Фудбалскиот клуб Челзи одлучи да донира дел од бонусите освоени на Светското клупско првенство на семејствата на трагично починатиот Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Потег за почит од страна на клубот и играчите по победата на престижното натпреварување, пишува „Атлетик“. Да ве потсетиме, во јули, клубот од Западен Лондон ја освои шампионската титула на новото, проширено Светско клупско првенство на ФИФА, победувајќи го Пари Сен Жермен ...

На денешен ден пред девет години, Јусеин Болт се запиша во историјата на олимпизмот. Јусеин Болт се смета за еден од најдобрите спортисти, поточно спринтери, кои некогаш се занимавале со овој спорт. На денешен ден, 14 август 2016 година, Болт направи нешто што никогаш порано не беше видено на Олимписките игри. Во Рио де Жанеиро, победи на трката на 100 метри и го освои златниот медал со време од 9,81 секунди. Болт стана првиот спортист во ...

Оскар Пјастри, возачот на Мекларен во Формула 1 и лидер во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ги откри најголемите разлики во автомобилот во последните 12 месеци. Во текот на првите две години во Мекларен, Оскар Пјастри постојано губеше од Ландо Норис, кој имаше неколку години искуство повеќе, но со текот на времето разликата се намалуваше. По 14 рунди од сезоната во 2025 година, резултатот меѓу Пјастри и Норис кога станува збор ...

Маскотата на Денвер Нагетс, популарниот „Роки“, ја тужи франшизата од Колорадо. Човекот во костимот на Роки е Дрејк Соломон, тој тврди дека бил отпуштен откако зел одмор за да се опорави од операција на колкот. Со ова биле прекршиле законите за инвалидитет и тој побарал неодредена финансиска отштета од Кренке Спортс (сопственици на Денвер Нагетс). Дрејк Соломон стана Роки во 2021 година, кога го наследи својот покоен татко, кој го носеше ...

Поранешниот играч на Џенова, Кони Де Винтер, потпиша договор со Милан до 30 јуни 2030 година. Клубот од Милано не даде финансиски детали за договорот, но италијанските медиуми објавија дека трансферот на 23-годишниот белгиски дефанзивец вреди 20 милиони евра. Џенова ќе добие почетни 18 милиони евра и уште два милиони преку бонуси. Неговиот поранешен клуб Јувентус ќе добие 20 до 25 проценти од таа цена како дел од договорот од 2024 година, кога ...

Финишот на преодниот рок може да донесе сензационален трансфер на Дани Олмо (27). Барселона се соочува со финансиски проблеми и бара нов напаѓач, а поради недостатокот на континуитет и честите повреди, Олмо се најде во незгодна ситуација и би можел да го напушти клубот. Шпанскиот портал „Фичхјес“, пишува дека одличната предсезона на Фермин Лопез дополнително го намалила неговиот простор во тимот. Доаѓањето на Маркус Рашфорд треба да ја затвори ...

Милвоки Бакс, НБА франшизата од Висконсин, му забрани на Јанис Антетокумбо да игра за Грција ова лето, објавија Арис Баркас и „Јурохупс“. Најдобриот грчки кошаркар работи индивидуално, не тренира со соиграчите од националниот тим и не играше против Србија на Кипар и Црна Гора во Солун. До јавноста веќе стигна информација дека Грците не го платиле осигурувањето и затоа Јанис го нема, но како што објави гореспоменатиот портал, Милвоки сè уште не ...

Астон Вила ќе му понуди 20 милиони евра обештетување на ПСЖ за играчот од средниот ред Марко Асенсио (29), кој пролетниот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Бирмингем. Британските медиуми тврдат дека шпанскиот репрезентативец веќе се договорил за тригодишен договор со Астон Вила, а сега чекаат одговор од ПСЖ на понуденото обештетување. Неговиот договор со францускиот клуб истекува во јуни следната година. Тренерот на европскиот ...

Пари Сен Жермен го освои Суперкупот на УЕФА. Во драматичен натпревар, ПСЖ ја стигна предноста на Тотенхем од 0:2 со головите на Ли во 85. и Рамош во 94.минута, а потоа во пенал серијата дојде до пехарот.Пенак рулетот „светците“ го добија со 4:3. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по натпреварот изјави: „Дали мислите дека заслуживме? Мислам дека Тотенхем заслужи да победи. Не ја заслуживме победата во првите осумдесет минути. Мислам дека Тотенхем ...

