
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Наградата Карло Велики за заслуги во промовирањето на европското единство денес ѝ беше доделена на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ја нагласи потребата Европа да биде што е можно понезависна. „Време е Европа да се крене и да го започне следниот голем европски проект. Следната ера, нашиот следен голем проект мора да оди во насока на независна Европа“, рече претседателката на извршното тело на ЕУ додека ја ...
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA. Во своето обраќање, Меџити ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии. „Ние сме во 21 век, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот“, истакна тој. Ганиу ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело проневера во службата. „Првопријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година и второпријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, во ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, кое се однесуваше на одлуката да изврши исплати на средства од Буџетот на државата на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани и ако има таква одлука, колку средства се исплатени на семејствата на загинатите и повредените. Тој реагираше во однос на ...
СДСМ прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу? „ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи за скандалите кои се објавуваат за нивните колаициски партнери Ганиу и Меџити. Зошто Владата досега не го ангажирала државниот градежен инсекторат да интервенира и да санкционира, ако е виситина дека има преку 150 дивоградби во Општина Чаир. Дали Владата предовдена од ДПМНЕ сака повторно да се случи некоја трагедија во нелегелизирани и опасни ...
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат. „Изминатите три и пол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат“, додаде тој. Кажа дека постојано се во кампања. „Секако дека се ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик за една изборна единица, но како што рече да се дозволи и дијаспората да гласа. „Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат ...
Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Скопје известува дека на ден 31.05. и 01.06.2025 година ( сабота и недела) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во ист термин, велат надлежните. Се известуваат пчеларите навремено да ги ...
Израелската влада одобри изградба на 22 нови еврејски населби на окупираниот Западен Брег, објави министерката за финансии Безалел Смотрих, потег што би можел да ги продлабочи поделбите со некои сојузници кои се заканија со санкции поради понатамошно проширување. Министерот од крајнаta десница, застапник на израелскиот суверенитет над Западниот Брег, напиша на мрежата X дека новите населби ќе бидат лоцирани во северниот дел на Западниот Брег, ...
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска присуствуваше на започнувањето на изградбата на нов парк во Горно Лисиче покрај улицата „Божин Николов“ на површина од 3.500 квадрати метри. Новиот парк ќе ја замени дивата депонија што со години се таложела покрај стадионот во оваа населба и ќе прерасне во убава и функционална зелена оаза за жителите на Горно Лисиче. При увидот градоначалникот се запозна со динамиката на ...
Огромна маса од камења и мраз од глечерот затрупа поголем дел од село во Швајцарските Алпи. Видеа на социјалните мрежи и швајцарската телевизија покажуваат куќи и згради во селото Блатен, во јужната долина Лехентал, делумно покриени со кафеава кал. (©PomonaMedia) pic.twitter.com/BCxH7ywv5T — Météo Franc-Comtoise (@MeteoFrComtoise) May 28, 2025 Регионалната полиција објави дека 64-годишен маж е исчезнат и дека е во тек операција за пребарување и ...
Оперативниот план за вработување што го презентираше Владата на ВМРО-ДПМНЕ е само параван, обланда за нов бран партиски вработувања и ништо повеќе, велат од СДСМ. Наместо стратегија за отворање нови работни места и поддршка за младите, на долгорочно невработените, додаваат од таму, власта спроведува нова серија партиски вработувања по список. „ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од ...
