Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јапонија со 2:1 и се пласираше во осминафиналето на светското првенство во САД, Мексико и Канада. Габриел Мартинели од Арсенал го постигна решавачкиот гол и ги спаси Бразилците во петтата минута од судиското надополнување на времето, на асистенција на Бруно Гимараеш. Овој гол ја заврши борбата на тимот на Анчелоти пред 70.000 навивачи во Хјустон против жилавите, борбените и добро организираните ...
Жозе Мурињо, новиот тренер на Реал Мадрид, зборуваше за тековното Светско првенство. Португалскиот стручњак призна дека не е импресиониран од досегашните натпревари. „Морам да бидам искрен. Некои натпревари ги исклучувам по десет минути“, рече Мурињо. Португалецот верува дека проширувањето на турнирот на 48 национални тимови влијаеше на квалитетот на натпреварувањето. „Не ми се допаѓа тоа чувство. За мене, Светското првенство е врвот на ...
Моисес Каиседо е новиот капитен на еквадорската репрезентација откако неговиот претходник Енер Валенсија му ја предаде капитенската лента среде Светското првенство. Валенсија (36) официјално му ја предаде капитенската лента на 24-годишната ѕвезда на Челзи за време на емотивна церемонија пред неговите соиграчи, откако Јужноамериканците обезбедија пласман во нокаут фазата на натпреварувањето, пишува „Дејли Мејл“. Еквадор влегува во возбудлива ...
Најдобриот алжирски фудбалер Ријад Марез се најде во центарот на скандал откако неговата изјава за финишот од натпреварот против Австрија разгоре сомнежи дека мечот бил наместен. На крајот, резултатот беше 3:3, што им гарантираше на Алжир и Австрија место во нокаут фазата на Светското првенство, но начинот на кој тоа беше постигнато предизвика бројни контроверзии. Натпреварот влезе во напната завршница откако Марез постигна гол во 93-та ...
Заврши групната фаза на Светското првенство. Одиграни се 72 натпревари на Мундијалот, а на нив видовме вкупно 215 голови. Во просек, речиси три по натпревар. Додека го очекуваме почетокот на нокаут-фазата, ова е идеален момент да ја разгледаме статистиката за сè што видовме во изминатите 17 дена од турнирот во Северна Америка. Засега ова е најефикасното Светско првенство досега, што и беше очекувано со оглед на тоа што бројот на учесници ...
Пари Сен Жермен направи голем чекор кон трансферот на талентираниот крилен играч Јан Диоманде, откако тој се согласил на петгодишен договор. Како што објавија трансфер инсајдерот Дејвид Орнштајн и новинарот на „RMC Sport“ Фабрис Хокинс, 19-годишниот фудбалер одлучил да ја продолжи кариерата во редовите на актуелниот европски шампион, и покрај сериозниот интерес од Ливерпул. Англискиот гигант се обиде да го убеди Лајпциг со понуда вредна 100 ...
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ќе ја продолжи својата кариера во американската МЛС лига. Левандовски стана нов играч на Чикаго Фајер, со што по две децении го напушта европскиот фудбал. 37-годишниот напаѓач ги помина последните четири сезони во Барселона, за која одигра 193 натпревари и постигна 120 голови. Во претходната сезона постигна 19 голови на 46 натпревари во сите натпреварувања. Во текот на својата кариера, Левандовски играше ...
Репрезентаивците на Канада се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство. Во првиот меч од 1/16 финалето, Канада во Лос Анџелес ја победи Јужна Африка со 1:0 (0:0). Канаѓаните славеа со голот на капитенот Еустахио во 92-та минута, кога се чинеше дека мечот оди во продолженија. Канада ја наплати подобата игра против Јужна Африка (1:0) и продолжува понатаму. Капитенот на Канада, поранешен играч на Порто, ја прими топката на ...
Возачот на Трекхаус, Аи Огура, ја забелажа првата победа во кариерата во кралската класа, славејќи на Големата награда на Холандија, 10-та трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП. Огура стана првиот јапонски победник во најсилната категорија по повеќе од две децении, поточно од Големата награда на Јапонија во 2004 година, каде што Макото Тамада беше на највисокото скалило на подиумот. Поминаа точно 7.952 дена помеѓу тие триумфи. ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше на Големата награда на Австрија, осмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Британецот на Ред Бул Ринг ја забележа втората победа сезонава, прва од отворањето на сезоната во Австралија во март. Најблиску до Расел беше Макс Ферстапен од Ред Бул, откако само 24 часа претходно имаше голем инцидент на целта на квалификациите, кога го уништи својот автомобил. Разликата меѓу двајцата на ...