Реал Мадрид потврди дека Франко Мастантуоно денес ќе биде претставен како нивен нов играч. 17-годишникот официјално стана нов член на Реал Мадрид ова лето, а вкупниот износ на целиот трансфер, како што тврди Ривер Плата, се искачи на 63,2 милиони евра, што ја прави оваа продажба најскапиот излезен трансфер во историјата на аргентинскиот фудбал. Реал ја плати откупната клаузула во износ од 45 милиони евра, а преостанатиот дел од износот е ...

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, со триумф по неверојатен пресврт во 90 минути и нерешен резултат 2:2 против Тотенхем. Пенак рулетот „светците“ го добија со 4:3. Ова беше првиот натпревар откако стана јасно дека Италијанецот Џанлуиџи Донарума нема да го брани голот на шампионот на Стариот континент, но и првиот натпревар што победникот на Лига Европа го одигра по заминувањето на Јужнокореецот Хјунгмин Сон по ...

НБА франшизата на Портланд Треил Блејзерс е продадена за над четири милијарди долари. Според непогрешливиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Портланд го купува Том Дандон, американски бизнисмен. Дандон моментално е сопственик на НХЛ тимот Каролина Харикенс, кој го купи во 2018 година за 450 милиони, а ги купува Треил Блејзерс од Пол Г. Ален. Љубителите на кошарката во Портланд не мора да се грижат, бидејќи новиот сопственик и неговите соработници ...

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и третиот натпревар во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство. Вечерва, во Орадеа, Романија ја победи Македонија 79:66. Првата четвртина го одреди текот на натпреварот, Романците ја добија со седум поени (26:19). На полувреме Романија имаше двоцифрена предностевет поени предност (45:34). Македониај во еден дел од решавачката четвртина се доближи на разлика од три ...

Еден од најдобрите голмани во светот, Џанлуиџи Донарума (26), чиј договор со ПСЖ истекува за 11 месеци, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер сити. Францускиот весник „Лекип“ тврди дека италијанскиот голман веќе ги договорил условите на договорот со „Граѓаните“, вклучувајќи ја и годишната плата. Според нивните изјави, раководството на ПСЖ бара обештетување од 50 милиони евра, а сè што останува е клубовите да го договорат ...

Џејдон Санчо, еден од непожелните играчи на „Олд Трафорд“, им соопштил на клупските челници под кои услови ќе го напушти Манчестер јунајтед. Санчо ја помина претходната сезона на позајмица во Челзи и постигна гол во финалето на Конференциската лига во победата против Реал Бетис (4:1). Вкупно, Санчо одигра 41 натпревар минатата сезона во дресот на Челзи, но тоа не беше доволно „сините“ да го откупат неговиот договор. Тие му платија на Манчестер ...

„Бура“ ја зафати словенечката кошаркарска репрезентација пред Евробаскетот, по одлуката на селекторот, искусниот Зоран Драгиќ да патува на континенталното натпреварување. Селекторот Александар Секулиќ му се заблагодари на Жига Данеу за соработката, но и на Драгиќ, кој мислеше дека ќе се збогува со репрезентацијата веднаш по Европското првенство. Во меѓувреме се јави неговата сопруга Светлана, која вели дека Зоран сам ја напуштил ...

Шампионот на Англија, Ливерпул се уште не го завршил преодниот рок. Клубот досега потроши 300.000.000 евра на засилувања, а до рајот на трансфер пазарот ќе се обидат да ја засили одбраната. На радарот на ливерпул е талентираниот дефанзивец на Парма, Џовани Леони. Трансфер инсајдерите, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, тврдат дека 18-годишниот играч на Парма веднаш ја прифатил понудата на „црвените“. Тимот од „Енфилд“ сега треба да ги ...

Голманска вртелешка се подготвува во финишот на летниот преоден рок. Бразилскиот голман Едерсон (31) е на прагот да се пресели во Галатасарај, што значи дека на неговото место ќе дојде Џиџи Донарума кој е пречкртан во ПСЖ: . Едерсон се договорил со актуелниот шампион на Турција. Ќе потпише договор до 2028 година, со плата од 7.000.000 евра годишно, со бонуси, тврди италијанскиот инсајдер Николо Скира, без да наведе колкава сума Сити ќе ...

Барселона би можела да остане без најдобриот напаѓач до крајот на преодниот рок. Имено, полскиот напаѓач Роберт Левандовски, ѕвездата на каталонскиот клуб, би можел да го напушти клубот ова лето откако добил понуда од Саудиска Арабија која вклучува неверојатни 50 милиони евра годишно. Левандовски, кој наполни 37 години на почетокот на месецот, има договор со Барселона до крајот на следната сезона. Тој дојде во клубот во 2022 година од Баерн. И ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека се противи на одлуката на ла Лига, натпреварот меѓу Виљареал и Барселона, закажан за 20 декември да биде одигран во Мајами, САД. Шпанската фудбалска федерација во понеделникот го одобри барањето натпреварот од лигата помеѓу Виљареал и Барселона да се игра на американска почва. Федерацијата ќе побара дозвола од Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Виљареал им ...

