
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Неверојатна завршница има сезоната 2024/2025 во Холандија. Фудбалерите на Ајакс го загубија првото место во Ередивизие откако испуштија победа во Гронинген во претпоследното 33. коло со 99.минута со играч повеќе. Двапати славниот клуб од Амстердам водеше на стадионот „Еуроборг“ со головите на Антон Гои во 27. минута и Ваут Вегорст во 68.минута, но домашните не се предадоа. Првиот пат израмнија во 52. минута преку Том ван Берген, а потоа во ...
Фудбалерите на Галатасарај го освоија рекордниот 19-ти трофеј од Купот на Турција, откако во финалето рутински го победија Трабзонспор. Финалниот натпревар одигран на градскиот стадион во Газијантеп заврши со убедлива победа на Галатасарај од 3:0 (1:0). Турскиот репрезентативец Јунуис Акгун се истакна со три асистенции: за водечкиот гол на сонародникот Барис Јилмаз во петтата минута, потоа уште две за Виктор Осимен во 46. и 63. минута. ...
Француската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на форматот на натпреварувањето во Лига 1, пишува „Лекип“. Според познатиот весник, се разгледува можноста да воведе завршен турнир за титулата во првенството. На завршниот турнир би учествувале четирите најдобри екипи од регуларната сезона. Во полуфиналето, првиот тим ќе игра против четвртиот тим, а вториот тим ќе игра против третиот тим. Победниците во завршниот меч би решавале ...
Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, од неколку причини, сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид. Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште не е постигнат договор. Менаџерот на Винисиус, Фредерико Пења, дал понуда која Флорентино Перез ја оценил како неприфатлива. Пења за својот клиент бара годишна плата од 30 милиони евра, што е многу повеќе од сегашната (17 милиони)/ Актуелниот ...
Легендарниот тренер, Фабио Капело, не сака да го споредува Ламин Јамал со Меси, Марадона или Роналдо. Јамал, кој сеуште нема 18 години веќе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Чудото од дете кое игра за Барселона веќе има блескава кариера, минатата година го освои Европското првенство со Шпанија, а оваа сезона е на прагот да го освои и шпанското првенство со Каталонците. Тој веќе сруши некои рекорди што ги држеше Лионел Меси, по некои ...
Реал Мадрид сезоната 2024/2025 ќе ја заврши без „голем трофеј“. Барселона на Реал му го зеде Купот на Шпанија и националниот шампионат, а во Лигата на шампионите Арсенал го елиминира „кралскиот клуб“ во четвртфиналето. Карло Анчелоти, тренерот на Реал, си оди од клубот, а првиот човек Флорентино Перез, подготвува и реконструкција на тимот. Слично како и минатата сезона, со заминување од Реал се поврзува Бразилецот Родриго. Не е тајна дека Пеп ...
Флоријан Вирц речиси сигурно ќе го напушти Баер Леверкузен ова лето. Баерн Минхен подготви пакет вреден 250 милиони евра за Вирц, но не е исклучено да се случи спектакуларен рпесврт. Германските медиуми ја објавија понудата која е подготвена во Минхен, 150 милиони евра обесштетување и 100 милиони евра за Вирц во наредните пет сезони. Шпанските новинари од друга страна тврдат дека Реал Мадрид е сè уште во игра и дека нема таа лесно да се откаже ...
Веста за испаѓањето на Сампдорија во Серија Ц (трет ранг на италијанскиот фудбал) предизвика бурни прослави меѓу навивачите на лутиот градски ривал Џенова. Додека навивачите на Сампдорија тагуваат по шокантното испаѓање во Серија Ц, навивачите на градскиот ривал Џенова „скокаа“ од радост. Навивачите на овој клуб палеа факели и огномети низ целиот град до доцна во ноќта. Исто така, беше организиран и „погреб“. Сампдорија, поранешен италијански ...
ФИФА има за цел да генерира 1 милијарда долари приходи „во иднина“ од Светското првенство за жени, кое ќе се прошири од 32 на 48 екипи почнувајќи од 2031 година, објави во средата нејзиниот претседател Џани Инфантино. „Гледаме значаен, експоненцијален раст во женскиот фудбал“, нагласи Инфантино на Саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад. Како и Светското првенство за мажи, кое ќе се зголеми од 32 на 48 екипи и од 64 на 104 ...
Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, се огласи по поразот од Оклахома Сити Тандер. Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција од Оклахома Сити Тандер со резултат 112:105. По болниот пораз, на прес-конференцијата се обрати в.д. тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, по што следеше и Џамал Мареј. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер во овој натпревар со 44 поени, 15 ...
Јувентус потврди дека постигнал договор со два спонзора чии имиња ќе бидат видливо прикажани на дресовите од следната сезона до летото 2028 година. По сезоната во која гигантите од Торино играа без истакнат спонзор на предната страна од горниот дел од дресот, тоа ќе се промени од следната сезона. Јувентус потврди нов договор за спонзорство со Jeep и Visit Detroit. „Договорот вклучува фиксна вкупна такса од 69 милиони евра (од кои 4 милиони ...
Одржана е ждрепката за квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027 година. Во квалификациите ќе учествуваат 32 екипи, 24 учесници од Евробаскет 2025 и осум победници од претквалификациите. 12 европски екипи ќе одат на завршниот турнир во Катар. Ждрепката се одржа во салата Алхазм во Доха, а ја водеше глобалниот амбасадор на ФИБА, Кармело Ентони. Дуелите започнуваат во ноември оваа година, по што следат февруари и јуни 2026 година. ...
Војната помеѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен продолжува, а се појави нова фаза со тужбата што официјално ја поднесе клубот. Имено, францускиот шампион беше огорчен од начинот на кој Мбапе го напушти Париз, без обештетување откако му беа исплатени 180.000.000 евра на Монако. Тој му заби нож во грб на Насер Ал Келаифи, со кого наводно имал усмен договор во 2023 година за продолжување на договорот, но тоа не се случи. „Овој договор не беше ...
Ти Џеј Шортс, американски плејмејкер со македонски пасош, имаше фантастична дебитантска сезона во Евролигата со Пари Сен Жермен. Се очекуваше дека тој ќе се приклучи на еден од најсилните европски тимови во текот на летото, но тоа најверојатно нема да се случи. Францускиот „Баскет Јуроп“ објавува дека Шортс ќе ја напушти Европа на крајот од сезоната и ќе им се придружи на Мемфис Гризлис, што значи дека ќе се испроба во НБА. Според извештаите, ...
Кристијано Роналдо Џуниор (14), најстариот син на легендарниот португалски фудбалер со исто име, пристигна во Хрватска каде што настапува со португалската репрезентација до 15 години на Меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Свети Мартин на Мури. Португалија го отвори турнирот со победа од 4:1 над Јапонија. Синот на Роналдо влезе во игра во 53-тата минута (се играа 2×40 минути), но немаше некој посебен ефект. Неговиот татко Кристијано по ...
Америка зборува за измама која наводно се случила на драфт-лотаријата на НБА. Голем број фанови на НБА се убедени дека драфт-лотаријата која се одржа синоќа во Чикаго е наместена и дека Далас со измама го добил првиот пик на годинешниот драфт. Маверикс, кои беа елиминирани во вториот натпревар од плеј-офот оваа сезона, победија на НБА драфт лотаријата за да го преземат првиот пик на овогодинешниот драфт, и покрај тоа што имаа само 1,8 отсто ...
Карло Анчелоти и официјално е потврден за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација, објавија синоќа многу светски медиуми. Анчелоти ќе го преземе местото на 26 мај, веднаш по завршувањето на сезоната со Реал Мадрид. Со овој потег завршува неговиот втор мандат на клупата на Кралскиот клуб, со кој претходно освои две Ла Лига и три Лига на шампиони. Анчелоти имаше уште една година од договорот со Реал Мадрид, но по пријателските ...
Џејлен Брaнсон ги презеде работите во свои раце во четвртата четвртина и му донесе победа на Њујорк против Бостон од 121:113, потенцијално затворајќи ја серијата. Никс сега имаат 3-1. Сепак, поголем проблем за Бостон од овој е што сега е само еден пораз до елиминација од НБА плеј-офот, а Џејсон Тејтум е повреден. Првата ѕвезда на тимот беше изнесенa од теренот во инвалидска количка бидејќи се повреди на три минути пред крајот на мечот, а ...
