Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Во последниот натпревар од 34-то коло од Премиер лигата, играчите на Арсенал успеаја да го победат Њукасл со 1:0 на домашен терен. Единствениот стрелец и херој на победата на Арсенал беше Еберечи Езе, кој на брлијантен начин ја погоди мрежата на Њукасл во девттата минута од натпреварот. Арсенал сега е три бода пред Манчестер Сити на врвот на табелата во Премиер лигата со натпревар повеќе. Њукасл ја продолжи својата серија порази, нема ...
Манчестер Сити го победи Саутемптон со 2:1 по пресврт и се пласираше во финалето на ФА Купот. По водството на второлигашот од „Сент Мерис“ во 79-та минута, кое им го донесе мајсторски потег на Фин Азаз, и делириумот на навивачите од југот на Англија, следеше експресна реакција на фаворитот, прво соло акција и гол со многу среќа на Џереми Доку, а потоа и „торпедо“ на Нико Гонзалез. Во финалето, Сити ќе игра со подобриот од дуелот Челзи-Лидс, ...
Ракометарите на ГРК Охрид со негатива еден гол ќе влезат во полуфиналниот реванш, во Европскиот ЕХФ куп. Вечерва во Целје, ГРК Охрид загуби со 27:26. Вистински ролекостер одиграа охриѓани во Целје. Одлично влегоа во натпреварот, не му дозволија на противникот да постигне гол во првите 10 минути и остварија предност од 5:0. Домаќинот полека го фаќаше ритамот, ја топеше предноста на противникот, а потоа ја искористи ужасната игра на Охрид во ...
Фудбалерите на Баерн Минхен, со нестварен пресврт победија во Мајнц. Новиот шампион до победата дојде откако се врати по минусот од три гола. Баварците губеа по првото полувреме со 0:3, но на крајот победија со 4:3. Актуелниот шампион на Германија математички ја потврди новата титула во претходното коло, кога го победија Штутгарт на домашен терен, па немаа никакво натпреварувачко значење во овој натпревар. Особено што за неколку дена ги ...
Барселона направи голем чекор кон одбрана на титулата во Ла Лига, откако го победи Хетафе со 2:0, во Мадрид, во 32-то коло. Каталонскиот тим поведе во судиското продолжение во првото полувреме, кога Фермин Лопес ја искористи прекрсната асистенција на Падри. Пред тоа, Барселона имаше повеќе од играта, но домаќинот успеа да ги неутрализира сите напади. Во првиот дел од натпреварот, Роберт Левандовски, Дани Олмо и Руни Барѓи имаа шанси, додека ...
Фудбалерите на Тотенхем го победија Вулверхемптон со 1:0, но останаа меѓу трите најслабо пласирани екипи во лигата поради драматичната победа на Вест Хем од 2:1 над Евертон. Во исто време, Ливерпул победи трет пат по ред во Премиер лигата, на „Енфилд“ падна Кристал Палас, со резултат 3:1. Ливерпул бодовно се израмни со Манчестер Јунајтед и Астон Вила во битката за Лигата на шампионите. Вест Хем магично остана, во безбедната зона, ...
Марк Маркез, на домашен терен во Херез, победи во спринт трката. Самата трка беше вистински спектакл, за што придонесе дождот, а Маркез победи и покрај тоа што го загуби водството од својот брат Алкес, а веднаш потоа и падна. Актуелниот првак, успеа да се врати на својот мотор, успеа да дојде до боксот, седна на мотоциклот со гуми за дожд и на крајот ја забележа втората спринт победа оваа сезона. Дукати, во Херез, успеа да одговори на ...
Лоши вести, претпладнево од Мадрид доби бразилскиот селектор, карло АНчелоти. Се потврдија најлошите прогнози, дека Едер Милитао нема да игра на Светското првенство за Бразил. Дефанзивецот на Реал ја обнови повредата на мускулот на левата нога, за која ќе биде потребна операција и нема да биде на теренот во следните четири месеци, објави „Ас“. Милитао почувствува болка на крајот од првото полувреме против Алавес, поради што мораше да биде ...
Алваро Арбелоа, тренерот на Реал, уште еднаш јавно го критикуваше судењето. Тој се огласи по нерешениот резултат против Бетис. „Кралскиот клуб“ ремизираше во Андалузија, прими гол во 94-та минута и практично се збогуваше со титулата во Ла Лига. Алваро Арбелоа не ги криеше своите емоции и беше критичен кон судиите по натпреварот. „За мене, сосема е јасно дека беше фаул врз Менди. Не е потребно многу за да се изгуби рамнотежата во вакви ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, поредводени од Леброн Џејмс, славеа во Хјустон и сега една победа ги дели од пласман во конференциското полуфинале. Изминатата ноќ во НА плејофот, ри брејк направија Сан Антонио и Бостон, на гостувањата во Портланд, односно Филаделфија. Леброн Џејмс, уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите во историјата на кошарката. 41-годишникот ги предводеше Лејкерси до победата во Хјустон, по едно продолжение со ...
