Селекторот на Гана, Карлос Кеироз, не го криеше своето незадоволство по ремито без голови против Англија на Светското првенство. Селекторот смета дека неговата репрезентација е оштетена за чист пенал и исклучување. Иако Англија доминираше во поседот и ја имаше топката во свои нозе дури 79 проценти од времето, репрезентацијата на Гана успешно се спротивстави на притисокот и стигна до важен бод во Групата Л. Сепак, Кеироз верува дека неговата ...

Еј Џеј Дибанса беше избран како прв избор на овогодинешниот НБА драфт од страна на Вашингтон Визардс. Тимот од главниот град на САД се одлучи за 19-годишно момче, кое помина само една година на „BUY“ колеџот. „Многу ми значи да бидам прв избор. Изборот број еден ме следеше низ целата средношколска кариера и сакав да бидам во исто друштво со Леброн Џејмс, Ален Ајверсон и Купер Флег.“ Ова е трет пат во историјата Визардс да го добијат првиот ...

Даниел Муњоз е херојот и досега најдобриот стрелец на Колумбија на Светското првенство. Десниот бек на Кристал Палас постигна гол во 76-та минута за да му донесе победа на својот тим од 1:0 против Конго, во второто коло од групната фаза на Светското првенство и го потврди своето место во нокаут фазата. Јужноамериканската селекција не блескаше, но ја оправда улогата на фаворит и помина меѓу 32-те најдобри селекции на планетата. Во последното ...

Хрватските фудбалери ја победија Панама со 1:0 (0:0) во натпреварот од 2. коло од Групата Л на Светското првенство. Натпреварот мина во знакот на Лука Модриќ, го одигра 200-от натпревар за Хрватска. На овој начин, Хрватите ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата, бидејќи во случај на пораз, а секако и нерешено, ќе немаа шанси да одат во нокаут фазата. Вака, со три бода од два натпревари, тие го чекаат третото коло против Гана во уште ...

Англија и Гана одиграа 0:0, во второто коло во Л групата на Светското првенство. Двете репрезентации имаат по четири бода и речиси сигурно место во нокаут фазата. Натпреварот на „Жилет“ стадионо во Фоксброу беше еден од најздодевните во досегашниот тек од првенството. Англија ја имаше топката, се обидуваше да креира нешто, но ииграчите на томас Тухел не можеа да ја решат компактната дефанзивна поставеност на Гана. Фудбалерите на ...

Атлетико Мадрид повторно се огласи по повод Хулијан Алварез и неговата желба да го напушти клубот. Првиот човек на Атлетико, уште еднаш потврди дека клубот нема намера да го продаде аргентинскиот напаѓач. Алварез, по победата на Аргентина над Австрија (2:0), на медиумите им ја потврди својата желба. „Не е момент да се зборува за тоа, но не можам ниту да кријам“, им рече Алварез на новинарите. „Се обидувам да бидам искрен. Разговарав со луѓе ...

Центарот на Денвер, Јонас Валанчунас (34), ќе ја продолжи својата кариера таму каде што сè започна, во Литванија. Според порталот „Баскетњуз“, Литванецот ги брои последните денови како член на Денвер и последните денови воопшто во најсилната лига, по што повторно ќе биде слободен да избере нов клуб. Кога официјално ќе се раздели со Денвер на 8 јули, ќе потпише двегодишен договор со литванскиот шампион Жалгирис, објавува истиот извор, и, без ...

Португалија ја забележа првата победа на Светското првенство и обезбеди место во нокаут фазата. Португалците со 5:0 (3:0) го победија аутсајдерот Узбекистан. Кристијано Роналдо постигна два гола. Првиот во шестата минута со што ја прекина серијата од 10 натпревари без постигнат гол на светските и европските првенства. Роналдо воедно стана вториот најстар стрелец во историјата на Мундијалите. По голот на Роналдо во шестата минута, во 17-та ...

Ерлинг Халанд блеска на своето прво Светско првенство. Брилијантниот напаѓач на Норвешка постигна четири гола на два натпревари. Прво, постигна два гола против Ирак во победата од 4:1, а потоа имаше идентичен учинок и во триумфот од 3:2 против Сенегал. Норвешка, заедно со Франција од И групата изборија место во нокаут фазата. По дуелот со Сенегал, тој не зборуваше многу за својата одлична игра. „Јас сум навистина добар во постигнување ...

