Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, наводно ќе отсуствува повеќе од една година поради неговата последна сериозна повреда. 30-годишникот беше принуден да го напушти теренот по само 14 минути од победата на Реал Мадрид од 2:0 над Еспањол минатиот викенд. Првичните извештаи сугерираа дека тој ќе отсуствува околу пет месеци по операцијата, но повредата се чини дека е полоша отколку што првично се мислеше. Според новинарот на „COPE“, ...
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, не штедеше пофалби за Луис Енрике по новиот пласман на тимот во финалето на Лигата на шампионите. Првиот човек на францускиот гигант, го означи шпанскиот стручњак како најдобар тренер во светот и призна дека неговото доаѓање во Париз била најдобрата одлука откако го води клубот. „Луис Енрике е нашиот најголем адут. Тој е мојата најдобра одлука“, рече Ал-Келаифи во интервју за „CBS Sports Golazo“, ...
Тензиите што цела сезона се тлеат во соблекувалната на Реал Мадрид дојдоа до фаза на пукање пред пред „Ел Класико“. Реал, в недела, ќе гостува во Барселона. Еден ден по инцидентот меѓу Федерико Валверде и Орелијан Чуамени во тренинг центарот Валдебебас, денес се случил уште еден, многу посериозен. „Марка“ пишува дека Чуамени го удрил капитенот, кој завршил во болница поради посекотина на лицето. Наводно, сè започнало претпладнево, кога ...
Пол Сколс, верува дека Арсенал е „досаден“ тим кој брзо ќе исчезне во заборав, дури и ако ја освои титулата во Премиер лигата. Легендата на Манчестер Јунајтед верува дека играта на Арсенал е често премногу бавна и не е импресиониран од нивните перформанси против врвни клубови. Арсенал ќе ја обезбеди титулата ако ги добие преостанатите три натпревари, со оглед на тоа што се пет бода пред Манчестер Сити, кој има натпревар помалку. „Не мислам ...
Големата прослава на навивачите на Пари Сен Жермен по пласманот во финалето на Лигата на шампионите, низ улиците на Париз се претвори во хаос. Според извештаите на француските медиуми, 127 лица се уапсени за нарушување на јавниот ред и мир и употреба на пиротехнички средства. 23 полицајци се повредени во судирите меѓу навивачите и полицијата. Немирите фрлија сенка врз одличниот настап на францускиот тим, кој ќе игра во финалето на Лигата на ...
Голманот на Пари Сен Жермен, Матвеј Сафонов, имаше посебна задача на натпреварот против Баерн, покрај главната – да ја заштити својата мрежа. Секој што ја следеше играта малку повнимателно можеше да забележи дека Сафонов речиси секоја топка што ќе ја дегажираше ја испраќаше длабоко во полето на Баварците, и тоа не на теренот, туку секогаш надвор од него. Рускиот голман тоа го правеше со намера, ги почитуваше инструкциите на тренерот Луис ...
Џерар Пике доби двомесечна суспензија откако вербално му се заканил на судијата по натпреварот помеѓу Андора и Албасете. Поранешниот играч на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, денес косопственик на Андора, реагирал бурно по поразот на неговиот тим од 1:0, а судијата Алонсо де Ена Волф ги внесе неговите навреди во официјалниот извештај. Според арбитарот, Пике му рекол: „Движи се со придружба за никој да не те нападне“, како и: „Во ...
Реал Мадрид и она што се случува во клубот, речиси секојдневно е тема во спортската јавност. Несогласувања со тренерот, физички пресметки меѓу фудбалерите и секако Килијан Мбапе се главни теми. Најдобриот стрелец оваа сезона, Килијан Мбапе и неговото заминување во Италија среде сезоната, а пред тоа имаше информации дека тој имал жестока расправија со еден од помошниците на Алваро Арбелоа, кој за време на еден тренинг имал улога на линиски ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му изрече глобална суспензија на фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, што значи дека тој би можел да ги пропушти првите два натпревари од Светското првенство доколку биде избран за репрезентацијата на Аргентина. Пред две недели, Европската фудбалска унија (УЕФА) го суспендираше Престијани на шест натпревари, од кои три натпревари се условни, поради хомофобично однесување за време на дуелот ...
Лошата сезона на Реал добива нови болни продолженија на крајот. Прераната елиминација од трката за сите трофеи и серијата сериозни повреди на клучните играчи, во финишот стигнаа информации за Антонио Рудигер, кој му залепил шамари на повеќе од десет години помладиот Алваро Карерас, потоа за фактот дека соблекувалната не може да го поднесе најдобриот стрелец и првата ѕвезда Килијан Мбапе и дека вчера на тренингот во „клинч“ влегле капитенот ...