Никил Александер-Вокер е прогласен за играч со најголем напредок во НБА за 2026 година. Во конечниот избор, тој заврши пред Дени Авдија (Портланд) и Џален Дурен (Детроит), и го заслужи признанието со статистички далеку најдобрата сезона во неговата кариера. Атланта Хокс, клубот за кој игра во НБА, ја сними и објави неговата реакција по објавувањето. Прикажи ову објаву у апликацији Instagram Објава коју дели Atlanta Hawks (@atlhawks) Вокер, ...
Бетис и Севилја одиграа 1:1, во Севилја, во рамките на 32-то коло во Ла Лига. Реал Мадрид на „Ла Картуха“ ја загуби и последната шанса во обидот сезонава да ја освои титулата. Актуелниот шампион, Барселона, како што стојат работите, ќе го одбрани тронот бидејќи има натпревар помалку и дури осум бода повеќе од нив на пет кола пред крајот на првенството. Реал кај Бетис во Севиља, остана без трите бода во 94-та минута. Стрелец на првиот гол во ...
Нотингем Форест, направија голем чекор кон опстанокот во Премиер лигата, ткако во 34-то коло, во Сандерленд го декласираа домаќинот со 5:0. Пред натпреварот против Нотингем Форест, Сандерленд беше фаворит на домашен терен, но никој не очекуваше дебакл на „црните мачки“. Сериозен дебакл доживеа Сандерленд, кој со победа може да се израмни со Борнмут на седмото место, кое води во Конференциската лига. Сепак, поголемите импликации се од ...
Кошаркарите на Монако ја победија Барселона со 79:70 во последниот плеј-ин натпревар од Евролигата. Монако, го освои осмото место и се пласира во четвртфиналето, додека за Барселона заврши сезоната во Евролигата. Монако го надигра својот противник, особено во првото полувреме, кога во еден момент предноста изнесувапе 17 поени. Барселона се обиде да се врати во натпреварот, петорката со Весели и Шенгелија успеа да го доближи тимот до минус ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, предупреди дека фудбалот станува сè помалку достапен за обичните навивачи, остро критикувајќи ги цените на билетите за Светското првенство во 2026 година. Пред полуфиналето на англискиот ФА Куп, Гвардиола истакна дека цените на билетите, особено во Соединетите Американски Држави каде што ќе се одржи првенството, достигнуваат рекордни нивоа. Шпанскиот стручњак изрази длабока загриженост за насоката ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да игра на овогодинешниот Ролан Гарос. Алкараз минатата недела се повлече од турнирот во Барселона по само еден меч, поради повреда на зглобот. Во меѓубреме се откажа и од Мастерсот во Мадрид, а новите вести велат дека повредата е посериозна отколку што се мислеше. „По резултатите од тестовите спроведени денес, одлучивме дека е најразумно да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и Ролан Гарос, ...
Турција повторно ќе биде домаќин на трка од Формула 1, откако стана јасно дека Истанбул Парк се враќа во календарот од 2027 година, во договор што ќе трае најмалку пет години. Веста означува кулминација на повеќегодишната кампања на Турција за враќање во светот на најпрестижнот натпреварување во мотоспортот. Иако деталите за договорот не беа веднаш достапни, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира официјално да го објави договорот ...
Мануел Ноер уште една сезона ќе остане во Минхен. Ветеранот, во финишот на сезоната, го поврзуваа со трансфер во Премиер лигата, во тимот на Брајтон. Покрај тоа, постои јасен план за резервата на Ноер, Урбиг, кој ќе го наследи на голот на Баерн на крајот од следната сезона и ќе стане нова „единица“. Дотогаш, во текот на следната сезона, Урбиг ќе има многу минути, а самиот Ноер им потврдил на клупските челници дека верува во овој голман. ...
Во сабота во 16:00 часот, Ливерпул ќе го пречека Кристал Палас во натпреварот од 34-то коло од Премиер лигата. Менаџерот, Арне Слот, потврди дека на голот ќе биде Фреди Вудман и откри дека Уго Екитике бил успешно опериран. „Тоа е важен чекор, но само првиот чекор што мораше да го направи. Мислам дека има многу важни детали во закрепнувањето што трае толку долго пред да можеме всушност да кажеме колку долго ќе отсуствува. Сè зависи од тоа ...
Кошаркарската Евролига ги објави имињата на играчите што го најдоа своето место во најдобрата петорка. На листата се наоѓаат кошаркарите на Олимпијакос, Саша Везенков и Никола Милутинов, односно Елијџа Брајант (Хапоел), Силван Франциско (Жалгирис) и Жан Монтеро (Валенсија). Везенков и Милутинов се најдоа на листата откако ја завршија сезоната на првото место во регуларната сезона со тимот од Пиреја. Везенков повторно докажа дека е еден од ...
