Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Јури Тилеманс. Разговорите напредуваат брзо по елиминацијата на Белгија од Светското првенство, објавува „Скај Спортс“. Тилеманс има договор со Астон Вила до јуни 2028 година, но Јунајтед ја искористи можноста да го доведе 29-годишниот играч од средниот ред, кој е за преселба на Олд Трафорд. Контактите меѓу двете страни се во тек, а откупната клаузула е 35 милиони фунти. Нивната потрага следи по ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во завршна фаза, во вторинк и среда на програмата се полуфиналните натпревари Франција – Шпанија и Аргентина и Англија. Кога станува збор за другите учесници на Светското првенство, тие се рангирани од петтото до 48-мо место. Од екипите од регионот, Босна и Херцеговина е сместена на 29-та позиција врз основа на вкупниот настап, а Хрватска на 20-та позиција, по елиминацијата во ...
Ерлинг Халанд го изрази своето разочарување и гнев откако Норвешка беше елиминирана од Англија на Светското првенство во драматично четвртфинале. Норвешка беше поразена од Англија со 2:1 по продолженијата на стадионот во Мајами, а 25-годишниот напаѓач беше во центарот на контроверзиите. Десет минути по почетокот на второто полувреме, голот на Торбјорн Лисекер Хегем беше поништен по прегледот на ВАР. Судиите проценија дека Халанд го фаулирал ...
Најдобриот дефанзивец на Евролигата, Алфа Дијало, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако се согласи на едногодишен договор вреден 1,4 милиони долари со Денвер Нагетс. Како што објави ESPN, повикувајќи се на menaxerite Џаред Муча и Џејвон Филипс од агенцијата „Excel Sports Management“, 29-годишниот кошаркар потпиша загарантиран договор со тимот од Колорадо. Дiјало пристигнува во Денвер по извонредните сезони во Евролигата, каде што минатата ...
Именуван е наследникот на Марсело Биелса на клупата на уругвајската репрезентација. Тоа ќе биде легендарниот напаѓач на „Ла Селесте“ Диего Форлан. Претседателот на Фудбалската асоцијација на Уругвај, Игнасио Алонсо, во интервју за „Теледок“ потврди дека Форлан ќе го преземе водството на репрезентацијата која не ја помина групата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. На почетокот, додека двете страни не бидат сигурни дека „ова е ...
Јохан Манзамби, се премисли, го одби Њукасл и ја прифати понудата од Астон Вила. Астон Вила буквално го грабна играчот од Њукасл во договор вреден речиси 70 милиони евра со бонуси. Како што објавува Флоријан Плетенберг, Њукасл постигна договор со Фрајбург за трансферот на Јохан Манзамби. Њукасл требаше да плати 60 милиони евра, но играчот не се согласи на овој трансфер. Во меѓувреме, се јави и Астон Вила. Вила понуди десет милиони евра ...
Јаник Синер ја одбрани титулата на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Во финалето, по речиси четири часа игра, Синер го победи Алкесандар Зверев со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3, 6:4). Јаник Синер втор пат по ред го освои Вимблдон, вкупно ја освои петата Гренд слем титула. Зверев остана една, онаа што ја освои пред еден месец на Ролан Гарос. Финалниот меч донесе брилијантен тенис, особено во првите два сета, кога тенисерите го чуваа својот ...
Контроверзноста околу израмнувачкиот гол на Џуд Белингам во четвртфиналниот натпревар помеѓу Англија и Норвешка продолжува, а сега се огласи и легендарниот Златан Ибрахимовиќ. По пресвртот, Англија победи со 2:1 и се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство, каде што ќе игра против Аргентина, која ја елиминирана Швајцарија. Сепак, најголемо внимание привлече ситуацијата што му претходеше на израмнувачкиот гол, кога топката ...
Капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, не се мири со елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство, оценувајќи дека исклучувањето на Брил Емболо беше одлучувачкиот момент на дуелот против Аргентина. По продолженијата, Швајцарија беше поразена од актуелниот светски шампион со 3:1, иако до 72-та минута беше рамноправен ривал и беше на дофат од пласман во полуфиналето. „Мислам дека црвениот картон ја промени ...
Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство откако ја победи Швајцарија со 3:1 по продолжение во драматично четвртфинале во Канзас Сити. Алексис Мек Алистер ги доведе Аргентинците во водство, Ден Ндоје израмни за Швајцарците, а Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез ја обезбедија победата за бранителот на титулата во продолжението. Аргентина поведе во 10-та минута. Лионел Меси изведе корнер, а Алексис Мекалистер остана небранет ...