Еден од најдобрите фудбалери на шведската репрезентација, Исак Хиен, го заврши овогодинешното Светско првенство. Тој се повреди на натпреварот против Јапонија, го напушти теренот во 37-та минута. Фудбалерот на Аталанта беше стартер на секој натпревар како стопер, но по повредата мораше да го напушти кампот на шведската репрезентација. „Сонот се оствари, но заврши прерано за мене. Им благодарам на сите шведски навивачи кои ме поддржаа, ...
Хари Кејн официјално стана најдобар стрелец на Англија на Светските првенства. Во натпреварот против Панама, тој го постигна својот единаесетти гол на Мундијалите, надминувајќи го претходниот рекорд што го држеше Гари Линекер со десет. Ова е 18-ти гол за брилијантниот напаѓач на големите натпреварувања, а самиот Линекер му оддаде почит на напаѓачот на Баерн Минхен. Новиот рекорд доаѓа како круна на исклучителната сезона на Кејн со Баерн ...
Последниот меч од групната фаза на Светското првенство ја режираше и најголемата драма. Алжир и Австрија одиграа 3.3 со што Иран доживеа елиминација од Мундијалот. Иранците секунди ги делеа од пласман во нокаут фазата. Алжир постигна гол за 3:2 преку Марез во 90+3 минута и се чинеше дека ѝ се одмаздува на Австрија за 1982 година и срамот од Хихон, но во 90+6 минута. Саша Калајџиќ спречи елиминација на Австрија. Двете репрезентации се ...
Стив Кларк поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска. Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор, тој донесе одлука да се пензионира веднаш откако Шкотска и математички беше елиминирана од Мундијалот. Во конкуренција на Бразил, Мароко и Хаити, Шкотите забележаа една победа и два порази. Кларк ја напушта клупата како најуспешен менаџер на Шкотска во модерната историја. За време на неговите седум години на функцијата (од ...
Египетската репрезентација се соочи со нов проблем пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи капитенот Мохамед Салах се повреди на натпреварот против Иран (1:1) во последното коло од групната фаза. Најдобриот фудбалер на Египет мораше да го напушти теренот во 57-та минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за истегнување. Како што објави Фудбалската асоцијација на ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Светските првенствао, од 1966 година, кога се следи оваа статистика. Во 83-та минута, во победата над Гана (2:1), со која Хрватите обезбедија место во нокаут фазата, Модриќ изведе корнер по кој Никола Влашиќ го постигна победничкиот гол со глава. На 40-годишна возраст стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што забележал асистенција. На самиот крај ...
На 23-то Светско првенство во САД, Канада и Мексико заврши фазата по групи. Од 48 екипи, 32 од нив обезбедија пласман во првата нокаут рунда, која ќе трае од 29 јуни до 4 јули. Национални репрезентации како Уругвај, Турција, Шкотска, Јужна Кореја и Чешка го завршија турнирот предвреме, а нивното елиминирање е најголемото изненадување од првиот дел од турнирот. Нокаут фазата започнува вечерва со натпревар помеѓу Јужна Африка и Канада, додека ...
Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата бидејќи стана првиот играч кој постигнал гол во седум последователни натпревари на Светските првенства. Тој стигна до историското достигнување во натпреварот од последното коло од групната фаза против Јордан, кога во 80-тата минута мајсторски ја затресе мрежата од слободен удар и ги постави конечните 3:1. ...
Англија и Хрватска ги освоија првите две позиции во Л групата, а заедно со нив во нокаут фазата ќе продолжи Гана, додека Панама го заврши учеството на СП. Во последното коло во групата, Англија ја победи Панама со 2:0, а Хрватска ја совлада Гана со 2.1. Иако Англија беше голем фаворит, Панама добро се држеше во првото полувреме против фаворизираниот противник. Блескаше во првиот дел голманот на Орландо, Москера, кој одбрани неколку тешки ...
Холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо, ја доби најлошата можна вест од својата татковина. Неговиот нероден син почина. Тажната вест го затекна Гакпо во средината на подготовките на холандската репрезентација за првиот меч во нокаут фазата на Светското првенство против Мароко. Неговата девојка Ноа ван дер Биј објави тажна порака на Инстаграм. „Со скршено срце ве известуваме дека нашиот син почина за време на бременоста“, напиша Ван дер ...
