
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Родриго најверојатно во јуни си оди од Реал Мадрид, барем така пренесуваат медиумите во Шпанија, па и оние кои се блиски ди “кралевите“. Иако важи за една од најголемите ѕвезди во клубот сепак тој оправдано се чувствува потценет и според него најдобро за него би било да оди таму каде што повеќе ќе почитуваат. Родриго смета дека во Реал Мадрид се се врти околу Мбапе, Винисиус и Белингем а тој е ставен во втор план, токму затоа решен е, иако има ...
ЛА Лејкерси заедно со Лука Дончиќ и Леброн Џејмс неславно ја завршија сезоната уште на стартот од плеј-офот. Декласирани беа од Минесота со вкупни 1:4. Легендарниот Чарлс Баркли е познат како човек кој кажува и тоа без заобиколувањем, тоа што го мисли. Еден од најдобрите кошаркари во негово време во НБА имаше сој коментар на настапот на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерси, посебно се осврна на играта во одбрана: “Тој е елитен играч кој се спрема ...
И дефинитивно парадоксална ситуација во која се наоѓа Лука Модриќ, најтрофејниот фудбалер на Реал Мадрид во историјата на најголемиот клуб во светот. Познато е дека Хрватот сака договор на уште една година, до јуни 2026, но се чини дека Флорентино Перез смета дека тоа е премногу и дека Лука ќе мора после 30 јуни да го напушти “Сантијаго Бернабеу“ кога и му истекува сегашниот едногодишен договор. Сепак, сепак со оглед на тоа дека од 14 јуни до ...
Иако сеуште ниту оваа сезона не е завршена, тимот на Баер Леверкузен одлучи да купи играч кој што ќе биде засилување за следната. Се работи за досегашниот офанзивец на Херта Берлин, Ибрахим Маза кој што доаѓа како перспектива и потенцијална замена за Флоријан Вирц. Алжирецот при промоцијата рече дека е ова исполнување на неговиот сон. „ Ова е фантастична можност – сон! Имав најдобри можности да се развивам и подобрувам со Херта во втората лига. ...
Фудбалскиот свет е во транс по се она што го виде синоќа на “Монжуик“ на мечот од 1/2 финалето во Лигата на Шампионите. Секоја чест за Дамфрис, на неговите два гола и асистенција, но сепак сите говорат за Ламине Јамал. Сите се фасцинирани од, како што нагласуваат, фудбалскиот ГЕНИЈАЛЕЦ. Тоа го кажаа сите од Интер, познати тренери, фудбалски легенди, само Тирам се пошегува кога истакна… „Извини Јамал, ама ти си трет на таа листа, пред тебе се ...
Искусниот италијански стратег Валтер Мацари, ќе го преземе кормилото на иранскиот фудбалски гигант Естегал. Клубот кој има сериозна историја и кој во африканскиот фудбал игра сериозна улога има проблеми со тренерското место кое одлучува да ги решава со искусно италијанско име. Мацари е тренер кој во минатото ги водеше екипите на Наполи, Интер и Торино. Ќе го менува афирчкиот стратег Пицо Мосимане кој не успеа да се наметне во оваа сериозна ...
Маноло „Ел дел Бомбо“, познатиот вавивач на репрезентацијата на Шпанија, кој што доби светска слава следејќи ја „Фуријата“ на најголемите светски турнири во последните децении, почина во болница во градот Виљареал, како последица на респираторни проблеми. Оваа информација ја пренесоа медиумите во Шпанија, дополнувајќи дека Маноло во моментов имал 76. години. Последен пат Маноло беше виден во јавноста, на дуелот помеѓу Шпанија и Холандија во ...
Некогашниот менаџер на екипите на Вест Хем и Вулверхемптон, Хулен Лопетеги е нов селектор на репрезентацијата на Катар. Тренерот кој кратко во 2018 година го водеше и Реал Мадрид, се одлучи за варијанта да го води националниот тим на оваа ултра богата земја, и тоа во период до 2027 година. Во тој период ќе се одржи Азискиот куп во Саудиска Арабија. Лопетеги го заменува својот сонародник Луис Гарсија, а неговите први натпревари на чело на тимот ...
Во пресрет на вечерашниот прв полуфинален меч од Лигата на Европа, меѓу Тотенхем и Бодо/Глимт, еве еден интересен факт. Имено вечерва првиот меч се игра на новиот, ултрамодерен стадион на Тотенхем во Лондон кој е со капацитет од 62.000 места. Интересно е тоа што норвешкиот клуб доаѓа од градчето на северот на земјата, Бодо, кое има само 42.000 жители според пописот од 2023 година. Значи математички стадионот во Лондон може да ги прими вечерва ...
Во таборот на Струга Трим Лум на вистински начин го прославија денешниот празник. Први Мај, денот на работникот. Со излет и скара. Онака како што доликува. Одлична идеја на раководството на клубот, која што секако дополнително ќе создаде добра атмосфера во тимот пред финишот на шампионатот. Временските услови се одлични за вакво нешто, на охридското крајбрежје денеска е сончево како што е впрочем во цела Македонија. Токму затоа Стружани решија ...