Англија ја победи Норвешка во третиот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство. Андреас Шјелдеруп ги доведе Норвежаните во водство, а потоа Џуд Белингам постигна два гола за пресврт и пласман во Топ 4. Еве како англиските медиуми го видоа натпреварот. Гардијан: Англија се протна, но покажа ширина и карактер „Англија мораше да се бори, понекогаш имаше среќа, но едноставно не се откажаа и се извлекоа“, пишува Гардијан. Се истакнува ...
Норвешката бајка на Светското првенство заврши на суров начин во четвртфиналето со пораз од Англија по продолженијата (1:2). Пласманот на Англија во полуфиналето ќе остане во сенка на сериозна судиска грешка. Голот за 1:1 мораше да биде поништен бидејќи топката го погоди кабелот што ја држи камерата, падна одеднаш и се отвори контра на Англија. Норвежаните протестираа, но залудно. Сè беше решено кога голманот на Норвешка, Ниланд, имаше ...
Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур Фери, односно Новак Ѓоковиќ. Најдобриот на светот, Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот. Овој натпревар беше многу сличен на оној од претходната година, во истата фаза, а Синер делуваше како непремостлива пречка, и поради неговиот ...
Јужноафриканскиот фудбал е обвиен во црно по веста дека Џејден Адамс, играчот од средниот ред на Мамелоди Сандаунс и јужноафриканската репрезентација, починал на 25-годишна возраст. Причината за смртта сè уште не е објавена. Тажната вест ја потврди Брендин Џонсон, еден од тренерите на Адамс, кој се обрати до јавноста во име на семејството и побара приватност во овие тешки моменти. „Сè е сè уште премногу свежо. Раната е сè уште отворена. ...
Првата полуфинална двојка на Светското првенство ја формираа Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се игра на 14 јули во 21 часот во Арлингтон (Далас). Французите го победија Мароко со 2:0, а Шпанија беше подобра од Белгија и триумфираше со 2:1. По победата над Белгијците, најдобриот играч на натпреварот според ФИФА, шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал го окарактеризира претстојниот дуел со Французите како средба на двете најдобри селекции ...
Тибо Куртоа го напушти натпреварот против Шпанија поради повреда, а откако беше елиминиран од Светското првенство, зборуваше за својата иднина во репрезентацијата. Искусниот голман мораше да му отстапи место на Сем Ламенс, во 70-та минута. Лошата реакција на Ламенс во 88-та минута му овозможи на Микел Мерино да го постигне голот за победа. По натпреварот, Куртоа навести дека можеби ќе се повлече од репрезентацијата. „Што се однесува до ...
Напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација, Феран Торес, би можел да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен. Откако Барселона го доведе Карим Адејеми од Борусија Дортмунд за само 22.000.000 евра + 7.000.000 преку бонуси и 35 отсто од следниот трансфер, Феран Торес сфати дека ова е уште еден знак дека треба да си замине, бидејќи претходно во клубот пристигна и Ентони Гордон од Њукасл. Треба да се додаде дека Каталонците сè уште не ...
Еден од најочекуваните дуели во четвртфиналето на Светското првенство ќе биде судирот меѓу Англија и Норвешка, вниманието посебно ќе биде насочено кон двајца врвни напаѓачи – Хари Кејн и Ерлинг Холанд. Пред вечервашниот натпревар, капитенот на „Гордиот Албион“ беше прашан кој е подобар од нив двајца, Кејн не сакаше да влегува во такви споредби. „Невозможно ми е да одговорам на тоа прашање. Мислам дека сме сосема различни како играчи. ...
Враќањето на Мануел Нојер во репрезентацијата на Германија за Светското првенство предизвика значителни внатрешни превирања во тимот. Според извештаите на локалните медиуми, Нојер влијаел и врз составот на голманите за Светското првенство. Наводно, тренерот на голманите Андреас Кроненберг размислувал да поднесе оставка поради него. За потсетување, селекторот Јулијан Нагелсман го врати Нојер во репрезентацијата две недели пред почетокот на ...
Микел Мерино ги сподели своите впечатоци по постигнувањето на победничкиот гол за Шпанија во четвртфиналето против Белгија. Херојот на „Црвената Фурија“, претходно ја елиминираше Португалија со својот гол во осминафиналето, во 91-та минута. Белгија ја реши со голот во 88-та минута. „Како треба да се чувствувам? Пресреќен сум. Мислев дека нешто вакво нема да се случи повторно којзнае колку долго, но се случи повторно. Се чини дека нема ...