Актуелниот шампион во кралската класа, Марк Маркез, потпиша договор со Дукати, според кој ќе остане во италијанскиот тим најмалку до крајот на 2028 година. Деветкратниот светски шампион пристигна во италијанскиот тим минатата година, од Гресини, по години страдање во Хонда по тешката повреда на раката што ја претрпе во Херез 2020 година. Маркез доминираше минатата година, ја освои титулата, што беше негова прва по пауза од шест години, но ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина би можела да се соочи со селекцијата на Соединетите Американски Држави во следната фаза од Светското првенство, секако доколку избори место во нокаут фазата од натпреварувањето. Исходот во Групата Д го доближи ова сценарио уште повеќе, бидејќи Франција и Норвешка победија против Ирак и Сенегал, па по две кола имаат по шест бода. Сенегал и Ирак останаа без бодови, што дополнително ги намали ...

Италијанскиот стручњак Енцо Мареска наскоро треба официјално да биде претставен како нов тренер на Манчестер Сити, по неколку месеци неизвесност. Кога Пеп Гвардиола објави дека ги напушта „Граѓаните“, беше јасно дека неговиот поранешен помошник е првата мета. Иако со месеци не е тренер на Челзи, „сините“ сè уште бараат отштета за него. Мареска наводно водел разговори со претставници на Сити во декември или јануари, што во Лондон го сметале ...

Два дена пред неговиот 39-ти роденден, Лионел Меси постави дури четири рекорди на Светските првенства. Во победата на бранителот на титулата против Австрија со 2:0, во второто коло од групата, Меси ги постигна двата гола и со тоа постави рекорди, кои беа потврдени и од Гинисовата книга на рекорди. Во соопштението за медиумите објавено по натпреварот, Гинисовата книга на рекорди ги наведе достигнувањата на Меси: со вкупно 18 гола, тој стана ...

Аргентиснкиот напаѓач, Хулијан Алварез (26), откри дека е подготвен да го напушти Атлетико Мадрид ова лето за да го оствари својот трансфер од соништата. Иако моментално е на Светското првенство со аргентинската репрезентација, најмногу сака да го смени клубот. Пред две години, Атлетико го купи од Манчестер Сити за 75 милиони евра ( и 20 милиони преку потенцијални бонуси). Оттогаш, на 106 натпревари, постигна 49 гола и забелеѓа 17 ...

Двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот, Јанис Адетокумбо, го напушта Милвоки, кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит. Според информациите објавени од познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами постигнаа договор за голема размена во која грчкиот ас се сели во Флорида, заедно со искусниот крилен центар Боби Портис. Милвоки ќе ги добие Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Хакес Џуниор и Каспарас Јакутсионис, ...

Франција го победи Ирак со 3:0, а Норвешка во натпревар со пет гола славеше над Сенегал со 3:2. Овие две селекции, по две рунди изборија место во нокаут фазата од групата И. Во Ј групата, Алжир со 2:1 го победи Јордан и ги задржа шансите за пласман во наредната фаза од Светското првенство. Франција против Ирак ја оправда фавористската улога, забележа лесна победа, во Филаделфија. Поради невремето над овој град натпреварот траеше речиси ...

Актуелните светски шампиони, Аргентина, го продолжија својот поход кон одбрана на титулата со победа над Австрија (2:0) во второто коло од Групата Ј. Сè што направија „Гаучосите“ на стадионот во Далас беше во знакот на Лео Меси. Најголемата аргентинска ѕвезда влезе во историјата на Светското првенство. Тој ги постигна двата гола за својата репрезентација, а воедно стана и апсолутно најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. ...

Вечерва, во Далас, Аргентинецот Лионел Меси официјално стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Меси го постигна 17-от гол во својата кариера на Мундијалите. Меси до историското остварување дојде од „втор обид“, откако во деветтата минута промаши пенал. Сепак во 38-та минута постигна гол и го урна рекордот на Мирослав Клосе (16). Аргентина отвори контра, центаршутот упати Медина од левото крило, Алмада брилијантно ја ...

Жељко Обрадовиќ имаше спектакуларен прием во салата „ОАКА“ во Атина. По 14 години, Обрадовиќ се врати на клупата на Панатинаикос. Пред прес-конференцијата, Обрадовиќ отиде во салата, каде што речиди 3.000 навивачи на Панатинаикос се собраа на трибините. Тие го скандираа неговото име и создадоа одлична атмосфера со запалени факели. Обрадовиќ беше без работа од ноември минатата година, кога го напушти Партизан. Во својот прв мандат, Жељко го ...

Тотенхем не запора со летните потписи и го означи Маркус Рашфорд како своја следна главна цел. Спарс наводно подготвуваат официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој имаше успешна сезона на позајмица во Барселона. Спарс веќе го обезбедија Јан Пол ван Хеке од Брајтон за 62 милиони евра, како и слободните трансфери на Ендру Робертсон и Маркос Сенеси, и испратија огромна понуда од 95 милиони евра за Сандро Тонали од Њукасл. Иако ...

