Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Топлотниот бран доведе до суша и пожари во делови од Велика Британија. Противпожарната служба се справува со шумски пожар во природниот резерват Холм Фен во Кембриџшир, каде што пожарот сега е изгаснат, но остави изгорени површини и изгорени дрвја низ целиот резерват. Во резерватот се поставени и знаци за да се предупредат посетителите да не кампуваат, да не палат оган или да прават скара, бидејќи постои висок ризик од пожари. Ричард Бостон, ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А. (25) и Р.Ј. (27) од Кочани, како и против Н.А. (22) од Кавадарци, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според Министерството за внатрешни работи, на 30 мај 2026 година, на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, по што третопријавената проголтала ...
Пространство на изгорени шуми во регионот Жиронд, а противпожарните екипи продолжуваат да се борат со масивниот шумски пожар во југозападна Франција. Се предвидува дека температурите низ цела Франција ќе се искачат над 40 степени Целзиусови, што ќе ги комплицира напорите. Шпанската влада веќе крои план за пошумување. Педро Санчез, шпански премиер. Низ Франција и Шпанија, 330.000 луѓе се раселени поради шумските пожари. Повеќе од 2.200 ...
„Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата?“, праша претседатлот на СДСМ Венко Филипче на денешната седница за пратенички прашања и го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто Владата ги крие резултатите за загадената вода во повеќе општини во државата и зошто ...
Полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Гостивар. Контролата била извршена на 30 јули, во периодот од 02:00 до 04:00 часот. Во угостителски објект во село Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот бил лишен од слобода М.Х. (50) од село Форино. Според полицијата, тој откако ги забележал полициските службеници пред објектот ја заклучил влезната врата и ги предупредил ...
По реакциите на јавноста дека претседателот на Собранието Африм Гаши втора година по ред нема да биде дел од чествувањето на државниот празник „Илинден“, денеска тој на прашање на новинарите изјави дека посетата во Египет е многу значајна и во консултација со државниот врв одлучиле тој да патува таму. Гаши истакна дека Собранието има удел во орагнизацијата на празникот секоја година и дека поканите биле пратени од негово име. Порача дека ...
Цркавата Рождество на Пресвета Богородица, кај народот позната како Мала Богородица или кај локалното население нарекувана Богоројца е средновековна манастирска црква која се простира во пазувите на планината Баба високо над куќите на жителите на од селото Сливница. Опкружена е со високи родови и густа дабова шума, а меѓу конаците и црквата се простира зелена ливада. Црквата претставува главна манастирска црква на Сливничкиот манастир. ...
Судијата Зоран Герасимовски ќе ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд откако досегашната претседателка Мери Дика беше избрана за уставна судијка. Судскиот совет избираше меѓу Тања Милева и Зоран Герасимовски, по што беше одлучено функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас за избор на претседател на Апелацискиоит суд Скопје. Судскиот совет ...
По реакциите на јавноста дека претседателот на Собранието Африм Гаши втора година по ред нема да биде дел од чествувањето на државниот празник „Илинден“, денеска тој на прашање на новинарите изјави дека посетата Во египет е многу значајна поради што во консултација со државниот врв се донело одлука тој да биде дел од истата. Гаши истакна дека Собранието има удел во орагнизацијата на празникот секоја година и дека поканите биле пратени од ...
Марјан Николоски, адвокатот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски за Телма вели дека неговиот клиент не е во бегство, туку имал работни обврски во Србија каде има фирма. Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, вчера ја напушти државата откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот кој претходно му го одзеде како мерка на претпазливост. Марковски и уште седум други лица беа осомничени за кривични ...
Посредникот Пакистан во разговорите меѓу САД и Техеран, соопшти дека Вашингтон и Иран започнале преговори со цел намалување на тензиите во Ормутскиот Теснец. „Во моментов се водат преговори меѓу двете страни, особено во однос на Ормуската Теснина, за да се намали напнатоста во регионот“, изјави портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Тахир Андраби. Посредникот Пакистан во разговорите меѓу САД и Техеран, соопшти дека ...
Полицијата приведе 15 странски државјанки во угостителски објекти во гостиварско, пронајде дрога и лиши од слобода уште две други лица – ова е билансот од денешната акциска контрола на полицијата на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Министерството за внатрешни работи информира дека тој, откако ги забележал полициските службеници пред ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Штип пред новинарите изјави дека секојдневни се прават најмалку девет тестови на водата за пиење во Гистивар. Тој истакна дека потребно е три теста на кориснички места да бидат соодветни за да може АХВ да ја повелече забраната за употреба за вода за пиење. Додаде дека она што е важно е дека сега водата може да се употребува за други намени, а не за пиење и подготовка на свежа храна, Клековски ...