Турскиот репрезентативец Џеди Осман го напушта Панатинаикос, но не и грчката кошарка. Претседателот на атинскиот клуб, Димитрис Јанакопулос, се огласи на Инстаграм и со емотивна порака практично наговести разделба со кошаркарот роден во Охрид. Речиси во исто време, во грчките медиуми се појави информација дека Осман ќе потпише тригодишен договор со ПАОК од Солун вреден девет милиони евра. Црно-белите ќе му платат на Панатинаикос и два ...
Шпанија ќе и се спротивстави на Франција во првото полуфинале на Светското првенство во фудбал. Вечерва во Лос Анџелес, Шпанија ја совлада Белгија со 2:1. Повторно херој на Шпанците беше Микел Мерино, голот за победа го постигна две минути по влегувањето во игра, во 88-та минута, кога ја искористи катастрофалната рекација на голманот Ламенс. „Црвената фурија“ ја оправда својата фаворитската улога потешко од прогнозите, бидејќи во Белгија ...
Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација, Жорж Жезус, изјави дека репрезентацијата се соочува со голем предизвик, но дека верува дека Португалија може да победи благодарение на квалитетот на играчите што ги има. Жезус (71) беше претставен како нов селектор на Португалија, а тој ќе ја води репрезентацијата до 2030 година. Функцијата ја наследи од Роберто Мартинез. „Денес започнуваме нова ера во ФПФ. Избравме нов тренер чиј ...
Најдобриот фудбалер на Сенегал, Садио Мане, објави дека ја завршил својата репрезентативна кариера. Капитенот на оваа африканска селекција ја напушта репрезентацијата по 130 одиграни натпревари и 55 постигнати голови, тој заминува како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Сенегал. „Знам дека жртвував сè за ова знаме, дека дадов сè и дека се борев напорно за мојата земја“, рече Мане. Легендарниот фудбалер, како што стојат ...
Во 114-та минута од натпреварот од осминафиналето помеѓу Швајцарија и Колумбија, Гранит Џака направи грешка и му овозможи голема шанса на Хамингтон Кампаз. За ѓал на Колумбијците, играчот од редот за врска, шутираше над голот. Подоцна Швајцарците славеа на пенали со 4:3 се пласираа во четвртфиналто каде ги чека Аргентина. Популарниот „Ел Бичо“, како што е познат на својот континент, не се качи на летот од Ванкувер до Богота како што ...
Вечерва, во Лос Анџелес (21.00 часот), ќе го добиеме вториот полуфиналист на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико (11 јуни – 19 јули). Победникот за место во финалето ќе игра против доминантната Франција, која вчера рутински со 2:0 го победи Мароко. Актуелниот европски шампион, Шпанија, се смета за фаворит на хартија. Поради трофејот освоен пред две години, гранитната одбрана на овој турнир (без примен гол ...
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, продолжува да ги поместува границите на најголемата фудбалска сцена. „Триколорите“ го победија Мароко со 2:0 во Бостон и ќе играат против победникот од натпреварот Шпанија – Белгија во полуфиналето. Мбапе беше стрелец на првиот гол, откако претходно промаши пенал. Францускиот напаѓач е единствениот фудбалер во последните 60 години кој директно учествувал во најмалку десет голови на две различни Светски ...
Шпанскиот фудбалер Оскар Мингеса се пресели од Селта во Кристал Палас, објави англискиот клуб. Како што беше објавено, 27-годишниот дефанзивец потпиша договор со освојувачот на трофејот во Конференциската лига до јуни 2030 година. Мингеса кариерата ја започна во Барселона, од каде што се пресели во Селта во 2022 година. Во претходните четири сезони во Галиција, одигра 147 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола. Ги бранеше ...
Франција се пласира во полуфиналето на Светското првенство со победата над Мароко, а пред натпреварот, поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, откри претходно непознати детали за обидот на англискиот гигант, во 2017 година да го потпише тогаш 18-годишниот Килијан Мбапе. Клоп присуствуваше на натпреварот помеѓу Франција и Мароко во четвртфиналето на Светското првенство, беше сведок на уште една лесна победа на Французите и танцот на ...
Белгискиот новинар, Саша Таволиери, објави на социјалната мрежа „X“ информации за можниот изненадувачки трансфер на поранешниот хрватски репрезентативец Марсело Брозовиќ во Реал Мадрид. Според неговите изјави, челниците на Реал воспоставиле контакт со претставниците на Брозовиќ. Таволиери истакнува дека доведувањето на искусен играч од средниот ред е голема желба на тренерот Жозе Мурињо, а наводно му е понуден едногодишен договор. За ...