По девет години договор со Реал Мадрид, играчот од средниот ред Дани Себаљос го напушта клубот бесплатно. Реал нема да бара ниту едно евро обештетување. Дани Себаљос стана член на Реал Мадрид во 2017 година, а со двегодишна позајмица во Арсенал, беше член на првиот тим на кралскиот клуб вкупно седум години. Сепак, неговата приказна во Мадрид завршува ова лето и клубот одлучи да го пушти бесплатно, иако е под договор до летото следната ...

Репрезентацијата на Австрија влегува во својот втор натпревар на Светското првенство со победа од 3:1 против Јордан, но вечерва во 19 часот ја чека сосема поинаков предизвик – актуелните светски шампиони Аргентина. Селекторот Ралф Рангник, најавувајќи го натпреварот, рече дека се аутсајдери, додека капитенот Марсел Сабицер истакнува дека тимот е „опуштен, но концентриран“ пред натпреварот во кој немаат што да изгубат. Атмосферата пред ...

Во натпревар од второто коло од Групата Х, Уругвај и Зеленортските острови ги поделија бодовите играјќи 2:2. Двете екипи сега имаат по два бода. Нерешениот резултат ги остава двата тима за пласман во нокаут фазата, но за Уругвај ситуацијата стана многу покомплицирана бидејќи играат против Шпанија во последното коло. Кевин Пина Лентини и донесе предност на африканската селекција, со гол од слободен удар. Во финишот Уругвај изедначи во 44-та ...

По неуспехот во дуелот со Зелено’ртските Острови, Шпанија рутински победи против Саудиска Арабија во второто коло од Групата Х – 4:0. Шпанците се задоволни и од враќањето на ѕвездата на тимот, Ламин Јамал, во почетниот состав, а најмладиот играч на оваа репрезентација го одигра првото полувреме, во кое го постигна и водечкиот гол за својата селекција, во десеттата минута. Во центарот на вниманието беше Микел Ојразабал, кој имаше четири ...

Белгија уште еднаш разочара на Светското првенство. По ремито со Египет, Белгија одигра 0:0 со Иран. Инаку, иранскиот тим на оваа средба влезе во историјата како најстариот тим во историјата на Светските првенства, односно од 1966 година, кога се води статистика. Просечната возраст на играчите што тренерот Амир Галенои ги извади на теренот беше 32 години и 181 ден, надминувајќи ја Германија од Светското првенство во 1998 година, кога ...

Фудбалерите на Малага се вратија во елитниот ранг на шпанскиот фудбал, откако ја победија Алмерија во плејофот на ЛаЛига 2 по два натпревари со вкупен резултат од 2:1. Првиот натпревар во Малага заврши без голови, а во реваншот сино-белите славеа како гости со 1:2 (0:0). Поради големите немири што му претходеа на натпреварот, почетокот беше одложен за 30 минути. Одлуката за победникот беше донесена во второто полувреме. Гостите поведоа со ...

Фудбалерите на Јапонија ја остварија својата прва победа на Светското првенство совладувајќи ја Тунис со 4:0. Јапонија сега има четири бода во Групата Ф, исто колку и првопласираната Холандија, додека Тунис го заврши натпреварувањето, не освои ниту еден бод, а гол разликата во два натпревари е 1:9. Тунис, да потсетиме, го отпушти селекторот по првиот натпревар, но тоа не им помогна да не се резилат и во следниот меч. Момците од земјата на ...

Фудбалската репрезентација на Германија го победи Брегот на Слоновата Коска со 2:1 со головите на Дениз Ундав. Екипата на Јулијан Нагелсман собра шест бода, обезбеди пласман во нокаут фазата, но остана без ценгтрален дефанзивец. Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, почувствува проблем со левата нога веќе по 13 минути, откако се судри со Амад Дијало. Лекарите му ставија мраз на глуждот и тој стисна заби до крајот на полувремето. ...

Курасао го освои првиот бод во својата историја на Светските првенства, откако одигра 0:0 против Еквадор во Канзас, а херој на натпреварот беше голманот Елој Рум со дури 15 одбрани. Рум со тоа постави нов рекорд на Мундијалите по бројот на одбрани во еден натпревар од 90 минути (15), без продолженија, и практично го запре тимот кој доминираше од првата до последната минута. Еквадор ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме веќе во ...

Фудбалскиот клуб Њукасл ја отфрли понудата на Тотенхем вредна околу 92 милиони евра за италијанскиот играч од средниот ред Сандро Тонали, објавија британските медиуми. Понудата пристигна на почетокот на неделата, но „страчките“ експресно ја отфрлија можноста за преговори, јасно ставајќи до знаење дека не сакаат да се откажат од еден од клучните играчи во тимот. Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, има голема желба да го доведе ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32