Австралиецот Ник Киргиос е во расправија со навивачите на социјалните мрежи кои се радуваат по повредата на најдобриот играч од Бостон Џејсон Тејтум. Кошаркарите на Бостон Селтикс беа поразени од Њујорк Никс со 121:113. Екипата на Бостон сега има негатива од 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА. Покрај поразот во четвртиот меч останаа и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум кој најверојатно си ја скина тетивата. Тејтум не е ...
Мајкл Џордан, легендата на НБА и Чикаго Булс, ќе стане специјален соработник на мрежата NBC, која ја емитува најсилната кошаркарска лига во светот, почнувајќи од оваа есен. Еден од најголемите кошаркари на сите времиња прифати уште еден предизвик во својата кошаркарска кариера, а од есен и новата сезона ќе биде специјален дописник за извештаите од НБА. BREAKING: NBC Sports has named Michael Jordan a special contributor for its upcoming NBA ...
Италијанскиот стручњак, актуелен тренер на Реал, Карло Анчелоти е новиот фудбалски селектор на Бразил. Како што беше објавено, 65-годишниот стручњак потпиша договор до крајот на Светското првенство, кое ќе се игра следното лето во САД, Мексико и Канада. „Најтрофејниот избор во историјата на фудбалот сега ќе го води најуспешниот тренер во светот. Карло Анчелоти, синоним за историски достигнувања, беше објавен овој понеделник од претседателот на ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заедно со претставници од ФФМ, денес ја посетија Битола и извршија увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, со цел да се исполнат условите на УЕФА, за одигрување на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија. За одигрување на ваков натпревар од меѓународен ранг, потребно е да се извршат подготовки и да се исполнат критериуми за ...
Навивачите на Реал Мадрид беа изненадени што Виктор Муњоз, 21-годишник кој вчера дебитираше за Реал Мадрид, беше испратен на теренот во финалето на Ел Класико. Шпанските медиуми објавуваат дека на навивачите не им било јасно како му е дадена предност во однос на Родриго. Бразилецот, крилниот напаѓач на тимот вреден 100 милиони евра, остана на клупата во текот на целиот натпревар. Оваа сезона, Карло Анчелоти го стави Родриго во 50 натпревари на ...
По 34 години, Грција во 2029 година повторно ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка. Според грчките медиуми, земјата ќе биде домаќин на финалето на Евробаскет 2029 година. Грција ги победи Шпанија, Литванија и Словенија во жесток процес на лицитирање, додека Германија се повлече уште порано. Грција ќе биде домаќин и на групната фаза и на финалето на Европското првенство, а финалето ќе се игра во Атина, на арената „ОАКА“. Се очекува ...
Партизан и Панатинаикос ќе ги вкрстат копјата на пријателски натпревар во Австралија во септември 2025 година, официјално е потврдено. Како што претходно беше најавено, Партизан и Панатинаикос ќе го продолжат своето пријателство и ќе бидат главни актери на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“, именуван по поранешниот сопственик на „зелените“. Сега е официјално потврдено, а турнирот, на кој ќе настапат и Сиднеј Кингс и Аделejd 36ерс, ќе се ...
Кошаркарскиот клуб Монако објави трагична вест дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа. Монако се обрати до јавноста со шокантната вест во ноќта помеѓу 11 и 12 мај. Загинатиот играч е младиот кошаркар Лоренцо Рену, кој играше за нивниот тим кој играше во лигата „Национале 3“, петта во Франција. Несреќата се случила додека тимот се враќал од натпревар, а покрај починатиот играч, повредени се уште пет лица кои ...
Оваа сабота (17 мај) со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам ,,Krushevo MTB Challenge” во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија. Во рамките на овој настан, ќе се реализира и Државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ. ...
Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град. Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 ...
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја победи Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и обезбеди пласман на 17. Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Скандинавија. Македонија ја победи Литванија со 26:17. Литванците поведоа на почетокот на натпреварот со 0:4, но во вториот дел Македонија доминираше и победи со девет гола разлика. Европското првенство ќе се одржи во јануари следната година во Норвешка, ...
Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3. Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот. Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”. Публиката го оцени тукушто ...