„Нашата кандидатура за министер за здравство е Азир Алиу, докажан професионалец и визионер во областа на технологијата и современата организација на здравствените услуги“, го појаснуваат од „Вреди“ новиот предлог на Алиу. Азир Алиу, истакнуваат од таму, доаѓа со современ и неопходен пристап за времето во кое живееме. Нагласуваат дека негов приоритет како министер ќе биде целосна дигитализација на здравствениот систем, гарантирајќи ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денескa во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025. Предвидено е таа да се обрати на пленарната сесија што ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев. Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“. Форумот се позиционира како значајна иницијатива за ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на совијалните мрежи и објави дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истуриш отпад пред бараките. „Господинот Висар Ганиу си собираше ѓубрето од дивоградвбите и некои фотељи, па кога му кажав на Фејсбук дека не му е добар планот, се исплашил и дошол пред Град Скопје да го истури ѓубрето и се задржал три минути, а бе кога му реков доаѓам, џом ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не присуствуваше на доделувањето на наградата Карло Велики во германскиот град Ахен. Според весникот „Дер Шпигел“, причината за промената на планот е заканата од руска инвазија на Суми, па претсеедателот отпатувал директно од Берлин до Киев. Пред две години тој лично ја доби наградата Карло Велики во Ахен. Зеленски овојпат планираше да учествува на церемонијата на доделувањето, која и беше врачена на ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. Ѓорѓија Сајкоски по состанокот рече дека ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои што се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат. „Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато тестот на граѓаните, во изминатите 4 години, а тоа го потврдуваат и анкетите“, вели тој. ИК утврди и ги предложи следните кандидати: 1. Аеродром – Дејан ...
Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на експресниот пат Штип – Кочани“. Панелот беше инициран од универзитетскиот професор Јован Шоповски со поддршка на општествено одговорната компанија „Амфенол Технолоџи Македонија“. На панелот учествуваа и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, експерти и ...
Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на Македонија и Обединетото Кралство за 6-те милијарди евра. Мнозинството по гласањето ракоплескаше, додека опозицијата негодуваше со извици. Според власта се работи за историски договор, додека според опозицијата, истиот е нетранспарентен и со непозната камата. По критиките на опозиција за нетранспарентност, премиерот Христијан ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, и покрај неговиот напнат однос со американскиот претседател Доналд Трамп, тој верува оти Белата куќа е сè уште повеќе вознемирена од рускиот претседател Владимир Путин отколку од него, според светските агенции. „Можеби кажувам непријатни работи, но ја кажувам вистината. И го кажувам она што го мислам. И тој (Владимир Путин) понекогаш може да каже многу убави работи, но тоа се лаги. И мислам ...
Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал. Како што појаснува во напишаното, Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме. ...
Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за здравство на местото на досегашниот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој си поднесе оставка и од владината и од партиската коалиција. „Да, јас го добив и официјално тој предлог. Деновиве ќе го доставам до пратениците во Собранието. Со господинот Алиу се познаваме така што мислам дека ...
Папата Лав денес апелираше за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас „целосно да го почитуваат“ меѓународното хуманитарно право. „Во Појасот Газа, интензивните плачења на мајки и татковци кои држат тела на своите мртви деца сè повеќе достигнуваат до небото“, рече поглаварот на Католичката црква за време на неговата неделна аудиенција на плоштадот Свети Петар. „Го повторувам мојот апел до одговорните: запрете ги ...
СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер во МВР. „Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта. Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот. Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фаном ...
Беспилотни летала нападнаа фабрика за беспилотни летала во градот Дубна, во Московската област, објавија руските канали на Телеграм „Астра“ и „База“, повикувајќи се на локалните жители. Нападот го потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и руското Министерство за одбрана. На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат беспилотни летала над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот. На снимките може да се чуе и дека ...
Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” спрема уште едно лице, кое, исто така, е осомничено како соизвршител во кривичното дело тешки дела против општата сигурност. „Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи трилатерален состанок со шефовите на државите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за да се унапредат мировните преговори за војната во Украина, а воедно го повика Вашингтон да воведе нови санкции кон Москва. „Подготвени сме за форматот Трамп-Путин“, рече украинскиот претседател на прес-конференција во вторник, беше објавено утрово. „Ако на Путин му е непријатно да има билатерален ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес во Берлин ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти германската влада, како дел од дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Мерц ќе го пречека украинскиот претседател со воени почести напладне во среда, се вели во соопштението на владата. „Фокусот на посетата ќе биде поддршката на Германија за Украина, како и напорите за постигнување прекин на огнот“, се ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува, како што велат, длабока загриженост поради најновите вработувања во хидроелектраната Маврово – Врток, каде што се ангажирани 12 нови лица, без вклучување на ниту еден припадник на албанската заедница, иако, како што велат од ДУИ, станува збор за институција лоцирана во регионот на Гостивар, каде што Албанците претставуваат мнозинство. Оваа одлука, според ДУИ, претставува јасен пример на етничка ...