Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Иранскиот парламент денес негираше дека разгледува закон за повлекување на Техеран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННП) како форма на одговор на израелските напади, објави иранската новинска агенција Мехр. „Извештаите во медиумите за ова прашање не одговараат на реалноста“, се вели во соопштението на парламентот. Порано денес, „Ројтерс“ објави дека портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багаи, изјавил ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денес околу 11:30 часот дека „Израел нема намера физички да им наштети на жителите на Техеран“. Ова е обид да се ублажат заканите што беа упатени утрово и вчера до жителите на иранската престолнина, објави Ројтерс. „Сакам да разјаснам очигледното: нема намера физички да им се наштети на жителите на Техеран, како што убиствениот диктатор им прави на жителите на Израел“, рече министерот Кац во ...
Пет украински државјани беа убиени во саботниот ирански ракетен напад врз Израел. Украинското Министерство за надворешни работи потврди за „Киев Индепендент“ дека пет украински државјани, меѓу кои три деца, се убиени во напад врз станбена зграда во Бат Јам, град јужно од Тел Авив. Украинската амбасада во Израел, соопшти министерството, сè уште собира детали и ги идентификува загинатите. Се проценува дека во Израел моментално живеат 23.000 ...
Иранската државна телевизија објави дека иранските сили за воздушна одбрана собориле израелски дрон MQ-9 Reaper, произведен во САД. Според иранската телевизија, леталото било соборено над градот Дехлоран, во близина на границата со Ирак. MQ-9 Reaper е борбен дрон со долг дострел, повеќенаменски, кој се користи за извидување и прецизни напади. Во својата стандардна конфигурација, може да носи ракети Hellfire и водени бомби и да остане во воздух ...
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани. Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат“, велат од СДСМ. „Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот ...
Реконструкцијата на улицата Дебарца во Општина Центар влегува во завршна фаза. Поставен нов асфалтен слој на коловозот, а во тек е финалното уредување и прилагодување на тротоарите. „Сообраќајот на Дебарца ќе се врати во нормала многу скоро. Улицата добива нов лик, а со тоа овозможуваме побезбедно и покомотно движење за сите што живеат и се движат тука,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Се работи за потег долг 220 метри, каде што е ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека вчера во телефонски разговор му рекла на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека дипломатијата е најдоброто долгорочно решение за конфликтот со Иран. Но, фон дер Лајен не побара итен прекин на огнот, велејќи дека Иран дефинитивно не треба да има нуклеарно оружје. „Секако, мислам дека преговорите се, на долг рок, најдоброто решение“, додаде таа. Таа повтори дека Израел ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.06. до 15.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 154 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ...
Двајца бугарски историчари гостуваа во најновата епизода на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“, која се емитува секоја недела во живо на Youtube. Доц. д-р Наум Кајчев од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“и доц. д-р Георги Н. Георгиев од Институтот за историски истражувања кон Бугарската академија на науките споделија свои размислувања и ставови со гледачите на бугарско-македонскиот поткаст. Доц. д-р Кајчев и доц. д-р Георгиев ...
Иран нема намера да развива нуклеарно оружје, но нема да се откаже од своето право на нуклеарна енергија и истражување, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, повторувајќи го религиозниот указ на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи против оружјето за масовно уништување. „Ние не тежиме кон нуклеарно оружје“, изјави иранскиот претседател пред парламентот, но додаде дека земјата ќе продолжи да збогатува ураниум. „Имаме право на нуклеарна ...
Три лица – две жени и еден маж – беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите за итни случаи Маген Дејвид Адом (MDA). Нападите погодија четири различни локации. MDA teams on scene at a number of sites of rocket strikes in central Israel. Areas being searched for casualties. Image credit: MDA Spokesperson pic.twitter.com/yC4wINBwnX — Magen David Adom (@Mdais) June 16, 2025 Според соопштението од MDA на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за Еј-би-си Њуз во неделата, Трамп рече дека е отворен за можноста Владимир Путин да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Иран. Макрон јасно ја отфрли таквата идеја. „Не верувам дека Русија, која во моментов е вклучена во конфликт со висок ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7, објави „Аксиос“, повикувајќи се на официјален претставник на Белата куќа. Се очекува Трамп да се сретне и со канадскиот премиер Марк Карни и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. Последната лична средба меѓу Зеленски и Трамп беше за време на погребот на папата Франциско во април. Тоа беше нивна прва средба лице в лице по ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион. – Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се ...
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. – Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп. Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци. – Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е ...
Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава, онаму каде што и со закон можат да се дозволат. -Ќе ги дисперзираме услугите, тие што се базични и што можат со закон да се дозволуваат ќе бидат достапни за граѓаните за најблиску каде што живеат. Но, од друга страна, мора да бидеме сигурни дека тие лекови што треба да ги примаат, да бидат чувани ...