Германскиот дефанзивец, Никлас Зиле, објави крај на кариерата по долго размислување поради бројни сериозни повреди. Клубот на 30-годишникот, Борусија Дортмунд ја објави изјавата на 195 см високиот дефанзивец од подкастот „Spielmacher“. „Би сакал да објавам дека ја завршувам кариерата ова лето“, објасни Зиле, кој доживеа нова повреда на коленото на натпреварот против Хофенхајм. Интеракцијата со докторот беше јасен сигнал дека поранешниот ...
Арсенал, завчера, го обезбеди своето место во финалето на Лигата на шампионите за прв пат по дваесет години. По победата од 1:0, тешки обвинувања стигнаа од шпанската престолнина. Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, тврди дека натпреварувањето било наместено, сугерирајќи дека управното тело на европскиот фудбал се здружило за да го обезбеди пласманот во финалето на Арсенал на сметка на тимот на Диего Симеоне. По триумфот ...
Сан Антонио со +38 го изедначија резултатот во серијата против Минесота на 1:1, додека Њујорк го одбрани домашниот терен и против Филаделфија води со 2:0. Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Минесота со 133:95 во вториот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција на НБА лигата. Тимбервулвс го претрпеа најубедливиот пораз досега во плејофот, кој дефинитивно ќе се обидат да го заборават што е можно поскоро бидејќи првиот ...
Баерн Минхен не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако беше елиминиран од Пари Сен Жермен. По поразот 5:4, во првиот меч, во реваншот одиграа 1:1. Тренерот на баварскиот гигант, Венсан Компани, не го криеше своето разочарување по натпреварот. „Тешко е да се прифати ова, загубивме со минимална разлика. Му париравме на Пари Сен Жермен, мали детали ги решаваат ваквите натпревари. Нашето прво полувреме беше добро, имав ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен изборија место во финалето на Лигата на шампионите, откако ремизираа со Баерн во Минхен со резултат 1:1. ПСЖ ќе го брани трофејот со Арсенал на 30 мај во Будимпешта. „Топџиите“ ќе играат за својата прва титула европски шампион. Доколку Парижаните победат, ќе станат деветтиот клуб во историјата што ја одбранил титулата европски шампион, и вториот од воведувањето на Лигата на шампионите. Момците на Луис Енрике ...
Контроверзна ситуација го одбележа реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и ПСЖ (1:1), кога на домаќините не им беше досуден пенал и покрај очигледното играње со рака на Жоао Невеш. Иако на почетокот се чинеше дека Баерн е оштетен, судијата Жоао Пињеиро донел правилна одлука врз основа на помалку познато правило. Спорниот момент се случи во 31-та минута кога Парижаните водеа со 1:0. Погледнете ја ситуацијата ТУКА. По ...
ПСЖ се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако со вкупни 6:5 го елиминира Баерн. Реваншот во Минхен, заврши без победник 1:1. Усман Дембеле постигна гол за Французите, а Хари Кејн за Германците. Мануел Нојер бранеше извонредно за Баерн. Ветеранот имаше шест одбрани. „Немавме убиствен инстинкт во нападот. Но, имавме доволно шанси за победа. Немавме многу чисти шанси, но мораше да бидеме подобри кога влегувавме во нив. Само ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе ја бранат титулата европски шампион освоена минатата година во Минхен против Интер. Пари Сен Жермен, во реваншот против Баерн во Минхен одигра 1:1 и со вкупен резулта 6:5 се пласира во финалето. По деветте гола на првиот натпревар во Париз (5:4), се очекуваше дека ќе бидеме сведоци на спектакл и во Минхен, но на крајот, нерешениот резултат со Баерн (1:1) им беше доволен на „Светците“ за третото финале од ...
На 85-годишна возраст почина Владимир Цветковиќ, познатиот југословенски кошаркар и долгогодишен генерален секретар на фудбалскиот клуб Црвена звезда. Ќе биде запаметен како елегантен играч под обрачите, но и како еден од творците на најголемиот успех на белградскиот клуб, со кој како официјално лице стигна до титулата европски и светски шампион. Целата своја играчка кариера, од 1959 до 1972 година, ја помина во Црвена звезда. Со клубот ...
Фудбалерите на Шкендија и Силекс ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Силекс во полуфиналето го елиминираше Охрид, а Шкендија имењакот од Арачиново. На стадионот во Кратово, Силекс со 1:0 славеше против второлигашот Охрид. Првиот меч заврши 1:1. Силекс со гол од оенал славеше во реваншот. Вториот пенал за домаќинот го реализираше Додев во 34-та минута, откако девет минути претходно Серафимов му одбрани опенал на Алиќ. Во ...