Дури ни Златан Ибрахимовиќ не остана рамнодушен на трилер завршницата на натпреварот Иран-Египет и поништениот гол на Иран при резултат 1:1 во судиското продолжение, со што беа елиминирани од турнирот. Ибрахимовиќ беше многу лут поради одлуката на ВАР да го поништи голот. Доколку голот не беше поништен, Иран ќе победеше и ќе завршеше втор во групата зад Белгија, автоматски квалификувајќи се во осминафиналето. „Токму затоа луѓето ја губат ...
Гранит Џака наскоро би можел да стане играч на Челзи. Како што објави Флоријан Платенберг од германскиот „Скај Спортс“, двете страни практично се договориле за сè и сега останува „сините“ да најдат заеднички јазик со Сандерленд. Се проценува дека Челзи би можел да издвои околу 15.000.000 евра за трансферот на швајцарскиот капитен, колку што „Црните мачки“ му платија на Баер од Леверкузен минатото лето. Чаби Алонсо, новиот тренер на клубот ...
Капитенот на Зелено’ртските Острови, Рајан Мендеш, е обвинет за силување. Овој случај се случил во Нов Зеланд, а бразилскиот „Глобо“ објавува дека станува збор за нивна државјанка која живее во оваа земја. Сè се случило во март, кога Зелено’ртските Острови играле пријателски натпревари против Нов Зеланд и Чиле. Девојката работела како преведувач на турнирот од серијата на ФИФА, а наводниот инцидент се случил во хотелот каде што престојувала ...
Шпанија е во проблеми по триумфот против Уругвај во последното коло од групната фаза на Светското првенство. Јужноамериканската селекција ја „претепа“ Црвената Фурија, а за тоа е виновен и судијата Исмаил Елфат, кој дозволи екстремно груба игра, па Јереми Пино и Нико Вилијамс се повредија. Офанзивниот играч на Атлетик Билбао мина малку подобро, тепко се движел низ ходникот на стадионот по натпреварот, сомнежите се дека има проблем со ...
Поранешниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез, откри зошто го претпочита Хари Кејн пред Ерлинг Халанд во изборот на најдобар напаѓач во светот. Тој ја истакна супериорната тактичка интелигенција на англискиот капитен и способноста да ја поврзе играта. Легендарниот уругвајски голгетер нагласи дека Кејн се издвојува од другите модерни „деветки“ со својата единствена способност да ја чита играта и да ги наоѓа соиграчите. Во разговор за ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го забележа најдоброто време во квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Австрија, осма во тековниот шампионат. Третопласираниот во генералниот пласман го освои првото место во квалификациите на прилично интересен и возбудлив начин: преземајќи го водството од возачот на Ферари, Шарл Леклер, во последниот круг. Тоа беше само кулминација на драматична борба на жешкиот асфалт. Претходно, исто ...
Првиот дел од Светското првенство, чии домаќини се САД, Канада и Мексико, влезе во последната. Веќе се познати 28 селекции во нокаут фазата, формирани се девет двојки за 1/16 финалето. Фазата по групи завршува вечерва со натпреварите од третото коло, во групите Л, К и Ј. Преостанати натпревари од групната фаза: Од 23:00 часот група Л Хрватска – Гана Англија – Панама Од 1:30 часот група К Колумбија – Португалија ДР Конго – Узбекистан Од 4:00 ...
Милан е начекор до трансферот на Гонсало Рамос. Договорот беше договорен во последните неколку часа, а 25-годишниот португалски репрезентативец ќе стане нов централен напаѓач на „росонерите“, тврдат италијанските медиуми. Молскавичната операцијата изненади многумина, со оглед на тоа што првата вест за преговорите меѓу Милан и ПСЖ се појави дури во четврток. Дека трансферот е пред реализација потврди и „Атлетик“, кој во петок попладне објави ...
Лионел Меси нема да биде во почетниот состав на Аргентина за последното коло од групната фаза на Светското првенство против Јордан. Селекторот Лионел Скалони одлучи да го одмори капитенот и најголемата ѕвезда на тимот пред почетокот на нокаут фазата, потврдувајќи дека Меси ќе го започне натпреварот на клупата, но дека ќе добие шанса во остатокот од натпреварот. Актуелниот светски шампион веќе го обезбеди првото место во групата Ј, па дуелот ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, се соочи со сериозен проблем поради отсуството на еден од најважните играчи на Светското првенство. Десниот бек Рис Џејмс нема да може да ги игра следните два натпревари поради повреда на тетивата. Фудбалерот на Челзи се повреди на натпреварот против Гана во второто коло од групната фаза. Тој всушност обнови стара повреда, која ја заработи додека играше за Челзи во март. Тогаш беше надвор од терените ...