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, утре ќе престојува во Тирана, Албанија, каде ќе учествува на Самитот на шефовите на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). По пленарната сесија на форумот, бугарскиот претседател ќе го прими симболичното ротационо претседателство со ПСЈИЕ од албанскиот претседател Бајрам Бегај, соопштија од прес-службата на бугарскиот државен врв. Бугарија ќе го преземе ...
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви. Воедно, како што стои во соопштението на Министерството, се апелира до сите државјани да се воздржат од ...
Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. – Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори. Тој нагласи дека деескалацијата и ...
Денес младинската организација на ВМРО-БНД организираше протест пред амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, јави репортер на БГНЕС. Учесниците на протестот ја изразија својата поддршка за претседателот на затворениот бугарски клуб во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, кој беше осуден на една година условно со двегодишен условен рок, да не го повтори делото. Тој беше прогласен за виновен поради тоа што на социјалните мрежи го цитирал ...
Израел започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку осум лица во Израел, третиот ден од невидена воена ескалација меѓу двете непријателски земји. Иранскиот министер за надворешни работи се обрати до јавноста. Абас Арагчи рече дека одговорот на Иран на израелските напади бил чин на самоодбрана. Тој додаде дека израелските напади, кои беа извршени први, не би биле можни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден. – Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп. ...
Потомците на бежанците од некогашното село Зарово, Солунско, кои во 1913 година биле принудени да го напуштат своето родно место и го нашле својот нов дом во село Крупник, Бугарија успешно ја завршија својата иницијатива за поставување на спомен-обележје посветено на нивните предци. Спомен-обележјето на кое пишува „Во сеќавање на бежанците од село Зарово, Солунско, кои во 1913 г. го напуштија своето родно место и го најдоа својот втор дом во ...
Од 16 до 18 јуни, во Кочани ќе престојува седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска, составена од социјални работници, пожарникари и лица кои преживеале трагедија слична на онаа што неодамна го потресе овој град. Посетата е во организација на групата „Support Kocani“, која информира дека целта на настанот е споделување на искуства, поддршка и заедничко градење на сила и надеж. Шведската делегација доаѓа како симбол на солидарност, откако пред ...
Поранешниот претседател на веќе заличениот Клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, најави дека ќе поднесе жалба во однос на пресудата на која беше осуден на една година условна казна со двегодишен испитен рок. Тој ова го соопшти во интервју за бугарската новинарка Милена Милотинова, во рамки на емисијата „Брисел 1“. „Властите во Република Северна Македонија испраќаат порака не само до мене, туку и до сите Бугари во земјата. Секој што ...
Голем пожар што избувна во станбена кула со 67 ката во Дубаи Марина доцна во петокот навечер, a беше целосно локализиран од страна на екипите на Цивилната одбрана на Дубаи во раните утрински часови во саботата. Инцидентот предизвика брз и координиран итен одговор, што резултираше со евакуација на сите 3.820 жители од 764 станови во зградата, без пријавени повредени. Пожарот започна доцна во петокот на горните катови на кулата „Тигар“, позната и ...
Израелската армија соопшти дека извршила масовен воздушен напад врз Иран, гаѓајќи 150 цели со стотици проектили во текот на ноќта. Според израелски воени претставници, нападите биле насочени кон воени објекти, инфраструктура поврзана со нуклеарната програма, како и кон научници и високи воени личности. „Оваа акција сериозно ја забави иранската нуклеарна програма“, изјави претставник на Израелските одбранбени сили (ИДФ), додавајќи дека штетите се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руската офанзива во североисточниот дел на земјата е запрена, а украинските сили успеваат да ја стабилизираат ситуацијата во Сумската област, каде што се водат интензивни борби долж самата граница со Русија. „Ја израмнуваме ситуацијата. Борбите се одвиваат на самата граница. Треба да знаете дека непријателот беше запрен. Максималната длабочина на офанзивата е седум километри од границата“, ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот профил на Фејсбук му се обрати на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, со серија критики за неговото однесување и, како што тврди, неспособност да го признае придонесот на Град Скопје во реализацијата на инфраструктурни проекти. „Ова е објава за читање за сите интелигентни и слободоумни граѓани, другите не читајте!“ – започнува Арсовска во својот пост, ...
“…И той – вечен демон за вразите, във народа вечно ще живей.” “Марко загина в с. Пътеле, Леринско, съвсем не тъй, както той мечтаеше – без да дочака края. И може би по-добре… Македонският роб от Пелистер до Воден и от Мориховските планини до Костур нема да забрави човека – великан, който пръв възкреси в него верата, за да може да прави чудеса – той никога нема да забрави Марко войвода.” Од напис објавен во весникот “Революционен лист” по повод ...