Федерико Валверде и Орелијан Чуамени физички се пресметале на тренингот на Реал Мадрид, пишува „Марка“. На крајот од сезоната, Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми кои ги надминуваат настаните на теренот. Според шпанските медиуми, тензиите во тимот излегоа на површина за време на еден од тренинзите, кога имало жесток дуел помеѓу Валверде и Чуамени. Според „Марка“, сè започнало по остар дуел во играта, по што ситуацијата ескалирала. ...
Ракометарите на Берлин, во драматичниот реванш го победија Веспрем и се пласираа на завршниот турнир. Во регуларниот дел Берлин победи со 31:30, по изведувањето пенали германскиот тим победи 4:3. Берлин фуриозно влезе во натпреварот, блескаше Милосављев на голот и му освоможи на тимот да оствари оредбност од три гола, а во финишот на првиот дел разликата беше пест гола. Сепак Веспрем експресно се врати со серија 4:0. Во вториот дел се ...
Реал Мадрид завршува, благо кажано, неуспешна сезона во која (скоро сигурно) нема да го освои шпанското првенство, додека „кралскиот клуб“ беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите по двомечот со Баерн Минхен, во истата фаза испадна и во Купот на Шпанија. Јасно е дека претседателот Флорентино Перез ќе мора да направи големи промени во клубот, а веќе некое време се зборува за враќање на португалскиот стручњак Жозе Мурињо на ...
Вечерва, од 21:00 часот на „Алијанц Арена“, Баерн го чека Пари Сен Жермен, кој доаѓа во Минхен со предност од 5:4 од првата средба на „Паркот на принцовите“. Пред осум дена во Париз, овие тимови одиграа антологиски натпревар, еден од најдобрите во историјата на елитното натпреварување. Навивачите, како и неутралните фудбалски фанови, се надеваат на исто или барем слично сценарио кога станува збор за ефикасноста. Многумина веруваат дека ова ...
Преговорите меѓу Конрад Лајмер (28) и Баерн за нов договор се во застој. Проблем се финансиските барања на фудбалерот. За ситуацијата во која се наоѓа Баерн, зборуваше и почесниот претседател на клубот од Минхен, Ули Хенес (74). „Она што се пишува за неговата наводна плата и барања треба да се стави во реален контекст. Кони е играч кого многу го ценам. Тој е многу важен за тимот и угледот на клубот. Работи неверојатно напорно за тимот, но ...
Пари Сен Жермен и Баерн, вечерва ќе го одиграат полуфиналниот реванш. Првиот беше спектакуларен и имаше девет гола, заврши со победа на „светците“ 5:4. Луис Енрике, тренерот на ПСЖ, пред реваншот од овој европски класик изјави дека дуелите против најсилните ривали за играчите треба да бидат дополнителна мотивација. Зборувајќи за тоа, Шпанецот се сети на еден пример од тенисот. „Во еден момент од својата кариера, Рафа Надал рече дека ...
Ајакс наводно започнал прелиминарни разговори со Арне Слот доколку холандскиот тренер го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Оваа вест ја објавија холандскиот „Телеграф“ и англискиот „Гол“. Претходните медиумски извештаи сугерираа дека Ливерпул би можел да се раздели со Слот доколку актуелниот англиски шампион не успее да се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона. По 35 кола од Премиер лигата, „Црвените“ се на четвртото ...
Маурицио Сари, тренерот на Лацио, го критикуваше раководството на Серија А и се закани дека ќе го бојкотира претстојното дерби во Рим. Причина за ваквата реакција е терминот што го одреди лига за римското дерби, недела во 12:30 часот. Искусниот стратег повика на оставки од врвот на лигата, опишувајќи го распоредот како навреда и за клубовите од Рим и за нивните навивачи. Сари тврди дека терминот, во комбинација со очекуваната мајска ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, му честиташе на Арсенал за победата и пласманот во финалето на Лигата на шампионите. Атлетико не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Откако првиот натпревар во Мадрид заврши нерешено 1:1, „топџиите“, во реваншот, ги победија Шпанците со 1:0 (1:0). „Па, ако испаднавме, тоа е затоа што нашите противници заслужија да поминат понатаму. Тие ја искористија својата голема шанса во ...
Оклахома и Детроит, лидерите во Западната и Источната конференција во НБА лигата, славеа во првите натпревари, во втората плејоф рунда, против ЛА Лакерс, односно Килвленд. Актуелните шампиони, Оклајома, лесно ги победија Лејкерси со 108:90. Натпреварот го обележа повредата на Џаред Вандербилт. Чет Холмгрен блескаше со 24 поени и 12 скока, додека Шеј Гилџес-Александар и Еј-Џеј Мичел додадоа по 18 поени за Тандер. Актуелните шампиони го ...