Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, смета дека тековната сезона не е задоволителна за тој клуб. Сити ќе се обиде да освои барем еден трофеј, оној во ФА Купот, во сабота во 17:30 часот ќе игра во финалето против Кристал Палас. „Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгубат толку многу натпревари. Досадно е, не е забавно. Затоа мора добро да ја завршиме сезоната и да освоиме трофеј. Добра навика е да се стигне до „Вембли“, секогаш е ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, изјави дека со нетрпение ја очекува својата прва трка на домашен терен, Големата награда на Емилија Ромања, која е в недела се вози во Имола. Иако дебитираше во Формула 1 пред само два месеци, Антонели е веќе голема ѕвезда, но сепак оди на училиште. За среќа, обврските околу завршниот испит не го забавија, напротив, десет дена во Мајами ја освои пол-позицијата за спринтот и стана најмладиот освојувач ...

Исклучително возбудлив станува финишот на трката за трофејот за најдобар стрелец во националните шампионати, кој на лауреатот ќе му ја донесе „Златната копачка“. Тројца се издвоија: Виктор Ѓокерес (Спортинг), Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Мохамед Салах (Ливерпул). Шведскиот напаѓач е далеку пред конкурентите по бројот на голови, постигна десет повеќе од двајцата во првенството оваа сезона (38), но тие се речиси изедначени по бројот на поените. ...

Минатиот петок, Франц Херман предизвика метеж на познатата патека Нирбургринг. Под ова име тест возења на патеката имал четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен. Славниот Холанѓанец го тестирал автомобилот „Ferrari GT3“ во Германија. Според присутните, Макс го надминал моменталниот рекорд на патеката за две секунди. Оваа вест подоцна ја потврди Хелмут Марко, советник и „сива еминенција“ во Ред Бул. „ГТ е големата љубов на ...

Дин Хујсен, младиот дефанзивец на Борнмут, кој неодамна наполни 20 години, е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Хујсен е второто засилување за новата сезона, откако претходно Реал се договори со десниот бек Трент Александер-Арнолд. Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо напиша на „Твитер“. „Менаџерите на Хујсен пристигнаа во Мадрид за да го склучат договорот со Реал. Клубовите се согласија за сè, вклучително и дека обештетувањето во износ од 60 ...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, е обвинет за дистрибуција на детска порнографија, а судот во Шпанија отвори кривична постапка. 22-годишникот ќе се соочи со обвиненија по завршувањето на полициската истрага, заедно со тројца поранешни соиграчи од младинскиот тим на Реал. Асенсио е обвинет дека нарачал видео снимено од Феран Руиз, Андрес Мартин и Хуан Родригез во јуни 2023 година, на кое наводно се гледаат неговите соиграчи како имаат ...

Интер и Пари Сен Жермен, на 31 мај се борат за највредниот трофеј во клупскиот фудбал, на „Алијанц Арена“ во Минхен. УЕФА потврди дека главен судија во финалниот натпревар, во Лигата на шампионите, ќе биде Романецот, Иштван Ковач. Негови помошници ќе бидат сонародниците Михај Марица и Ференц Туњоги, додека Португалецот Жоао Педро Силва Пинеиро е назначен за четврти арбитар. Резервен судија ќе биде Португалецот, Бруно Мигел Алвес Хесус. УЕФА ...

Поразот од Болоња во финалето на Купот на Италија стави печат на лошата сезона на фудбалскиот клуб Милан. По овој неуспех, јасно е дека Серж Консеисао може да почне да си ги пакува куферите. Консеисао, поранешниот тренер на Порто, гигантот од Милано го презеде пред шест месеци од сонародникот Паоло Фонсека. На „Сан Сиро“ беа свесни дека Купот може да ја спаси сезоната, но сега е јасно дека клубот ќе остане без место во Европскиот куп следната ...

Барселона ќе биде без Феран Торес до крајот на сезоната. 25-годишениот напаѓач, стрелец на 19 гола и асистент за седум гола во 45 одиграни натпревари оваа сезона, го пропушта крајот на сезоната поради операција на слепо црево. Клубот соопшти дека тој ќе биде опериран во текот на денот и нема да игра вечерва против Еспањол. Исто така, Торес, ќе ги пропушти и натпреварите против Виљареал и Атлетик Билбао. Феран Торес учествуваше со три ...

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, е казнет со 50.000 долари за она што НБА го нарече „несоодветен коментар што го доведува во прашање интегритетот на судиите“, објави „ESPN“. Како што објави новинарот на оваа медиумска куќа, Шамс Чаранија, казната се однесува на коментарите на Грин дадени откако беше исклучен поради шест лични грешки во поразот на неговиот тим од Минесота со 97:102 во третиот натпревар од плејоф серијата. Грин ...

