тетово, Дака го подмитил Заев со 4 милиони евра, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако ја спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра. Според аудио снимката која е достапна на социјалните мрежи, јасно се ...

Во здравството се потребни голем дел фундаментални, структурни промени и во менталитетот на политичарите, но и во менталитетот на кадарот, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Целта, како што рече, е да се решава проблем по проблем, но за тоа според него, треба време, бидејќи не може да се среди сѐ и веднаш. „Истовремено, треба да ...

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини за постоење на мрежа на медиумска контрола, црни кампањи и политичка манипулација, која, според партијата, е присутна во Македонија, Унгарија, Србија и Словенија. Според СДСМ, истата мрежа е вклучена и во најновиот случај со „лажни вести за експлозиви во Кањижа“. Партијата се повика на истражувачки извештаи на OCCRP и BIRN, наведувајќи дека унгарскиот бизнисмен Петер ...

Во Охрид успешно се одржа традиционалната велигденска работилница за деца, организирана од здружението „Бисерни бранови“, со поддршка на Фондација Бугарска Памет и д-р Милен Врабевски, соопштуваат од Фондација Бугарска Памет. Настанот помина во празнична атмосфера, исполнета со креативност, радост и инспирација. Децата кои учествуваа имаа можност да го изразат својот уметнички дух преку изработка на велигденски украси, декоративни предмети и ...

Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта, вели во објава на социјалните мрежи, министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. „Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за ...

Во 2026 година, НДФ „13 века Бугарија“, по одлука на својот Управен одбор, обезбеди финансиска поддршка за Граѓанското здружение „Група на либерални, амбициозни и солидарни“ (ГЛАС – Босилеград), кое по 33-ти пат го организира Меѓународниот детски Велигденски фестивал во Босилеград. НДФ „13 века Бугарија“ повеќепати го поддржувал фестивалот во текот на годините, учествувал со свои изложби во неговата програма и донирал средства на здружението. ...

На 9 април во 10 часот, во Националниот военоисториски музеј, ќе биде отворена изложбата „Крвавиот пламен на бугарскиот Велигден 1876“, посветена на 150-годишнината од Априлското востание. Изложбата ја претставува пролетта 1876 година како момент кога, „преку својата саможртва, бугарскиот народ го заявува правото на слобода и го проправа патот кон своето возобновување на светската карта“. Во фокусот се востаничките знамиња и оружје како ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, ...

Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака во Тетово, од која, најверојатно, СДС и ДУИ требаше да лапнат дел од колачот, ја спречи отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија. „На прорускиот бизнисмен Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант „ШИК Јелак“ во Тетово, Заев и Ахмети му договорија да гради две илјади станбени единици, деловни простории и ...

Аларманта е состојбата во земјоделието, земјоделците се оставени сами, на раб на егзистенција. Сточарите се соочуваат со ниски откупни цени на млекото, неисплатени или половично исплатени субвенции, додека трошоците постојано растат, велат од СДСМ. „Владата на Мицкоски скрати 40 милиони евра од субвенциите со што директно удри врз земјоделците. Истовремено, драстично ги намалија субвенциите: за тутунот од 100 на 80 денари по килограм, за ...

Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени ја погоди Грција денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 142 километри од градот Лариса. On 2026-04-06, at 04:20:50 (UTC), there was an earthquake around 1 km WNW of Rodotópi, Greece. The depth of the hypocenter is about 10.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 4.6.https://t.co/moppEZWCpc pic.twitter.com/YCM0ZaUE07 — ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе работи на подобрена безбедност во преговорите, вчера со својот сириски колега Ахмед ал-Шара, бидејќи Киев се стреми да ја промовира својата воена експертиза низ целиот регион по избувнувањето на војната меѓу Иран и Ирак. Продолжувајќи ја својата турнеја низ земјите од Блискиот Исток, Зеленски рече дека Украина сака да придонесе за безбедноста на храната во регионот. Во последните недели, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок на Иран до вторник вечерта да го отвори Ормускиот теснец или ќе се соочи со напади врз критичната инфраструктура, според интервјуто што го даде за „Волстрит журнал“ вчера и објавата полна со вулгарности на социјалните мрежи. „Ако не сторат нешто до вторник вечерта, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат повеќе мостови“, изјави Трамп за „Журнал“. Трамп подоцна објави на социјалните ...

Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит со траса на движење од пред плоштад „Карпошово востание“ улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, сообраќајот ќе биде пренасочен по ...

Анализа на БГНЕС Во Скопје европскиот услов за впишување на Бугарите во Уставот упорно се претставува како врвно национално прашање, како последна бариера пред диктатот на „источниот сосед“. Оваа поставка е удобна. Таа им овозможува на власта, на опозицијата и на старите мрежи во државата да ја сведат јавната дебата на уставната измена, а во сенка да остане суштинското прашање. Тоа не е во самата уставна измена. Стравот е на друго место: дека ...