Македонски туристи кои летувале во Грција, биле ограбени откако за време на краток престој на плажа и ручек им бил провален автомобилот и им биле украдени важни лични документи. Според нивното сведоштво, туристите по враќањето од Сивири застанале на паркингот кај „Sahara Beach Club“, каде планирале да поминат дел од денот и да ручаат. Кога се вратиле кај возилото, забележале дека автомобилот бил насилно отворен и дека исчезнала мала чанта во ...
Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите. Во ...
Уапсен е градоначалникот на грчкиот остров Парос како и четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик по пожарот, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по над 24 часа. Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација. Во рамките на истрагата за ...
Со брзина од 204 километри на час кај клучката Смоквица гевгелоско возел маж со „бмв“. Полицијата го упаси бидејки возел двојно повеќе од дозволената брзина. – Вчера во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ ...
Само неколку дена откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Лицето за кое претходно постоеја мерки за обезбедување на неговото присуство во кривичната постапка, преку ноќ престана да претставува опасност од бегство. Денес, наместо пред судските органи, Марковски е недостапен за државата која самата му ја овозможи можноста да замине, се вели ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственици и управители на правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Н.О Во име на пријавениот правен субјект, за деловните години 2022, 2023, 2024 и 2025 година не биле ...
Долгови, слаби контроли слабости во ИТ, ревизијата во Фондот за здравствено осигурување утврди и дека сè уште има и недоследности во ефикасноста на следење на лекувањето во странство, во начинот на финансирање/купување на услугите од јавните здравствени установи и ажурирање на референтните цени за здравствените услуги, како и во ажурирање на Листата на лекови што паѓаат на товар на Фондот. – Државниот завод за ревизија изврши ревизија на ...
Државата може да доцни со исплата на субвенции, социјална помош, поврат на ДДВ, државна помош за компаниите или плаќање на обврските кон институциите. Но, кога станува збор за политичките партии – пари секогаш има и тие се исплаќаат навреме. Додека илјадници граѓани и фирми со месеци, а во некои случаи и со години, чекаат средства што им следуваат, партиските сметки редовно се полнат со милиони евра од буџетот. Кои се вистинските приоритети ...
Руралните заедници во југозападна Јапонија се борат да го вратат својот живот во нормала, два дена по силен земјотрес што предизвика експлозија во трговски центар, урна фабрички оџак и срамни со земја куќи, при што загинаа најмалку 23 луѓе. Времето истекуваше за да се пронајдат преживеани, додека спасувачите продолжуваа да работат во областа Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, каде што удри земјотрес со јачина од 7,1 степени ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Ова назначување, велат претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување. Владата уште еднаш докажа дека нема ниту осет, ниту срам кога ...
Репертоарот на класична музика на годинешното 66. „Охридско лето“ вечерва продолжува со квартетот „Хермес“ од Франција. Концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот е во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот која се одржува со поддршка од Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот Институт од Скопје. Ќе настапат Омер Буше и Елисе Лиу на виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг на ...
Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово…. По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар, се вели во соопштението на СДСМ. Според партијата Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој ...
Голем пожар во турската покраина Мугла предизвика евакуација на населението. Како превентивна мерка, 65 жители од 43 куќи во близина на пожарот беа евакуирани. Поради ризикот од ширење на пожарот, евакуирани се и одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер, која се наоѓа на околу 2,5 километри од зоната на пожарот. Пожарот избувнал наутро на земјоделско земјиште во округот Сејдикемер, а силните ветрови ...
Илјадници затвореници зависници од дрога во Италија ќе ги отслужуваат казните дома, под услов да учествуваат во програми за рехабилитација. Оваа мерка со изгласан нов закон се презема со цел да се намали екстремната пренаселеност во затворскиот систем, каде што капацитетите се пополнети со дури 140 проценти. Италијанските затвори во моментов се соочуваат со една од најтешките кризи во Европската Унија, работејќи со 140 проценти од својот ...
Големи шумски пожари беснеат во повеќе делови на Грција, а најтешка е состојбата на островот Крит, каде што животот го загубија двајца пожарникари за време на интервенција. Дополнително, уште еден пожарникар почина од здравствени компликации додека учествуваше во гаснењето на пожар во областа Гитија на Пелопонез. Во моментов активни се неколку големи огнени фронтови во Ретимно и Ситија на Крит, како и кај Пломари на островот Лезбос. Во ...
Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за три можни сценарија, изјави висок израелски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според него, тие разговарале за можноста за постигнување дипломатски договор со Техеран, сценарио во кое нема да има договор, но САД ќе продолжат да вршат притисок со економски санкции без нова војна, како и за трета опција – започнување нова голема воена офанзива против Иран. Функционерот нагласи ...
Итен состанок ќе одржат земјите членки на Европската фудбалска федерација оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство. Како што објави денеска Би-Би-Си, 55-те членки на УЕФА ќе одржат состанок ...