Килијан Мбапе го запиша своето има во историјата на Реал Мадрид. Синоќа, Реал, по пресврт, ја победи Мајорка со 2:1 и ја одложија прославата на титулата на Барселона за најмалку 24 часа. Францускиот напаѓач го постигна првиот од двата гола за домашниот тим. Мбапе е во одлична форма на крајот од сезоната, постигна шест гола во последните четири натпревари (три во Ел Класико) и сега има 40 гола во сите натпреварувања во сезоната 2024/25. Kylian ...

Енцо Мареска ќе го предводи Челзи и следната сезона, објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си. Според овој извор, Лоренс Стјуарт и Пол Винстални планираат Италијанецот да остане на клупата на двократниот европски шампион барем до јуни 2026 година, дури и ако тимот не се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона. На две кола до крајот, Челзи е на петтото место на табелата во Премиер лигата, односно на позиција што гарантира пласман во ...

Во финишот на успешната сезона, фудбалскиот клуб Барселона ги крои плановите за летниот преоден рок. Како што објави „Диарио Спорт“, осум фудбалери ќе бдат ставени на трансфер листата. Според овој извор, тренерот Ханси Флик дал зелено светло играчите да бидат продадени доколку клубот добие задоволителни понуди. „Диарио Спорт“. тврди дека Инака Пења, Роналд Араухо, Хектор Форт, Френки де Јонг, Гави, Пабло Торе, Пау Виктор и Ансу Фати кои ќе ...

Германскиот тенисер Саша Зверев се надева дека Новак Ѓоковиќ еден ден ќе му биде тренер. Пред некое време, Данил Медведев изјави дека слушнал оти Новак, кога ќе ја заврши кариерата, ќе го тренира Зверев. На Мастерсот во Рим, на тенисерите им беше поставено прашањето – кого би сакале да видат за тренер. Алекс де Минор, Холгер Руне, Стефанос Циципас го издвоија Новак, исто како и Зверев, кој одговори со насмевка. „Кога ќе се пензионира, сигурно ...

Минесота Тимбервулвс го победија Голден Стејт со 121:110 и ќе играат во финалето на Западната конференција втора сезона по ред. Минесота ја затвори серијата со вкупен резултат од 4:1 и сега го чека исходот од второто полуфинале помеѓу Оклахома и Денвер, каде што Тандер моментално водат со 3:2. На Истокот, актуелните шампиони Бостон Селтикс го намалија резултатот во серијата против Њујорк Никс на 2:3. Селтикс изминатата ноќ славеа убедливо со ...

Екипата на Минесота успеа да слави дома против ослабените Вориорс, 121:110, и со вкупен резултат од 4:1 во серијата се пласираше во финалето на Западната конференција. Рендл ја предводеше Минесота со 29 поени, осум скока и пет асистенции, Едвардс додаде 22 поени и 12 асистенции со седум скока, а Гобер имаше 17 поени и осум скока, со 8/9 од поле. Конли со 16, МекДениелс со 14 и Дивинченцо со 13 поени исто така беа со двоцифрен број на поени. ...

Фудбалерите на Барселона беа на помалку од една минута од тоа да станат нови шампиони на Шпанија веќе во среда навечер, иако не излегоа на теренот. Откако славеа во „Ел Класико“, Каталонците беа на прагот да ја прослават 28-та шампионска титула, но благодарение на голот на Јакоб Рамон во 90+5. минута, сепак, ќе мора да почекаат до четврток и дуелот со градскиот ривал Еспањол за промоција. Тимот на Карло Анчелоти ја победи Мајорка со 2:1 во ...

Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија. Во финалето на „Олимпико“ во Рим, Болоња го победи Милан со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Ендој во 53.минута. Вечерва, по пауза од 51 година повторно го освои Купот. Екипата на тренерот Виченцо Италијано обезбеди пласман во Лигата на Европа, додека Милан, кој моментално е осми во Серија А, најверојатно ќе остане без пласман во меѓународните натпреварувања. Болоња претходно го освои ...

Неверојатна завршница има сезоната 2024/2025 во Холандија. Фудбалерите на Ајакс го загубија првото место во Ередивизие откако испуштија победа во Гронинген во претпоследното 33. коло со 99.минута со играч повеќе. Двапати славниот клуб од Амстердам водеше на стадионот „Еуроборг“ со головите на Антон Гои во 27. минута и Ваут Вегорст во 68.минута, но домашните не се предадоа. Првиот пат израмнија во 52. минута преку Том ван Берген, а потоа во ...

Фудбалерите на Галатасарај го освоија рекордниот 19-ти трофеј од Купот на Турција, откако во финалето рутински го победија Трабзонспор. Финалниот натпревар одигран на градскиот стадион во Газијантеп заврши со убедлива победа на Галатасарај од 3:0 (1:0). Турскиот репрезентативец Јунуис Акгун се истакна со три асистенции: за водечкиот гол на сонародникот Барис Јилмаз во петтата минута, потоа уште две за Виктор Осимен во 46. и 63. минута. ...