Огнен Чак Дојчиновски Македонскиот фудбалски национален тим, и оној сениорскиот, а особено младинскиот до 21. година имал, има и ќе има потреба да биде засилуван со играчи од дијаспората. Тоа е неспорен факт, затоа што ние сме мала земја, со огромна дијаспора, која е подготвена да помогне на секој начин, особено фудбалски. Онаа од Австралија секогаш ни стоела на располагање, во минатото, сме имале одлични примери, во Даниел Георгиевски, кој ...
Ергин Атаман ја коментираше победата на неговиот Панатинаикос над Ефес во третиот натпревар од плејофот на Евролигата, во Истанбул. Сега е 2:1 во серијата за „зелените“. „Уште една одлична игра. Во првото полувреме, особено во втората четвртина, игравме многу добра одбрана, а кога Слукас беше на теренот, бевме добри офанзивно. Тогаш добивме самодоверба. Ефес секогаш игра агресивно на Нан, а сега успеавме да ја ослободиме топката, а Митоглу ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека Амад Дијало и Матијс де Лихт се враќаат во тимот на „црвените ѓаволи“, но нема да бидат стартери на денешниот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетик Билбао на „Сан Мамес“. Амад и Де Лихт не можат да започнат како стартери, но можат да бидат во групата за натпреварот. „Сите знаат дека овие натпревари со Атлетик се навистина важни. Знаеме дека ништо нема да ни ...
Вечерва од 21 часот се играат сите први полуфинални мечеви во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Билбао каде на “Сан Мамеш“ тимот на Атлетик Билбао го дочекува Манчестер Јунајтед. Познато е дека од сите аспекти оваа сезона е катастрофа за гигантот од “Олд Трафорд“, но раните може да се залечат со трофеј во ЛЕ и со тоа со директен пласман во ЛШ. Ако се потсетиме како момците на Рубен Аморим одиграа ...
По шокантниот пораз во полуфиналето во Азиската Лига на Шампиони на Ал-Наср од јапонскиот Кавасаки со 2:3, фановите на клубот од Саудиска Арабија беа гневни. Сите очекуваа дека факторот за победа треба да биде Кристијано Роналд, посебно ако се знае дека тој е платен 200 милиони евера по сезона, но Португалецот уште еднаш разочара со својот настап. Па така по таа болна елиминација, фановите на Ал-Наср воопшто не го штедеа Роналдо во своите ...
Никола Јокиќ и Џамал Мареј имаа незаборавни натпревари и се најзаслужни за водството на Денвер Нагетс во серијата против ЛА Клиперс. Нагетс победија со 131:115 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот и се на прагот да се пласираат во полуфиналето на Западната конференција. Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл, завршувајќи го натпреварот со 13 поени (4/13 од поле), 12 асистенции и 10 скока. Ѕвезда на вечерта, сепак, беше Џамал Мареј, кој ...
Во женската кошарка повторно имаме скандал. И повторно во центарот на вниманието е ЖКК Вардар, кој ја загуби четвртфиналната пресметка против МЗТ Скопје бидејќи во игра влегла кошаркарка која ја немало на записникот доставен пред стартот на истиот. Ова не е првпат „црвен-црните“ да го повторат истото дело, пред неколку години, селекторот на македонската женска репрезентација, Александар Ашаданов имаше ваков пропуст. Покрај Вардар, казна има и ...
По речиси три часа вистинска тениска битка, Лина Ѓорческа доживеа пораз во осминафиналето на турнирот во Грузија и тоа од Анастасија Тиконова со 1:2 во сетови. А добро почна за Македонката овој меч, ако се знае дека го доби првиот сет во тајбрејкот со 7:3 во поени. Сепак немаше сили Лина да го заврши овој меч против Тиконова во нејзина корист. И вториот и третиот сет противничката ги доби со по 6:4 во гемови. Штета, Лина беше поразена од ...
Минесота Тимбервулвс се пласираше во полуфиналето на Западната конференција на НБА откако ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 103:96 на гостински терен во петтиот натпревар од првото коло од плејофот. Леброн Џејмс запиша 22 поени, седум скока и шест асистенции, а по натпреварот, „Кралот“ беше прашан дали е подготвен за новата сезона и кога таа ќе заврши. „Немам одговор на тоа. Ќе седнам со сопругата, семејството и мојата група за поддршка… Ќе ...
Ханси Флик зборуваше по нерешениот резултат од 3-3 на неговата Барселона во првиот полуфинален натпревар против Интер. „Не мислам дека почнавме добро. Примивме два гола, но потоа се вративме во игра. Второто полувреме беше спектакуларно. Останува уште еден натпревар и мора да го добиеме. Ова е финале пред финалето“, рече Флик. Иако не стигнаа до конечниот успех, самото реми е голем успех за Каталонците, бидејќи во еден момент од натпреварот ...
