Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Андреа Кими Антонели, шестата победа во сезоната ја забележа на легендарната патека Спа Франкошамп. 19-годишниот Италијанец ја освои Големата награда на Белгија пред Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Антонели уште еднаш имаше брилијантно издание, не потклекна ниту кога Леклер се стекна со предност, кога го искористи виртуелното возило за безбедност за да стави нови гуми на својот болид. Трката во Белгија не донесе многу ...
Лионел Меси не се запиша меѓу стрелците во полуфиналната победа на Аргентина над Англија, но уште еднаш испиша историја на Светските првенства. Капитенот на Аргентина забележа две асистенции во големиот пресврт на својата репрезентација, со што вкупниот број негови асистенции на Мундијалите се искачи на 12. Дури 10 од тие 12 асистенции ги остварил во нокаут-фазата, а ниту еден друг фудбалер во историјата нема повеќе од осум вкупно. Во текот ...
Досегашниот селектор на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, последен пат ѝ се обрати на јавноста во таа улога по поразот од Англија (6:4) во натпреварот за третото место на Светското првенство. Во емотивното обраќање тој го анализираше својот последен натпревар, ја презеде одговорноста за неуспехот и официјално потврди дека се повлекува, најавувајќи дека селекторската функција ќе му ја предаде на Зинедин Зидан. Дешан призна ...
Англија ја победи Франција со 6:4 во спектакуларниот натпревар за третото место на Светското првенство во Мајами и го освои бронзениот медал. Англичаните на полувремето водеа со 4:0, но Франција се врати на 4:3 и пропушти неколку стопроцентни шанси за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англија. Покрај него, во листата на стрелците се запишаа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. За Франција ...
Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале, заедно со останатите членови на својата „банда“, ќе се обиде да ја одбрани титулата светски првак, нешто што досега им успеало само на Бразил со Пеле во 1958 и 1962 година, како и на Италија во 1934 и 1938 година. Меси беше вистински лидер на тимот, ја водеше репрезентацијата до големи победи и пресврти во ...
Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското првенство 2026. Шпанија до финалето стигна со шест последователни победи по ремито со Зеленортските Острови и постави рекорд со шест натпревари без примен гол на едно Светско првенство. Во полуфиналето ја совлада Франција со 2:0. Аргентина, актуелниот светски шампион, во полуфиналето со пресврт ја победи Англија со 2:1. ...
Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над Франција (6:4) и освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство. „Ова е најдобрата група играчи што Англија ја имала после долго време. Тоа е факт и никој не може да ни го одземе“, рече Рајс. Тој призна дека поразот од Аргентина во полуфиналето сè уште боли, но нагласи дека третото место е голем ...
Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место стигна до 22 погодоци на мундијалите и стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Со тоа го надмина Лионел Меси, кој има 21 гол, но Аргентинецот ќе има можност да ја подобри својата статистика во финалето против Шпанија. Мбапе до рекордот стигна на 27-годишна возраст, а на актуелното ...
Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај медалот, Англиската фудбалска асоцијација ќе инкасира и нешто повеќе од 25 милиони евра, додека Франција како четвртопласирана ќе добие 23,6 милиони евра. Разликата меѓу третото и четвртото место изнесува околу 1,5 милиони евра. За споредба, светскиот шампион ќе заработи 43,7 милиони евра, а поразениот ...
Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал. Англија водеше со 4:0 на полувреме, но Франција се врати на 4:3 и упати пропушти неколку чисти шанси за за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англичаните. Освен него, стрелци беа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. Килијан Мбапе постигна два гола за Французите и ...
Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја прифати понудата на Челзи, а Морган Роџерс (23), кој ќе стане фудбалер на Челзи, кога ќе ги помине медицинските прегледи во понеделник. Челзи ќе плати 117 милиони фунти за шестгодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона. Арсенал исто така покажа интерес за Роџерс, но Челзи беше поинтересна опција за него, ...
Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот на Аргентина бил одложен за 45 минути поради грмотевици, но светските шампиони подоцна успеале да го реализираат планираниот тренинг. Шпанија, пак, немала толку среќа. Нејзиниот тренинг, по првичното одложување, бил целосно откажан поради лошите временски услови. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Веста лично му ја соопштил претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, а 46-годишниот Винчиќ не можел да ги сокрие емоциите кога дознал дека ќе го суди најважниот натпревар на турнирот. Финалето ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а на Винчиќ ќе му асистираат неговите сонародници Томаж ...
На квалификациските трки во Ф1, денес во Белгија, на легедарната Спа, првите места ги освоија Кими Антонели со „Мерцедес“, пред Макс Верстапен со „Ред Бул“ и утре ќе стартуваат од првиот стартен ред. Третото место го освои Ландо Норис од Мекларен, но заради казна ќе стартува 10 места наназад, а од третата позиција ќе стартува Џорџ Расел со Мерцедес. На квалификациските трки во Ф1, денес во Белгија, на легедарната Спа, првите места ги ...
Шпанскиот крал Фелипе Шести, премиерот Педро Санчез и членовите на кралското семејство ќе присуствуваат на финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Шпанија и Аргентина, додека аргентинскиот претседател Хавиер Милеи нема да отпатува во САД, бидејќи верува дека неговиот ритуал ѝ носи среќа на репрезентацијата. Финалето ќе се одигра в недела во Ист Радерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси, каде што Аргентина ќе ја брани ...
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља изјави дека ќе се повлече од националниот тим доколку Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои титулата. „Ако го освоиме Светското првенство, следниот ден ќе му се јавам на Луис де ла Фуенте и ќе му кажам повеќе да не смета на мене. По европската и светската титула, не може подобро од тоа“, изјави Кукуреља за „Л’екип“. Левиот бек, кој беше стандарден во составот на ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека не знае дали актуелниот Мундијал ќе биде последниот во кариерата на Лионел Меси. „Не знам дали ова е неговото последно Светско првенство. Тоа треба да го прашате него. Никогаш не престанува да нè изненадува“, изјави Скалони. Пред финалето против Шпанија, селекторот со многу емоции зборуваше за својот капитен и за генерацијата која во изминатите години ѝ донесе големи успеси на Аргентина. ...
Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, на Светското првенство пристигна како речиси непознат фудбалер, а турнирот го напушта како светска ѕвезда. За само неколку недели од анонимец стана играч кого навивачите го запираат за фотографирање, дава интервјуа за светски медиуми и има милиони следбеници на социјалните мрежи. „Славата не ме промени многу. Морам да останам тоа што сум“, изјави Возиња за шпанска „Марка“ за време на турнирот на ...
Светското првенство доби и политичка димензија откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше селекторот на Англија, Томас Тухел, по полуфиналниот пораз од Аргентина (2:1). Трамп оцени дека Тухел направил голема тактичка грешка со тоа што во завршницата од натпреварот го повлекол капитенот и најдобар стрелец Хари Кејн во одбраната. „Хари е фантастичен. Мислам дека направија катастрофална грешка што го претворија во ...
Капитенот на Шпанија, Родри, изјави дека финалето на Светското првенство против Аргентина е „натпреварот на нивните животи“ и порача дека неговата репрезентација мора да влезе на терен со храброст и победнички менталитет. „Им реков на момците дека мора повеќе да сакаме да победиме отколку што се плашиме од пораз. Со таков дух мора да излеземе на терен“, рече Родри за „АС“. Тој оцени дека Шпанија во финалето влегува мирно, но свесна дека ја ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, застана во одбрана на своите тактички одлуки по болниот полуфинален пораз од Аргентина (2:1) и порача дека ја презема целосната одговорност за елиминацијата, но дека не жали за ниту еден потег. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција, германскиот стратег одговори на критиките што ги доби поради тоа што неговата репрезентација, по водството од 1:0, се повлече во одбраната и ...