На 79-годишна возраст почина познатиот бугарски поет, композитор и пејач Михаил Белчев. Тажната вест за заминувањето на еден од најпродуктивните и најталентирани автори на текстови во бугарската поп и рок музика ја соопштија БНР и БНТ, пренесува БГНЕС. Акад. Михаил Иванов Белчев е бугарски естраден пејач, композитор, поет и режисер. Тој е автор на повеќе од 50 песни, меѓу кои најпопуларни се: „Булевардот“, „Младоста си оди“ и „Не стареј, ...

Во 302-та епизода на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ гостуваше проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски, поранешен министер за внатрешни работи на тогашна Република Македонија (1992-1996), а потоа и министер за надворешни работи (1996-1997). Со професорот Фрчкоски разговаравме за т.н. „бугарска врска“ во атентатот врз претседателот Киро Глигоров (1917-2012), во октомври 1995 г. За апсењата на изјавени македонски Бугари и тортурата врз нив за ...

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека состојбата со снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава е стабилна и дека нема потреба од ограничувања. Според Мицкоски, граѓаните и бизнисите не треба да стравуваат, бидејќи се обезбедени доволни количини на гориво. Воедно, тој посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни два милиона литри дневно, од кои околу 75 проценти се дизел, а 25 проценти безоловен бензин. ...

Мерките на Мицкоски се задоцнети, недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, поради тоа што спиралата на покачување на цените, веќе започна, оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Кога ние предупредувавме, дека треба да се воведат навремено, како што тоа го направија многу земји во регионот, власта беше без слух, едноставно не нѐ послуша и затоа е оваа ситуација. Кризата ќе станува се потешка, граѓаните се повеќе ќе ја ...

Владата разгледува неколку нови мерки за ублажување на последиците од кризата, кои ќе бидат прецизно димензионирани согласно глобалните случувања. Како дел од следната фаза, се анализира воведување на микро-таргетирани мерки. Меѓу опциите е и замрзнување на трговските маржи, при што одмрзнувањето би се вршело постепено за да се избегнат ценовни шокови. Кои од овие мерки ќе бидат активирани, ќе зависи исклучиво од развојот на глобалните ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека сите институти кои генерираат квалитет во високото образование треба да бидат спокојни, но нагласи дека државата повеќе нема да ги толерира оние што го „осакатуваат“ образовниот систем. Вчера министерката за образование и наука, Весна Јаневска, обелодени пример за приватен институт кој бил регистриран во задна просторија на обложувалница. При увидот на терен, комисијата на МОН затекнала само два ...

Американската вселенска агенција НАСА избра фотографија на астрофотографката Росица Димитрова од Варна за својата престижна рубрика „Астрономска слика на денот“, пишува бугарскиот дневен весник 24 часа. Станува збор за меѓународно признание за талентот на фотографката, која веќе 7–8 години го следи најтемното небо ширум светот. Импресивната фотографија е направена минатата година и го прикажува Млечниот Пат како величествено се издигнува над ...

Ивон Величковски Ова прашање (ви) го поставувам најмалку од аспект на #НоваРепублика. Триесетина години гледаме дека ниту СДСМ негува социјал-демократија (ја спроведе познатата приватизација) ниту во ВМРО-ДПМНЕ се негува конзервативизам (туку се субвенционира “на ангро”). Левица(та) е вокално интернационалистичка и показно шовинистичка, а “либералите” и “нво-прогресивците” само се потврдија како преоблечена социјалистичка “елита”. Сите ги ...

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за намалување на акцизите на горивата, со цел да се амортизира наглиот скок на цените на светските берзи предизвикан од војната на Блискиот Исток. Според новата одлука, акцизата за дизелот се намалува за 4 денари по литар, додека за безоловните бензини од 95 и 98 октани намалувањето изнесува 2 денари по литар. Дополнително, Владата одлучи да ја продолжи примената на повластената стапка на ...

Првата делница од проектот „Градски воз“, на релација од Зелениково до Транспортен центар Скопје, долга 25 километри, ќе биде завршена до јуни годинава. Во текот на летото ќе следуваат тестирања, а линијата се очекува да биде пуштена во употреба од 1 септември. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека реализацијата на првата делница е во согласност со планираната динамика и во моментов се завршени околу 65 ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати сериозни обвинувања на сметка на поранешната владина коалиција на СДСМ и ДУИ, тврдејќи дека тие биле вмешани во криминални активности поврзани со урбанистички план во Тетово. Во соопштението се наведува дека „коалициските партнери СДС и ДУИ за криминални активности не мирувале ни ден“, додавајќи дека веднаш по изборите во 2020 година и формирањето на владата предводена од Зоран Заев, започнале ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1008
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
50%
1007
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.51
65%
1004
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
45%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.57
68%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
73%
1005
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
6.26
53%
1004
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1007
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1007
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1008
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
2.68
49%
1006
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
77%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Алуминиум

3.61

Калај

55.66

Паладиум

47776.01

Сребро

2786.34

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Злато

151086.58

Родиум

320703.70

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

13.33

Платина

68063.13