Един Џеко (40) се врати на тренинзите откако се здоби со повреда на рамото на натпреварот против Италија на крајот на март. Закрепнувањето на Џеко оди според планот, а најдобар доказ за тоа е фактот што тој повторно тренира. Засега работи индивидуално, но најважно е процесот на рехабилитација да напредува според планираноот. Шалке се надева дека Џеко би можел да биде подготвен за натпреварот против Нирнберг на 9 мај. Со оглед на тоа што ...
Објавени се првите прогнози за претстојното Светско првенство на ФИФА, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во Мексико, Канада и САД. Еден од најпознатите сајтови за фудбалска статистика и анализа „Опта Џо“ објави предвидувања за најголемите фаворити на Светското првенство на северноамериканскиот континент. На 48 дена до почетокот на турнирот, најголеми шанси за освојување на трофејот му се даваат на актуелниот европски шампион Шпанија ...
Спортски и владини функционери во Италија остро го отфрлија предлогот на американскиот претставник Паоло Замполи, Италија да го замени Иран на Светското првенство. „Не е соодветно. Квалификувајте се на теренот“, рече Андреа Абоди, италијанскиот министер за спорт, додавајќи дека верува оти таква промена од страна на ФИФА „би била невозможна“. Претседателот на Италијанскиот национален олимписки комитет (КОНИ), Лучијано Буонфиљо, го изрази ...
Винисиус Жуниор и во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид. „Скај Спортс“, објави дека по обемни преговори, постигнат е принципиелен договор за нов долгорочен договор, и сè што останува е да се потврдат последните детали пред да биде потпишан. Иако неговиот тековен договор истекува во 2027 година, Бразилецот најави потпишување на нов пред повеќе од една година, но бидејќи тоа не се случи, шпекулациите за неговото заминување се засилија. ...
Клаудио Раниери ја напушти Рома во голем стил на крајот од минатата сезона. Пристигна како „спасител“, во својот клуб, го водеше по трет пат во својата тренерска кариера, сите го молеа да остане, но тој рече реши да замине во пензија. Раниери, сепак остана во клубот, доби функција, беше задолжен за спортските прашања. Негови избор за нов тренер беше Џанпјеро Гасперини. Таа соработка меѓу нив двајца изгледаше многу ветувачка, сите што ја ...
Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија ја потврди промената на селекторот, откако Ерв Ренар беше отпуштен на помалку од два месеци пред почетокот на Светското првенство. На Мундијалот, Саудиска Арабија ќе ја предводи грчкиот стручњак Јоргос Донис. Одлуката беше официјално објавена преку каналите на Сојузот, со образложение дека промената е направена со цел „да се подобри квалитетот на националниот тим пред последните подготовки за Светското ...
Един Терзиќ ќе стане нов тренер на Атлетик Билбао на крајот од сезоната, кога Ернесто Валверде ќе ја напушти клупата, објави баскискиот весник „Онда Васка“. Претседателот на клубот, Јон Уријарте, наводно се договорил за сите услови со германскиот стручњак од хрватско потекло, кој беше неговиот прв избор за клупата. Терзиќ е без клуб од 2024 година и ја напушти Борусија Дортмунд, а и покрај бројните понуди работеше како телевизиски ...
Манчестер Сити размислува за летен трансфер на играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез (25). Клупските челници се уврени дека Енци ќе биде идеална замена за Бернардо Силва. Сити се стреми да го зајакне својот среден ред и, иако Фернандез е клучен играч на „Стемфорд Бриџ“, интересот од клубот од Манчестер би можел да ја тестира решителноста на Челзи во претстојниот преоден рок. Според „Атлетик“, Манчестер Сити се појави како ...
Во третиот натпревар од осминафиналето на НБА плејофот, Минесота лесно победи против Денвер – 113:96, за водство од 2:1 во победи. Веќе на почетокот на средбата беше јасно во кој правец ќе одат работите. Минесота поведе со 5:0, кратко потоа ја имаше својата прва двоцифрена предност (14:4), по само седум минути игра. Гостите не можеа да најдат решенија во нападот, Јокиќ беше брилијантно затворен, а дури и кога го најде својот ритам, немаше ...
Името на Јанис Адетокумбо се повеќе се поврзува со можно заминување од Милвоки, а сега во приказната се приклучи уште една франшиза, Феникс Санс. Според најновите информации што ги објави „Еурохупс“, Санс се споменуваат како една од потенцијалните дестинации за грчката суперѕвезда пред летото 2026 година, доколку дојде до конечна разделба со Бакс. Засега, сè е во доменот на шпекулации, но ситуацијата во Милвоки станува сè потензична. ...