Француската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на форматот на натпреварувањето во Лига 1, пишува „Лекип“. Според познатиот весник, се разгледува можноста да воведе завршен турнир за титулата во првенството. На завршниот турнир би учествувале четирите најдобри екипи од регуларната сезона. Во полуфиналето, првиот тим ќе игра против четвртиот тим, а вториот тим ќе игра против третиот тим. Победниците во завршниот меч би решавале ...

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, од неколку причини, сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид. Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште не е постигнат договор. Менаџерот на Винисиус, Фредерико Пења, дал понуда која Флорентино Перез ја оценил како неприфатлива. Пења за својот клиент бара годишна плата од 30 милиони евра, што е многу повеќе од сегашната (17 милиони)/ Актуелниот ...

Легендарниот тренер, Фабио Капело, не сака да го споредува Ламин Јамал со Меси, Марадона или Роналдо. Јамал, кој сеуште нема 18 години веќе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Чудото од дете кое игра за Барселона веќе има блескава кариера, минатата година го освои Европското првенство со Шпанија, а оваа сезона е на прагот да го освои и шпанското првенство со Каталонците. Тој веќе сруши некои рекорди што ги држеше Лионел Меси, по некои ...

Реал Мадрид сезоната 2024/2025 ќе ја заврши без „голем трофеј“. Барселона на Реал му го зеде Купот на Шпанија и националниот шампионат, а во Лигата на шампионите Арсенал го елиминира „кралскиот клуб“ во четвртфиналето. Карло Анчелоти, тренерот на Реал, си оди од клубот, а првиот човек Флорентино Перез, подготвува и реконструкција на тимот. Слично како и минатата сезона, со заминување од Реал се поврзува Бразилецот Родриго. Не е тајна дека Пеп ...

Флоријан Вирц речиси сигурно ќе го напушти Баер Леверкузен ова лето. Баерн Минхен подготви пакет вреден 250 милиони евра за Вирц, но не е исклучено да се случи спектакуларен рпесврт. Германските медиуми ја објавија понудата која е подготвена во Минхен, 150 милиони евра обесштетување и 100 милиони евра за Вирц во наредните пет сезони. Шпанските новинари од друга страна тврдат дека Реал Мадрид е сè уште во игра и дека нема таа лесно да се откаже ...

Веста за испаѓањето на Сампдорија во Серија Ц (трет ранг на италијанскиот фудбал) предизвика бурни прослави меѓу навивачите на лутиот градски ривал Џенова. Додека навивачите на Сампдорија тагуваат по шокантното испаѓање во Серија Ц, навивачите на градскиот ривал Џенова „скокаа“ од радост. Навивачите на овој клуб палеа факели и огномети низ целиот град до доцна во ноќта. Исто така, беше организиран и „погреб“. Сампдорија, поранешен италијански ...

ФИФА има за цел да генерира 1 милијарда долари приходи „во иднина“ од Светското првенство за жени, кое ќе се прошири од 32 на 48 екипи почнувајќи од 2031 година, објави во средата нејзиниот претседател Џани Инфантино. „Гледаме значаен, експоненцијален раст во женскиот фудбал“, нагласи Инфантино на Саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад. Како и Светското првенство за мажи, кое ќе се зголеми од 32 на 48 екипи и од 64 на 104 ...

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, се огласи по поразот од Оклахома Сити Тандер. Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција од Оклахома Сити Тандер со резултат 112:105. По болниот пораз, на прес-конференцијата се обрати в.д. тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, по што следеше и Џамал Мареј. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер во овој натпревар со 44 поени, 15 ...

Јувентус потврди дека постигнал договор со два спонзора чии имиња ќе бидат видливо прикажани на дресовите од следната сезона до летото 2028 година. По сезоната во која гигантите од Торино играа без истакнат спонзор на предната страна од горниот дел од дресот, тоа ќе се промени од следната сезона. Јувентус потврди нов договор за спонзорство со Jeep и Visit Detroit. „Договорот вклучува фиксна вкупна такса од 69 милиони евра (од кои 4 милиони ...

Одржана е ждрепката за квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027 година. Во квалификациите ќе учествуваат 32 екипи, 24 учесници од Евробаскет 2025 и осум победници од претквалификациите. 12 европски екипи ќе одат на завршниот турнир во Катар. Ждрепката се одржа во салата Алхазм во Доха, а ја водеше глобалниот амбасадор на ФИБА, Кармело Ентони. Дуелите започнуваат во ноември оваа година, по што следат февруари и јуни 2026 година. ...

е

8 минути - 24 Вести
weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
57%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
51%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
42%
1022
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
53%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
7.23
40%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
55%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
1.79
42%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
39%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
8.94
47%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
3.09
44%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
68%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60