Едноминутно молчење ќе биде одржано пред натпреварите од првото коло во Премиер лигата, во спомен на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа. Раководството на Премиер лигата денес објави дека разговарало со претставници на Ливерпул за најсоодветниот начин да му се оддаде почит на Жота, кој загина со својот брат на 3 јули во сообраќајна несреќа во Шпанија. Освен едноминутното молчење, ...

Реал Мадрид ги заврши подготовките со убедлива победа од 4:0 против австрискиот прволигаш ВСГ Тирол. „Дефенса Централ“, пишува дека овој натпревар јасно ја покажал визијата на новиот тренер Чаби Алонсо, кој знае кои играчи ќе бидат клучни за тимот. „За време на бројните измени, Алонсо остави тројца играчи на теренот кои го започнаа натпреварот: стоперот Дин Хујсен (20), играчот од средниот ред Арда Гулер (20) и Килијан Мбапе (26). Со тоа, тој ...

Актуелниот победник на Лигата на шампионите, ПСЖ, и актуелниот победник на Лига Европа, Тотенхем, ќе се сретнат вечерва во 21 часот на стадионот „Блуенерџи“ во Удине во борбата за Суперкупот на УЕФА. Победникот на Лигата на шампионите сака да додаде трофеј што не го освоил ниту еден француски клуб, додека Тотенхем се надева дека ќе подигне уште еден трофеј по освојувањето на Лига Европа. Единствениот пат кога ПСЖ имаше шанса да го освои ...

Новото засилување на Евертон, Џек Грилиш, изјави дека сакал да оди само на едно место откако му се приклучи на клубот како позајмен играч од Манчестер сити. Грилиш се пресели од Сити како позајмен играч во Евертон до крајот на сезоната и е шестото засилување на клубот од Ливерпул во летниот преоден рок. Тој рече дека разговорите со менаџерот Дејвид Мојес биле одлучувачки да ја донесе одлуката за преселба на стадионот „Хил Дикинсон“. „Пресреќен ...

Џанлуиџи Донарума стави крај на својата епизода во ПСЖ. Голманот јавно објави и потврди дека ќе го напушти европскиот шампион до крајот на летниот преоден рок и дека потегот на Луис Енрике целосно го разочарал и му го скршил срцето. Во претходните четири години, Донарума беше прв голман на ПСЖ и еден од најзаслужните што овој тим конечно стигна до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона. Сепак, на почетокот од подготовките за новата ...

Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта. На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни. Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, ...

Актуениот македонски шампион Шкендија доживеа елиминација од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Шкендија ја очекува плеј-офот за место во Лига Европа, доколку и тука загуби ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига. Шкендија по поразот во првиот меч на домашен терен (0:1) од Карабаг, вечерва доживеа дебакл во реваншот во Баку. Карабаг победи со 5:1. Почетокот на натпреварот ветуваше бидејќи Тамба во 10.минута и донесе ...

Марио Балотели (34), поранешен италијански репрезентативец, ја напушти Џенова откако му истече едногодишниот договор. Контроверзниот напаѓач одигра само шест натпревари во текот на минатата сезона. Денес е слободен играч кој бара нов клуб. „Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ...

Најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација, Александар Митровиќ, го напушта Ал Хилал. Со доаѓањето на уругвајскиот Дарвин Нуњез, тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета на Митровиќ, а најдобро за сите би било ако српскиот напаѓач го напушти клубот. Единствениот проблем е неговиот договор, според кој клубот мора да му плати уште 25 милиони евра. Според катарскиот весник Ал Кас, саудискиот клуб е подготвен да го исплати ...

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендира поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, на два месеци. Суспензијата му е изречена поради навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, објавени на социјалните мрежи. ФА во соопштението наведува дека Кут изразил „длабоко каење“, признавајќи дека неговите коментари биле „груби и несоодветни“. Кут (43) ќе мора да посетува образовен курс покрај суспензијата. Во ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
48%
1029
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
60%
1028
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
0.0
73%
1028
weather icon

Софија

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
44%
1029
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.65
39%
1028
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.71
44%
1024
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
37%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
49%
1025
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
46%
1027
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.45
67%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.75
35%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976