Лионел Меси за првпат јавно ја коментираше легендарната фотографија на која го држи Ламин Јамал како бебе, оценувајќи дека е „лудост“ што речиси две децении подоцна двајцата ќе бидат ривали во финалето на Светското првенство. Фотографијата му ја покажа легендарниот играч на американски фудбал Том Брејди за време на настанот „Fanatics Fest“ во Њујорк, каде ФИФА организираше претставување на финалето. „Таа фотографија е лудост. Се ...
Натпреварот за третото место на Светското првенство отсекогаш предизвикувал поделени мислења. За едни тоа е дуел што ниту една репрезентација не сака да го игра, додека други го сметаат за најпознатиот утешен натпревар во фудбалот и последна можност за освојување медал и подобрување на индивидуалната статистика. На Светското првенство во 2026 година Англија и Франција, поразени во полуфиналето, ќе се сретнат во борбата за бронзениот медал ...
Откако останаа без место во големото финале, Англија и Франција вечерва ќе се соочат во натпреварот за третото место на Светското првенство. Дуелот за бронзениот медал ќе се одигра на стадионот „Хард рок“ во Мајами со почеток во 23 часот по средноевропско време. Двете европски селекции ќе се обидат да ја завршат мундијалската приказна со победа, по болните полуфинални порази. Франција беше поразена од Шпанија со 2:0, додека Англија испушти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Соединетите Американски Држави повторно да бидат домаќини на Светско првенство, но овојпат без Канада и Мексико како коорганизатори. Трамп ова го изјави на прием во „Трамп Тауер“ во Њујорк, во пресрет на неделното финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. „Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави. Но, овојпат ќе ги изоставиме Канада и Мексико како ...
Легендарниот италијански фудбалер Кристијан Виери верува дека финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина ќе биде врвен спектакл. Зборувајќи на „Fanatics Fest“ во Њујорк, Виери истакна дека Шпанија игра препознатлив стил со децении на кој е тешко да се парира, но дека Аргентина има играч во своите редови кој може да го промени текот на секој натпревар. „Шпанија секогаш игра добро. Можеш да ги победиш, но никогаш нема да играш ...
Сумата што навивачите треба да ја платат за да присуствуваат на финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина е нереална. Овогодишното финале ќе ги сруши сите рекорди, просечната цена на билет на стадионот „Мет Лајф“ ќе биде дури 11.117 долари. Тоа е убедливо најголемата сума во историјата на спортот, па со 80.663 гледачи вкупната платена сума ќе биде дури 896.730.571 долари. Речиси една милијарда! Вториот најскап настан е ...
Атлетико Мадрид е клуб кој може да се пофали дека за трето последователно финале на Светското првенство има повеќе играчи во протоколот за одлучувачкиот натпревар од кој било друг клуб. Еден од деветмината во неделното финале, Хулијан Алварез, ќе биде во фокусот. Аргентинскиот напаѓач веќе изјави дека сака да го напушти клубот, но „јорганџиите“ веднаш реагираа заканувајќи се дека ќе ја тужат Барселона за преговори со 26-годишниот напаѓач ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ го доби најголемото признание во својата кариера како судија, бидејќи ФИФА го назначи за судија на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. „Дејли Мејл“ на своите читатели им го претстави судијата од Словенија, но наместо да започнат со неговата професионална биографија, тие го ставија целиот акцент на неговото апсење што се случи пред шест години. „Во среда, ФИФА го назначи Винчиќ да го ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе ја започне трката во Белгија десет позиции пониско од освоената позиција во квалификациите. Формула 1 викендов е на патеката Спа Франкошамп, каде што возачите ќе се борат за победа на Големата награда на Белгија. Како што беше официјално објавено, Мекларен доби казна од губење на 10 позиции за актуелниот шампион Ландо Норис затоа што ја замениле електронската контролна единица (ECU) по четврти пат во ...