Барселона и Интер го играат првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Барселона влегува во натпреварот со три последователни победи и го освои Купот на Кралот откако го победи Реал Мадрид во финалето, додека Интер ги загуби последните три натпревари и падна на второто место во Серија А со елиминација во полуфиналето од Купот на Италија. Ламин Јамал потсети зошто, како 17-годишник, е еден од најдобрите играчи денес. Со мајсторски ...
Интер Мајами беше елиминиран од Купот на шампионите на КОНКАКАФ откако загуби во реваншот од полуфиналето со 3-1 од Ванкувер Вајткепс. Избраниците на Хавиер Маскерано го загубија и првиот натпревар со 0:2, што значи дека го напуштаат натпреварувањето со вкупен резултат од 1:5. Жорди Алба му донесе водство на Интер Мајами со ран гол (9’), но во вториот дел гостите дојдоа до целосен пресврт за конечни 3-1. Инаку, во почетниот состав беа сите ...
Жил Кунде не пропуштил натпревар за Барселона и француската репрезентација повеќе од една година, но дефанзивецот се повреди синоќа во текот на првото полувреме од натпреварот против Интер, а Ханси Флик доби лоши вести утрово. Покрај фактот дека Барса не победи, лошата вест е дека Жил Кунде, кој е „недопирлив“ повеќе од една година, не пропуштил натпревар од октомври 2023 година поради повреда. Повеќе од година и пол, Кунде ги играше сите ...
Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те ја изгуби жалбата поднесена поради затворската казна од 20 години изречена во 2024 година за вмешаност во корупциска шема, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и Шефилд Јунајтед беше осуден за примање мито. Ли Те беше селектор на репрезентацијата од 2019 до 2021 година. Судот го прогласи за виновен по обвинението дека од 2015 ...
Барселона и Интер одиграа одлично прво полуфинале од Лигата на шампионите, „паднаа“ шест гола, а мечот заврши 3-3. По натпреварот се зборува само за еден фудбалер.Веќе не може ни да се каже дека е родена нова ѕвезда, бидејќи она што Ламин Јамал го покажа пред една година е од друга планета. Јамал стана европски шампион со Шпанија ова лето, а сега ја има истата цел и со Барселона, а преостануваат уште две пречки. Со 17 години и 291 ден, Јамал ...
ЛА Лејкерс се елиминирани во првото коло од плеј-офот, откако на домашен терен беа поразени од Минесота со 96-103 за крајни 1-4 во корист на противникот. Првата сезона во која двајца НБА суперѕвезди, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, играа за Лејкерси заврши со неуспех. Словенецот беше најдобар стрелец на натпреварот со 29 поени, но со 7/18 од игра. Трис шутираше уште полошо, 2/8. Се извлече со слободни фрлања, 13/15. Дончиќ беше најдобар додавач на ...
Барселона и Интер вечерва ни понудија меч за паметење во второто полуфинале од лигата на шампионите. На стадионот во Каталонија, двата тима одиграа спектакуларен натпревар кој заврши со резултат 3:3, а кој ќе се пласира во финалето ќе дознаеме по реваншот, кој ќе се игра на „Џузепе Меаца“ во Милано идниот вторник. Интер го отвори натпреварот фантастично и постигна гол по само 29 секунди. Дамфрис нафрли, а Турам постигна гол со „пета“ за 0:1. Во ...
Ракометарите на Фухсе Берлин и Нант обезбедија место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Во четвртфиналето против Алборг, Фуксе Берлин одигра доминантно и победи и на вториот меч, вечерва нагости со 40:36. Германците се пласираа меѓу четирите најдобри, благодарение на Матијас Гидсел кој средбата ја заврши со 9 гола. Нант на гостувањето кај Спортинг исто така оствари и втора победа. По тесниот триумф напрвиот меч дома, французите вечерва ...
Иако има само 17 години, во својата земја па и во светот на фудбалот веќе е голема ѕвезда. Станува збор за Франко Мастантуоно, членот на Ривер Плата. Посебно откако пред неколку дена постигна фантастичен гол против Бока Јуниорс од слободен удар. Пред неколку месеци од Шпанија дојде веста дека Барселона сака по секоја цена да го доведе “новиот Меси“, во меѓувреме и сите останати фудбалски гиганти пројавуваат интерес, а од Ривер велат дека би ...
Кошаркарите на Барселона го победија Монако на домашен терен со 100:89 и намалија на 1:2 во четвртфиналната серија од плеј-офот на Евролигата, која се игра до три победи. Каталонците изнудија реакција пред своја публика по двата порази во Монте Карло и го закажаа четвртиот натпревар, кој ќе се игра задутре на истото место. Вили Ернангомез ги предводеше Шпанците со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока. Кај Монако, дабл-дабл имаше Мајк Џејмс, кој ...